Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Цените на нафтата паднаа под 84 долари за барел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library06n17o41rd039MbAVnX
unsplash

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари, при што цената на барел на лондонскиот пазар се спушти под 84 долари. Инвеститорите проценуваат дека, и покрај тензиите меѓу САД и Иран, сè уште постои простор за продолжување на транзитот на енергенси низ Ормускиот теснец.

— реклама —

На лондонскиот пазар барелот се продаваше за 83,60 долари, што е за 1,13 долари помалку од претходниот ден. На американскиот пазар цената изнесуваше 78,66 долари за барел, односно за 68 центи помалку.

— реклама —

Во изминатите денови конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран повторно ги зголеми стравувањата за снабдувањето со нафта. Иран предупреди дека бродовите мора да користат безбеден коридор покрај неговиот брег, додека САД продолжија со нападите врз цели во јужен Иран и повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа.

Дополнителна неизвесност создава можноста во конфликтот да се вклучи и јеменското движење Ансар Алах, што би можело да го загрози сообраќајот низ теснецот Баб ел-Мандеб и Суецкиот канал.

— реклама —

Сепак, аналитичарите сметаат дека пазарите засега не очекуваат поширока воена ескалација. Според Оле Хансен од „Саксо Банк“, инвеститорите веќе научиле повнимателно да реагираат на драматичните изјави, бидејќи тие често не се претвораат во конкретни потези.

— реклама —

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека блокадата се однесува само на Иран и дека останатите бродови можат непречено да пловат низ Ормускиот теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 3 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања