Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Ако Русија го нападне Брисел, ќе ја срамниме Москва со земја“ – порака на белгискиот министер за одбрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен во интервју за „The Brussels Times“ изјави дека евентуален напад на Русија врз Брисел би значел директен удар врз НАТО, по што Алијансата би реагирала со уништување на Москва.

— реклама —

„Не се плашам дека Путин би нападнал конвенционално, бидејќи тоа би било удар во срцето на НАТО. А тогаш, ние би ја срамниле Москва со земја“, рече Франкен, нагласувајќи ја својата верба во членот 5 од Северноатлантскиот договор – клаузулата што гарантира колективна одбрана на сите членки.

— реклама —

Франкен изрази силна поддршка за американската улога во рамките на Алијансата и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп би го почитувал членот 5 доколку дојде до напад.

— реклама —

„Секако дека би го почитувал. Во Европа има многу предрасуди кон американската влада, но нема причина да се сомневаме во нивната посветеност“, изјави министерот.

Белгискиот министер оцени дека вистинската опасност не лежи во конвенционален напад, туку во т.н. „хибридно војување“ – комбинација од пропаганда, дезинформации и локални конфликти.

„Повеќе ме загрижува сценарио во кое ‘мали зелени луѓе’ ќе поттикнат рускојазично малцинство во Естонија против ‘нацистички режим’. И пред да сфатите – дел од земјата е анектиран“, предупреди Франкен.

Франкен категорично ја отфрли идејата за заедничка европска војска, оценувајќи ја како „продажба на магла“. Според него, државите кои не успеваат да се договорат дури ни околу набавка на опрема, немаат реална можност да интегрираат сопствени вооружени сили.

„Среќа што го имаме НАТО – тој повторно ја докажа својата ефикасност со воздушната одбрана во Полска и Естонија“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор

Свет | пред 6 часа

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските

Свет | пред 2 дена

rute

Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение

Свет | пред 1 седмица

mark-rute-1

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања