Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ЕУ донесе одлука за финансирањето на Украина, стигна и првата реакција од Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
putin-094091

Русија позитивно реагираше на компромисот што земјите членки на Европската Унија го постигнаа за финансирањето на Украина, оценувајќи дека со одлуката донесена во Брисел е избегнато, како што велат, „незаконско користење на руските државни резерви“.

— реклама —

Главниот руски преговарач Кирил Дмитриев преку Телеграм порача дека „правото и здравиот разум засега надвладеале“, додавајќи дека одлуката претставува „тежок удар“ за, како што ги нарече, политичарите кои туркаат кон продолжување на војната.

Во своите јавни реакции, Дмитриев директно ги посочи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер, обвинувајќи ги дека не успеале да издејствуваат конфискација на руските средства.

— реклама —

„Неколку гласови на разум во рамките на ЕУ досега го спречија нелегалното користење на руските резерви за финансирање на Украина“, напиша Дмитриев, повторувајќи ја позицијата на Москва дека ваквиот потег би претставувал кражба на државен имот.

— реклама —

Русија во повеќе наврати предупреди дека секое користење на замрзнатите руски средства ќе биде третирано како непријателски чин, најавувајќи можни контрамерки, вклучително и користење на западни средства и имот во Русија, особено оние во сопственост на приватни компании и инвеститори.

По повеќемесечни несогласувања, земјите членки на ЕУ во раните утрински часови во петокот постигнаа договор за модел на финансирање на Украина за наредните две години. Според компромисното решение, Украина ќе добие бескаматен заем од 90 милијарди евра, а доколку Русија не плати воена отштета, отплатата на заемот би се вршела преку замрзнатата руска имотна маса во рамки на Унијата.

— реклама —

Претходно, германскиот канцелар Мерц се залагаше за значително поамбициозен план, со кој преку средствата на руската централна банка – најголем дел замрзнати во Белгија – ќе се обезбедеа заеми до 210 милијарди евра. Сепак, тој предлог пропадна поради противење на неколку земји членки, меѓу кои Франција и Италија, како и поради сериозните правни и политички резерви изразени од Белгија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Што ќе направи Путин? Западот стравува од нова ескалација на војната

Свет | пред 3 дена

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Путин му честиташе на Трамп 250 години од независноста на САД

Свет | пред 6 дена

tramp-putin

Путин му честиташе на Трамп 250 години независност на САД: „Русија и Америка имаат заедничка одговорност за светот“

Свет | пред 1 седмица

putin-5190

Расте незадоволството во Русија: пад на довербата и поддршката за Путин

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања