Промени тема
Контакт

Денеска е последниот училиштен ден: Почнува летниот распуст за основците и средношколците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
uchilishte-deca-uchilnica

Денеска завршува наставата за основците и средношколците во учебната 2025/2026 година, по што тие заминуваат на летен распуст кој ќе трае до 31 август. Матурантите наставата ја завршија уште на 15 мај и веќе ги очекуваат обврските поврзани со државната матура.

Утре, 11 јуни, матурантите што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), додека кандидатите за државна стручна и државна уметничка матура ќе полагаат на 12 јуни. Првиот изборен екстерен предмет тие го полагаа на 6 јуни.

— реклама —

Од вкупно 14.587 пријавени ученици за полагање матура, 12.184 се пријавиле за државна матура, 2.276 за државна стручна матура, а 127 за државна уметничка матура.

Во меѓувреме, полуматурантите се подготвуваат за упис во прва година средно образование. Електронското пријавување преку порталот Uslugi.gov.mk ќе се реализира во два јунски рока – од 12 до 15 јуни и на 23 јуни, додека августовскиот уписен рок е предвиден за 20 август.

— реклама —

Со конкурсот на Министерството за образование и наука се обезбедени повеќе од 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта низ државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kmpd6pkgevl0HWPpab

(Фото) Суперхерои ги пречекаа дел од првачињата во Кисела Вода: Посебен почеток на првиот училишен ден

Македонија | пред 5 часа

media-libraryj377ib98nm7o4vd6P4m

(Видео) Новата учебна година започна со приредба во ООУ „Киро Глигоров“ во Центар

Македонија | пред 14 часа

skolo-4

Од денеска повторно во училишните клупи: 238 илјади ученици ја започнуваат новата учебна година

Македонија | пред 16 часа

skolo-4

26 подрачни училишта привремено ќе престанат со работа поради недостиг на ученици

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања