Палминото масло не е директно канцерогено само по себе, а јавноста треба да биде подобро информирана за вистинските ризици поврзани со неговата употреба, смета д-р Ненад Лазаров.
Тој посочува дека палминото масло содржи значително повеќе заситени масти од многу други растителни масла, поради што може да биде понеповолно за здравјето, особено кога се користи за пржење. Сепак, според него, многу поголем проблем претставува начинот на кој се декларираат одредени производи.
„Измамата е проблем. Не може и не смее да содржи палмино масло, а да се нарекува млечен производ. Тоа е едноставно и е регулирано во Европската Унија“, вели Лазаров.
Тој нагласува дека прашањето за палминото масло има и сериозна еколошка димензија, бидејќи неговото производство е поврзано со уништување на огромни површини тропски шуми ширум светот.
Според Лазаров, во актуелната дебата околу палминото масло постојат многу посериозни прашања од самата канцерогеност.
„Проблеми има триста други во случајов, најмал е канцерогеноста“, оценува д-р Лазаров.
АХВ откри измами со млечни производи: Во сирење со декларација од 20% млечна маст имало само 1%
Вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открија сериозни отстапувања кај дел од млечните производи што се продаваат на домашниот пазар. Кај дел од анализираните примероци е утврдено дека реалниот процент на млечна маст е значително понизок од оној што бил наведен на декларацијата.Во рамки на контролите биле земени 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз. Досега се комплетирани резултатите за 45 мостри млеко и млечни производи, д
Македонија | пред 3 седмици