Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library9i2oscmuqmhu2EF7vVU

САД во сложена позиција по ескалацијата со Иран

Додека танкери горат во Персискиот Залив, а цената на нафтата се движи околу 100 долари за барел, станува сè појасно дека Блискиот Исток е вовлечен во опасна ескалација што започна по американско-израелските напади врз Иран.Во текот на ноќта Иран изведе нови напади врз цели во Ирак, Бахреин и Оман, при што беа предизвикани пожари на неколку енергетски постројки и пристаништа. Италијанска воена база во Ербил во Ирак била погодена со проектил, а во Ормутскиот Теснец бил погоден германски контејнерски брод. Неидентификуван дрон оштетил и луксузен облакодер во Дубаи, во областа Крик Харбор.Овие напади укажуваат дека Техеран се обидува да предизвика долготраен економски шок во регионот. Стратегијата засега има ефект, бидејќи цените на нафтата растат, а државите почнаа да ослободуваат рекордни количини од своите стратешки резерви за да го стабилизираат пазарот.И покрај ескалацијата, американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД го победиле Иран. Сепак, нестабилноста во регионот и нападите врз бродови и енергетска инфраструктура покажуваат дека Вашингтон тешко ги контролира клучните поморски рути и економските последици од конфликтот.Аналитичарите посочуваат дека Иран со децении се подготвувал за ваков асиметричен конфликт, градејќи арсенал од ракети и дронови и стратегија насочена кон нарушување на глобалната економија и поморските линии.Иако САД и Израел уништиле дел од иранските воени капацитети со прецизни напади, Техеран и натаму успева да изведува удари низ регионот. Евтините дронови, како моделот „Шахед 136“, се особено проблематични бидејќи нивното соборување бара многу поскапи противракетни системи.Американските разузнавачки служби проценуваат дека иранското раководство засега останува главно недопрено и не се соочува со непосреден ризик од колапс, и покрај речиси двонеделните бомбардирања од страна на САД и Израел.Во такви услови, Вашингтон се наоѓа во сложена позиција. Аналитичарите предупредуваат дека конфликтот тешко може брзо да заврши, а и брзо повлекување би можело да има долгорочни последици за глобалната безбедност и енергетската стабилност. Според проценките, американските операции веќе чинат меѓу 890 милиони и речиси една милијарда долари дневно.Според дел од експертите, САД сега се соочуваат со две неповолни сценарија – или режимот во Иран да опстане и повторно да ја зајакне војската, или во земјата да се создаде вакуум на моќ со непредвидливи последици за целиот регион.

Свет | пред 2 седмици

media-library26aalb5n7rcj5heipx1

(Видео) Ѓурчески: Ме згрозува што газда Деко не се чувствува виновен, СЈО е најголемото зло

Љубомир Ѓурчески, поранешен началник во МВР вели дека газда Деко, сопственикот на „Пулс“, каде пред година дена загинаа 64 лица и двесте беа повредени, го знае од случајот Детонатор. Се работи за незаконска употреба на апаратите на игри на среќа. Тој вели црн капитал правел тогаш газда Деко.Постапката за Кочани би ја поделил во неколку фази. Основна работа на обезбедувањето е да има безбедност во објектот. Полицијата требала да обезбеди внатре да нема малолетници, добро е што за нив постапката е издвоена. Системските слабости се за втора фаза и тука се сите надлежни. Само тогаш ќе има квалитетно обвинение. Кога ќе ја префрламе вината на другите ќе ги олабавиме надлежните. Тоа е најголема грешка. Ме згрозува и револтира фактот што газда Деко, објектот од шупа го направи и пак шупа е, а не се чувствува виновен“, вели Ѓурчески.Минимум година дена ќе трае предметот во првостепена постапка.Ѓурчески говореше и за СЈО.СЈО е најголемата штета и заради велепредавството кое го правеа треба да им се забрани да вршат правосудна дејност. Тие се регрутирани од разузнавачките служби. Требаше да се осудат на доживотен затвор. Од прислушуваните разговори не сум згрозен, зошто се вештачки создадени. Груевски беше принуден да го потпише создавањето на СЈО“, вели Ѓурчески.

Студио | пред 2 седмици

media-librarys0umucv4qp1c2YQFPrd

(Видео) Ѓурчески за Шеваљ: За него нема доказ, не сме нашле, дрога, пари или оружје, не ја користел апликацијата Скај

Во „Претрес со Ландов”, ексначалникот во МВР, Љубомир Ѓурчески, говори и за случајот Грчец и Шеваљ Муареми.За Шеваљ велат дека е волкот кој стои на чело на криминалната група. Кај него никогаш не сме нашле дрога. Не сме успеале да дојдеме до доказ, само индиции сме имале. Кај никој нема материјален доказ, нема пари, ниту оружје. Шеваљ никогаш не ја користел апликацијата Скај”, вели Ѓурчески.Не сака да ја коментира одлуката на судот, тоа, вели е работа на адвокатите.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoc6a81fgjolj6bugr1K

(Видео) Ѓурчески: Сопругот насилник во Карпош е психопат, сите надлежни што не презеле ништо треба да одговараат

Гостин во „Претрес со Ландов” е ексначалникот во МВР, Љубомир Ѓурчески. Една од темите е и трагедијата во Карпош, кога се самоуби малтретирана жена и која со себе во смрт ја однесе и малата ќерка. Седум години МВР, Обвинителството, Центрите за социјални работи не презеле ништо.Основно е да се санкционираат тие што не презеле ништо за безбедноста на жената, вината е во МВР и во Центрите за социјални работи. Кога се тепаат дома мажот и жената, плаче детето. Затоа треба одговорност”, вели Ѓурчески.Насилниците, смета, се плашат од репресија.Таткото и сопругот насилник е психопат, задоволен е од тоа што гo сторил. Уживаат да малтретираат некого. Најголемата жртва е детето”, вели ексначалникот во МВР.

Студио | пред 2 седмици

media-libraryc3rdj4ib5niv9Euugx4

(Видео) Ѓурчески: Подобро да велат дека сум Мицковист отколку Заевист

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески во „Претрес со Ландов” вели дека со доаѓањето на Оливер Спасовски во МВР се сменила кадровската политика и се истиснале професионалците.Ако ме поканат ќе се вратам во МВР како советник. Јас имав кавга со Груевски за инфилтрирање на Илчо Георгиевски во Фудбалски сојуз. Подобро сега да викаат дека сум Мицковист отколку Заевист. Тука се предаде нацијата и идентитетот”, вели Ѓурчески.

Студио | пред 2 седмици

media-librarycrjog87idd6q44sOUYf

(Во живо) Ексначалникот Ѓурчески: Груби е подготвен да го предаде и Ахмети и да соработува, Aмериканците го вратија

Поранешниот началник во МВР, човек кој 36 години бил дел од министерството, Љубомир Ѓурчески е гостин во „Претрес со Ландов”.За поранешниот висок функционер на ДУИ, Артан Груби, кој се врати во Македонија по повеќе од една година бегство, вели дека нема да се чуди ако Груби се претвори во Лепа Брена.Неговото враќање значи дека е подготвен да соработува. Не се зачудив дека се врати. Предмет е на заштита на други странски служби. Дел од провизиите од Бехтел и Енка не стигнаа на вистинското место. Не е случајно експресно разрешена поранешната амбасадорка на САД, Кристина Агелер. Има сомнение за криминали на Агелер. Груби го вратија Американците и може да биде заштитен сведок, но не би бил загрозен во притвор. Подготвен е да го предаде и Али Ахмети, да ја отвори душата и да биде симнат од Црната листа. Груби многу знае”, вели Ѓурчески.Гледајте „Претрес”, со Ѓурчески ќе ги претресеме и газда Деко од Пулс, случајот Грчец, потоа за Шеваљ и дали вистинските криминалци се во затвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2ic9f5eopt9uft7Y9vt

Пренџов: Целта на работната група за Изборниот законик е да се дојде до подобар и поквалитетен изборен процес преку консензус на сите политички партии

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Топ тема на телевизија Телма, каде говореше на повеќе теми, меѓу кои и темата за Изборниот законик, за што истакна дека целта на работната група, во која има претставници од сите политички партии, а се одвива во рамки на Министерството за правда е да се има подобар изборен модел како и подобар изборен закон.,,Од стручен аспект, како политиколог, сакам да кажам дека не постои идеален изборен модел, така да не постои идеален изборен законик и секоја држава во зависност од својот историски развој определува кој е најдобриот изборен модел во тој период“, истакна Пренџов.Тој вели дека дали ќе има нов изборен законик или само измени ќе зависи од обемот на промените, односно дали тие ќе надминат една третина од постојниот закон.,,Изборниот модел е техника за избор на пратеници на градоначалници, советници и Претседател на државата. Она кое што е добро е тоа што на речиси на две години до следните парламентарни избори, се разговара на темата на нов изборен законик, дали ќе биде нов или ќе бидат измени во Изборниот законик зависи од тоа дали ќе се  промени повеќе од 1/3 или ќе се промени помалку од 1/3, ако е помалку тогаш има измени и дополнувања, доколку е повеќе, тогаш одиме со нов изборен законик“, кажа Пренџов.Пренџов потенцираше дека под успех од она кое што го имаат како брифинзи од работната група, за изборниот законик и за процентот на измени во изборниот законик се подразбира, како што вели тој, за колку работи политичките партии имаат консезнус.,,Влегуваме со добра волја, со позитивна енергија, се со цел да имаме еден подобар изборен модел, подобар изборен закон, да ги слушнеме сите мислења, и за прв пат после многу долгу време, не се прави во очи на некои избори, туку се прави, народски кажано, натенане, на две години пред изборите, дека тоа е работна група од која што има од сите политички партии, со која што претседава министерот за правда, се одвива во рамки на Министерството за правда. Треба да му дадеме шанса и на крајот да видеме што ќе се случи со истиот“, рече Пренџов.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп: Не се плашам од можен ирански напад врз САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен од можноста Иран да изведе напад врз територијата на САД, и покрај претходното предупредување од Федерално истражно биро (ФБИ) дека ирански дронови би можеле да ја погодат западната обала на земјата, јави ABC News.Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии откако Соединетите Американски Држави и Израел пред речиси две недели започнаа напади врз Иран, со што конфликтот се прошири во регионот на Персискиот Залив. Техеран возврати со напади како одговор на операциите во кои беа убиени високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер на Исламската Република.На прашањето на новинарите во средата дали е загрижен дека Иран би можел да ја прошири одмаздата и да изведе напад на американска територија, Трамп кратко одговори: „Не, не сум“.Според ABC News, ФБИ претходно испратил предупредување до полициските служби во Калифорнија дека Иран би можел да возврати на американските напади со лансирање беспилотни летала кон западниот брег на САД.Во предупредувањето, дистрибуирано кон крајот на февруари, се наведува дека постојат информации оти Иран од почетокот на февруари 2026 година наводно планирал изненадни напади со дронови од неидентификуван брод во близина на американскиот брег, првенствено кон Калифорнија и против засега непознати цели, во случај САД да извршат напади врз Иран.ФБИ во документот посочува дека засега нема дополнителни информации за времето, начинот на изведување, можните цели или извршителите на евентуалниот напад.Говорници на ФБИ, полициската управа на Лос Анџелес, како и канцелариите на гувернерот на Калифорнија и градоначалникот на Лос Анџелес засега не одговориле на барањата за коментар.Според претходна проценка на заканите изработена од службата за разузнавање и анализа при американското Министерство за внатрешна безбедност, Иран и неговите сојузнички групи веројатно претставуваат закана од насочени напади врз САД, иако напад од големи размери се оценува како малку веројатен.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqvrkpaqgjgba6EcuDk4

Хрват осомничен за убиство на државјанин на Узбекистан

Истражен судија одреди притвор за 31-годишен хрватски државјанин осомничен дека во неделата вечер во градот Озаљ нападнал 44-годишен државјанин на Узбекистан и му нанел повеќе удари со намера да го лиши од живот, од кои повреди жртвата починала, соопшти денеска обвинителството.Жупаниското државно обвинителство во Карловац информира дека по приемот на кривичната пријава го испрашало осомничениот, по што до истражниот судија на Жупанискиот суд во Карловац предложило да му се одреди истражен притвор поради опасност од повторување на кривичното дело. Судот го прифатил предлогот на обвинителството.Обвинителството наведе дека државјанинот на Узбекистан починал за време на реанимација во семејна куќа на подрачјето на Озаљ. Увидот го извршил дежурен заменик на жупанискиот државен обвинител во соработка со полицијата, при што е нареден преглед на телото и обдукција.Според претходните информации од полицијата, 32-годишниот осомничен, кој бил под дејство на алкохол со 0,78 промили, повеќепати го удрил узбекистанскиот државјанин во главата, нанесувајќи му повреди од кои починал.Истрагата покажала дека нападот се случил во вечерните часови во домот на 61-годишен маж, од засега неутврдени причини и мотиви. Полицијата соопшти дека криминалистичката истрага продолжува со цел целосно утврдување на сите околности на случајот.За време на реанимацијата на повредениот, осомничениот ги попречувал и навредувал медицинските лица од итната помош, поради што против него ќе биде поднесен и прекршочен предлог. Полицијата додаде дека против осомничениот се постапувало и согласно одредбите од законите за лична карта и за пријавување на живеалиште.

Свет | пред 2 седмици

erdogan-3

Ердоган: Војната во Иран мора да запре пред да се вовлече целиот регион

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека војната во Иран мора да се запре пред конфликтот да се прошири низ целиот регион и повика да ѝ се даде шанса на дипломатијата.Тој ова го изјави во обраќање пред турскиот парламент, нагласувајќи дека постои реална опасност од поширока ескалација. „Војната треба да се запре пред да се прошири и да го запали целиот регион. Ако ѝ дадеме шанса на дипломатијата, многу е веројатно дека тоа може да се постигне“, рече Ердоган.Минатата недела противвоздушната одбрана на НАТО пресретнала две ирански ракети над јужна Турција, каде што се наоѓаат воздушни и радарски бази на Алијансата и на САД, по што безбедносните мерки биле дополнително засилени.Ердоган нагласи дека Турција постапува внимателно во актуелната ситуација. „Земајќи ја предвид чувствителноста на моментот во кој се наоѓаме, нашите зборови се многу внимателни, а нашите постапки се претпазливи за да ја заштитиме Турција од огнот што нè опкружува“, рече тој.Турција претходно понуди посредништво пред почетокот на американско-израелските напади пред дванаесет дена. Ердоган оттогаш повеќепати повикува конфликтот да се реши по дипломатски пат, истовремено предупредувајќи дека Анкара ќе одговори на секоја закана за националната безбедност.Тој ги критикуваше потезите на САД, Израел и Иран, а американско-израелската операција ја оцени како „очигледно кршење“ на меѓународното право. Притоа не го спомена директно американскиот претседател Доналд Трамп, со кого има добри лични односи.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Затворањето на постмониторинг дијалогот со СЕ е јасна потврда за посветеноста на Владата на патот кон ЕУ, за разлика од СДС само што се сликаа во авионот

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на Андреј Жерновски обвини дека СДСМ е „најголем непријател на државата“ и главен кочничар на евроинтегративниот процес на Македонија.„Поголем непријател на државата од СДС на Зоран Заев и Венко Филипче, нема“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението, додавајќи дека државата низ историјата „најмногу патела од своите внатрешни непријатели и предавници“.Од партијата тврдат дека поранешната власт направила сериозни отстапки за да остане на власт. „Сменија устав, име на држава, потпишаа предавнички договори, само и само да се дограбат до власт и останат ден повеќе“, стои во реакцијата.Во соопштението се наведува и дека токму владеењето на СДСМ, според ВМРО-ДПМНЕ, било пречка за напредокот кон Европската Унија. „Најголемите кочничари на евроинтегративниот пат на државата се токму СДС и нивното криминално владеење“, тврдат од партијата.Во реакцијата се споменува и прашањето за руско влијание во земјата. „Ако Жерновски заборавил да го потсетиме, руското влијание во државата продре единствено преку власта на СДС, Заев и Филипче“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека актуелната влада работи на реформската агенда и усогласување на законодавството со европските стандарди и дека останува посветена на интеграцијата на земјата во Европската Унија „со исполнување на Копенхашките критериуми и зачуван национален идентитет“.

Македонија | пред 2 седмици

media-library44146go2c0g42J5DBsL

ЈП „Охридски комуналец“ интензивно ја одржува јавната хигиена и миење на улиците

ЈП „Охридски комуналец“ продолжува со активности за одржување на јавната чистота и уредување на јавните површини во рамки на Програмата за работа за оперативната 2026 година. Деновиве, екипите на претпријатието работеле во селата Трпејца и Елшани, каде се собирал расфрлан ситен отпад, се метеле јавните површини и се отстранувала ниската вегетација од пешачките патеки.Во градот, темелно биле исчистени улиците „Димитар Влахов“, „Македонски Просветители“ и „Партизанска“. Активностите вклучувале метење на коловозните ленти и тротоарите од наноси од песок, земја и друг отпад, а потоа следело рачно и машинско миење на улиците, со цел подобрување на хигиената и естетскиот изглед на јавниот простор.Овие активности се дел од континуираните заложби на ЈП „Охридски комуналец“ за чист и уреден Охрид.

ОО | пред 2 седмици

media-libraryk7aspbc4lu1ldZ8xp82

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.Тој додаде дека и покрај одредени промени во увозот, земјата има значителна позитивна разлика во трговската размена.„Ако говориме за увоз на земјоделски производи, во 2024 година бил околу 177 милиони евра, додека во 2025 година бил околу 202 милиони евра. Имаме благ пораст, но ако се зеде делот со извоз и увоз имаме позитива од околу 215 милиони евра“, нагласи министерот Трипуновски.Министерот потенцираше дека секторот на примарно земјоделско производство има клучна улога во вкупниот извоз.„Ако извозот на прехранбени производи е околу 414 милиони евра, а извозот на земјоделски производи е 416 милиони евра, тоа значи дека како сектор на примарни земјоделски производи сме на прво место по извоз“, истакна тој.Министерот посочи дека позитивните трендови се забележуваат и во делот на откупот и продажбата на земјоделски производи.„Имаме сериозен раст во делот на откуп и продажба на земјоделски производи согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во делот на инпутите во откупот и продажбата имаме намалување, додека кај аутпутите имаме зголемување. Во четвртото тромесечие имаме откуп и продажба на земјоделски производи во износ од 12,5 милијарди денари“, истакна министерот Трипуновски.Владата заедно со Министерството продолжува со политики и мерки насочени кон зголемување на домашното производство и зајакнување на конкурентноста на македонските земјоделски производи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf0hikj9hfgut7Dadt2o

Петковска: Измените во Кривичниот законик се во насока на подобра заштита на ранливите групи

„Законите се солидни како што кажав, меѓутоа законот е делотворен онолку колку што е делотворна неговата имплементација. Во таа насока потребна е институционална координација, синхронизирано делување на сите институции коишто се засегнати, до кои се адресираат пријавите, правилна и навремена проценка на ризик“, истакна Лидија Петковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Директно“ на Телма телевизија.Петковска нагласи дека измените на КЗ се токму во насока на подобра заштита на ранливите групи. Таа исто така додаде дека и мисијата на ОБСЕ изразила пофалба за Националната стратегија 2026-2033 година, потенцирајќи дека ќе се продолжи со работа интензивно и во периодот што следува.„Ние имаме квалитетни закони, сега направивме измена на Кривичен законик, се во насока на подобра заштита на жените жртви на насилство и на ранливите групи. Во Министерството за внатрешни работи веќе се организираше тркалезна маса, исто така и во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Кога велам тркалезна маса, значи дека на една маса седнуваат сите чинители коишто можат да влијаат врз намалување на овие штетни појави. Како што се претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади, граѓанскиот сектор, оние практичари како што спомнав и претходно коишто точно знаат кои законски измени се потребни и законските измени ќе ги направиме. Најлесно е да смените закон, меѓутоа законот ако не може да биде имплементиран во пракса, ако нема доволно буџетски средства тогаш имаме само закон на хартија. Исто така мисијата на ОБСЕ изрази пофалба за Националната стратегија 2026-2033, така што се работи и ќе се работи интензивно во периодот што следува“, рече Петковска.

Македонија | пред 2 седмици

media-library7a8ep33e89f45U96ryh

(Видео) Брутален напад пред ноќен клуб во Загреб: Шестмина претепале двајца млади, едниот ја изгубил свеста

Во раните утрински часови во неделата, околу 3:45 часот, пред ноќниот клуб H2O во Загреб се случил брутален напад во кој група од шестмина мажи претепала двајца млади на возраст од 18 и 19 години.Според сведоштво на која била присутна на местото и го опишала настанот за медиумите, нападот започнал кога групата од засега непознати причини нападнала еден млад човек кој во тој момент бил сам. Напаѓачите го собориле на земја, а потоа продолжиле да го удираат со раце и нозе сè додека, според сведочењето, не ја изгубил свеста.Кога негов пријател се обидел да му помогне и да ги оттурне напаѓачите, групата потоа се свртела и против него и исто така го претепала. Дел од нападот е снимен и на видео.Сведок навел дека првиот нападнат млад човек неодамна имал операција на тумор на мозокот и носел видлив медицински вратник, како и лузна од операцијата. И покрај тоа, напаѓачите продолжиле да го удираат и откако ја изгубил свеста.Според неговите информации, двајцата млади се здобиле со тешки повреди.Случајот бил пријавен во полиција, а од загрепската полиција е побарана информација дали се пронајдени осомничени. Одговорот од надлежните се очекува дополнително.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryogsm52megssjcd1T306

Проруски хакери започнале глобална киберкампања за упад во профили на Signal и WhatsApp

Проруски хакери започнале глобална кибернетичка кампања со цел да добијат пристап до профили на апликациите Signal и WhatsApp што ги користат владини функционери, воен персонал и новинари, предупредија две холандски разузнавачки агенции.Во извештајот се наведува дека корисниците биле контактирани во разговори иницирани од хакери и убедувани да ги откријат безбедносните проверки и ПИН-кодовите. Со тоа, напаѓачите можеле да добијат пристап до личните профили и до групните разговори.„Руските хакери веројатно веќе добиле пристап до чувствителни информации“, соопштија Холандската општа разузнавачка агенција и Холандската воена разузнавачка и безбедносна служба.Според агенциите, меѓу метите и жртвите на кампањата имало и вработени во холандската влада, како и новинари.Апликациите за комуникација со енкрипција „од крај до крај“ често ги користат владини претставници за споделување доверливи или класифицирани информации, поради што тие се „идеално место за злонамерни актери кои се обидуваат да дојдат до чувствителни податоци“, се наведува во извештајот.Од WhatsApp за Reuters порачаа дека корисниците никогаш не треба да го споделуваат својот шестцифрен код со други лица и дека компанијата постојано работи на зајакнување на заштитата од онлајн закани.Signal, пак, соопшти на социјалните мрежи дека нападите биле изведени преку софистицирани фишинг-кампањи осмислени да ги измамат корисниците да споделат информации, нагласувајќи дека енкрипцијата и инфраструктурата на апликацијата не биле компромитирани.Хакерите најчесто се претставувале како чатбот за корисничка поддршка на Signal за да ги натераат метите да ги откријат безбедносните кодови, со што им овозможувале преземање контрола врз профилите. Друга метода била злоупотреба на функцијата „поврзани уреди“ во рамките на апликацијата.Разузнавачките служби предупредуваат дека појавата на ист контакт двапати во списокот на контакти или број што се прикажува како „избришан профил“ може да биде знак дека профилот е компритиран.Холандските власти издале и кибернетичко предупредување до владините институции и понудиле помош за отстранување на заканата. Директорот на воената разузнавачка служба, вицеадмирал Петер Ресинк, изјави дека, и покрај енкрипцијата „од крај до крај“, апликациите за размена на пораки како Signal и WhatsApp не треба да се користат за споделување класифицирани или чувствителни информации.

Свет | пред 3 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Иран направи голема грешка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, во интервју за „Њујорк пост“.Во разговорот за таблоидот, Трамп ја исклучи можноста за скоро распоредување американски сили во иранскиот подземен објект за збогатување ураниум во близина на Исфахан. Тој додаде дека е „прерано да се зборува“ за можноста за заплена на иранска нафта, но нагласи дека таков чекор не е исклучен.„Сè уште немаме донесено никакви одлуки за иранскиот лидер. Не сме ни блиску до донесување каква било одлука“, изјави Трамп.Американскиот претседател претходно предупреди дека „новиот лидер нема долго да трае“ доколку не добие одобрување од САД и Израел, односно ако не биде оценет како погоден за соработка. Израел, пак, веќе порача дека секој новоизбран лидер на Иран може да биде потенцијална цел за ликвидација.На прашањето за неговите планови во врска со помладиот Хамнеи, Трамп одговори: „Нема да ви кажам. Не сум задоволен од него.“Во изјава за NBC, тој додаде дека Иран направил „голема грешка“ со изборот на новиот врховен лидер.Педесет и шестгодишниот Мојтаба Хамнеи беше назначен за нов врховен лидер на Иран за време на викендот и е трет човек на таа функција од Исламската револуција во 1979 година. Тој го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој ја извршуваше функцијата 37 години.Според иранските власти, Али Хамнеи загинал на 28 февруари кога неговата резиденција во Техеран била погодена во заеднички американско-израелски воздушен напад. Во нападот, како што наведуваат, биле убиени и сопругата на Мојтаба Хамнеи, неговата мајка и еден од неговите синови.

Свет | пред 3 седмици

media-library7qqlfqprapbcfjYVQZA

Петрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагираше на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека предлага мерки кои, според него, ВМРО-ДПМНЕ ги предложила уште во 2022 година.„Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне“, напиша Петрушевски.Тој посочи дека мерките кои денес ги бара Филипче, според него, биле воведени уште во 2022 година со измена на член 92 од Законот за акцизите.„Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Законот за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат“, наведе Петрушевски.Според него, тогашната влада на СДСМ планирала и нова „еколошка“ такса која дополнително ќе ја зголемела цената на горивата, но, како што тврди, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција успеала да го блокира тој закон.„Врвот на лицемерието на Филипче и СДСМ е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување“, додава Петрушевски.Тој оцени дека актуелната влада работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот и да се ублажи ценовниот шок и покрај притисоците од глобалните движења на цените.

Македонија | пред 3 седмици

media-library872p0nnkae8656kuja5

Швајцарија ќе исплати отштета на семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Кран-Монтана

Долниот дом на швајцарскиот парламент ги одобри плановите за еднократна исплата од 50.000 швајцарски франци за преживеаните и за семејствата на загинатите во пожарот на скијалиштето Кран-Монтана, во кој загинаа 41 лице, а 115 беа повредени.Станува збор за таканаречен „придонес за солидарност“, кој изнесува околу 55.000 евра и има цел да обезбеди брза финансиска поддршка за жртвите од пожарот во барот „Ле Констелацион“. Предлогот веќе минатата недела беше изгласан и во Горниот дом на парламентот.Исплатата треба да се однесува на секое лице кое го загубило животот во пожарот, како и на сите кои биле хоспитализирани. Поголемиот дел од загинатите биле тинејџери, а меѓу жртвите имало и многу странци.Според сведоци и обвинители, се претпоставува дека пожарот бил предизвикан од прскалки кои ја запалиле пенестата звучна изолација на таванот во подрумот на барот.Во меѓувреме, документ објавен претходно покажал дека швајцарските обвинители ја прошириле истрагата за пожарот, додавајќи го градоначалникот на Кран-Монтана и уште четворица сегашни и поранешни локални функционери на листата на осомничени.

Свет | пред 3 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Стармер разговараше со Трамп по критиките дека Британија не е лојален сојузник

Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер денеска телефонски разговарале за состојбата на Блискиот Исток, откако Трамп претходно упати остри критики кон Обединетото Кралство и неговото раководство, пренесе The Guardian.Според соопштението од Даунинг стрит, двајцата лидери размениле мислења за најновите случувања на Блискиот Исток и за воената соработка меѓу САД и Обединетото Кралство. Во разговорот било споменато и користењето на базите на Кралските воздухопловни сили во рамки на поддршката за колективна самоодбрана на партнерите во регионот.Стармер изразил искрено сочувство до Трамп и американскиот народ по смртта на шест американски војници за време на конфликтот со Иран.Телефонскиот разговор се случил еден ден откако Трамп го критикуваше Лондон затоа што веднаш не ги поддржал нападите на САД и Израел врз Иран. На социјалните мрежи тој ја опиша Британија како некогаш голем сојузник и го нападна британското раководство бидејќи дури подоцна почнало сериозно да размислува за испраќање носач на авиони на Блискиот Исток.Трамп му порачал на Стармер дека таква помош повеќе не им е потребна, додавајќи дека ќе го запомнат тоа и дека не им се потребни партнери кои се приклучуваат во војна откако таа веќе е добиена.Американскиот претседател во последните денови неколкупати јавно го критикуваше Стармер. Во вторникот, во Белата куќа, тој изјави дека не е задоволен од британскиот премиер.Стармер возврати дека на Обединетото Кралство му е потребна сериозност, а не политички игри. Во авторски текст за Sunday Mirror, тој наведе дека неговата влада е насочена кон заштита на безбедноста на земјата и на британските граѓани дома и во странство.Британскиот премиер претходно изјави и во парламентот дека не е подготвен да ја вклучи земјата во војна доколку не постои јасна правна основа и добро разработен, изводлив план.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран предупредува: Ако продолжат нападите, ќе возвратиме со удари во регионот

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда предупреди дека Иран ќе возврати со слични напади на Блискиот Исток доколку продолжат воздушните удари врз неговите енергетски постројки.Во соопштението се наведува дека „криминалните Соединети Американски Држави и посрнатиот ционистички режим од почетокот на агресијата врз Исламската Република Иран не постигнале ништо освен убивање невини деца, невооружени мажи и жени и цивили“.Се додава дека, покрај убиствата на цивили, напаѓачите отишле чекор понатаму и во нови, брутални напади гаѓале делови од енергетската инфраструктура и сервисни центри.Во соопштението се истакнува дека Иран досега се воздржувал од слични напади и се повикуваат владите на исламските земји итно да ги предупредат Соединетите Американски Држави и Израел со цел да се спречи понатамошно ширење на конфликтот во регионот.

Свет | пред 3 седмици

media-librarykrer228jvsqd9SycsWH

Шкотска би можела да им забрани на американските воени авиони слетување на аеродромот Прествик

Шкотскиот прв министер Џон Свини изјави дека би размислил за забрана на користењето на шкотскиот аеродром Прествик, кој е во државна сопственост, за американски воени авиони доколку тие учествуваат во воздушни напади врз Иран, пишува „Телеграф“.Свини рече дека од владата на Обединетото Кралство бара појаснување за улогата на американските авиони кои го користат аеродромот, додавајќи дека смета оти ударите се „спротивни на меѓународниот поредок заснован на правила“, кој треба да го насочува однесувањето на државите и да спречува конфликти.„Бараме појаснување од владата на Обединетото Кралство за целта на американските летови што пристигнуваат и заминуваат од Прествик, но немаме можност да ги провериме тие летови“, изјави Свини во емисијата на Би-Би-Си „Sunday With Laura Kuenssberg“. На прашањето дали би ги забранил американските воени летови што се користат во воздушни напади, одговори: „Да, тоа е опција што би ја разгледал, но за таква одлука ми се потребни информации.“Пред нападите врз Иран, на аеродромот јужно од Глазгов биле забележани авиони на американските воздухопловни сили. Според „Дејли мејл“, меѓу нив имало десет ловци Ф-35, два јуришни авиони А-10 „Тандерболт II“ и два транспортни авиони Ц-17А „Глоубмастер III“. Фотографиите на леталата поттикнаа шпекулации дека Прествик се користи како база за напади врз Иран, но британското Министерство за одбрана соопшти дека аеродромот не се користи за започнување напади.Претходно оваа недела британскиот премиер Кир Стармер ја поддржа американската „одбранбена“ акција на Блискиот Исток, откако првично не дал одобрување. По таа промена, четири американски бомбардери Б-1 „Лансер“ слетаа во базата РАФ Ферфорд во Глостершир.Аеродромот Прествик е во сопственост на шкотската влада од 2013 година. Иако најголем дел од летовите се товарни, во последните години се регистрирани и стотици воени летови. Откако започна војната, Свини се соочува со политички притисок да им забрани на САД да го користат аеродромот за напади врз Иран.На парламентарна седница на 6 март, Рос Грир, копретседател на Шкотската зелена партија, го обвини Свини дека „седи со скрстени раце“ поради молкот за користењето на аеродромот. „САД користат аеродром во сопственост на шкотската влада за водење нелегална војна, при што се убиваат стотици, ако не и илјадници невини луѓе“, рече Грир.Од друга страна, Мурдо Фрејзер, портпарол на шкотските конзервативци за економија, порача дека Свини треба да се занимава со прашања кои се во негова надлежност. Според него, Прествик и соработката со американската војска се од витално значење за шкотската економија.Портпарол на шкотската влада нагласи дека министрите не одлучуваат кои „клиенти“ ќе ги опслужува аеродромот и дека таквите одлуки ги носи владата на Обединетото Кралство. Од британското Министерство за одбрана соопштија дека Прествик е цивилен меѓународен аеродром во сопственост на шкотската влада и дека САД не го користат за започнување воени напади.Во соопштението се додава дека Обединетото Кралство им дозволило на САД да користат британски воени бази за специфични одбранбени мисии со цел уништување на иранските ракетни способности кои претставуваат закана за британските граѓани, базите и партнерите во регионот. Шкотската влада, пак, наведе дека не собира ниту поседува информации за целта на летовите што ги користат шкотските аеродроми.Министрите оваа недела побарале појаснување од владата на Обединетото Кралство дека ниту еден авион не поминал низ аеродромите во сопственост на шкотската влада како дел од офанзивни операции против Иран, по што ќе го информираат парламентот.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Помала поддршка поради Иран значи помалку противвоздушна одбрана за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да се продолжи, што би можело да доведе до тоа партнерите на Киев да посветуваат помалку внимание на Украина и да ја намалат испораката на системи за противвоздушна одбрана. Тој го изјави ова денеска на прес-конференција со премиерот на Холандија, Роб Јетен, во Киев, јавува Ukrainska Pravda.„Се надевам дека војната на Блискиот Исток нема долго да трае, не само затоа што се грижам за Украина, туку и затоа што секој загубен или уништен човечки живот е трагедија. Во меѓувреме, не гледаме напредок во мировните преговори. Ако трајниот мир или прекинот на огнот не се договори во првите денови на конфликтот, постои голем ризик од негово продолжување“, рече Зеленски.„Тоа дефинитивно ќе влијае на ситуацијата во Украина. Помал фокус значи помала поддршка. Помала поддршка значи помалку противвоздушна одбрана“, додаде тој.Зеленски исто така изјави дека Русија ѝ помага на иранската власт. „Русија ѝ пружа помош на иранскиот режим. Знаеме што е досега испорачано, иако точниот обем на таа помош не е целосно познат. Добра работа е што изгледа иранскиот режим не е во состојба да ѝ обезбеди на Русија ракети и друго оружје кое се користи во нападите врз Украина“, рече тој.Украинскиот претседател најави и дека експерти за пресретнување дронови следната недела ќе заминат на Блискиот Исток.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иранскиот министер: Никој не знае кој ќе биде следниот врховен лидер

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека никој не знае кој ќе биде следниот врховен лидер, во услови на извештаи дека телото одговорно за изборот веќе избрало замена за ајатолах Али Хамнеи.Во емисијата на NBC „Meet The Press“ во неделата, Аракчи рече: „Се шират многу гласини, но мораме да почекаме Советот на експертите да се состане и да гласа за новиот врховен лидер.“Советот е тело составено од 88 високи клирици кои го бираат врховниот лидер на Иран, а членовите се избираат од иранските гласачи.Додека советот не се состане, на власт е привремено водство, а сите ирански институции продолжуваат да ја извршуваат својата работа. Некои набљудувачи сметаат дека новиот лидер не може да биде именуван додека советот не се состане лично.Аракчи беше прашан и за тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека мора да има збор во изборот на новото иранско раководство. „Не дозволуваме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Тоа е на иранскиот народ,“ рече тој. „Тоа е исклучиво работа на иранскиот народ.“Иран, исто така, не би прифатил барање на Трамп за безусловно предавање. Аракчи додаде дека Иран во јуни минатата година прифатил примирје, но овојпат е потребен траен крај на војната. „Никој не сака да ја продолжи оваа војна,“ рече тој, додавајќи дека Иран ќе продолжи да дејствува само во самоодбрана.Тој нагласи дека Иран не напаѓа соседи, туку американски објекти и инсталации во арапските земји на Персискиот залив.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрување од САД

Иран денеска објави дека избрал нов врховен лидер, а иако неговото име сè уште не е познато, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новиот лидер „не ќе потрае долго“ ако претходно не добие негово одобрување, јавува ABC News. „Ќе мора да добие наше одобрување“, рече претседателот за ABC News. „Ако не го добие нашето согласување, нема долго да се задржи. Сакам да бидеме сигурни дека нема да мораме да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да го реши тоа.“Тој додаде: „Не сакам луѓето за пет години да мораат повторно да се враќаат и да ја прават истата работа, или уште полошо, да им дозволиме да набават нуклеарно оружје.“

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања