Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица преку соопштение обвини дека две години Министерство за внатрешни работи, предводено од Панче Тошковски, не презема никакви дејствија за, како што велат, криминалот поврзан со фирмата за надзор над проектот Бехтел и Енка.

— реклама —

Според партијата, и покрај сериозните сомнежи за милионски злоупотреби и високи хонорари, предметот со години останува во предистражна постапка, а обвинителството испратило и ургенции до МВР.

— реклама —

Од Левица тврдат дека во меѓувреме се променила сопственичката структура во фирмата Електра Солушнс, каде како нов сопственик се појавил Бојан Савески, за кого велат дека е кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен соработник на Коце Трајановски.

Партијата наведува дека токму ВМРО-ДПМНЕ додека било во опозиција јавно прашувало како фирма што јавноста ја поврзувала со продажба на долен веш добила милионски договори за стратешки инфраструктурен проект, а сега, според нив, молчи за истиот случај.

— реклама —

Во соопштението се споменуваат и наводни високи хонорари за експерти ангажирани преку фирмата, меѓу кои по 20.000 евра месечно за надзорни инженери и до 300.000 евра за преговарачи.

— реклама —

Левица оценува дека ветувањата за одговорност за случајот со „Бехтел и Енка“ биле само предизборна реторика и обвинува дека власта не само што не го гони, туку станува дел од, како што велат, „историскиот криминал“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања