Промени тема
Контакт

(Фото) Суперхерои ги пречекаа дел од првачињата во Кисела Вода: Посебен почеток на првиот училишен ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library6kmpd6pkgevl0HWPpab

Посебен пречек ги очекуваше првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода, каде што првиот училишен ден им беше збогатен со средба со нивните омилени суперхерои од детството.

Малите ученици беа пречекани со маскирани суперхерои, што предизвика бројни насмевки, радост и возбуда кај првачињата.

— реклама —

За еден од родителите, овој начин на пречек бил посебен момент кој децата долго ќе го паметат. Родителот решил да го сподели искуството за да му се заблагодари на целиот училишен тим кој учествувал во подготовката.

„Имавме потреба да го споделиме тоа како задоволни родители, бидејќи сè уште има училишта кои се грижат за среќата на нашите деца. Беше магично. Би ни било драго доколку се објави веста за да им кажеме едно големо благодарам на целиот тим што стои зад таа прекрасна приредба“, се вели во пораката од задоволниот родител.

— реклама —

Пречекот за првачињата во училиштето така помина во празнична атмосфера, со цел нивниот прв ден во училиште да започне со убави спомени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj377ib98nm7o4vd6P4m

(Видео) Новата учебна година започна со приредба во ООУ „Киро Глигоров“ во Центар

Македонија | пред 12 часа

skolo-4

Од денеска повторно во училишните клупи: 238 илјади ученици ја започнуваат новата учебна година

Македонија | пред 14 часа

skolo-4

26 подрачни училишта привремено ќе престанат со работа поради недостиг на ученици

Македонија | пред 1 ден

media-librarynj78vm7cms7ifj03j5y

Утре почнува учебната година: Околу 14.500 првачиња првпат седнуваат во училишните клупи

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања