Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

САД започнаа да користат британски бази за одбранбени операции против Иран

Соединетите Американски Држави започнаа да ги користат британските воени бази за одредени операции против Иран во конфликтот на Блискиот Исток, соопшти британската влада.Британското Министерство за одбрана наведе дека САД користат воени локации за „одредени одбранбени операции со цел да се спречи Иран да лансира проектили во регионот“. Премиерот на Велика Британија, Кеир Стармер, ја разгневи американската страна, предводена од претседателот Доналд Трамп, откако првично одби да учествува во американско-израелскиот конфликт против Иран, кој започна на 28 февруари.Подоцна, Стармер се согласи со американскиот предлог за користење на две британски воени бази за „одредени и ограничени одбранбени цели“. Едната се наоѓа во Феирфорд, а другата, британско-американската база Диего Гарсија, на островите Чагос во Индискиот Океан.Во саботата, бомбардерот на американските воздушни сили B-1 Lancer слета во Феирфорд, додека американскиот авион C-5 Galaxy беше забележан на пистата, додека противвоените демонстранти протестираа пред базата.Трамп ја критикуваше Велика Британија и го исмеа Стармер, велејќи дека „ова не е Винстон Черчил“ со кого разговара. Стармер, поранешен адвокат за човекови права, ја бранеше својата почетна одлука истакнувајќи дека Обединетото Кралство „секогаш мора да има правна основа и одржлив, добро промислен план“.Тој додаде дека бил во право кога ја промени својата позиција, бидејќи иранските одмазди со дронови и проектили по американско-израелските напади ја загрозуваа британската безбедност и интереси на сојузниците во регионот.Сепак, членовите на владејачката Лабуристичка партија сѐ уште се соочуваат со критики за катастрофалната поддршка на поранешниот премиер Тони Блер за американската инвазија на Ирак во 2003 година.Анкетата спроведена меѓу 1045 Британци, објавена во петок, покажува дека 56 отсто сметаат дека Стармер бил во право што не ја вклучил Велика Британија во почетните напади, додека само 27 отсто мислат дека згрешил.

Свет | пред 3 седмици

media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Филипче: СДСМ ќе поднесе предлог до Собранието за помош на производителите на зелка

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци производители на зимска зелка, во валандовско Јосифово, порача дека СДСМ во наредниот период ќе предложи предлог во Собранието за надминување на проблемот со откупот на зимската зелка.„Свесни сме дека оваа власт нема да има слух да им помогне на овие земјоделци, како што немаше слух за лозарите,  за грозјето. Во текот на следните недели ќе дадеме предлог во Собранието, да се постигне соодветна откупна цена  на зимската зелка, поради тоа што овие земјоделци издржуваат семејства, тие сега практично се соочени со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче.Тој додаде дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на зимската зелка, откупната цена е драстично намалена, а власта нема слух да им помогне.„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка.Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Оваа влада го доведе до пропаст земјоделството, земјоделците се на раб на егзистенција

Сите земјоделски гранки се соочуваат со сериозни проблеми, власта ги понижи и измами земјоделците, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделците производители на зимска зелка во валандовско Јосифово.Филипче посочи дека проблемите со откупот и цената на производителите на зелка, се дел од низата проблеми со кои сите земјоделци се соочуваат поради незаинтересираноста на власта за поддршка и развој на земјоделството.„Ова е само еден од сегментите од практично сите во земјоделството кои што се сочуваат со огромни проблеми. Не беше решен проблемот со откупот на грозјето се намали цената по килограм, се скратија европските пари поради тоа што оваа власт беше фатена во кражба на европските фондови,  се намалија парите за субвенции и тоа и за тутун и за други продукти во земјоделството“, рече Филипче.Тој додаде дека дополнителен удар за земјоделците покрај намалувањето на субвенциите се и новите правила за добивање државна поддршка.„Се најавува закон и нови правилници со кои што се зголемува прагот на земја која што земјоделците треба да имаат за да воопшто аплицираат за субвенција од 3 на 5 декари, а над 80% барем во овој регион се мали земјоделци. Тие воопшто нема да може да аплицираат за субвенции“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, попладнево во валандовско Јосифово имаше средба со земјоделците производители на зимска зелка од овој регион, на која се разговараше за откупот на зелката и начинот како да им се помогне на земјоделците. На средбата земјоделците беа револтирани од моменталната откупна цена на зимската зелка која како што кажаа, не ги покрива ниту производните трошоци.Филипче посочи дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем, мака мачат да го продадат производството, а откупната цена на зимската зелка е понижувачка.„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка“, рече Филипче.Тој додаде дека власта со своето однесување покажа дека не ѝ е грижа за земјоделците и покрај нивните апели за помош.„Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.Околу 90% од производството на зелка е токму во валандовско, кој е специфичен регион по производство на ваква зелка и е единствен во Македонија каде се негува производство на зимска зелка. Денеска земјоделците, револтирани од игнорантскиот однос на Владата, наместо да ги берат, се принудени да ги изораат зелките.

Македонија | пред 3 седмици

vrnezi-dozd-vreme

Сончево денес, утре претежно облачно со локални врнежи

Според информациите од УХМР, денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 5 степени на Попова Шапка до 19 степени во Скопје-Петровец, а висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 67 сантиметри.Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Утре се очекува претежно облачно и тивко време, со услови за слаби врнежи од дожд. Минималните температури ќе бидат од -1 до 4 степени, а максималните од 12 до 16 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и можност за слаб локален дожд, со слаб променлив ветер и температури од 4 до 16 степени.Следните денови, утре и во понеделник претпладне, ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи, додека од вторник се очекува стабилно време со услови за утринска магла по котлините.

Македонија | пред 3 седмици

5g-internet

Интернетот во Иран исклучен повеќе од 120 часа, граѓаните се во опасност

Иранската теократска власт редовно го прекинува интернетот за време на протести или конфликти, а тоа го направи и по американско-израелската офанзива на 28 февруари. За време на прекините, врската е само околу еден процент од нормалната, што го прави невозможен пристапот до информации, навигација и комуникација.Иранците во странство се загрижени за своите блиски, а многумина користат VPN, Psiphon или Starlink за да ја заобиколат блокадата. Корисниците на таканаречените „бели SIM-картички“, блиски на режимот, имаат неограничен пристап до интернет и преку тоа шират владина пропаганда.Исклучувањето на интернетот ги става цивилите во ризик, бидејќи не можат да добијат предупредувања за воздушни напади и се отежнува организирањето на протести и преносот на информации за светот.

Свет | пред 3 седмици

media-library8k4ll8n346kfcCMeIRf

Ј.П. „Охридски комуналец“ интервенираше со механизација и цистерни

Пожарот на депонијата во Буково е локализиран, а екипите на Ј.П. „Охридски комуналец“ заедно со противпожарната единица интервенираа со специјална механизација, цистерни со вода и посипување со земја. Во изминатите три дена на локацијата се посипани околу 400 м³ земја со цел целосно гаснење на пожарот и спречување повторно разгорување.

ОО | пред 3 седмици

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Знаци кои секогаш мораат да бидат во право

Сите сме се нашле барем еднаш во расправа за која знаевме дека нема да ја добиеме, не затоа што немавме право, туку затоа што соговорникот беше непопустлив. Астрологијата открива дека склоноста да се „победи“ во секоја расправа може да биде запишана во ѕвездите. Некои хороскопски знаци едноставно имаат вродена потреба нивната последна реч да биде конечна, а нивната аргументација – неоспорна.ОвенОгнените Овни, под владеење на Марс – планетата на војната и акцијата, влегуваат во секоја расправа како во битка која мора да ја добијат. За нив, расправата не е само размена на мислења, туку натпревар со цел да излезат како победници. Аргументацијата им е страствена, директна и полна со енергија, но понекогаш можат да бидат и нетрпеливи, па го прекинуваат соговорникот за побрзо да го изнесат своето гледиште. Обидот да се надгласува Овен е речиси невозможен – дури и ако сфатат дека можеби не се во право, гордоста ретко им дозволува да го признаат тоа.БикБиковите се земјен знак познат по својата неверојатна тврдоглавост. Откако ќе формираат мислење, тоа е цврсто како карпа. Не станува збор дека не слушаат, туку дека длабоко веруваат во исправноста на своите ставови, поткрепени со практичност, искуство и здрав разум. Тие не се расправаат гласно, туку мирно и методично повторуваат аргументи додека соговорникот не отстапи од умор. Абстрактни идеи или теории нема да ги убедат – потребни се конкретни факти.ЛавГордите Лавови, под владеење на Сонцето, ја доживуваат секоја расправа како тест на својот авторитет и интелигенција. Нивниот его е тесно врзан со потребата да бидат во право, а признавање на грешка е речиси незамисливо. Лавовите се природни лидери и веруваат дека нивната перспектива ја надминува останатите. Тие се драматични, самоуверени и користат харизма за да го придобијат вниманието на околината. Најдобриот пристап кон Лав е да не се угрози нивниот его – ласкањето и признавањето на нивните добри поенти понекогаш отвораат пат кон компромис.ДевицаДевиците се мајстори на детали и анализа. Секогаш влегуваат вооружени со факти, податоци и беспрекорна логика. Управувани од Меркур – планетата на комуникација, тие се вешти говорници и искрено веруваат во својата исправност, бидејќи темелно ја проучиле темата пред да проговорат. Расправата со Девица е како полагање испит за кој не сте се подготвиле – секој аргумент ќе го анализираат, ќе ги пронајдат логичките слабости и трпеливо ќе објаснат зошто нивното гледиште е единствено исправно.ШкорпијаИнтензивните и страствени Шкорпии не влегуваат во расправи лесно. За нив тоа е борба на волја и интелект, а тие играат за победа. Како воден знак, се исклучително интуитивни и вешти во читање на луѓето, што го користат за да ги пронајдат слабите точки на соговорникот. Не се плашат од „валкана“ игра и подготвени се да извлечат аргументи од минатото за да ја докажат својата точка. Обидот да се победи Шкорпија е емотивно исцрпувачки – тие не отстапуваат и не забораваат.ЈарецЈарците се практични, дисциплинирани и амбициозни, ценат традиција и проверени методи. Тие се убедени дека нивниот прагматичен пристап и искуство се супериорни, па ќе ги одбијат абстрактните или идеалистички аргументи. Во расправи се смирени, авторитетни и не трошат енергија на емотивни испади, туку граделе свој случај цврсто и логично.Иако овие знаци имаат репутација на тврдоглави соговорници, нивната потреба да бидат во право произлегува од нивните вродени карактеристики – Овеновата страст, Биковата постојаност или Девичината прецизност. Понекогаш најмудрата стратегија е едноставно да се согласите дека не се согласувате и да ја зачувате енергијата за друга битка, бидејќи хармоничните односи се повредни од победата во секоја расправа.

Магазин | пред 3 седмици

media-library7p1muhc6m8ap5dyHuHI

Иран обвинува: Претседателот со ФИФА-наградата за мир нападна фудбалски стадион

Иранското Министерство за надворешни работи објави фотографии од спортскиот комплекс „Азади“ во Техеран, за кој тврди дека бил погоден во нападите што се во тек против Иран.Портпаролот на министерството, Есмаил Багеи, на социјалните мрежи напиша дека станува збор за фудбалскиот стадион во Техеран и ја обвини Америка за нападот.„Ова е спортскиот комплекс ‘Азади’ во Техеран, фудбалски стадион кој го нападна истата онаа Америка чиј претседател ја доби ФИФА-наградата за мир“, напиша Багеи.Тој во објавата упати прашање и до меѓународните спортски организации. „Дали ФИФА или Меѓународниот олимписки комитет имаат некаков коментар?“, напиша Багеи.Американскиот претседател Доналд Трамп во декември ја доби нововоспоставената ФИФА-награда за мир.Стадионот „Азади“ е еден од најголемите во Азија и претставува дом на иранската фудбалска репрезентација во земја во која фудбалот е исклучително популарен. На овој стадион минатата година беше одигран натпревар на кој Иран обезбеди пласман на Светското првенство што ќе се одржи во Северна Америка.„Азади“ има и силна симболика во иранското општество. Со децении жените во Иран се бореа за пристап до стадионите, што властите го дозволуваа со голема неволност.Токму на „Азади“ во 2019 година беше уапсена младата жена Сахар Ходајари, која се обидела маскирана да влезе на натпревар. Таа подоцна стана позната како „Сината девојка“, според бојата на дресот на клубот за кој навивала, откако се самозапали по изрекувањето затворска казна. Нејзината смрт предизвика протести во Иран.Историјата на стадионот „Азади“ датира од периодот пред Исламската револуција во 1979 година, со која беше соборен иранскиот шах и воспоставена Исламската Република.Во 1974 година на стадионот настапи американскиот пејач Френк Синатра, кој пред десетици илјади луѓе ги изведе своите најпознати песни, во време кога Иран беше значително помалку изолиран од светот.

Свет | пред 3 седмици

viktor-orban

Орбан до Зеленски: Не ѝ се заканувајте на Унгарија со војници, прекинете со уцените

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на социјалната мрежа Икс објави порака упатена до украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која го обвини за закани и уцени и побара да престане со притисоците и да овозможи непречен премин на унгарските пратки на нафта.„Претседателе, ја примив вашата порака. Ми се заканивте со војници и преку мене на цела Унгарија. Претседателе, тоа не поминува. Престанете со тоа. Ова е Унгарија. Унгарците не може да се уценуваат, а мене не можете да ме заплашите. Синоќа Унгарците порачаа дека не сакаат влада наклонета кон Украина и не сакаат проукраински премиер во Унгарија. Подобар е мирот. Престанете со уцените и заканите. Прекинете ја нафтената блокада и пуштете ги унгарските пратки на нафта. Наместо закани и уцени, дајте им на Унгарците почитта што ни припаѓа“, напиша Орбан.Нивниот спор во последните денови ескалираше откако Зеленски на средба со новинарите изјави дека би можел „да даде адреса на една личност во Европската Унија“ која ја блокира европската помош за Украина, за украинските војници „да ја повикаат и да разговараат со неа на свој јазик“.Во Будимпешта, но и во дел од Европската Унија, ова беше протолкувано како алузија на Орбан, кој повеќепати се судри со европските партнери околу пакетите помош за Киев. Паралелно трае и спорот околу енергетиката, при што унгарската страна зборува за „нафтена блокада“ и тврди дека се загрозува снабдувањето со енергенси.

Свет | пред 3 седмици

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Се обложиле на смртта на ајатолахот, платформата одбила да исплати 54 милиони долари

Американско-израелски бизнис директор мислел дека освоил огромна добивка кога видел зелени ознаки покрај својата обложувачка прогноза за соборувањето на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи. Неговата обложба од 3.460 долари одеднаш се претворила во потенцијална исплата од повеќе од 63.000 долари, откако американските и израелските сили го убиле Хамнеи во воздушен напад. Сепак, исплатата никогаш не се случила.Како што пишува порталот Futurism, платформата за пазари на предвидувања „Калши“ одбила да исплати вкупно 54 милиони долари на корисници кои се обложиле дека Хамнеи ќе биде „соборен“ од позицијата врховен лидер на Иран минатиот викенд. Компанијата ја образложила одлуката со тврдењето дека неговата смрт не се смета за „соборување“ од функцијата, а платформата не дозволува облози што се директно поврзани со смрт.Одлуката предизвикала незадоволство бидејќи обложувањето било дозволено и собрало милиони долари пред компанијата да ја донесе конечната интерпретација на правилата.„Резервирав патување во Куршевел“, се пошегувал директорот во изјава за „Вашингтон пост“, алудирајќи на познатото луксузно скијалиште во француските Алпи. „Потоа ги сменија правилата… и сите нè измамија.“Иако платформата наводно им ги вратила уплатените средства на сите обложувачи во еднакви размери, многумина кои очекувале огромни добивки го изразиле својот гнев на интернет.„Толку сум згрозен што, искрено, се откажувам од пазарите на предвидувања, барем во блиска иднина“, напиша еден инвеститор на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер. „Ми должите повеќе од 2.500 долари, а на многу други обични инвеститори им должите уште милиони.“Критики стигнаа и од политичари. Демократскиот сенатор Крис Марфи за „Вашингтон пост“ изјави дека ваквите пазари на предвидувања претставуваат „американска комерцијална неморалност на стероиди“.„Кога настаните што вклучуваат добро и зло стануваат само финансиски производ, не знам како повеќе има смисла што е исправно, а што погрешно“, изјави Марфи, додавајќи дека луѓето не треба да навиваат некој да умре само затоа што се обложиле на тоа.

Свет | пред 3 седмици

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го откажува традиционалниот марш по повод 8 Март, кој требаше да се одржи утре во Богданци, и наместо тоа ќе се приклучи на протестниот марш „Нема да нè снема“. Ова го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакнувајќи дека партијата ќе биде заедно со граѓаните на протестот што го организираат граѓански организации, активисти и иницијативи за родова еднаквост.Филипче посочи дека и оваа година СДСМ планирал да го одбележи Меѓународниот ден на жената со традиционалниот марш, на кој требало да се истакнат достигнувањата на жените и да се побара подобрување на нивната положба во општеството. Сепак, трагичниот настан во Скопје, во кој животот го загубија мајка и дете, длабоко ја потресол јавноста и партијата.Според него, станува збор за трагедија која укажува на сериозни системски проблеми поврзани со насилството врз жените и недоволната заштита од институциите.„Ова не е само индивидуална трагедија, туку уште еден трагичен доказ за системскиот проблем со насилството врз жените, за неадекватната заштита и реакција на институциите“, нагласи Филипче.Тој додаде дека членовите и симпатизерите на СДСМ на утрешниот протест ќе учествуваат како граѓани, а не како организатори.Филипче порача дека институциите мора итно да реагираат на секоја пријава за насилство, да обезбедат вистинска заштита за жртвите, како и брзи мерки и соодветно казнување на насилниците.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Вчера двајца уапсени за тепање жени, други двајца одат пред суд: поведени постапки за семејно насилство и демнење жени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека полицијата презела нови мерки против сторители на семејно насилство и вознемирување, при што две лица веќе се лишени од слобода, а уште двајца ќе се соочат со постапки пред судот.„Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30-дневен притвор. Денеска, уште двајца ќе се соочат со правдата по брза постапка, едниот за семејно насилство, а другиот за демнење на жена. Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат“, изјави Тошковски.Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи постапува бескомпромисно и дека секој што ќе изврши насилство или ќе се обиде да заплашува жена ќе се соочи со институциите и со законот.„Како министер за внатрешни работи, сакам јасно да порачам дека МВР постапува бескомпромисно. Секој што ќе крене рака на друг или ќе помисли дека може да малтретира, демне и заплашува жена, ќе се соочи со институциите и со законот“, рече Тошковски.Министерот ги повика жртвите на семејно насилство и вознемирување да ги пријавуваат ваквите случаи, нагласувајќи дека институциите се подготвени да реагираат брзо и одлучно.Во својата изјава тој се осврна и на политичките реакции во јавноста, посочувајќи дека одговорот на институциите ќе биде преку конкретни постапки.„А оние што денес глумат морални судии и организираат пресови со ‘крвави раце’, обидувајќи се од трагедиите да направат политички спектакл, нека продолжат со тоа. Нашиот одговор нема да биде со прес-конференции, туку со апсења, постапки и институции што конечно работат“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран најавува жестоки казни за оние што објавуваат снимки од погодени локации

Иранското Министерство за информирање предупреди дека ќе постапува „строго“ против сите кои објавуваат фотографии или видео-снимки од локации погодени од американските и израелските напади. Во соопштението се наведува дека лицата кои ги споделуваат материјалите со „терористички мрежи, виртуелни страници и непријателски медиуми“ се сметаат за „платеници“ кои дејствуваат во корист на Израел.Министерството соопшти дека ќе ги следи активностите на овие „израелски војници“ и ќе ги гонат кривично, повикувајќи ги граѓаните да пријавуваат секоја сомнителна активност.Конфликтот во Иран влегува во осмиот ден, а неизвесноста за крајот на непријателствата расте. Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна предавање“ од Техеран, додека Израел продолжува со воздушните напади врз Либан и Иран.

Свет | пред 3 седмици

media-library7nl2c8j820768Wtnunv

Најголемата студија досега откри како различните исхрани влијаат на ризикот од рак

Новата студија објавена во British Journal of Cancer покажува дека вегетаријанците имаат значително помал ризик од пет важни видови рак – панкреас, простата, дојка, бубрези и мултипен миелом. Истражувањето ги следело исхранбените навики на над 1,8 милиони луѓе од Велика Британија, САД, Индија и Тајван во просек 16 години.Резултатите покажуваат дека вегетаријанците имаат помал ризик од овие видови рак во споредба со конзументите на месо, додека пескетеријанците и оние кои јадат пернато месо покажуваат одредени заштитни ефекти за други типови карциноми. Меѓутоа, студијата исто така откри дека вегетаријанците и веганите имаат повисок ризик од некои помалку чести видови рак, како рак на едњакот и дебелото црево.Истражувачите појаснуваат дека резултатите не докажуваат директна причинско-последична врска, но укажуваат дека исхраната богата со овошје, зеленчук и влакна, и без преработено месо, може да придонесе за помал ризик од одредени канцери.Покрај здравствените придобивки, авторите истакнуваат дека безмесната исхрана има и етички и еколошки предности, бидејќи значително го намалува бројот на животни кои се убиени и влијанието врз климатските промени.

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryfot6pe9i6pgp57KNObi

Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски

Во чест и сеќавање на охридскиот поет и писател за деца, Тоде Илиевски денеска во Општина Охрид се одржа литературна манифестација на кој беа доделени наградите од распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави Билјана Коталески, советничка во Советот на Општина Охруид.– Ми претставува големо задоволство што денеска имам можност да ви се обратам во името на Општина Охрид и да бидам дел од оваа убава културна средба посветена на ликот и делото на Тоде Илиевски, автор кој со своето творештво остави значајна трага во македонската литература за деца.Творештвото на Тоде Илиевски претставува вредно наследство кое и денес инспирира. Неговите песни, создадени со искрена љубов кон детскиот свет, носат пораки за добрина, надеж и верба во убавината на соништата.Токму преку таквите дела детската литература ја исполнува својата најважна улога, да ги поттикне детското љубопитство, фантазијата и љубовта кон пишаниот збор.Оваа манифестација има двојно значење. Со неа се одбележува споменот на еден истакнат автор, а воедно се остава простор за создавање на нови дела со кои се збогатува детската литература.Упатувам искрени честитки до наградените автори на објавениот конкурс, како и до сите учесници кои со своите творби ќе придонесат оваа манифестација да добие посебна вредност. Вашата инспирација и љубов кон творештвото се доказ дека детската поезија продолжува да живее и да се развива.Воедно, сакам да им се заблагодарам на организаторите и на сите кои вложуваат труд, оваа манифестација да продолжи да се одржува и да прерасне во една убава традиција. Ваквите настани се важни за културниот живот на нашиот град и за унапредување на литературната дејност.Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите проекти и да даде свој придонес за развој на ново книжевно творештво.Нека делото на Тоде Илиевски продолжи да биде поттик за нови генерации поети и писатели за деца и за сите оние кои веруваат во силата на вредните литературни дела!, истакна советничата Коталески.Организатор на настанот е Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ со поддршка на Општина Охрид.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryssvot36tfskh57oPNX1

Со програмата „Создадена да создава“, Општина Охрид го одбележа 8-ми Март

По мотото „Создадена да создава“, Општина Охрид организираше празнична програма во чест на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март.Во рамки програмата доцна попладнево во „Арт Тераса“ се одржа изложбата на фотографии  „Жени  во фокусот“, каде што пригодно обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Самиот мотив на овој прекрасен настан „Создадена да создава“ ја носи во себе суштината на една жена. Таа отсекогаш била и останува извор на живот, на инспирација, на создавање, не само во семејството, туку и во општеството, во културата, во науката, во уметноста и во секое поле каде што човечноста остава трага.Осми Март е ден кога симболично им оддаваме почит на жените, но вистинската почит кон жената не смее да биде ограничена само на еден датум во календарот.Таа треба да се препознава секој ден, во начинот на кој го вреднуваме нејзиниот труд, во поддршката што и ја даваме и во можностите што ги обезбедуваме таа слободно да напредува, да твори и да го остварува својот потенцијал.Жената е сила и нежност во исто време. Со својата посветеност, мудрост и трпение таа создава вредности што го обликуваат општеството и го прават похумано и побогато.Но денес, е многу важно да споменеме и за заштитата на жената и нејзиното достоинство. Нашата заедничка обврска е да градиме средина во која секоја жена ќе се чувствува безбедна, почитувана и ценета. Средина, во која жените ќе имаат простор да ја изградат својата среќа.Особено ми е чест што вечерва имаме можност да ја погледнеме иложбата „Жени во фокусот“, дело на младата фотографка Нина Ангелоска. Преку нејзиниот објектив се претставени 12 охриѓанки кои со својата работа, знаење и талент оставаат длабока трага во нашата заедница. Овие фотографии се повеќе од уметнички портрети, тие се приказни за посветеност, храброст и инспирација.Охрид отсекогаш имал силни и успешни жени. Во минатото, но и денес, нашиот град бил и е дом на жени кои се вистински пример за достигнување и чест. Верувам дека така ќе биде и во иднина, затоа што нашата средина отсекогаш знаела да препознае, поддржи и изгради жени кои создаваат историја.Да бидеме горди на нивните успеси, да ја поддржиме нивната визија и да продолжиме да градиме општество во кое жената ќе биде охрабрена да го даде најдоброто од себе. Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да се развива и да биде постојан потсетник за значењето на една жена!На крајот, дозволете ми во мое лично име и во името на градоначаникот Кирил Пецаков, да Ви го честитам Меѓународниот ден на жената – Осми Mарт.Нека секој ден ви донесе почит, љубов и мотив да создавате и да го менувате светот на подобро, истакна Божиновски во своето обраќање.Како дел од празничната програма беше одржан и концерт на естрадните уметници Ѓорѓи Ѓорчев и Кате Танева.Исто така, во чест на празникот на жената вечерва беше организирана изложбата на фотографии „Жени зад објективот“ од Фото куб Охрид и изложба на дела од жени сликарки во органзиација на Женски центар „Бисера“.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Војната во Иран ја подели европската крајна десница

Американско-израелскиот напад врз Иран, кој ја започна актуелната војна, предизвика поделби меѓу крајнодесничарските партии во Европа, кои се најдоа меѓу поддршката за Доналд Трамп и стравувањата на сопствените гласачи од последиците на конфликтот. Според анализа на Euronews, многу националистички партии се обидуваат да ги усогласат своите проамерикански и произраелски позиции со загриженоста дека војната може да донесе економски последици за европските граѓани, особено преку раст на цените на енергенсите.Во првите денови од конфликтот, унгарската владејачка партија Фидес остана претежно тивка. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој претходно го пофали Трамп како „миротворец“, првично не ги осуди ниту ги поддржа нападите врз Иран. Подоцна изјави дека бомбардирањето не претставува нова војна, туку „конечно затворање на старо нерешено жариште“.Слични дилеми има и италијанската десничарска партија Лига, чиј лидер Матео Салвини претходно дури предложи Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир. Претставници на партијата изјавија дека дипломатскиот пат треба да има предност, особено поради чувствителната дебата во Италија околу користењето на американските бази за нападите врз Иран.Во Германија, лидерите на Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел и Тино Хрупала, предупредија дека нова дестабилизација на Блискиот Исток не е во интерес на нивната земја. Тие предупредуваат дека евентуален колапс на Иран може да предизвика нови миграциски бранови и силни енергетски шокови за Европа.Најостри критики доаѓаат од Франција, каде што партијата Национално обединување на Марин Ле Пен и Жордан Бардела оцени дека американската интервенција е изведена надвор од рамките на меѓународното право. Тие нагласуваат дека евентуална промена на власта во Иран треба да дојде од самиот ирански народ, а не преку надворешни воени интервенции.Од друга страна, некои партии, како шпанската Вокс, холандската Партија за слобода и британската Reform UK на Најџел Фараж, поотворено застанаа на страната на Трамп.Поделбите се чувствуваат и во Европскиот парламент, каде крајнодесничарските групи тешко успеваат да изградат заеднички став за војната. Според извори за Euronews, темата предизвикува значителна непријатност меѓу нивните пратеници.Аналитичарите оценуваат дека нападот врз Иран може да стане пресвртница во односите меѓу движењето на Трамп и дел од неговите европски сојузници. Дел од политичарите веќе се обидуваат да се дистанцираат од него, стравувајќи дека неговите потези би можеле да станат политички товар и за нивните гласачи.

Свет | пред 3 седмици

media-library1jcaq4250qek5oeMYyL

(Видео) Американец минувал покрај сообраќајна несреќа, убиен од агент на службата за имиграција на САД

Објавена е снимка од полициска камера која ги прикажува хаотичните моменти пред смртоносното пукање во кое минатата година имиграциски службеник уби американски државјанин во Тексас. На ноќната снимка се слушаат истрели додека 23-годишниот Рубен Реј Мартинез го придвижува својот автомобил, додека полицајците се обидуваат да го запрат на 15 март 2025 година на Саут Падре Ајленд, објави BBC.Министерството за внатрешна безбедност на САД првично не објави дека Мартинез бил застрелан од службеник на Службата за имиграција и царина на САД (ICE), сè додека информацијата минатиот месец не се појави во медиумите. Според официјалната верзија, Мартинез „нагло забрзал“ и „намерно прегазил“ еден агент, по што друг службеник пукал во самоодбрана.Властите во Тексас претходно одбиваа да ги објават снимките од инцидентот, но Одделот за јавна безбедност на Тексас во петокот објави десетици видеа, докази и извештаи од истрагата. Снимките од камерите на локалните полицајци го прикажуваат настанот од повеќе агли.На едно видео се гледа како Мартинез го спушта прозорецот на својот син Ford Fusion за да разговара со агент, по што автомобилот полека се движи кон раскрсница. Се слуша како еден службеник прашува „Каде одиш?“. Се чини дека возилото накратко забавува, а потоа се движи напред додека полицајците викаат по него. Во тој момент се слушаат истрели.Бидејќи снимката е направена неколку метри зад автомобилот, не е јасно дали возилото навистина удрило некој од службениците. На заматената снимка се гледа лице пред автомобилот непосредно пред пукањето.Се верува дека Мартинез е првиот од тројца американски државјани убиени од федерални имиграциски агенти за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп. За разлика од другите два случаи, Мартинез не учествувал во протест, туку само поминувал покрај местото на сообраќајна несреќа каде службениците регулирале сообраќај.Адвокатите на семејството на Мартинез тврдат дека новите снимки ја доведуваат во прашање официјалната верзија на настаните. Тие наведуваат дека автомобилот се движел многу бавно и дека никој не стоел пред возилото ниту бил на хаубата кога биле испукани куршумите.Верзијата на федералните власти ја оспорил и сопатникот во автомобилот, Џошуа Орта, кој изјавил дека Мартинез не удрил службеник со возилото. Тој тврдел дека агент без предупредување пукал низ страничниот прозорец. Орта минатиот месец загинал во сообраќајна несреќа која не е поврзана со овој случај.Големата порота во Тексас минатиот месец одби да покрене обвинение против федералниот агент кој пукал. Мајката на Мартинез, која на изборите во 2024 година гласала за Трамп, изјави дека не добила ниту снимки ниту извештаи за смртта на нејзиниот син и побара промени во начинот на постапување на службите.

Свет | пред 3 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Една недела од војната со Иран, растат ризиците за САД и Блискиот Исток

Една недела по почетокот на американско-израелската војна против Иран, која го турна Блискиот Исток во сериозна нестабилност, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се соочува со сè поголем број ризици и предизвици. И покрај почетните воени успеси, меѓу кои и ликвидацијата на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи и силните напади врз иранските сили, останува неизвесно дали тие ќе се претворат во јасна геополитичка победа.Според анализа на Ројтерс, кризата брзо се претворила во поширок регионален конфликт кој може да доведе до долготрајно американско воено ангажирање со непредвидливи последици – сценарио што Трамп во текот на своите мандати настојуваше да го избегне.Аналитичарите предупредуваат дека конфликтот со Иран може да има сериозни последици и за глобалната економија и за политичката позиција на Републиканската партија пред американските меѓуизбори. Трамп, кој на власт дојде со ветување дека ќе ја држи Америка подалеку од „непотребни војни“, сега се наоѓа на чело на конфликт што многу експерти го сметаат за војна без непосредна закана за САД.Дополнителна неизвесност создаваат и променливите пораки од Вашингтон за тоа дали целта е смена на власта во Техеран. На почетокот Трамп сугерираше дека падот на иранскиот режим е можен исход, но подоцна тоа не го спомнуваше како приоритет. Подоцна, пак, изјави дека САД ќе имаат улога во изборот на следниот ирански лидер и побара „безусловна предавање“ од Иран.Во меѓувреме, конфликтот се проширува во регионот. Иран возвраќа со напади врз Израел и други соседни земји, а либанската организација Хезболах повторно ги засили судирите со Израел, отворајќи уште еден фронт во конфликтот.Иако американските загуби засега се ограничени на шест загинати војници, Трамп не ја исклучи можноста за испраќање копнени сили. Во интервју за списанието Time тој изјави дека е можно да има жртви и предупреди дека не може целосно да се исклучат напади инспирирани од Иран на американска територија.Некои аналитичари сметаат дека администрацијата на Трамп погрешно проценила дека операцијата против Иран ќе се одвива брзо, како акцијата во Венецуела на почетокот на годината, кога американските сили го заробија претседателот Николас Мадуро. Но Иран се покажа како многу посилен и подобро организиран противник.Дополнителна загриженост предизвикува заканата на Иран да го блокира Ормускиот Теснец, клучен морски премин низ кој минува околу една петтина од светската нафта. Танкерскиот сообраќај веќе е запрен, што може да предизвика сериозни економски последици ако кризата продолжи.Колку ќе трае војната засега е непознато. Трамп изјави дека операцијата може да трае четири или пет недели, или „колку што ќе биде потребно“, без да даде јасно објаснување што би следувало по тоа. Аналитичарите предупредуваат дека токму времетраењето на конфликтот ќе биде клучно за неговите последици врз регионот и врз глобалната економија.

Свет | пред 3 седмици

media-library580kkic4ijob0pfiFEY

Тошковски: Борбата против криминалот и корупцијата се води без селективност – институциите постапуваат врз основа на докази и закон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија се осврна на повеќе актуелни безбедносни прашања, при што ја нагласи решителноста на институциите во борбата против криминалот и корупцијата, како и потребата од доследно почитување на владеењето на правото.Тошковски истакна дека Министерството за внатрешни работи во континуитет работи на зајакнување на институционалните капацитети и на унапредување на механизмите за откривање и спречување на криминалот, при што секој случај се процесуира врз основа на докази и во координација со надлежните обвинителства и другите институции.„Нашата цел е институциите да функционираат професионално, транспарентно и без селективност. Борбата против криминалот и корупцијата не смее да зависи од ничии лични или политички интереси, туку исклучиво од фактите и доказите. Законот мора да важи подеднакво за сите“, истакна Тошковски.Министерот потенцираше дека довербата на граѓаните во институциите се гради преку конкретни резултати, доследно постапување и јасна порака дека никој не е над законот.„Кога институциите функционираат професионално и одговорно, граѓаните ја препознаваат таа посветеност. Нашата задача е да покажеме дека системот работи, дека секој случај се истражува темелно и дека никој не е недопирлив кога станува збор за кршење на законот. Само така може да се врати довербата во институциите“, посочи министерот.Тошковски додаде дека борбата против организираниот криминал, корупцијата и економскиот криминал е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, при што се преземаат интензивни активности за откривање на криминалните мрежи и процесуирање на сите инволвирани лица.Работиме системски, преку координација со обвинителствата, финансиските институции и другите надлежни органи. Оваа борба бара истрајност, професионалност и силна институционална соработка, бидејќи станува збор за комплексни случаи кои често имаат и меѓународна димензија“, нагласи министерот.Осврнувајќи се на случајот со заплената на дрога во Србија, Тошковски нагласи дека надлежните институции активно работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот, во тесна соработка со партнерските служби од регионот и Европа.Транснационалниот криминал бара силна меѓународна соработка. Размената на информации и координацијата со партнерските институции од регионот и Европа се клучни за успешно разбивање на криминалните мрежи и за утврдување на целосната вистина за ваквите случаи. Нашата обврска е да ја утврдиме целата фактографија и да постапиме во согласност со законот“, изјави Тошковски.Министерот посочи дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности насочени кон модернизација на полициските служби, подобрување на оперативните капацитети и унапредување на истражните механизми, со цел поефикасно справување со сите форми на криминал.Современиот криминал се менува и станува сè пософистициран, поради што институциите мора постојано да ги унапредуваат своите капацитети, технологијата и методологијата на работа. Само со силни, професионални и модерни институции можеме ефикасно да се спротивставиме на овие појави“, истакна Тошковски.Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи останува посветено на создавање безбедно општество во кое владее правото, а институциите работат исклучиво во интерес на граѓаните.Нашата обврска е да обезбедиме систем кој функционира ефикасно и праведно. Граѓаните треба да знаат дека институциите постапуваат, дека секој случај се разгледува внимателно и дека борбата против криминалот се води доследно, професионално и без компромиси. Само со таков пристап можеме да изградиме општество во кое правдата е еднаква за сите“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 3 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Студено утро, преку ден сончево и до 17 степени

Утрово најниска температура во Македонија е измерена во Берово каде што се спушти до –4 степени Целзиусови, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи. Минус два степени се измерени во Битола, Маврови Анови и Лазарополе, додека –1 степен е регистриран во Скопје-Петровец, Струмица, Попова Шапка и Демир Капија.Нула степени утрово се измерени во Штип, Велес, Крива Паланка, Прилеп, Претор и Тетово, еден степен во Кавадарци, Гевгелија, Охрид и Куманово, два во Скопје-Зајчев Рид, три во Крушево, Виница и Ѓуриште, четири во Тополчани и Пожаране, додека најтопло утрово било во Радовиш Пожар со пет степени.На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 69 сантиметри.Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 17 степени.Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време со слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе достигне до 18 степени.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytnftguhi8plk1X5BrGo

САД нудат осигурување од 20 милијарди долари поради блокада на танкери во војната во Иран

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат реосигурување за морските загуби во регионот на Персискиот Залив до 20 милијарди долари со цел да ја зајакнат довербата кај сопствениците на бродови кои превезуваат нафта и природен гас за време на војната во Иран. Оваа мерка во петок ја соопшти Американската корпорација за меѓународно развојно финансирање, пренесува „Ројтерс“.Претседателот Доналд Трамп нареди на Корпорацијата за меѓународно развојно финансирање да обезбеди покривање од политички ризици и финансиски гаранции за поморската трговија во Заливот. Одлуката уследи откако беше запрен транзитот на танкери со нафта и течен природен гас низ Хормушкиот теснец, важен пловен пат помеѓу Иран и Оман, низ кој се транспортира околу 20 отсто од дневната светска потрошувачка на нафта.Од Корпорацијата за меѓународно развојно финансирање соопштија дека осигурувањето ќе се обезбедува континуирано, а во почетната фаза ќе се насочи кон осигурување на бродскиот труп, моторите и теретот.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Белата куќа: Разгледуваме потенцијални нови лидери на Иран

Белата куќа разгледува неколку можни кандидати за водење на Иран, изјави портпаролката Каролина Ливит, откако претседателот Доналд Трамп рече дека САД мора да учествуваат во изборот на следниот ирански лидер. „Знам дека има неколку лица на кои нашите разузнавачки агенции и американската влада обрнуваат внимание, но нема да навлегувам во повеќе детали“, додаде Ливит.Претходно, Трамп изјави дека нема да има никаков договор со Иран освен „безусловна предавање“. „Претседателот со тоа сака да каже дека кога тој, како Врховен командант на американските вооружени сили, ќе процени дека Иран повеќе не претставува закана за САД и дека целите на операцијата „Епик Фјури“ се целосно остварени, Иран практично ќе се најде во состојба на безусловна предавање, без разлика дали тоа го признаваат сами или не“, објасни Ливит.Ливит: Американската операција во Иран би можела да трае до шест неделиАмериканската воена кампања против Иран би можела да трае од четири до шест недели, рече Ливит. Доналд Трамп претходно наговести дека војната ќе трае приближно четири до пет недели, но дека може да потрае и „многу подолго“. Министерот за одбрана Пит Хегсет рече дека САД „ќе земат сè потребно време за да обезбедат успех“.Пред состанокот на Трамп со главните добавувачи на оружје, Ливит додаде дека САД имаат доволни резерви на оружје за да ги задоволат сите оперативни потреби во Иран.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryc6b56c3dhb2ibM5e6ZL

(Видео) Израел објави детален приказ на бункерот на ајатолахот во Техеран

Израелските одбранбени сили (IDF) објавија илустративно видео од подземниот бункер на поранешниот ирански врховен лидер ајатолах Али Хаменеј. Претходно денеска, IDF соопшти дека погодиле тој комплекс, кој по нападот останал „демонтиран“.Комплексот се наоѓал во „срцето на Техеран“ и имал повеќе влезови, како и внатрешни простории каде што можеле да се собираат највисоките функционери на иранскиот режим, соопшти IDF. Во илустративното видео се прикажани влезовите распоредени на повеќе локации низ градот.Висок израелски функционер изјави за Фокс Њуз дека погодениот комплекс се наоѓал директно под местото каде што минатата сабота се наоѓале Хаменеј и други челници на режимот. Тој додаде дека Хаменеј години наназад го градел бункерот, вложувајќи милиони долари, но не го користел на денот на нападот.Според функционерот, одлуката на Хаменеј да не замине во бункерот делумно била резултат на израелско-американски план за дезинформација, кој вклучувал пораки, сигнали и јавни изјави на претседателот Доналд Трамп, што сугерирале дека нема да се случи ништо.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања