Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„ДПМНЕ го презеде бизнисот со историскиот криминал на Бехтел и Енка – нивни функционер стана дел од фирмата за надзор“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица денеска преку соопштение обвини дека кадар на ВМРО-ДПМНЕ станал дел од фирмата за надзор над проектот на Бехтел и Енка, кој претходно актуелната власт го нарекуваше „историски криминал“.

— реклама —

Според партијата, истражување на 360 степени покажало дека во сопственичката структура на поранешната „Електра Солушнс“, денес преименувана во „Аксион“, влегол Бојан Савески, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром и претседател на месен комитет на партијата.

Од Левица тврдат дека станува збор за фирмата што доби милионски удел во надзорот над „Бехтел и Енка“, а која претходно во јавноста била позната како компанија за долна облека.

— реклама —

Партијата потсети дека Христијан Мицкоски во 2023 година најавувал дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го расчистува случајот со надзорот и супервизијата на проектот, додека денес, како што велат од Левица, нема истрага ниту одговорност.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека Обвинителството јавно се пожалило оти МВР не постапува по наредбите поврзани со предметот за надзорот над „Бехтел и Енка“.

Од Левица оценуваат дека проблемот за ВМРО-ДПМНЕ не бил самиот проект, туку тоа што тогаш не биле дел од, како што велат, „шемата со провизии“.

— реклама —

Партијата обвини и дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно си ги амнестираат, како што наведуваат, „милионските криминали“, додека цената ја плаќаат граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања