Промени тема
Контакт

Битола се збогува со естрадниот уметник, професор и спортист, почина Томе Влашевски - Кубата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryt700j5ktdaobbMP3RIX
FB

Во Битола денеска почина Томе Влашевски, кого јавноста го знае по прекарот Кубата.

Роден е во Полска во 1959 година, а на петгодишна возраст веќе е преселен во Македонија каде што има повеќедецениска кариера.

— реклама —

Пошироката јавност ќе го памети како музичар ко0ј беше дел од рок групата „Хомо сапиенс“, потоа „Молика“, но и дел од познатите „Бон Тон“ и неговата подоцнежна соло кариера.

Инаку, Влашевски во Битола работеше во ОУ „Коле Канински“ како наставник по физичко образование, веднаш по дипломирањето на Факултетот за физичка култура во Скопје. Тој бил и успешен спортист, тренирал атлетика и бил првак на Македонија во јуниорска конкуренција.

— реклама —

Дел од својата кариера, Влашевски ја поминал и во медиумите, работејќи неколку години како монтажер и снимател во Тера телевизија.

— реклама —

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 3 октомври, од 9:00 часот во капелата на црквата „Св. Недела“ во Битола, а погребот ќе се одржи во 11:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

Пресврт по тепачката во Битола: Оној кој го влечеле по „Широк сокак“ е жив, починал оној кој влечел

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

(Видео) Се појави снимка: Човекот најден мртов во дворот на битолската болница бил влечен низ чаршијата

Македонија | пред 2 седмици

media-library0cf4h8eenubsdedk9xk

(Видео) Се санираше дупката во која влезе советничка од СДСМ во центарот на Битола

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvopd3jbhb68o9utjY3G

Почина Столе Здравевски, долгогодишниот вокалист на битолската група „Боеми“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања