Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

brza-pomos-nokje-3

Скопјанка со тешки повреди донесена во болница: излегла од автомобилот што го управувала, тој се придвижил и ја повредил

Вчера во 23 часот во СВР Скопје од приватната болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Р.Р..Имено, според пријавеното, околу 22.30 часот на сервисна улица која ги поврзува село Волково, скопско и автопатот „Мајка Тереза“ Р.Р., откако претходно управувала патничко возило „фиат пиканто“ со скопски регистарски ознаки, застанала и излегла од возилото, по што тоа се придвижило и ја повредило.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

101013308-147590

Тројца повредени во сообраќајка во Кичевско: „тигуан“ излета надвор од коловозот

Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во близина на влез за с.Лисичани патничко возило „тигуан“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.С.(38) од Кичево, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С.(50), а со телесни повреди се здобиле М.М.С. и сопатничката С.Б.(52), констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

271748580_5215006485190570_5317248260376993533_n

„Мерцедес“ излета од пат во Аеродром, тешко повредена жена

Денеска во 01.10 во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“, пред крстосницата со булеварот „Србија“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од с.Јурумлери, скопско, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ж.К.(44) од с.Трубарево, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Апсења низ Скопје: пронајдена марихуана, два ножа и боксирач

На 24.12.2024 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.В.(40) и Н.А.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 24.12.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од с.Сарај, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени два ножа и еден боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

filipce1

(Видео) Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ја осуди стратегијата на владејачките партии за користење на етничките тензии како средство за одвлекување на вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.„Покрај партизацијата, во изминатите шест месеци јавниот простор е затруен со етнички теми и наративи и поделби. Стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии СДСМ остро ја осудува. Оваа стратегија на ДУИ впрочем најмногу од сѐ му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити во власта,“ истакна Филипче.Според него, овој таканаречен конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е само театар кој им служи на нивните политички агенди.„Наводниот конфликт меѓу нив е всушност љубовната кавга која ни ја сервираат како перманентна дестабилизација. Оваа политика има само една цел, да ги оттргне граѓаните да мислат на реалните проблеми. Ќе им се полнат главите со омраза и поделби додека им се празнат џебовите од страна на власта. Ќе се отвораат стари рани и стари прашања за граѓаните да гледаат назад наместо да гледаме напред,“ рече Филипче.СДСМ е уверена дека оваа стратегија на ширење поделби е осудена на неуспех.„Но, оваа политика секогаш, порано или подоцна, е силно поразувана. Така ќе биде и овој пат, но се надевам дека многу порано граѓаните ќе го разберат тоа,“ додаде Филипче.Претседателот на СДСМ ја отфрли пропагандата која се обидува да ја одржи во живот таканаречената мантра за „СДС-ДУИ“.„Гледам Мицкоски и мегафоните упорно се обидуваат да ја одржат во живот пропагандната мантра СДС-ДУИ. Може слободно да ја прогласат за пропадната,“ заврши Филипче.СДСМ останува цврсто посветена на тоа да ги врати реалните теми во центарот на политичката сцена, а не да дозволи поделбите и тензичните теми да го диктираат јавниот дискурс.

Македонија | пред 1 година

25122024_MICKOSKI-2

Мицкоски: Започна реконструкцијата на коловозот до манастирот Пеленица

„Добро еве јас во интерес на времето ќе бидам краток бидејќи Орце градоначалникот кажа се што требаше да се каже, а е поврзано со самиот проект. Ова е еден од оние проекти што се дел од оној проект којшто Владата го финансира, односно средствата коишто се реалоцирани од централниот буџет кон општините, тука во Кисела Вода ќе имаме уште неколку такви, се подговуваат и други проекти за периодот којшто следи, односно за следниот повик“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Јас сум сигурен дека со овие проекти како овој ќе додадеме вредност во квалитетот на животите на граѓаните од ова населено место, од општината Кисела Вода, но како што кажа и градоначалникот и од соседната општина, Студеничани.Ние продолжуваме да ги реализираме ветените проекти, ветените работи. Јас му честитам на градоначалникот, на администрацијата на општината, на пратениците, на луѓето коишто помогнаа сето ова да се реализира, бидејќи знаете треба да се подготви техничка документација, одобрение соодветно итн итн.Продолжуваме со иста динамика, продолжуваме да го испорачуваме тоа што сме го ветиле на граѓаните, бидејќи за тоа сме ја добиле и довербата и во периодот којшто следи“, додаде Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

rabotnicki-gerasimovski-3

Герасимовски: По педесет години, целосно се реконструира салата „Работнички“

Општина Центар започна со целосна реконструкција на салата „Работнички“, која со децении беше во катастрофална состојба – запуштена, оштетена и без основни услови за тренинзи и натпревари.„Со оваа реконструкција го враќаме достоинството на овој спортски симбол на нашата општина, дом на македонската кошарка. Многу мои претходници ветуваа решенија и проекти на хартија, но без реализација. Откако годинава ја добивме надлежноста врз објектот, веднаш почнавме со работа. Реконструираниот простор целосно ќе ги исполнува ФИБА стандардите, а КК ,,Работнички" ќе добие современа сала за тренинзи и натпревари, што ќе овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски на прес конференцијата.Активностите на терен веќе во полн ек. Се поставува нова фасада и кров, а првата фаза опфаќа целосна реконструкција на канцелариските простории каде беа сместени спортските федерации.Втората фаза предвидува реконструкција на теренот, негово проширување, поставување нова еластична подлога според стандардите на ФИБА, реконструкција на гледалиштето со нови седишта, како и на соблекувалните и туш кабините, и поставување на климатизација и подно греење.„Со оваа целосна реконструкција, салата „Работнички" ќе стане современа и енергетски ефикасна, целосно прилагодена за врвни спортски настани", додаде Герасимовски.Општина Центар, вложувајќи во спортската инфраструктура и притоа почитувајќи ги меѓународните стандарди, активно придонесува за унапредување на спортот во Македонија.

Скопје | пред 1 година

VenkoFSDSM-2

(Видео) Распуштање на Судскиот совет ќе значи целосна контрола врз судството на ВМРО-ДПМНЕ, алармира Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, остро ја осуди партизацијата на државните институции која, како што истакна, добива епидемиски размери.„Во изминатите шест месеци, партизацијата добива епидемиски размери. ВМРО-ДПМНЕ ја заробува државата и клучните институции во судството и безбедноста. АНБ е веќе партиска институција на ВМРО-ДПМНЕ со поставувањето на целосно нелегитимниот директор без никакви квалификации. Сите нови избрани судии откако е Мицкоски на власт се негов личен избор. Судии стануваат братучеди, партнери или сопружници на негови градоначалници. Во граѓанскиот совет на надзор на комуникациите се поставени луѓе кои имаат партиски книшки на ВМРО-ДПМНЕ во задниот џеб“, рече Филипче.Овој систематски обид за целосно партиско заробување на државата се рефлектира и во најавата за распуштање на Судскиот совет, која, според СДСМ, е директен удар врз демократијата.„Јас уште по првите чекори на оваа Влада најавив дека ВМРО-МВРО се враќа. Но вчерашната најава дека Владата планира да го распушти Судскиот совет, односно да разреши пет членови, е чекор кон целосна контрола врз судството. Ова СДСМ нема да го дозволи. Ова ќе значи газење на демократијата и враќање кон мрачните времиња на политички прогон“, истакна Филипче.Дополнително, овој потег на Владата е во целосна спротивност со реформите кои Мицкоски ги потпиша во планот за раст пред само неколку месеци.„Овој потег на Владата е целосно спротивен на сите реформи и на она што Мицкоски го потпиша во планот за раст пред само неколку месеци во Брисел. Реформите со ова ќе бидат фрлени на буниште и на сила ќе стапи целосна контрола и партизација на судството“, рече Филипче.СДСМ ја повикува целата македонска и меѓународна јавност да ја спречи оваа тенденција на узурпирање на судската власт.„Ја алармирам целата македонска и меѓународна јавност дека ова не смее да се дозволи. СДСМ остро ќе се спротивстави на ова и ќе направи сѐ да не дојде до ова узурпирање на судската власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, заврши Филипче.

Македонија | пред 1 година

VenkoFSDSM-1

(Видео) Филипче: Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, одржа прес-конференција на која алармираше за, како што вели, катастрофалните економски политики кои резултираа со огромна економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните.„По шест месеци, едно е сигурно, се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните. Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага. Реалноста е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвораат паричниците. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно“, истакна Филипче.Владата на Мицкоски наместо да се грижи за граѓаните, се води од интересите на економската елита, истакна претседателот на СДСМ.„Економските политики на Мицкоски се политики за елитата. 99% од граѓаните плаќаат за 1% од елитата на Мицкоски. Оваа потчинетост и слугување на своите бизнис партнери и на трговците е поразителна“, рече Филипче.Дополнително, начинот на кој Владата се справува со покачувањето на цените и профитерството на трговците е доказ за неспособност и целосна незаинтересираност за благосостојбата на народот, наведе тој.„Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето. Го слушам вчера вели срамота било тоа што го правеле трговците. Тој го договори токму ова со нив, тој им дозволи со недели да ги качуваат цените и молчеше додека сите ние алармиравме. Мицкоски лично рече дека со апели, а без казни ќе убедуваат трговците да го почитуваат договореното. Касно е. Мицкоски ја префрла вината за овој дебакл и грабеж на трговците и да глуми загрижен политичар. На оваа тема веќе никој не му верува“, истакна Филипче.СДСМ останува на страната на граѓаните, борејќи се против политиките кои носат само пад на стандардот и зголемување на економската несигурност. Ги повикуваме граѓаните да ја препознаат вистината и да се спротивстават на погубните политики на оваа Влада, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-25.12

Трипуновски: За два дена се изврши исплата од над 1,7 милијарди денари на околу 78.000 земјоделци за тековната 2024

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски на денешната прес-конференција потсети дека во изминатиот период Владата на Република Македонија со ребалансот обезбедила над 1.250.000.000 денари со цел да се исплатат заостанатите обврски кон македонските земјоделци.„Работевме напорно, изминатите 6 месеци и ги исплативме сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.А, претходните два дена исплаќавме субвенции за тековната 2024 година- Над 294 милиони денари кон 4.533 производители за кравјо, овчо и козјо млеко се исплатени субвенциите за првите 6 месеци од тековната 2024 година.- Околу 83 милиони денари кон 10.727 македонски земјоделци е исплатена мерката 1.4 Директни плаќања за обработлива земјоделска површина.- Над 392 милиони денари кон 23.626 земјоделци за мерката 1.1. Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури.- Над 233 милиони денари денари кон 9.172 македонски земјоделци за мерката 1.2 Дополнителни директни плаќања за подмерка 1.1 за употреба на сертифициран семенски материјал.- Околу 118 милиони денари кон 8.729 земјоделци за мерката 1.8 односно Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.- 146 милиони денари кон 13.412 земјоделци, корисници на мерката 1.11 Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.- Околу 417 милиони денари кон 8.680 македонски земјоделци за сточарско производство од Програмата за 2024 година.- И за останати мерки“, кажа Трипуновски.„За изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.Во минатото сервисирањето на тековните субвенции кон нашите земјоделци беше мисловна именка, денеска тоа е реалност.За изминативе 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.Бројките и делата говорат дека не пишуваме политички флоскули, ниту пак кажуваме лажни ветувања, напротив нашиот збор и нашето ветување кон земјоделците денеска е реалност.Секој еден граѓанин кој што решил да се занимава со земјоделство заслужува навремена и тековна исплата на финансиската поддршка.Земјоделците овојпат имаат вистински партнер во Владата и во Министерството каде што заедно ќе креираме нови мерки за наредната 2025 година, нови политики со цел да го вратиме македонското земјоделство на пиедесталот во нашата држава“, додаде министерот.

Македонија | пред 1 година

ukraina-pozarnikari

Зеленски: Руското зло нема да ја скрши Украина и нема да го расипе Божиќ

По рускиот напад врз Украина утрово, преку социјалните мрежи се огласи претседателот Володимир Зеленски. „Секој голем руски напад бара време за подготовка. Тоа никогаш не е спонтана одлука. Тоа е намерен избор – не само на цели, туку и на време и датум.Денеска Путин намерно го избра Божиќ за напад. Што може да биде понехумано? Над 70 проектили, вклучително и балистички, и повеќе од сто борбени беспилотни летала. Целите се нашата енергетска инфраструктура. Тие се уште се борат за прекин на струја во Украина.Според прелиминарните извештаи, нашите бранители успеале да соборат повеќе од 50 проектили и значителен број беспилотни летала. За жал, имаше и погодоци. Во неколку региони во моментов има прекин на струја. Инженерите работат на тоа што поскоро да ја вратат електричната енергија.Им благодарам на сите кои работат за државата, кои се на борбена должност, кои го штитат нашето небо. Ќе го вратиме максимумот. Руското зло нема да ја скрши Украина и нема да го расипе Божиќ“, рече Зеленски.

Свет | пред 1 година

ljubco-denari

ВМРО-НП: Да се укинат „Државна лотарија“ и „Фонд за иновации“ - се расфрлаат буџетските пари без конкретни резултати

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата околу Државната лотарија и во контекст на тоа предлагаме вклучување на Р.С. Македонија во рамките на Европската лотарија и во веќе постоечките транснационални игри „Еуро милионс“ и „Еуро Џек Пот“ со можност за нејзино односно учество на нејзините државјани во игрите на среќа организирани од страна на Европската лотарија, велат од ВМРО-НП.„Со ваквиот чекор ќе се овозоможат повеќе видови на игри на среќа кои ќе овозможат пак да со исти уплати како и до сега граѓаните играат и за добивки од 80.000.000 евра но и надворешна европска контрола која ќе превенира во однос на некакви малверзации во поглед на организирањето и реализирањето игри на среќа.По воспоставувањето на ваквиот систем, ВМРО-Народна партија предлага и укинување на институцијата „Државна лотарија“ од проста причина што покрај сите досегашни нерегуларности во која била вклучена и самата институција се нанесува и непотребна финансиска штета која во голема мера влијае на финансиското работење на Р.С. Македонија.Воедно ВМРО-Народна партија дополнително предлага и укинување на институцијата „Фонд за иновации“ затоа што само во последниот период од 10 години токму таа институција бележи расфрлање на буџетските пари без конкретни резултати при реализација на финансирани „иновативни проекти“.Сведоци бевме на бизарни проектни предлози кои низ годините успеале да приберат огромна сума на буџетски финансиски средства без финален производ за кој биле и финансирани“, соопшти ВМРО-НП.

Македонија | пред 1 година

stevco-uciliste

(Видео) Сите основци од Карпош по одделенска настава работат на интерактивни смарт табли и панели

Образовниот процес во сите 10 основни училишта во Карпош во кои учат учениците од прво до петто одделение, целосно се одвива согласно новата концепција за основно образование која беше донесена во 2021 година, подразбирајќи активно вклучување на основците во информатичкото современо општество. Поточно, сите образовни установи од Карпош, во рамки на своите училници за одделенска настава располагаат со интерактивни смарт табли и интерактивни панели. Според тоа, логично е дека во сите основни училишта на територија на локалната самоуправа е обезбедена интернет врска со соодветна ИТ инфрастуктура.По тој повод денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски направи обиколка на ООУ „Владо Тасевски“, каде непосредно присуствуваше на одделенската настава која се одвиваше во рамки на оваа образовна институција. Во оваа пригода првиот човек на Општина Карпош најави дека во текот на 2025 година, локалната самоуправа ќе продолжи со доопремување на сите училници каде учат основците од шесто до деветто одделение, односно дека ќе бидат набавени уште 84 интерактивни табли кои ќе бидат распоредени во работните кабинети по предметна настава.Истовремено, Јакимовски откри дека Општина Карпош во секое училиште кое е под нејзина надлежност ќе отвори по една информатичка училница. За таа цел, локалната самоуправа ќе набави околу 250 нови компјутери, кои ќе бидат неопходна алатка за работа во овие училници.Набавивме 50 смарт панели за да се одвива наставата на најсовремен начин, согласно најновите наставни програми во кои што треба да се зголеми и прошири знаењето во делот на компјутерските вештини. На тој начин имаме многу повеќе можности, се прошируваат опциите за истражување, како и користењето на многу повеќе помагала. На ваков начин се вклучуваме во современите текови на електронското општество. Практично, со овие 50 смарт табли, имаме или смарт табли или смарт панели, во сите наши училишта од прво до петто одделение. За наредната година имаме предвидено во општинскиот Буџет уште за 85 табли и со тоа значи од прво до девето одделение за во сите училници ќе имаме смарт табли и панели. За наредната година издвојуваме средства за 254 компјутери, што значи секое училиште ќе има по една компјутерска сала, најнови лаптоп компјутери со кои нашите најмлади жители ќе се образуваат во делот на електорниката во делот на компјутерските науки и со тоа ќе се олесни наставата и за наставниците и за децата - посочи Јакимовски.Со овој потег општина Карпош ќе стане првата локална самоуправа во Македонија, која обезбедила целосни услови за сите свои основни училишта да ја реализираат образовната настава со помош на најсовремената информатичко - комуникациска технологија (ИКТ). На тој начин, сите основци од Карпош ќе бидат активно вклучени во современите текови на ИКТ стандардите на едукација, кои ги применуваат развиените земји од светот во рамки на своите образовни системи.

Скопје | пред 1 година

sneg-sk-1

Почнаа активностите на Зимската служба на Град Скопје

Екипи на Зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнаа со активностите за чистење снег и фрлање на сол на сите булевари и критични точки во градот, известуваат од „Улици и патишта“.Интервенирано е со фрлање на 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје.Се чистеа првите снежни наноси на булеварот Александар Македонски, улиците Радишанска, Индира Ганди, Коце Металец, како и Христо Татарчев на последна автобуска постојка број 24.Координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал, велат од „Улици и патишта“.Градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона 2023/2024 обезбедија околу 3.500 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од минатата зимска служба. Обезбедени се и 200 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.Кoловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/.Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови.Кризниот штаб апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни. Посебно се апелира до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови.Потсетување за граѓаните дека за расчистување на сервисните улици надлежни се општините, додаваат од „Улици и патишта“.

Скопје | пред 1 година

rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Со брза и навремена реакција, надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните, извести општината.Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен сè додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.„Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето“, порача градоначалникот Стојкоски.Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани, додаваат од општината.

Скопје | пред 1 година

vmro_dpmne

ДУИ и СДС си ги делат и криминалот и апчињата за заборавање – паничат поради губењето на власта и раскринкувањето на нивните злоупотреби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Забележана е појавата на ширење на употребата на апчињата за заборавање од СДС и ДУИ. Очигледно, како што си го делеа криминалот, така си ги делат и лековите. ДУИ и СДС продолжуваат со деструктивни соопштенија, кои се резултат на нивната паника и вознемиреност поради драматичното губење на довербата од граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Вчерашното соопштение од ДУИ не е ништо повеќе од очајнички обид да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми – криминалите што ги оставија зад себе и нивната неспособност да обезбедат правна држава.ДУИ нема право да зборува за правда кога токму нивните функционери 20 години ја злоупотребуваа власта за лично богатење. Нивниот страв е оправдан – времето на недопирливост заврши. Правдата ќе ги стигне сите кои мислеа дека можат вечно да владеат, уништувајќи ја државата и народот.ДУИ треба да се соочи со фактот дека ја претвори Македонија во држава со селективна правда и нефункционални институции. Наместо да покажат одговорност за пустошот што го оставија, тие упорно се обидуваат да шират паника и конфузија.За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е посветено на воспоставување ред и правда за сите граѓани – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и Бошњаци. Доста беше поделби и привилегирани граѓани од прв ред, додека остатокот беше оставен на маргините.ДУИ треба да си одговори себеси – што направи за Албанците во Македонија во изминативе 20 години, освен што ги натера да се иселуваат?Наместо да се занимаваат со конструктивни политики, тие продолжуваат со нападни и панични изјави кои го откриваат нивниот вистински страв – губењето на моќта и привилегиите.Време е ДУИ и СДС да разберат дека граѓаните избраа промени, избраа правда и еднаквост. Наместо да произведуваат деструктивни реакции, им препорачуваме конечно да се вразумат, да се реформираат и да почнат да работат во интерес на државата.Премиерот Мицкоски е фокусиран на реформи, на економски развој и на владеење на правото, а не на манипулативните конструкции на ДУИ и СДС.Македонија оди напред, без корупција, без привилегирани елити и без политичари кои мислат дека се недопирливи. Времето на ДУИ и СДС заврши – времето на ред, правда и развој штотуку започна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Foto-1

Прв отчет на претседателката Сиљановска- Давкова пред пратениците

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во 12 часот, во рамки на 25. Седница ќе има годишно обраќање во Собранието, прво во нејзиниот мандат.Се очекува претседателката да говори за актуелните теми и случувањата во изминатиот период, за очекувањата во 2025 година на полето на внатрешната и надворешната политика, како и за состојбата во економијата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Двојазични лиценци - капитулација на ДПМНЕ и продолжување на антимакедонските политики, велат од Левица

„На вчерашната седница на Собранието, коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, ги изгласа измените на Законот за заштита на децата со кои се воведуваат двојазични лиценци за работа во градинките!“, соопшти Левица.„Пратениците на ДПМНЕ, кои добија поддршка од околу 500.000 граѓани со ветување за ‘горда Македонија’ и ставање крај на штетните политики на СДС-ДУИ, коишто бараа голема победа за да не бидат уценувани од албанскиот политички блок – сега се нурнаа во длабока примена на неуставниот Закон за двојазичност!Потсетуваме дека овие измени на Законот за заштита на децата беа протуркани на несоодветна комисија – Комисијата за енергетика, каде претседател е Бојан Стојановски од ДПМНЕ!Со досегашното делување, ДПМНЕ јасно ја искажува намерата за продолжуваање и надградување на политиката на кантонизација која ја зацрта СДС.Оваа одлука на ДПМНЕ претставува директна предавничка капитулација пред двојазичните политики кои самите ги осудуваа додека беа во опозиција нарекувајќи ги кривични дела.Со изгласувањето на двојазични лиценци, ДПМНЕ го легитимира процесот на дезинтеграција на Македонија. Од Рамковниот договор, преку Преспанскиот и Бугарскиот договор, до овој чин, политиките на СДС се продолжуваат со апсолутно мнозинство од страна на партијата која вети дека ќе ја брани Македонија, а сега го користи мандатот за антимакедонски политики.Во моментот кога сите други политички елити се натпреваруваат кој ќе биде попокорен слуга на надворешните и антимакедонските интереси - Левица, чиј пратеници гласаа против овие измени, уште еднаш докажува дека е единствената политичка сила која доследно и искрено се бори против федералистичките и разнебитувачките политики“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

2024-12-25-083625-readovka-telegram-and-9-more-pages-profile-1-microsoft-edge-830x553-1

(Драматично видео) Преживеани патници излегуваат од остатоците на авионот

Во страшната несреќа кога патнички авион се урна во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан, животот го загубија над 40 лица. Во авионот имало 72 лица, патници и членови на екипажот, а според последните информации преживеале 25 лица.Меѓу патниците имало и деца. Некои од лицата кои се пренесени во болница се во тешка состојба.На социјалните мрежи се појави видео од преживеаните патници кои излегуваат од остатоците од авионот.Според првичните, неофицијални информации, авионот на летот Баку-Грозни, претходно беше пренасочен кон аеродромот во Казахстан поради густа магла во Грозни, но според информациите, за време на летот се судрил со јато птици, што предизвикало дефект на моторите и пад на авионот.

Свет | пред 1 година

tan2022-10-24132289861-830x0-1

Осудените конгресмени во САД останаа без право на пензија

Џо Бајден уште 20 на дена останува на претседателската функција пред официјалното инаугурирање на Доналд Трамп. Дотогаш забрзано работи да ги заокружи своите заложби и потреби.На почетокот на овој месец, стави вето на Законот за вработување на 66 нови федерални судии, ги ублажи казните на 37 од 40-те осуденици на смрт во федералните затвори. Она за што сите со револт и потсмев говорат е издадето целосно и безусловно помилување за својот син Хантер Бајден.Со негова одлука, осудените конгресмени го загубија правото на пензија, а белоглавиот орел стана официјален симбол на САД.Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден потпиша 50 закони.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Тренчевска: Која е фактурата што ДПМНЕ ја испорачува на ДУИ со пропуштањето на Груби преку граница?

Која е фактурата што ДПМНЕ и ДУИ си ја испорачуваат со пропуштањето на Артан Груби преку граница? Оваа цела ситуација личи исто како летото што избега Блерим Рамадани, така сега и Груби, и сите оние кои треба да одговараат пред законот, се во некаков договор со ДПМНЕ, ја напуштаат границата и бегаат, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.- Не може коалицискиот партнер на ДПМНЕ да знае каде е Груби, а Тошковски да нема информации каде е. Многу прашања кој ги постави СДСМ на прес конференциите не беа одговорени од страна на власта, токму за пуштањето на Артан Груби преку граница. Ама имаше неколку кажувања, прво дека во еден момент не работеле камерите, па дека пешки ја поминал границата, па бил со дипломатско возило. И да не работат камерите, видеонадзорот не е на батерии. Многу е сомнително, а токму човек на Тошковски тој ден бил на работно место и го пропушта Груби да помине на граница. Сето ова укажува дека станува збор за некаков договор, рече Тренчевска.Тренчевска се осврна и на шесте месеци откако ДПМНЕ е на власт, велејќи дека за ова време од сè што ветија ништо не направија, освен што во судството ги местат своите, се разрешуваат комисии и регулаторни тела, а се поставуваат членови на ДПМНЕ.- Со ДПМНЕ нема светла точка во државата? Што постигнаа од она што ветија? Ништо. Ниту e подобар животниот стандард ниту има зголемување на платите. Дали кошничките дадоа резултат за подобрување на животниот стандард? Не. Новогодишната кошничка, ги разочара граѓаните, цените не се намалени, туку се поскапени. Премиерот излезе и рече дека кошничката дава резултати, за денес да слушнеме дека имало покачување на цените. СДСМ уште пред да започне оваа мерка новогодишна кошничка укажуваше дека трговците ги зголемија цените со амин на власта. Со политиките на ДПМНЕ граѓаните само осиромашуваат, рече претеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

676bb635cbb6f676bb635cbb701735112245676bb635cbb6d676bb635cbb6e

(Видео) Се урна патнички авион во Казахстан, шест лица го преживеаја падот

Патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, се урна во Казахстан, јавува АПА.Според тамошната служба за итни случаи, во авионот имало 72 лица.Според првите податоци има и преживеани.„Шест лица ја преживеаја авионската несреќа кај Актау“, потврди министерот за здравство.Авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни се урна во средата наутро.Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското Море.

Свет | пред 1 година

policija-1313

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска во 06.05 часот на улица „Дижонска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода 50-годишниот Б.У. од Скопје, кој бил баран со потерница за затворска казна од една година во врска со чл.292 (тешки дела против општата сигурност) од КЗ.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-25-083406

(Видео) 25 луѓе ја преживеале авионската несреќа во Казахстан

Патнички авион со 62 патници и 5 членови на екипажот се урна во Казахстан, соопшти тамошното Министерството за вонредни состојби. Според првите информации, падот го преживеале 25 лица, од кои 22 се пренесени во болница.42 лица загинаа, додаваат тие. Авионот на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку за Грозни, Русија, но бил пренасочен поради магла на дестинацијата. Се урна во близина на аеродромот Актау на западот на земјата. На социјалните мрежи се појави видео од падот на кое се гледа како авионот се запалил при ударот. Причината за падот се уште не е позната, но авиокомпанијата објави дека авионот бил принуден принудно да слета.

Свет | пред 1 година

filipce

Филипче за католички Божиќ: Да ги негуваме вистинските вредности за солидарност, единство и почит како основа за заеднички успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!“, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања