Промени тема
Контакт

Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот бројот на казни од „Безбеден град“ во понеденик како работен ден е ист како во неделата.

— реклама —

- Денес можам да кажам дека фактичката сосотојба е иста  Имаме 508 прекршооци на ниво на Скопје, Куманово, Тетово и коридорите. Од тие 454 се за брзо возење, 42 се за црвено светло, 12 се нерегистрирани, рече министерот.

— реклама —

Тој изрази задоволство од, според него, малите бројки на казни и очекува дека бројката ќе остане горе-доле иста за целиот 24-часовен период.

Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.435 граѓани, имаат по една изречена забрана. Сепак, бројките на повратниците во прекршоците се алармантни. Вкупно 7.987 лица се соочиле со втора забрана, додека 1.863 возачи имаат по три правосилни пресуди за забрана за управување возило.

— реклама —

Посебен акцент министерот стави на „рекордерите“ во негативна смисла, посочувајќи дека постојат лица кои десетици пати го изигрувале законот.

— реклама —

„Имаме 687 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, истакна Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања