Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

АХВ лани уништила 355 тони небезбедна храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Наместо на трпезите на граѓаните, минатата година 355 тони храна завршила на депонија бидејќи била прогласена за небезбедна. Меѓу откриените производи биле месо, млеко, риби, јајца, пијалаци, кондиторски производи и јаткасти плодови, најдени при контролите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на домашниот пазар, но и на увозните пратки. Вкупната сума на изречени парични казни достигнала 618.000 евра.

— реклама —

Од АХВ објаснуваат дека инспекциските надзори биле спроведувани врз основа на проценка на ризик, при што објектите со повисок ризик се контролирани почесто.

— реклама —

„Одземена и нештетно уништена беше храна – месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци во вкупна количина од 355.377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618.000 евра во денарска противвредност“, изјави Миланов од АХВ.

Само во внатрешниот промет, инспекторите извршиле 47.200 контроли, при што биле издадени 5.406 решенија и 1.073 прекршочни платни налози, додека биле поднесени и 10 прекршочни и 8 кривични пријави.

— реклама —

Исто така, спроведени се 78.016 контроли на увозни и транзитни пратки, со храна од животинско и неживотинско потекло, материјали што доаѓаат во контакт со храна, добиточна храна и живи животни.

— реклама —

„Како небезбедни уништени беа осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник. Како небезбедни во рамки на овие контроли, уништени беа и три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22.061 килограм. Во истиот период како небезбедни беа вратени и 16 пратки со храна од животинско потекло“, додаде Миланов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Поевтинуваат житарките, месото и млекото, цените на храната на светскиот пазар паднаа за 1,2 отсто

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Нов бран поскапувања на храната во Европа, свежите производи најмногу погодени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Македонија меѓу земјите со најниски цени на храната, но колку е таа достапна?

Македонија | пред 2 седмици

market

Лебот, месото и млекото може да поскапат: Се зголемува ризикот од нова криза со храната

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања