Промени тема
Контакт

Герасимовски: Екипите го локализираа пожарот на Универзална, апелирам да не се шират шпекулации за причините за избувнувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
IMG_3355

По информациите за избувнувањето на пожарот во Универзална Сала градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски веднаш се упати на терен. Пожарот е локализиран и не постои опасност за другите објекти, сподели тој. Герасимовски на социјалните мрежи известува дека според првичните информации во зградата немало никој и апелира да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации која е причината за настанување на пожарот.

— реклама —
— реклама —

„Пожар избувна во Универзална Сала при што веднаш се упатив на терен. Во моментов екипите на противпожарната бригада го гаснат и пожарот е локализиран. Не постои опасност по другите објекти во близината. Според првичните информации немало никој во зградата. Апелирам граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата. Исто така апелирам да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации што е причината за пожарот“, пишува Герасимовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpm98ma7qalu2NF0lV3

Универзална сала повторно ќе ги отвори вратите за уметниците и публиката

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-library7oj28mmh9qcd08SaNRO

Универзална сала добива нов изглед: Сулејмани изврши увид во изградбата

Скопје | пред 2 седмици

media-librarypfgf9i63gbdabiXgQaP

Љутков: Почнува изградбата на Универзална сала, готова до 2027 година

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfu1a0mqmsrbf1Xl9Uls

Ѓорѓиевски најави: Универзална сала ќе биде готова до 2027

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања