Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Исмаил од Левица анализира: Дали новиот закон за казина ќе донесе реални промени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library9a95bvpne8qq63ftC3R

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, објави анализа во која го доведува во прашање ефектот од најавениот закон за игри на среќа, со кој казината треба да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта.

— реклама —

Исмаил посочува дека на прв поглед ограничувањето изгледа строго и би можело значително да го намали просторот за отворање казина во делови од Скопје, како Центар, Карпош и Аеродром. Сепак, според него, клучниот проблем е што во законот не е наведено дека растојанието ќе се мери по воздушна линија.

— реклама —

„Наместо тоа, се користи формулацијата ‘најбезбеден пат’, што остава простор многу објекти што се блиску до училишта да останат легални поради подолг пристап преку улици, мостови, подземни премини или други објекти“, наведува Исмаил.

Тој предупредува дека ваквата формулација може да доведе до „креативни“ толкувања и создавање т.н. коцкарски оази во делови од градот каде што ограничувањата нема реално да се применуваат.

— реклама —

Според Исмаил, суштинското прашање е дали целта е вистинско оддалечување на коцкарската индустрија од децата и младите или носење закон што формално изгледа строг, но остава простор за исклучоци.

— реклама —

Во анализата се посочува и дека проблемот со прекумерното коцкање во Македонија е сериозен, при што годишниот обрт во индустријата достигнува над 2,8 милијарди евра, што, според него, носи сериозни социјални и економски последици.

media-library8jo9nh8pq57u0KaGzd5

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања