Промени тема
Контакт

Го решивме случајот, но ова не ја враќа Фросина - гневот е разблив, но не смее да заврши со гневни статуси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

„Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам вознемиреноста и револтот што деновиве го чувствуваме сите. Фросина Кулакова, млада девојка со светла иднина, повеќе ја нема, затоа што нејзиниот живот беше одземен од некој што никогаш не смеел да биде зад воланот. Ова не е само несреќа, ова е резултат на пропусти во системот што дозволува рецидивистите да останат надвор од контролата на институциите“, вели минситерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:

Јавноста со право прашува, како е можно лице кое е криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот? Ова не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија.

— реклама —

МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам.

— реклама —

Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?

Годишно, повеќе од 140 луѓе ги губат животите во сообраќајни несреќи во нашата држава. Оваа бројка е неприфатлива и мора да нè натера на суштински промени.

— реклама —

Наша обврска како држава е да спречиме вакви трагедии. Затоа, напорно работиме на што поскоро ставање во функција на системот „Безбеден град“, кој ќе овозможи автоматско санкционирање на сообраќајните прекршувања, без селективна правда, без оправдувања, без влијание на човечки фактор. Контролата ќе биде построга, казните неизбежни. Но, ниту едно техничко решение нема да биде доволно ако правосудниот систем не гарантира соодветно санкционирање, особено за оние кои веќе еднаш покажале дека се опасност за другите.

— реклама —

Гневот е разбирлив, недовербата во институциите е оправдана, но ова не смее да заврши само со пишување на гневни статуси по социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените мора да бидат реални. Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност.

Искрено сочувство до семејството на Фросина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања