Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Франција привремено го намали производството на нуклеарна енергија поради екстремните горештини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP
фото: unsplash

Екстремниот топлотен бран што ја зафати Франција доведе до привремено намалување на производството на нуклеарна енергија за околу 4,1 гигавати, што претставува приближно седум проценти од вкупната побарувачка за електрична енергија во земјата.

— реклама —

Според податоците на францускиот оператор на електропреносната мрежа РТЕ и државната електроенергетска компанија ЕДФ, реакторот „Голфеш 2“ на реката Гарона привремено бил исклучен од мрежата поради екстремно високите температури.

Како што пренесува порталот „Нуклеарна перспектива“, нуклеарните централи се проектирани да функционираат и при многу високи надворешни температури, па горештините не ја загрозуваат нивната безбедност. Сепак, проблемот се јавува поради загревањето на реките што се користат за ладење на реакторите.

— реклама —

Централите со отворен систем за ладење користат речна вода за ладење на кондензаторите, по што ја враќаат назад во реката, загреана за неколку степени. Кога температурите се екстремно високи, како што беше случајот деновиве, кога во Франција беа измерени над 44 Целзиусови степени, и самите реки значително се загреваат.

— реклама —

Француските еколошки прописи строго ја ограничуваат максималната дозволена температура на водата што се испушта во реките, со цел да се заштити живиот свет, особено рибниот фонд и речната флора.

Доколку температурата на реката ја достигне критичната граница, компанијата ЕДФ е законски обврзана да ја намали моќноста на реакторите или привремено да ги исклучи, за да се избегне дополнително загревање на водата и нарушување на екосистемот.

— реклама —

Експертите посочуваат дека реакторите не се исклучуваат затоа што не можат да работат, туку за да се спречи прегревање на реките и да се зачува природната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 3 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 5 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања