Промени тема
Контакт

Гренланд добива посилна воена заштита, Данска очекува долгорочно присуство на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-library2ok69b4epfng3E052fo
Photo by Filip Andrejevic on Unsplash

Данска очекува НАТО долгорочно да го задржи засиленото воено присуство на Гренланд и на поширокото арктичко подрачје, изјави данскиот министер за одбрана Јепе Брус. Неговата изјава доаѓа една недела по потпишувањето на безбедносниот договор со САД.

НАТО претходно годинава ја започна мисијата „Arctic Sentry“, чија цел е засилување на воените вежби и патролите во арктичкиот регион. Мисијата беше покрената во период на зголемени тензии во рамките на Алијансата, откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба САД да го купат Гренланд.

— реклама —

Во Брисел, Брус изјави дека Копенхаген се надева оти мисијата „Arctic Sentry“ ќе стане трајна и ќе продолжи и по следната година. На прашањето дали постојат јасни сигнали дека и другите членки на НАТО се заинтересирани за таков план, данскиот министер рече дека засега постои уверување оти засиленото воено присуство на Гренланд и на Арктикот ќе продолжи.

— реклама —

Безбедносниот договор, кој минатата недела во Обединетите нации го потпишаа Трамп и данските и гренландските претставници, предвидува отворање на две нови американски бази на Гренланд, покрај една веќе постојна, како и поголем ангажман на НАТО.

— реклама —

Брус оцени дека улогата на НАТО во регионот ќе биде особено значајна поради топењето на мразот, кое отвора нови пловни правци на Арктикот. Тој посочи и на зголемениот интерес на Русија и Кина за регионот како причина за поголемо присуство на Алијансата на крајниот север.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Се приближува договорот за Гренланд: „Одговорноста нема да биде само на Данска и САД“

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
fon-der-lajen

Европа го засилува присуството на Арктикот: Фон дер Лајен во Гренланд со нова финансиска помош

Свет | пред 3 седмици

media-library2h7328lt783640HaCUr

Гренланд им го запре проектот: Одложено американското бушење за нафта поврзано со Трамп

Свет | пред 1 месец

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Луѓето на Трамп ја таргетираа нафтата на Гренланд, локалните власти стравуваат

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања