Промени тема
Контакт

Фетаи го добива мандатот за преговори во ВЛЕН од Основачкото собрание на Алијансата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryea56npp6fs67dD2sgTt

Структурите на АА во рамките на коалицијата ВЛЕН, вклучувајќи го Координативниот совет, координаторите на ограноците, функционерите и избраните мандатари, денес ја одржаа седницата на Основачкото собрание.

„Во фокусот на дискусијата беа политичките случувања во земјата и итната потреба за унапредување на политичкото дејствување, со цел зајакнување и консолидирање на ефективното претставување на Албанците во Северна Македонија.

— реклама —

За таа цел, Основачкото собрание го усвои концептот „Нова Алијанса“ како стратешки чекор кон посилно и пообединето политичко структуирање.

— реклама —

Во духот на реорганизацијата и внатрешното зајакнување, беа донесени следните одлуки:
Итно суспендирање на функционирањето на сите актуелни органи до донесување нова одлука;
Прогласување на привремен мораториум на сите партиски активности.

— реклама —

Со мнозинство гласови, Основачкото собрание го овласти претседателот, г. Арбен Фетаи, да ги води понатамошните преговори во рамките на лидерството на ВЛЕН, со цел формирање на ВЛЕН како политичка партија, во согласност со вредностите и принципите усогласени досега“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Владата го именува Арбен Фетаи за специјален пратеник за ЕУ во Брисел

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Арбен Фетаи повеќе не е вицепремиер, Собранието ја констатираше оставката

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Меџити: Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник во Брисел

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl079aq3on7449ZlQRaL

„Многу работи ќе бидат појасни“ – Мицкоски за „исчезнатиот“ вицепремиер Арбен Фетаи

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања