Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ескалација на повидок: Израел се подготвува за заеднички напади со САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryu38oa7greq2telYjcyF
Х

Израел се подготвува за значителна ескалација на конфликтот со Иран веднаш по истекот на рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат израелски медиуми.

— реклама —

Според информации на јавниот сервис KAN, повикувајќи се на неименувани извори, во Израел се проценува дека САД би можеле да ги засилат нападите врз Иран, по што би следувале и координирани удари.

„Подготвени сме за голема ескалација по истекот на рокот и чекаме одобрување од САД“, изјавил изворот, додавајќи дека израелските сили се веќе подготвени за дејствување.

— реклама —

Сепак, постои и неизвесност околу конечната одлука на Вашингтон, со оглед на можноста Трамп во последен момент да се одлучи за прекин на огнот.

— реклама —

Израелските власти, според медиумите, очекуваат „зелено светло“ за напади врз енергетски и инфраструктурни цели во Иран, а премиерот Бенјамин Нетанјаху се очекува да одржи итен безбедносен состанок со врвот на државата.

Ултиматумот на Трамп предвидува Иран да го отвори Ормутски теснец и да постигне договор, во спротивно ќе се соочи со напади врз клучната инфраструктура.

Во меѓувреме, конфликтот веќе однесе над илјада жртви од почетокот на заедничката офанзива на САД и Израел, додека Иран возвраќа со напади со дронови и ракети врз цели во регионот, дополнително зголемувајќи го ризикот од поширока регионална војна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања