Промени тема
Контакт

„Бугарија го ратификуваше договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8", вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryet97fgn8d94r9Ytwz7K

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека Бугарија го ратификувала договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.

Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.

— реклама —

Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.

Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.

— реклама —

Продолжуваме да работиме", напиша Николоски

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqtbviarmm6kc9q0VWAo

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

Македонија | пред 6 дена

media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Македонија | пред 1 седмица

media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања