Промени тема
Контакт

Битолчанец имал пари само за пудинг откако Битола му исплатила обештетување за земјотресот, па се мисли да им го однесе во Општина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarytgl3fk1inqk3cyGNfLi
AI - ИЛУСТРАЦИЈА

Поранешната советничка во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на висината на исплатените средства за штетите од земјотресот, наведувајќи дека дел од битолчани добиле симболични износи.

Илиевска претходно објави дека околу 2.400 граѓани добиле во просек по 700 денари, односно во одредени случаи и по 81 денар, додека, како што тврди, за работата на комисијата за проценка на штетите биле потрошени околу еден милион денари за десет лица. Таа ја доведе во прашање логиката на распределбата на средствата и порача дека на градоначалникот не му се „100 дена“, туку четири години и сто дена на функцијата.

— реклама —

Во нова објава, со ироничен тон, таа повика битолчани да купат плик, да ги извадат средствата што ги добиле како надомест и да ги достават на шалтер во Општината, во работно време, алудирајќи дека „очигледно таму повеќе му требаат пари“.

— реклама —

Објавата предизвика бројни реакции. Еден жител на Битола, во шеговит тон, напиша дека со парите купил пудинг и праша дали да го однесе него. Илиевска му одговори: „Пробај се. Можеби и пудингот ќе го земат, не можеш да знаеш“.

— реклама —

Полемиката повторно ја отвори темата за транспарентноста и критериумите при исплата на надоместоци за штети од природни непогоди, како и за односот меѓу локалната власт и граѓаните.

media-libraryrc240h7rfevi7NcwJEB

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

Пресврт по тепачката во Битола: Оној кој го влечеле по „Широк сокак“ е жив, починал оној кој влечел

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

(Видео) Се појави снимка: Човекот најден мртов во дворот на битолската болница бил влечен низ чаршијата

Македонија | пред 2 седмици

media-library0cf4h8eenubsdedk9xk

(Видео) Се санираше дупката во која влезе советничка од СДСМ во центарот на Битола

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvopd3jbhb68o9utjY3G

Почина Столе Здравевски, долгогодишниот вокалист на битолската група „Боеми“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања