Промени тема
Контакт

Девет полицајци влегле и ја виделе пиротехниката во „Пулс“, но никој не спречил да биде активирана - излезот не бил заклучен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library1brtd3u6jeee4W162Ck

Од 23 обвинети полициски службеници, меѓу кои има и началници, девет од нив се гонат поради тоа што можеле, но не спречиле да се случи трагедијата во „Пулс“. Досега, Обвинителството нема ослободено од вина ниту едно лице со полициски овластувања, а кај пензионираните полицајци се констатирало дека не можат да ги гонат поради застареност на кривичното дело кое би им го ставиле на товар.

Обвинителката Ивана Алексова Трајчева која денеска поднесе три обвиненија, посочи дека деветте полициски службеници влегле во „Пулс“ пред пиротехниката да биде активирана, но и покрај тоа, тие не спречиле нејзина активација.

— реклама —

„Јас го земам на товар тоа што влегле касно, а проверувале малолетници. Влегле внатре, преполно било. Виделе пиротехника на бина, никој не оди кон бината да се спречи пиротехниката туку се води контрола за тоа дали меѓу гостите има малолетници“, вели Алексова Трајчева.

Прашана, дали може да се гонат полицајците бидејќи не помагале на гости кои излагале од дискотеката, таа рече: „Не помагањето не може да го ставите како кривично дело. Тоа е човечки, што требало, и што можеле, но и што не можеле да направат. Обвинението е до настанувањето на пожарот“.

— реклама —

Полицајците тргнале да проверуваат дали имало или немало малолетници во диското речиси два и пол часа по полноќ, иако тоа требало да го направат веднаш штом помине 12 часот. Прашана за тоа дали вратата за излез била заклучена, обвинителката Алексова Трајчева рече: „Таа врата што се збори дека е заклучена не е вратата за излез од дискотеката. Туку е врата до службените простории. Таа врата нема никаква врска со делот официјален за влез-излез“.

— реклама —

Полициските службеници кои биле вклучени во проверките на „Пулс“ во 2012 година и 2018 година, по кои требало да извршат проверки за паркингот и јавниот ред и мир - ќе треба да ги гони кочанското Обвинителство. За ниту еден полициски службеник не е запрено водењето на постапката, туку е запрено водењето на постапка за кривичното дело за кое била донесена наредба за истрага. Поради основано сомневање дека сториле друго кривично дело отворена нова предистрага која обвинителката ја предала во кочанското Обвинителство, како надлежно да постапува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања