Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Германски турист добил спор поради „резервирани“ лежалки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryeajl26288rbsbR2qDUT
фото: unsplash

Германски турист добил на суд спор против туристичка агенција поради праксата на „резервирање“ лежалки со пешкири во хотел на грчкиот остров Кос и му била доделена отштета од 986,70 евра, откако агенцијата не ја спроведувала забраната за такво однесување.

Неименуваниот тужител навел дека за време на летувањето во август 2024 година на островот Кос во Грција не можел да најде слободни лежалки покрај базенот, бидејќи гостите однапред ги зафаќале местата оставајќи пешкири.

Тој, како што пишува Телеграф, пред судот истакнал дека организаторот на патувањето не обезбедил почитување на правилата на хотелот со кои таквата практика била забранета, како и дека персоналот не реагирал на гостите кои ја прекршувале забраната.

— реклама —

Поради тоа, како што навел, неговото семејство секојдневно поминувало и до 20 минути во потрага по слободни лежалки, додека дури ни раното станување во шест часот наутро не гарантирало место за одмор.

— реклама —

Окружниот суд во Хановер пресудил во корист на туристот, оценувајќи дека туристичката агенција била должна да ги спроведува правилата на хотелот.

Туристот, кој патувал со сопругата и двете деца, првично за аранжманот платил 1.786 евра, а судот му досудил делумен поврат на пари.

— реклама —

Според едно истражување, речиси 66 отсто од Германците се против навиката за „резервирање“ лежалки со оставање пешкири, додека 14 отсто признале дека ги отстрануваат туѓите пешкири за да ги користат лежалките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Аларм во популарно летувалиште во Грција: Водата од чешма небезбедна за пиење

Балкан | пред 4 часа

media-libraryh2jlo5d173ks55ZxQia

(Видео) Големите пожари во Грција беснеат петти ден, воздухот е сериозно загаден

Настани | пред 7 часа

koza

Во Грција убиле заштитено животно и го испекле среде национален парк

Балкан | пред 10 часа

media-library53b3df214ta5dMFvp79

32-годишник доживеал срцев застој по скок во ледена вода во Грција

Балкан | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања