Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library16j4007ht7lb36GFR7M

Целосно обновено и со нов изглед, детското игралиште „Дрвен“ во Дебар Маало повторно е ставено во функција, со нови реквизити, летниковец и уреден простор за најмладите, информираа од Општина Центар.

— реклама —

Станува збор за едно од најпознатите игралишта во овој дел од Скопје, лоцирано на улицата „Славка Недик“, кое по реконструкцијата доби современ и побезбеден изглед. Поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, додека просторот е дополнително уреден со жардињери и летниковец за одмор.

— реклама —

Интервенирано е и на кошаркарското игралиште, каде што е обновена оградата, а во делот наменет за најмалите поставена е нова гумена подлога, со цел зголемена безбедност и издржливост на временски услови. Дополнително, поставено е и ново амбиентално осветлување, вклучително и централна црвена канделабра.

Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека ова е дел од поширока акција за уредување на детските игралишта во општината.

— реклама —

„Продолжуваме со реконструкција кај КАМ маркет, кај ‘Зебра’ и на сите детски игралишта каде што има оштетени реквизити. Истите ќе бидат заменети во текот на овој месец“, рече Герасимовски.

— реклама —

Тој упати апел до граѓаните за одговорно користење и зачувување на јавниот простор и урбаната опрема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrdhh28j0q28q4J5G5JM

(Видео) „Од бесплатен оброк за сите ученици до субвенција од 1.000 денари – уште едно неисполнето ветување на Герасимовски и СДС“, вели Ристовска Додевски

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library5173c35iblrt2B88eEX

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола

Скопје | пред 3 дена

media-library3ge82gtdb3qa0MSxlj3

Центар поставува 20 контејнери за текстилен отпад пред училишта и градинки

Скопје | пред 4 дена

media-libraryiig8ub469qi83fOIw8V

„Пајак“ службата во Центар минатата седмица отстранила 143 непрописно паркирани возила

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања