Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Љутков: Почнува изградбата на Универзална сала, готова до 2027 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarypfgf9i63gbdabiXgQaP

Министерот Зоран Љутков најави почеток на процесот за изградба на Универзалната сала во Скопје, по надминување на административни и правни пречки. Објектот треба да биде завршен до крајот на 2027 и е важен за подготовките за Европска престолнина на културата 2028. Проектот сега се реализира како целина по принцип „клуч на рака“, со околу 20 милиони евра обезбедени преку Владата и Министерството. Анализите покажале дека нема ризик за конструкцијата, а ќе се зачува автентичниот изглед со современи подобрувања.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека по подолг период на административни и правни пречки започнува процесот за изградба на Универзалната сала во Скопје.

Тој истакна дека станува збор за објект кој претставува значаен споменик на културата и традицијата, кој треба да биде завршен до крајот на 2027 година, а ќе биде дел и од програмските подготовки поврзани со Европската престолнина на културата 2028.

— реклама —

Љутков појасни дека во изминатиот период процесот бил забавен поради правни и административни нејаснотии, како и поради поделено стопанисување меѓу Град Скопје и Министерството за култура во минатото.

„Во моментот кога ги надминавме сите пречки, продолживме со постапката. Министерството за култура и туризам, преку Владата, е инвеститор на проектот по принцип ‘клуч на рака’. Во минатото проектот беше поделен во фази, а сега се реализира како целина“, изјави Љутков.

— реклама —

Тој додаде дека за изградбата е обезбедена сума од околу 20 милиони евра преку Владата и Министерството, нагласувајќи дека Скопје конечно ќе добие обновен културен објект со големо значење за градот.

Во однос на безбедноста на објектот, министерот информираше дека биле спроведени повеќе испитувања и анализи, меѓу кои и експертски оценки, при што било утврдено дека нема ризик за конструкцијата.

„Според добиените резултати и експертизата, нема никаква опасност за конструкцијата, што го потврди и професорот Гаревски“, рече Љутков.

На новинарско прашање за тоа дали ќе се задржи автентичниот изглед на Универзалната сала, министерот одговори дека проектот предвидува зачувување на препознатливата структура и лик на објектот, со современи архитектонски и функционални подобрувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfu1a0mqmsrbf1Xl9Uls

Ѓорѓиевски најави: Универзална сала ќе биде готова до 2027

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-library3nn7oarn15or7c8QJqS

Универзална почнува да се гради, треба да е завршена до декември 2027 година, објави Љутков

Македонија | пред 2 седмици

univerzalna-sala

Љутков: Одлуката за изведувач на Универзална сала ќе биде донесена в понеделник

Скопје | пред 2 месеци

media-library7oj28mmh9qcd08SaNRO

Избран изведувачот за реконструкцијата на Универзална сала – проектот ќе биде готов до декември 2027 година

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања