Силни реакции во јавноста предизвика прославата на шампионската титула на ФК Вардар, на која се пееја навредливи песни за македонската пејачка Каролина Гочева.
Фудбалската федерација на Македонија остро го осуди однесувањето и најави дисциплинска постапка против клубот.
Од ФФМ порачаа дека ваквите навреди, вулгарности и говор на омраза немаат место во фудбалот и дека ривалството меѓу клубовите треба да биде достоинствено и со меѓусебна почит.
„Особено е неприфатлива потребата да се повикуваат навредливи содржини и да се пеат вулгарни и навредливи текстови при прославување на победа“, соопштија од Федерацијата.
Осуда стигна и од министерот за спорт Борко Ристески, кој побара јавно извинување и порача дека Министерството ќе бара начини ваквите случаи да бидат санкционирани.
Реагираше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој оцени дека прославите во спортот мора да поминат без навреди и вулгарности и побара раководството на Вардар да се извини за однесувањето.
ФК Вардар досега не се огласи официјално за случувањата.
(Видео) По видеото од прославата на Вардар, Борко Ристовски бара извинување и најавува казни
По вчерашното видео на кое фудбалерите на Вардар славеа со навредлива и вулгарна песна денеска се огласи и Министерството за спорт од каде што се најавени санкции.„Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работ
Настани | пред 1 месец