Промени тема
Контакт

(Видео) Новата учебна година започна со приредба во ООУ „Киро Глигоров“ во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryj377ib98nm7o4vd6P4m

Со свечена приредба во ООУ „Киро Глигоров“ во Општина Центар денеска беше одбележан почетокот на новата учебна 2026/2027 година. По летниот распуст, во училишните клупи се враќаат околу 238 илјади ученици – 174 илјади основци и 64 илјади средношколци.

Наставата за повеќето ученици ќе трае до 10 јуни 2027 година, додека матурантите ќе завршат на 17 мај. Зимскиот распуст ќе биде од 31 декември до 21 јануари.

Според досега пристигнатите податоци во Министерството за образование и наука, годинава се запишани 14.952 првачиња и 16.932 средношколци во прва година. Учебниците се веќе доставени до училиштата, а годинава се набавени 622 илјади примероци.

— реклама —

Едносменска настава ќе се реализира во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти. Паралелно продолжуваат инвестициите во доградба и реконструкција на училиштата, особено во средините каде што нема доволно просторни услови.

Во новата учебна година се ангажирани и рекорден број образовни асистенти – 1.358 во основното и 166 во средното образование, наменети за поддршка на учениците со посебни образовни потреби.

Од Министерството за образование и наука најавуваат дека продолжува и поддршката за талентираните ученици, како и мерките за поевтин училишен прибор и ученички стипендии.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

skolo-4

Од денеска повторно во училишните клупи: 238 илјади ученици ја започнуваат новата учебна година

Македонија | пред 3 часа

skolo-4

26 подрачни училишта привремено ќе престанат со работа поради недостиг на ученици

Македонија | пред 18 часа

media-librarynj78vm7cms7ifj03j5y

Утре почнува учебната година: Околу 14.500 првачиња првпат седнуваат во училишните клупи

Македонија | пред 1 ден

skolo-uciliste-deca-knigi

Учебниците се во училиштата, но годинава има 300 паралелки помалку

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања