Промени тема
Контакт

„До крајот на неделава очекувам водата во Гостивар да биде технички исправна, а идната недела и за пиење“, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3a0ccpos32jk90uLdhb

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува до крајот на оваа недела водата во Гостивар да биде технички исправна, а кон крајот на идната недела да биде безбедна и за пиење.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека на терен се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и експерти, кои работат на надминување на проблемот.

„Очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно перење на системот, за да може да добиеме вода што ќе има нормални граници на хлор и ќе биде добра за техничка употреба. Ако сè оди според планот, кон крајот на идната недела таа вода ќе биде добра и за пиење“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека Владата продолжува да работи на решавање на проблемот, оценувајќи дека состојбата во општината претставува дополнителен предизвик.

— реклама —

„За жал, летаргијата што ја зафати општината по овој случај претставува предизвик за сите нас. Иако постои несинхронизираност меѓу општината и Владата, ние ќе сториме сè што е во наша моќ системот што поскоро да профункционира и повторно да биде ставен во употреба“, рече премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt5sij8j2pd818O5D7GQ

Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, Мицкоски најавува целосно поврзување на Скопје и Охрид

Македонија | пред 17 минути

— реклама —
media-library8raoe11nd5da8h1KGyz

(Видео) Мицкоски до Бугарија: „Во Европа ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма“

Македонија | пред 22 часа

media-library6oclipb5adq35pyPbtQ

Мицкоски: Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски за обвинувањата за задолжувањето: Јавниот долг е зголемен за помалку од 1,4 милијарди евра, а БДП за 4 милијарди

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања