Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Ирански шеф на дипломатијата до Трамп: Извинете се за убиствата и разорувањата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран ќе го избере иранскиот народ, а не американскиот претседател Доналд Трамп. Тој воедно побара Трамп да се извини за „убиствата и разорувањата“ кои, според него, Соединетите Американски Држави ги предизвикале во Иран и поширокиот регион, пренесува NBC.Арагчи реагираше на изјавата на Трамп од минатиот четврток, во која американскиот претседател посочил дека би требало да учествува во изборот на следниот врховен лидер на Иран.„Никому не му дозволуваме да се меша во нашите внатрешни работи. Исклучиво иранскиот народ ќе го избере својот нов лидер“, изјави Арагчи во емисијата „Meet the Press“.Тој додаде дека американскиот претседател треба да се извини за постапките на својата земја.„Тој треба да им се извини на луѓето во регионот и на иранскиот народ за убиствата и разорувањата што ни ги нанесе“, заклучи иранскиот министер.

Свет | пред 3 седмици

Liban

Најмалку 15 загинати во израелски воздушни напади во јужен Либан

Најмалку 15 лица загинаа утрово во серија израелски воздушни напади во јужниот дел на Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.Безбедносни извори наведуваат дека жртвите се од градот Сир ал-Гарбија, во округот Набатија, каде што во нападот била погодена трикатна зграда. Според истите извори, израелските напади сè повеќе се насочуваат кон подрачјата јужно од реката Литани, каде што Израел смета дека меѓу цивилното население дејствуваат борци на Хезболах.Портпарол на израелската армија на арапски јазик објави порака на социјалната мрежа Икс во која се наведува дека „терористичките активности на Хезболах ги принудуваат одбранбените сили силно да дејствуваат против нив“. Во пораката повторно им е упатен повик на жителите, поради нивна безбедност, веднаш да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката Литани.Нападите се случуваат во услови на зголемени регионални тензии по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Соединетите Американски Држави од една страна и Иран од друга страна. Во судирите досега се вклучени повеќе регионални актери и држави.Либански безбедносни извори соопштија дека Израел досега наредил евакуација на повеќе од 80 села во јужен Либан, поради што десетици илјади жители ги напуштиле своите домови.Во меѓувреме, израелската армија во неделата извести дека двајца нејзини војници загинале во борбите во јужен Либан. Тоа се првите пријавени жртви во редовите на израелската војска од 2 март, односно од почетокот на офанзивата против проиранскиот Хезболах во соседната држава.

Свет | пред 3 седмици

media-library89lcaqvsrfbb1FNm12j

(Видео) Путин го прекина говорот поради кашлица, Кремљ се огласи по шпекулациите за неговото здравје

Во јавноста се појави кратка видеоснимка која повторно ги поттикна шпекулациите за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин. Видеото, чија автентичност сè уште не е независно потврдена, наводно го прикажува Путин за време на состанок како добива силен напад на кашлица. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и повторно ги оживеа долгогодишните гласини за неговото здравје, објави британскиот весник The Telegraph.На видеото се гледа рускиот претседател како среде состанок се врти настрана од соговорниците, ја става раката пред устата и почнува да кашла. Иако видеото е кратко, многумина на социјалните мрежи коментираа дека Путин изгледа уморно и исцрпено, што беше доволно за повторно да се појават бројни коментари и претпоставки.Од Кремљ брзо реагираа на ширењето на снимката, отфрлајќи ги сите шпекулации и оценувајќи ги како „уште еден информативен напад од Западот“ со цел дестабилизација на Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за државните медиуми дека претседателот е „апсолутно здрав“ и дека редовно ги извршува сите свои должности.„Таквите снимки или се вешто монтирани или се извадени од контекст за да се создаде погрешен впечаток. Претседателот е добро, станува збор за последици од обична настинка“, изјави Песков.Здравјето на Владимир Путин со години е тема на меѓународно внимание. Во јавноста периодично се појавуваат непотврдени информации дека тој боледува од сериозни заболувања, меѓу кои и Паркинсонова болест, како и од различни форми на рак.Овие гласини најчесто се засилуваат кога Путин поретко се појавува во јавност или кога аналитичари забележуваат детали на снимките, како треперење на раката, необичен од или цврсто држење за масата за време на состаноци. Сепак, официјална Москва редовно и решително ги демантира ваквите тврдења.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryvi6698p37bjn89jtAXE

Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен - потребни се итни мерки против семејното насилство

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, Движењето ЗНАМ за НашаМакедонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ:Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваапратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции одредовите на движењето.Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна исодржинска дискусија за улогата на жените во креирањето политики,нивното активно учество во политичките процеси и нивниот придонес воносењето одлуки на централно и локално ниво.Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на женитево градењето на модерно и праведно општество“, при што беше истакнатодека вистинското одбележување на 8 Март денес подразбира отворање насуштински прашања и конкретни политики кои ќе обезбедат поголемазаштита, еднаквост и можности за жените.Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, во своетообраќање посочи дека годинешното одбележување на 8 Март се случува вовреме кога сериозно се зголемуваат случаите на семејно насилство, пришто во последните два месеци се регистрирани четири случаи на фемицид.„Во сериозни времиња, за сериозни проблеми, неопходен е сериозенпристап. Движењето ЗНАМ нема да остане нем набљудувач на речисисекојдневните случаи на семејно насилство. Црвениот аларм е веќе вклучени потребни се итни мерки и конкретни решенија“ - истакна Бендевска.Како партија која е дел од власта, Движењето ЗНАМ ќе предложи отворањејавна дебата за реорганизација на институционалниот систем со целдоследно спроведување на обврските што државата ги има преземено соратификацијата на Истанбулската конвенција. Целта е воспоставувањепоефикасен систем за превенција, спречување и заштита од семејнонасилство, со јасно дефинирани надлежности, конкретни проекти и прецизнирокови.Дополнително, Движењето ЗНАМ предлага основање државни регионални центриза згрижување на жртви на семејно насилство, кои ќе располагаат сосоодветни материјални, кадровски и финансиски ресурси. Со ваков модел бисе надминал постојниот недостиг на сместувачки капацитети - шелтерцентри, што во моментов претставува една од главните слабости насистемот за заштита на жртвите.Во таа насока, пратеничката група на Движењето ЗНАМ веќе утре ќе иницираодржување јавна расправа во Комисијата за социјална политика,демографија и млади, со учество на експертската јавност и граѓанскиотсектор. Целта е да се утврди дали се потребни итни измени и дополнувањана законите што го уредуваат системот за заштита од родово-базирано исемејно насилство, особено на Законот за спречување и заштита однасилство врз жените и семејното насилство.На крајот од настанот, од Движењето ЗНАМ го честитаа 8 Март на ситежени, нагласувајќи дека нивната програмска определба останува цврста -градење модерно и праведно општество во кое правата, достоинството ибезбедноста на секоја жена се гарантирани и неприкосновени.

Македонија | пред 3 седмици

brza-pomos-nokje-3

Пациентка почина во возило на Итна помош

На 7 март 2026 година во 12:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на место викано „Света Петка“ во општина Старо Нагоричане, во возило на Итната медицинска помош, починала пациентката М.Т. (78) од Крива Паланка.Жената била пренесувана кон Општата болница во Куманово.Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Македонија | пред 3 седмици

sutka-zatvor

Почина млад осуденик од затворот „Скопје“ во Шутка

На 7 март 2026 година од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен С.Р. (23) од Скопје, осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Скопје. По насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукцијаа јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Поради агресија кон полицијата во Волково – приведен 47-годишник

На 7 март 2026 година во 22:50 часот во дворно место од куќа во селото Волково, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.П. (47) од истото село.Тој се однесувал агресивно кон полицајците додека тие извршувале службени дејствија.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Тепачка во Центар – приведени две лица

На 8 март 2026 година во 00:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле З.В. (42) и Р.М. (23), двајцата од Скопје.Тие биле приведени по пријава дека на подрачјето на Центар го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Скопје | пред 3 седмици

pistol-kursumi-zaplena

Полицијата пронајде пиштол, карабин и муниција при претрес во Брвеница

По наредба на Основниот суд Тетово, на 7 март 2026 година во периодот од 08:30 до 10:30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории кај П.Б. (43) од селото Брвеница.При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ со две празни рамки, карабин „бенели“ калибар 30-06, рамка од автоматска пушка со 28 куршуми калибар 7,62 милиметри, кутија со 126 куршуми различен калибар, две празни рамки за карабин и дополнителна муниција.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

kokain

Претрес во дом во Скопје: пронајдени кокаин и дигитална вага

СВР Скопје поднела кривична пријава против Е.Ф. (20) од Скопје поради сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.При претрес извршен во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин, дигитална вага и други предмети.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryfgvh7b599obe7jNveCs

Моторџија тешко повреден на „Партизански одреди“

На 7 март 2026 година во 07:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, Ф.А. (38) од Скопје, управувајќи мопед „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Скопјанец уапсен во Карпош по пријава дека ја нападнал сопругата

Шеесет и едногодишен жител на Скопје е лишен од слобода по пријава за семејно насилство на подрачјето на Карпош.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 21:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Д.(61) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Жена од Скопје пријавена за навреди и насилство врз снаата

Педесет и четиригодишна жена од Скопје била повикана на службен разговор во Полициското одделение Шуто Оризари по поплака од нејзината снаа за долгогодишно вознемирување и навреди.Според информациите од полицијата, на 7 март 2026 година во 16:00 часот полициски службеници извршиле службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа.Како што е наведено во пријавата, во текот на изминатите две години пријавената постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички ја нападнала.При извршување на службените дејствија, жената се однесувала агресивно и кон полициските службеници.По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Маж уапсен во Центар откако ја нападнал партнерката, таа во самоодбрана го удрила со стаклено шише

Триесет и осумгодишен жител на Скопје е лишен од слобода по пријава за семејно насилство на подрачјето на Центар.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 07:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.А.(38) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.Како што е наведено во пријавата, жената во самоодбрана го удрила со стаклено шише.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 седмици

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Скопјанец уапсен во Шуто Оризари: Физички ја нападнал и силувал сопругата со која не живеел заедно

Четириесет и тригодишен жител на Скопје е лишен од слобода откако бил пријавен дека физички ја нападнал и извршил обљуба врз својата сопруга.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 20:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г.(43) од Скопје. Тој бил уапсен по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга.Од полицијата информираат дека сопружниците извесен период не живееле заедно.По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 седмици

media-library791innqblcehbE1GKoF

НАТО ќе одржи заедничка воена вежба со Србија

Во мај годинава, НАТО ќе организира заедничка вежба со српската армија, објави Командата на здружените сили на НАТО во Наполи, Италија. Вежбата ќе се одржи на покана на Србија на полигон Боровац, кој српските вооружени сили го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучувајќи операции за одржување мир под окрилието на Обединетите нации. Командата нагласи дека активноста ќе се спроведе со целосно почитување на прогласената политика на воена неутралност на Србија.Адмирал Џорџ Викоф, командант на здружените сили на НАТО, во петок ја посети Белград и се сретна со претседателот Александар Вучиќ. На средбата се дискутираше за зајакнување на соработката меѓу Србија и НАТО, со цел зачувување на воената неутралност на земјата.Вучиќ на својот профил на Инстаграм истакна дека ја потенцирал важноста на мисијата KFOR за одржување мир и безбедност, особено за заштита на српската заедница на Косово. Тој нагласи дека стабилноста во регионот зависи од продолжувањето на дијалогот и градењето меѓусебно доверба меѓу сите чинители.Претседателот Вучиќ потврди дека Србија останува посветена на соработката со НАТО преку програмата „Партнерство за мир“, со целосно почитување на своите национални интереси, суверенитет и политика на воена неутралност.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

(Видео) Темно небо над Техеран по израелските напади врз нафтени складишта

Небото над делови од Техеран се затемни откако Израел изврши бомбардирање на нафтени складишта, при што густ чад се надвисна над главниот град. „Иако денес во Техеран имаме облачност, моменталното темно небо не е природно и е резултат на комбинација од чад и облаци“, изјави Садег Зејаејан за државната новинска агенција IRNA.Новинската агенција Tasnim предупреди на здравствени ризици од сулфурни и азотни оксиди во атмосферата, кои можат да станат опасни ако се комбинираат со дожд. Граѓаните се советуваат да не ги напуштаат домовите доколку паѓа дожд.Израел соопшти дека ноќеска извршил напади врз неколку складишта за гориво во Техеран, тврдејќи дека се користеле за воена инфраструктура. Според иранската државна телевизија IRIB, Револуционерната гарда ја потврди бомбата врз рафинеријата на нафта на југот од главниот град.

Свет | пред 3 седмици

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Иран го избра новиот врховен лидер, но неговото име сè уште не е соопштено

Во јавноста веќе една недела се шпекулира дека можен наследник на покојниот Али Хамнеи би можел да биде неговиот син, Моджтабе Хамнеи, кој важи за еден од највлијателните луѓе во иранската влада.Покрај него, за позицијата на врховен лидер се разгледуваат и други кандидати, меѓу кои се споменува и Хасан Хомеини, внук на основачот на Исламската Република, ајатолахот Рухола Хомеини.Израел во изминатите денови веќе соопшти дека новиот врховен лидер ќе биде „цел“, додека поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за порталот Axios истакна дека нема да прифати Моджтабе Хамнеи да ја преземе функцијата.Именувањето на новиот врховен лидер се случува во време кога Иран се соочува со интензивни напади, од Техеран до Исфахан.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryjkiribuolhq2cAxLuW6

Возбудливо осмомартовско патување во светот на гитарата со Дејан Милевски

Националната установа „Охридско лето“ вчеравечер организираше осмомартовски концерт во црквата „Света Софија“ во Охрид, на кој настапи младиот виртуоз на класична гитара Дејан Милевски, охриѓанец со меѓународна уметничка кариера.Во магичниот акустичен амбиент на црквата, Милевски создаде посебна атмосфера со дела од барокната музика и композиции од романтизмот, а вечерта ја заокружи со избор од шпански и латиноамерикански автори, што предизвика силни аплаузи и воодушевување кај присутната публика.Директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека институцијата со задоволство покрај врвните странски уметници ги промовира и македонските.„Овој концерт е еден од низата што ги организираме во оф-програмата на ‘Охридско лето’, со цел охридската публика да може да ужива во класичната музика и надвор од летните месеци. По успешниот новогодишен концерт, решивме во пресрет на 8 Март, како подарок за сите дами во Охрид, да организираме бесплатен концерт што ќе им ги стопли срцата. На програмата е македонскиот гитарист Дејан Милевски, кој првпат настапува во рамките на ‘Охридско лето’. Особено ми е драго што станува збор за охриѓанец кој живее и работи во Австрија“, изјави Цуцковски.Милевски има настапувано на бројни концерти во САД, Германија, Италија, Австрија и Македонија и е добитник на повеќе награди на меѓународни фестивали за гитара. Своето знаење го пренесува и како професор по класична гитара во музичкото училиште „Helmut Schmidinger“ во Грац, Австрија.„Во црквата ‘Света Софија’ се враќам по 15 години. Последен пат настапив во 2011 година како ученик во ОМУ ‘Методи Патчев’. За мене е посебна чест што сум дел од одбележувањето на празникот на жената со концерт. Се обидов да го доловам романтизмот, а некои дела, според моите истражувања, премиерно ги изведов во Македонија“, изјави Милевски.Цуцковски информираше дека официјалната програма за претстојното 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ е веќе затворена и се очекува да биде промовирана во текот на април.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Трамп: Не сакам Курдите да влегуваат во војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста курдските борци да се вклучат во војната против Иран, истакнувајќи дека не сака тие да бидат изложени на опасност.„Го исклучив тоа, не сакам Курдите да влегуваат. Не сакам Курдите да бидат повредени или убиени. Имавме добри односи. Подготвени се да влезат, но навистина им реков дека не сакам да влегуваат“, изјавил Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Ер Форс Уан.Тој додал дека Соединетите Американски Држави „не сакаат да ја направат војната посложена отколку што веќе е“.Многу ирански Курди живеат во соседен Ирак поради, како што се наведува, долгогодишен системски прогон во нивната татковина. Дел од нив сега гледаат можност за соборување на иранската власт и за добивање поголема заштита и слободи доколку дојде до промена на раководството.Трамп неодамна телефонски разговарал со неколку курдски лидери. Според пишувањето на The Wall Street Journal, повикувајќи се на претставници на американската влада, Трамп размислувал за поддршка на ирачките Курди во борбата против иранското раководство.Според некои медиумски извештаи, американската разузнавачка агенција Централна разузнавачка агенција почнала да вооружува курдски групи во регионот пред неколку месеци, но Белата куќа ги отфрлила тие информации како неточни.Курдите се етничка група од околу 30 милиони луѓе кои живеат претежно во Ирак, Иран, Сирија и Турција. Со децении се борат за сопствена држава и долго време биле прогонувани и маргинализирани во овие земји. Автономниот курдски регион во Ирак беше воспоставен по соборувањето на диктаторот Садам Хусеин во 2003 година.

Свет | пред 3 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Утрово -3 степени во Берово, на Попова Шапка 67 сантиметри снег

Утрово најстудено во државата е во Берово, каде што се измерени -3 степени Целзиусови, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.Според податоците на УХМР во 08:30 часот, минималната температура изнесувала 0 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица, Маврови Анови и на Попова Шапка. Еден степен е измерен во Штип, додека по 2 степени се регистрирани во Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Крушево, Велес и Куманово. Во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци температурата изнесувала 3 степени, а 4 степени се измерени во Виница, Демир Капија и Гевгелија.Од УХМР информираат дека снежната покривка на Попова Шапка изнесува 67 сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи од 12 до 17 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд, а максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp01ir032hp815kmqANU

(Видео) Експлозии во Багдад, се огласиле сирени кај комплексот на американската амбасада

Експлозии вечерва се слушнале во ирачката престолнина Багдад во услови на ескалација на регионалните тензии.Локалните медиуми јавија дека се огласиле сирени во комплексот каде што се наоѓа американската амбасада во Багдад, а наводно биле активирани и системите за противвоздушна одбрана. Засега не може со сигурност да се потврди дали е погодена зградата на амбасадата.До овој настан доаѓа и покрај тоа што иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран ќе се воздржи од напади врз соседните земји, освен доколку нападите врз Иран бидат започнати од нивна територија.Иран од 28 февруари започна да лансира ракети и беспилотни летала кон Израел и кон земјите од Персискиот Залив во кои се распоредени американски воени единици. Дел од нападите предизвикаа жртви и материјална штета на цивилни локации, вклучително и во пристаништа и станбени згради.Техеран тврди дека нападите се одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, во која, според иранските власти, загинале стотици луѓе, меѓу кои и врховниот верски лидер Али Хамнеи и високи воени функционери.

Свет | пред 3 седмици

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп формира воена коалиција против наркокартелите

Американскиот претседател Доналд Трамп прими повеќе латиноамерикански лидери во Флорида за да го објави создавањето на воена коалиција против наркокартелите, во согласност со аргументите што ги изнесуваше во текот на својот втор мандат.Трамп ги посочи наркокартелите како главна причина за поголемо ангажирање на неговата администрација во Латинска Америка. На самитот „Штит Америка“, што го свика Трамп, учествуваа најмалку десетина лидери од Централна Америка, Јужна Америка и од Карибите, а на настанот беше потпишана и декларација за формирање на коалицијата.„Тоа е прекрасен дел од светот, но за да се оствари тој огромен потенцијал, мора да го скршиме притисокот на картелите, криминалните банди и ужасните организации кои во некои случаи ги водат вистински ѕверови, и навистина да ги ослободиме нашите луѓе“, изјави Трамп.Тој најави дека Кристи Ноем ќе биде специјална пратеничка на иницијативата „Штит Америка“. Ноем беше министерка за внатрешна безбедност сè додека Трамп оваа недела не ја разреши од функцијата поради зголемените критики од Конгресот.Администрацијата на Трамп истовремено бара начини да го ограничи растечкото влијание на Кина во регионот. Самитот се одржа во период кога американскиот претседател се подготвува за разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг кон крајот на март.Вашингтон се надева дека ќе ја приближи Латинска Америка кон Соединетите Американски Држави по години на растечка кинеска трговија, кредитирање и инфраструктурни инвестиции во регионот.На состанокот присуствуваа лидерите на Аргентина, Боливија, Чиле, Костарика, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Гвајана, Хондурас, Панама, Парагвај и Тринидад и Тобаго, кои му се приклучија на републиканскиот претседател во неговиот голф-клуб на Флорида, каде подоцна годинава треба да се одржи и самит на групата Г-20.Идејата за собир на истомисленици конзервативци од западната хемисфера произлегла од планираното десетто издание на Самитот на Америките, кое беше откажано за време на американското воено засилување долж брегот на Венецуела минатата година.Доминиканската Република, како домаќин, под притисок на Белата куќа им забрани на Куба, Никарагва и Венецуела да учествуваат на регионалниот собир. Откако левичарските лидери во Колумбија и Мексико се заканија со бојкот во знак на протест, претседателот на Доминиканската Република, Луис Абинадер, во последен момент реши да го одложи настанот, повикувајќи се на „длабоки разлики“ во регионот.

Свет | пред 3 седмици

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Отпуштени 50 македонски работници, се реализира планот за „економските работници“

Според СДСМ, компанијата „Бехтел и Енка“ отпуштила педесетина македонски работници ангажирани на изградбата на Коридорот 8, иако нивните договори за работа се уште важат. „На работа се задржани претежно странски државјани“, пренесуваат од партијата.„Најави за отпуштања на македонски работници има и во други странски компании. Се реализира подготвениот план за ‘економските работници’“, велат од СДСМ.Од партијата наведуваат дека „Владата на Мицкоски ги отвори вратите за така наречените ‘економски работници’ со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година, иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени“.СДСМ посочува дека владата прво склучила „стратешки договор“, а потоа го сменила Законот за странци, „ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија“. „Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има ‘стратешки партнер’“, додаваат од партијата.„Владата одби да ја покачи минималната плата на 600 евра и ги држи македонските работници со најниски плати во регионот и во Европа. Со носењето ‘економски работници’ ќе се намали цената на трудот и платите за работниците нема да пораснат. Не тоа не се мигранти, тоа се ‘економски работници’“, завршува соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryg0mpa9hf1pi1atA7hUP

(Видео) Хеликоптерска акција на Шар Планина: Италијанка спасена од непристапен терен

Полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ успешно евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина, соопшти Министерството за внатрешни работи.Акцијата била спроведена денеска, откако во претпладневните часови бил примен повик за помош. Веднаш по добиената информација, хеликоптер со тим од САЕ „Тигар“ полетал кон локацијата и го презел повреденото лице од непристапен планински терен.Станува збор за италијанска државјанка која била извлечена во тешки услови од планината.По спасувањето, таа со хеликоптер била транспортирана до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања