Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

„Градот со две мориња“ е скриена тајна на Италија: Приморски рај кој туристите сѐ уште не го откриле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-library14trj7ranhsgdBYG79L
фото: unsplash

Сместен на брегот на Лигурија, меѓу познатите туристички места како што се Џенова и Чинкве Тере, Сестри Леванте важи за едно од најшармантните приморски места во Италија.

Овој мал град во Италија освојува на прв поглед со комбинација од пастелни куќи, кристално чисто море и опуштена атмосфера која го издвојува од пренатрупаните туристички дестинации.

Она по што Сестри Леванте е уникатен е неговата положба на тесен полуостров кој дели два прекрасни заливи. Тоа се Baia del Silenzio (Залив на тишината) и Baia delle Favole (Залив на бајките).

Првата е позната по мирната, речиси романтична атмосфера и се смета за една од најубавите плажи во Италија, додека втората е пожива и погодна за семејства и активен одмор.

— реклама —

Името Baia delle Favole не е случајно. Градот бил инспирација за познатиот дански писател Ханс Кристијан Андерсен, кој престојувал тука за време на своите патувања.

Во негова чест, во градот секоја година се одржува фестивал посветен на бајките. Тоа дополнително го нагласува уметничкиот и културниот карактер на ова место.

За разлика од погламурозните дестинации како Портофино, Сестри Леванте го задржал автентичниот дух на рибарско место. Тесните улички на стариот град, локалните ресторани со свежи морски плодови и опуштениот ритам на живот го прават идеален за патници кои бараат помирно и поавтентично доживување на Италија.

— реклама —
media-library1i8tllefqi510mPvXIm

Благодарение на одличната поврзаност, Сестри Леванте е совршена почетна точка за обиколка на целиот регион Лигурија.

Во непосредна близина се наоѓаат живописните села Чинкве Тере, додека Џенова е оддалечена помалку од еден час возење. Оваа комбинација на мир и достапност го прави сѐ попопуларен избор меѓу патниците од Европа.

— реклама —

Ако барате дестинација што нуди спој на природна убавина, историја и автентична италијанска култура, Сестри Леванте е место што треба да се посети што поскоро.

Без преголема гужва, овој град сѐ уште ја чува својата автентичност. Токму онаа вистинска автентичност која во популарните дестинации сѐ повеќе се губи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Бегајќи, му испаднало ливче со име и телефонски број: уапсен крадец во Италија

Свет | пред 9 часа

f31ddaab-2639-435b-807d-02c374007bce

Од 1 август туристите ќе можат навечер да ги посетуваат најпознатите знаменитости во Италија

Свет | пред 2 дена

media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Четиригодишно девојче од БиХ почина од струен удар во Италија

Свет | пред 3 дена

media-libraryg9b3s8s3g8saaEpHYWe

Трагедија во Италија: Почина 11-годишно девојче, косата ѝ се заглавила во одвод на базен

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања