Промени тема
Контакт

Црна мрежа во Дубаи: жени загинаа во сомнителни падови од висококатници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
prostitucija

Две млади жени од Уганда загинаа во Дубаи откако паднале од висококатници, а нивните смртни случаи се поврзуваат со мрежата на Чарлс Мвесигва – човек идентификуван во истрага на Би-би-си како организатор на проституција и сексуална експлоатација на жени во луксузни квартови на емиратот.

Иако локалната полиција трагедиите ги припишала на алкохол и дрога, извештаи и сведоштва отвораат сериозни сомнежи. Семејството на една од жртвите, Моник Карунги, тврди дека никогаш не го добило нејзиното тело.

Мвесигва, кој се претставува како поранешен возач на автобус во Лондон, на прикриен новинар му понудил „забави со жени“ по цена од 1.000 долари, со ветување дека клиентите можат да бараат „речиси сè“. Жените, најчесто од Уганда, биле доведувани во Дубаи под изговор дека ќе работат во супермаркети или хотели, а потоа завршувале во проституција.

Сведоштва опишуваат шокантни практики: клиенти – главно Европејци – барале екстремни фетиши, вклучително и уринирање и јадење измет. Една од жртвите, Моник, делела стан со околу 50 други девојки. На семејството му се пожалувала дека наводните долгови кон Мвесигва за „виза, билет и храна“ достигнале и до 27.000 долари.

— реклама —

Во мај 2022 година таа паднала од балкон, во време кога се обидувала да ја напушти мрежата. Слична судбина претходно доживеала и Кејла Бирунги, која исто така починала по пад од зграда во 2021 година.

— реклама —

Иако полицијата случаите ги третирала како самоубиства, токсиколошки извештај за Кејла покажал дека во телото немало алкохол или дрога.

Активисти предупредуваат дека ваквите мрежи експлоатираат илјадници жени кои заминуваат во Заливот барајќи работа. „Им ветуваат работа во супермаркети, а потоа ги продаваат како проститутки“, вели активистката Маријам Мвиза, која досега спасила над 700 лица.

— реклама —

Мвесигва ги негира сите обвиненија, тврдејќи дека само им помагал на жените да најдат сместување и дека бил „забавен човек кој собира богаташи на маса“.

Семејствата на жртвите, меѓутоа, бараат одговорност и стравуваат дека вакви трагедии ќе се повторат доколку институциите не реагираат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryic350l0emo3fcoupbO6

Дубаи доделува награди на оние што носат гости, досега се примени 90.000 апликации

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarylpgrepfjo4bo1ySjGIW

Воздушна тревога во Дубаи: Обединетите Арапски Емирати регистрираа ракетна закана

Свет | пред 1 месец

media-library39bqt19o2dds3v31QhQ

Воената криза го испразни Дубаи: Луксузните хотели нудат огромни попусти

Свет | пред 3 месеци

media-library2nsshqfgm0160dGqHdP

(Видео) Голем пожар на градилиште во Дубаи

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања