Промени тема
Контакт

Гаши се сретна со чешките парламентарци: процесот на евроинтеграција на Македонија во фокусот на разговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-26-133931

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, предводена од пратеникот Радек Вондрачек, заменик претседател на Комисијата.

— реклама —

Процесот на евроинтеграција на Северна Македонија беше во фокусот на разговорите на претседателот Гаши со чешките парламентарци, при што беше нагласена значајната поддршка на Чешка, како и на целата Вишеградска група, прво за членството на нашата земја во НАТО, како и постојаната логистика за полноправно членство во Европската Унија.

Претседателот Гаши изрази благодарност што Чешката Република, како членка на Европската Унија, принципиелно ги промовира политиките, во контекст на земјите од Западен Балкан. Тој, исто така, изрази очекување за понатамошно интензивирање на таа поддршка. Посебно во однос на Северна Македонија, со оглед на актуелните предизвиците со кои се соочува нашата земја на евроинтегративниот пат, и покрај големиот капацитет за компромиси што го покажавме во изминатиот период.

— реклама —

— реклама —

Вондрачек истакна дека е добро позната чешката позиција за долгорочна поддршка на интеграциските процеси на нашата земја и на регионот во целина.

На средбата беше нагласено и дека Северна Македонија и Чешката Република годинава одбележуваат 30 години од воспоставување на дипломатските односи, а низ годините пријателството и меѓусебната почит меѓу двете држави не само што се потврди, туку и се продлабочи.

— реклама —

Беа разменети мислења и за меѓупарламентарната соработка. Притоа беше посочено дека е мошне значајна комуникацијата меѓу работните тела и пратеничките групи за соработка, со оглед на тоа што нашата држава има цврста определба за интензивирање на реформскиот процес, што е значајно и за нашиот евроинтеграциски пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања