Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library0fpvvbk54u8kfvBs96Q

САД: Погодивме над 90 воени цели на клучниот ирански остров

Американското Седиште за централно командување (CENTCOM) објави дека ноќните напади на иранскиот остров Харг уништиле повеќе од 90 воени објекти, вклучувајќи складишта за поморски мини и бункери за ракети, додека нафтената инфраструктура останала непроменета. CENTCOM на социјалната мрежа X истакна дека американските сили извршиле „голем прецизен напад“ насочен кон воениот сектор на островот, кој се наоѓа покрај иранската обала и претставува клучна точка за извоз на иранската сурова нафта, преку чиј терминал поминува околу 90 проценти од вкупниот извоз.Иранските функционери соопштија дека извозот на нафта од островот Харг се одвива нормално. Заменик-губернерот на провинцијата Бушер, Есан Џаханијан, изјави дека, „впечатливо, покрај бруталниот напад на ционистичко-американскиот режим“, активностите на терминалот продолжуваат непречено. Тој додаде дека во нападите немало загинати меѓу војниците, вработените во нафтените компании ниту меѓу цивилите на островот.Оваа ескалација се случува во време на зголемени тензии во регионот, но американските напади очигледно не влијаеле на глобалниот проток на иранската нафта, што потенцијално ги ублажува непосредните економски шокови.

Свет | пред 2 седмици

media-librarye5i13dvrps4b5bIeBmb

Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но државата ќе памети и нешто друго – искрената поддршка од пријателските земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по трагичниот пожар во Кочани, нагласувајќи дека настанот претставува важна можност за размена на знаења и искуства, но и симбол на солидарноста и поддршката што меѓународната заедница ја покажа кон нашата држава во еден од најтешките моменти.Во своето обраќање, Муцунски потсети дека трагедијата во Кочани длабоко ја потресе државата и за само неколку минути едно обично утро се претворило во длабока национална болка. Во тие моменти, кога секоја минута била од исклучително значење, брзата реакција на институциите и поддршката од пријателските земји помогнале да се спасат многу човечки животи.Министерот посочи дека 115 пациенти биле згрижени и лекувани во странство, благодарение на брзата комуникација со партнерските држави, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на бројни земји да обезбедат медицинска помош.„Во тие тешки денови се покажа вистинската сила на дипломатијата и меѓународната солидарност. Токму во вакви моменти станува јасно дека вистинската вредност на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи“, истакна Муцунски.Тој изрази искрена благодарност до владите, амбасадите, институциите и народите на пријателските земји кои без двоумење ја подадоа раката за помош, нагласувајќи дека токму во вакви моменти најјасно се согледува значењето на меѓународното пријателство и партнерство.Муцунски упати посебна благодарност и до докторите и медицинските тимови – како во Македонија, така и во странство – кои со својата посветеност, професионалност и пожртвуваност придонеле за спасување на човечки животи.Во своето обраќање тој нагласи дека трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но дека државата ќе памети и нешто друго – искрената поддршка и солидарност што ја покажале пријателските земји во најтешките моменти.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2fo3d1bl9j60dcYLNbx

Петар Огњеновиќ: Кога ќе видите сметка за струја знаете -РЕК е алка во бизнис шемата на Мицкоски

Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е уште една алка во бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор, обвинија од СДСМ.На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека антикорупцискиот тим на партијата континуирано ја открива, како што рече, мрежата на бизнис-интереси во енергетиката поврзани со Мицкоски.Според Огњеновиќ, Иван Куковски е близок до семејството на Мицкоски и претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска.Тој обвини дека Мицкоски поставува свои луѓе на клучни позиции во енергетскиот сектор, кој, како што рече, е негов „омилен бизнис“.Огњеновиќ нагласи дека РЕК Битола има клучна улога во производството на електрична енергија во државата, посочувајќи дека кога се произведува помалку струја мора да се увезува, а увозната електрична енергија е значително поскапа.„Кога Македонија увезува струја – цената е многу повисока, а тоа на крај го плаќаат граѓаните“, рече Огњеновиќ.Тој додаде дека во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминале 200 милиони евра. Според него, иако биле планирани околу 5.000 GWh производство на електрична енергија, реализирани биле околу 3.000 GWh.„Ова е најлошото производство во историјата на Македонија“, рече Огњеновиќ, поставувајќи прашање дали ваквото потфрлање е случајно.Тој наведе дека, покрај назначувањето на Куковски во РЕК Битола, во Развојната банка била поставена сопругата на партнер на Мицкоски во хидроцентрали, додека во Владата, според него, министерката Сања Божиновска е поврзана со компанијата Руднап груп.Огњеновиќ истакна дека, според СДСМ, станува збор за една иста бизнис мрежа која се протега од офшор компании на Кипар, преку бизнисменот Адамовиќ, до поврзаности со „Руднап груп“.„Сите блиски до оваа мрежа се поставуваат на клучни позиции во енергетиката. Сè е бизнис за Мицкоски, а најомилен му е бизнисот со струја“, изјави Огњеновиќ, додавајќи дека граѓаните, кога ќе добијат повисоки сметки за струја, ќе знаат зошто.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6ah3gk8ietqnaDVId9o

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека зад денешните работнички протести стои СДСМ, а не Сојуз на синдикатите на Македонија, тврдејќи дека партиски луѓе ја организирале мобилизацијата на работниците од повеќе градови низ државата.Според Петрушевски, јавноста можела јасно да види дека наместо синдикатот, зад организацијата на протестите стојат структури поврзани со СДСМ, кои ги организирале работниците да дојдат на протест во Скопје.Тој наведе дека во Тетово и поширокиот регион работниците ги организирал Мирослав Павловски, за кого рече дека е истакнат член на СДСМ. Според него, работниците од Струмица и околината ги организирал Бранко Георгиев, поранешен раководител во струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ во период кога на власт била СДСМ.Петрушевски тврди дека работниците од Куманово и кумановскиот регион ги организирал Оливер Трајковски, за кого рече дека води штаб на СДСМ во Куманово и е вработен во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.„И сите овие, како и други од СДСМ кои се во организацијата на денешниот протест, наместо да ја зајакнуваат партијата која се движи кон пропаст, решиле да организираат протести на ССМ“, рече Петрушевски.Тој додаде дека барањата на работниците се легитимни и дека тие имаат право да бараат нивно исполнување, но оцени дека начинот на кој се организирани протестите не претставува синдикална активност и вистинска борба за работничките права.Според него, примерите од организацијата на протестот покажуваат дека постои „знак на равенство“ меѓу ССМ и СДСМ.Петрушевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, но оцени дека, како што рече, „она што го прават СДСМ и ССМ е измама“.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0du62i5md8ld4xmZREy

Симона Цветановски: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

СДСМ соопшти дека целосно го поддржува протестот на работниците кои бараат повисоки плати и подобри услови за живот, оценувајќи дека нивната борба е борба за достоинство и праведна заработувачка.На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, изјави дека работниците со право излегуваат на улица барајќи достоинствени плати и подобар живот, нагласувајќи дека зад секоја плата стои труд, посветеност и надеж за подобра иднина.Таа го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ги изневерил и понижил работниците, наведувајќи дека ги нарекува „хистерични“ затоа што бараат минимална плата од 600 евра.„Додека работниците бараат достоинствена плата, Мицкоски носи часовници вредни колку 150 минимални плати. Уште вели дека можеле работниците и без одмор, па следно можеби ќе каже дека можат и без да јадат“, рече Цветановски.Таа истакна дека СДСМ и претходно работела на зголемување на платите, потсетувајќи дека минималната плата во периодот кога партијата била на власт пораснала од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната од 22.000 на над 42.000 денари.Според неа, партијата и сега поднела законско решение со кое се предлага минимална плата од 600 евра, но Владата го одбила предлогот.Цветановски нагласи дека протестот на синдикатите не е политика, туку борба за достоинство, праведна плата и подобар живот за секое семејство.„Ние нема да го злоупотребуваме вашиот протест ниту ќе го политизираме. Сите членови на СДСМ кои се и членови на синдикатите ги повикуваме да се приклучат. Ова е ваша борба, а гласот на работниците мора да се слушне“, порача таа.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydgpucq9b07ov567UOoD

Кремљ: Светскиот енергетски пазар не може да функционира без руската нафта

Кремљ соопшти дека глобалниот енергетски пазар не може да функционира без руската нафта, откако Соединетите Американски Држави ги ублажија ограничувањата за купување одредени руски нафтени производи во услови на нарушувања на пазарот предизвикани од војната со Иран.„Ситуацијата е јасна. Меѓународната енергетска инфраструктура не може да си дозволи губење на големи количини руска нафта“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна новинска агенција ТАСС.Тој додаде дека руската нафта му е неопходна на глобалниот пазар и дека нејзиното повторно враќање придонесува за поголема стабилност. „Таа руска нафта е потребна, а сега, кога дел од неа повторно почнува да влегува на енергетските пазари, се појавува поголема стабилност“, рече Песков.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот издаде нова дозвола со која на одредени земји им се овозможува да купуваат одредени руски нафтени производи.Истиот ден цената на нафтата Brent crude го заврши тргувањето над 100 долари за барел, првпат од август 2022 година, додека војната со Иран продолжува и дополнително ги потресува глобалните енергетски пазари.Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше американската одлука и ја оцени како „погрешна“, нагласувајќи дека сака да спречи Русија да ја искористи војната со Иран за да ја ослаби Украина.Во меѓувреме, конфликтот меѓу САД, Израел и Иран влезе во втората недела и веќе има сериозни последици за светскиот пазар на нафта. Сообраќајот на танкери низ Ормутски теснец – преку кој минува околу една петтина од светската трговија со нафта – практично е запрен поради безбедносните ризици.Цените на нафтата нагло пораснаа, а аналитичарите предупредуваат дека дури и брз крај на конфликтот не мора нужно да значи и брзо повторно отворање на овој клучен поморски правец за глобалната енергетска трговија.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Ирански проектил погоди станбена зграда во централeн Израел, нема пријавени жртви

Ирански проектил во текот на ноќта погоди станбена област во централниот дел на Израел, во близина на градот Шохам, при што е оштетена една зграда и целосно е уништен нејзиниот покрив, соопшти Израелските одбранбени сили.Од војската наведоа дека во текот на ноќта биле детектирани ирански проектили насочени кон Израел. На местото на ударот се наоѓаат припадници на итните служби кои вршат увид и ја проценуваат штетата.Засега нема извештаи за жртви.

Свет | пред 2 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Акциска контрола во Карпош: Шест лица приведени

Шест лица се лишени од слобода во акциска контрола што ја спроведе полицијата на подрачјето на скопската општина Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.Акцијата била реализирана во текот на ноќта меѓу 13 и 14 март во близина на спортски центар, при што полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле проверка на идентитет и преглед на вкупно 33 лица.Во рамки на контролата лишени од слобода се Љ.П. (42), С.Н. (45), Љ.А. (43) и И.Ц. (37), сите од Скопје, како и М.С. (33) од Неготино и Е.Л. (21) од Република Албанија.При прегледот кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и друга прашкаста материја.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryuukeghplktda8lv7BxW

Мециновиќ со критика до власта: Кога тие владејат – другите да молчат

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ја критикуваше власта поради изјавите дека барањата на синдикатите за повисоки плати се политички мотивирани.Во објава на социјалните мрежи, Мециновиќ се осврна на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски, како и на изјавите на претседателот на Собранието Африм Гаши и претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, кои, според него, повикуваат општествените проблеми да не се политизираат.Тој се осврна и на изјава на министерот за култура Зоран Љутков, кој неодамна оцени дека настапите на Синдикатот за култура претставуваат „еден вид политичко дејствување“.„Заклучокот е дека откако тие ќе се устоличат политички – ние останатите треба да се откажеме од политичкото, за тие мирно да владеат“, напиша Мециновиќ.Според него, како што политички се привилегиите и институционалната моќ на власта, така политичко е и синдикалното и опозициското организирање на граѓаните.На крајот од пораката, Мециновиќ ги повика граѓаните да се организираат и да се спротивстават на, како што наведе, обидите за ограничување на општественото делување.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvekom2a4nnal469ZoEN

Алиу: Трагедијата во Кочани нè научи дека системот мора да биде уште поподготвен

Министерот за здравство, Азир Алиу, во воведното обраќање на Меѓународната конференција „Институционалните и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“ се осврна на искуствата на здравствениот систем по трагедијата, од првичната интервенција и спасувањето на повредените, до третманот, рехабилитацијата и потребата од системски подобрувања.Тој упати благодарност до повеќе од 400 здравствени работници од јавните и приватните здравствени установи во државата, кои, како што нагласи, во тие денови работеле со исклучителна пожртвуваност и професионализам.„Вашата професионалност, солидарност и хуманост ќе останат длабоко запаметени. Во моменти кога секоја минута значеше надеж, вие бевте вистински партнери во борбата за секој човечки живот“, истакна Алиу.Министерот потсети дека голем број тешко повредени пациенти биле транспортирани на лекување во странство, при што 115 пациенти биле испратени во здравствени установи низ Европа.Според него, ова било овозможено благодарение на координираната работа на главниот кризен штаб, како и на кризните штабови во Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи, со што бил воспоставен висок степен на меѓуинституционална координација.Алиу нагласи дека последиците од трагедијата не се само физички, туку и психолошки, па затоа психолошката и психосоцијалната поддршка била третирана како составен дел од здравствениот одговор.Тој посочи дека искуството од Кочани ја покажало потребата од дополнително јакнење на капацитетите на медицинските тимови, особено за третман на тешки изгореници, масовни несреќи и долготрајна рехабилитација.„Нашата најголема обврска кон жртвите и повредените е да продолжиме да градиме систем што ќе штити, ќе реагира навреме и ќе обезбедува највисоко ниво на грижа за секој граѓанин“, порача министерот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп: Војната со Иран ќе заврши кога ќе го почувствувам тоа во коските

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да се обврзе на конкретен рок за завршување на војната со Иран, изјавувајќи во интервју дека борбите ќе престанат кога тоа ќе го почувствува „во своите коски“.Во разговор за Fox News Radio, Трамп рече дека не очекува војната да трае долго, но навести дека токму тој ќе знае кога ќе дојде крајот на конфликтот. „Ќе заврши кога ќе го почувствувам тоа, кога ќе го почувствувам во коските“, изјави тој.Администрацијата на Трамп досега испраќаше различни пораки за времетраењето на конфликтот. Високи функционери повремено наведуваа дека војната би можела да трае од неколку дена до неколку месеци. Самиот Трамп во петокот изјави дека очекува скор завршеток на борбите, но додаде дека, доколку е потребно, тие би можеле да продолжат и на неопределено време.Претседателот ги отфрли извештаите дека Соединети Американски Држави се соочуваат со недостиг на муниција. „Никој нема технологија и оружје какво што имаме ние. Далеку сме пред планот“, изјави Трамп за новинарот Брајан Килмид од Fox News. Тој додаде дека САД располагаат со „практично неограничена муниција“ која можат да ја користат „неограничено долго“.Иако навести дека одлуката за крајот на војната ќе се темели на неговата лична проценка, Трамп рече дека се консултира со клучни соработници, меѓу кои министерот за одбрана Пит Хегсет, државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот Џеј Ди Венс.Портпаролката на Белата куќа Ана Кели изјави дека операцијата „Епски бес“ ќе продолжи сè додека претседателот, како врховен командант, не утврди дека нејзините цели се целосно постигнати, вклучително и тоа Иран повеќе да не претставува воена закана.Претходно, министерот за одбрана Хегсет изјави дека победата е сигурна и ги обвини медиумите за, како што рече, непријателско известување за војната.Трамп се осврна и на економските последици од конфликтот, нагласувајќи дека американската економија е најголема во светот и дека ќе се „опорави веднаш и многу брзо“. Неговата администрација се обидува да ја намали загриженоста поради растот на цените на нафтата и гасот, откако во февруари започна американско-израелската воена акција против Иран.Според податоци на Пентагон, војната предизвикала најголемо нарушување во снабдувањето со нафта во историјата и само во првата недела чинела околу 11 милијарди долари. Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека САД се најголем производител на нафта во светот и дека со растот на цените на нафтата земјата заработува многу пари.

Свет | пред 2 седмици

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Сања Божиновска и „Руднап“ се клучниот линк во бизнис мрежата на Мицкоски

Антикорупцискиот тим на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) тврди дека секојдневно открива нови делови од, како што наведуваат, бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор.Од партијата велат дека релациите со бизнисменот Душан Адамовиќ водат до Кипар и до офшор компанија поврзана со енергетиката. Според нив, преку Кипар се доаѓа до компанијата Алтарија рисрч лимитед, чиј краен сопственик е Руднап груп, холдинг компанија на српскиот енергетски бизнисмен Војин Лазаревиќ.СДСМ прашува кој е поврзан со „Руднап груп“ во Владата на Мицкоски и посочува дека станува збор за министерката за енергетика Сања Божиновска, која, според нив, била лично назначена од премиерот.Од партијата тврдат дека Божиновска претходно била извршен директор во „Руднап груп“, каде што била одговорна за активности во Србија, Македонија, Бугарија и други земји во регионот. Таа се поврзува и со компанијата Руднап ДООЕЛ Скопје, каде што, според СДСМ, била управител.Според СДСМ, токму „Руднап“ е врската што ги поврзува бизнис интересите во енергетиката со политичките структури, односно со Српска напредна странка (СНС) во Србија и ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.Од партијата велат дека со овие врски почнува да се „одмотува енергетското клопче“ од компании и релации кои, како што тврдат, водат до бизнис интереси поврзани со енергетскиот сектор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови детални урбанистички плана, за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“. Донесувањето на овие ДУП-ови претставува усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012–2022. Дополнително, за првпат се носи детална урбанистичка документација за просторот околу Калето, со што се отвораат можности за современо уредување и подобра организација на просторот.Со новите планови се унапредува сообраќајната и пешачката инфраструктура, а се предвидуваат и нови велосипедски патеки на главните улици „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“. Тие ќе бидат поврзани со рекреативната патека покрај Вардар, со цел да се обезбеди функционална велосипедска мрежа на растојание од 200 до 300 метри. Предвидено е и подобрување на условите за пешаците, со пошироки тротоари и нови дрвореди.На најатрактивниот дел покрај Вардар приоритет ќе имаат пешаците, со дозволен пристап на возила само  за објектите кои имаат одобрение за градење со такви услови.Во планот за ДУП Градска четврт ЦС 01 се предвидува спортски објект на државно земјиште покрај кејот, со површина од 9.295 квадратни метри. Во претходниот план на истиот простор беа предвидени хотелски комплекси.Со ДУП Градска четврт ЦС 14, на приватното земјиште под Калето се планира изградба на пониски хотели со катност П+3, додека на државното земјиште се предвидува парковско зеленило со површина од 3.074 квадратни метри. Јужно од планираниот профил на булеварот „Климент Охридски“ се планираат содржини од јавен интерес , парковско зеленило со површина од 2.280 квадратни метри и јавен паркинг со површина од 3.765 квадратни метри.„Со ДУП Градска четврт ЦС 14 за првпат на ниво на детално планирање се разработува просторот на Скопското Кале. Планираме да создадеме поврзан, уреден и инклузивен простор. Предвидуваме и можност за поставување музејски изложби на отворено, со што овој симбол на Скопје, богат со историја и култура, ќе го доближиме уште повеќе до граѓаните и посетителите. При подготовката на планот ги земавме предвид и сугестиите на стручните лица од Музејот на современа уметност“,  рече  градоначалникот Горан Герасимовски.

Скопје | пред 2 седмици

media-library8ctk9p8hmipe9R2sAKM

ЈП „Охридски комуналец“: Континуирани мерки за стабилизација на депонијата Буково

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека надлежните служби континуирано преземаат конкретни активности за справување со состојбата на депонијата Буково, по реакциите од прес-конференција на политичка партија.„Станува збор за специфична состојба карактеристична за ваков тип депонии, бидејќи при распаѓањето на отпадот се ослободува метан, лесно запаллив гас кој може да предизвика тлеење или пожар. Затоа се потребни постојани активности за контрола и стабилизација на депонијата“, истакнуваат од претпријатието.Во изминатите денови на депонијата се однесени и распоредени околу 1000 м³ земја за покривање на опожарените делови и намалување на ризикот од повторно разгорување и ширење на чад. Дополнително, е изработен заштитен појас околу критичните делови за поголема контрола на состојбата. Во текот на 2025 година, рекордна количина од над 7000 м³ земја е распоредена за стабилизирање на отпадот, што значително ја намалило опасноста од пожари и непријатни миризби.„Депонијата Буково претставува децениски проблем кој долго не бил системски решаван, вклучително и во периодите кога истата политичка партија била на власт“, додаваат од ЈП „Охридски комуналец“.Претпријатието паралелно ја унапредува примарната селекција на отпадот од домаќинствата и хотелските капацитети за намалување на количините отпад што завршуваат на депонијата. Дополнително, во тек е проектот за регионална депонија во Новаци, кој ќе овозможи постепено затворање на Буково и долгорочно решение за управување со отпадот во регионот.„Апелираме ова прашање да не се користи за дневно-политички цели, туку сите чинители да придонесат со конструктивни предлози за трајно решавање на долгогодишниот проблем, во интерес на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“, велат од претпријатието.

ОО | пред 2 седмици

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Осумнаесетгодишна возачка осудена на 14 месеци во воспитна установа откако со брзо возење усмрти двајца пријатели

Осумнаесетгодишна возачка од Велика Британија е осудена на 14 месеци престој во воспитна установа за млади, откако предизвика сообраќајна несреќа во која загинаа двајца нејзини пријатели.Медлин Лонсдејл во јуни минатата година управувала автомобил со брзина до 160 километри на час, по што изгубила контрола и удрила во дрво. Во несреќата на местото на настанот загинале нејзините сопатници, 18-годишниот Харисон Картер и 17-годишниот Џорџ Стивенсон.Несреќата се случила на 20 јуни минатата година во местото Марстон во англиската грофовија Линколншир, на автопатот А1. На судењето било наведено дека непосредно пред несреќата таа се тркала со пријател кој возел друг автомобил и во еден момент достигнала брзина од 160 километри на час.Во моментот кога излетала од патот управувала со автомобил „Киа Ниро“. На делницата каде што ограничувањето на брзината било 96 километри на час, таа возела 122 километри на час и погрешно ја проценила кривината, по што автомобилот излетал од коловозот и удрил во дрво. Двајцата патници починале на местото на несреќата, додека возачката поминала само со полесна повреда на зглобот. Таа возачка дозвола добила само 12 недели пред трагедијата.Обвинетата ја признала вината по две точки од обвинението за предизвикување смрт со несовесно возење.На судењето, семејствата на жртвите изразиле голема тага и револт поради нејзиното однесување по несреќата. Мајката на Харисон, Сара Картер, изјавила дека нејзиниот син повеќе го нема затоа што возачката решила да вози пребрзо и дека никогаш нема да може да ги прослави неговите извонредни резултати на испитите ниту планираната кариера во правото.Таа посочила дека додека семејството го организирало погребот, обвинетата продолжила да излегува и да објавува видеа на социјалните мрежи. Мајката на второто момче, Викторија Стивенсон, изјавила дека наместо да го прослават 18. роденден на својот син, тие биле принудени да организираат погреб.Семејствата дополнително ги погодило тоа што првото судско рочиште било одложено за две недели, бидејќи обвинетата заминала на скијање.Адвокатот на одбраната, Џон Мекнали, изјавил дека неговата клиентка е свесна за болката што ја предизвикала и дека ќе го носи товарот од трагедијата до крајот на животот.Покрај казната од 14 месеци во воспитна установа за млади, судот ѝ изрекол и забрана за управување моторно возило во траење од три години.

Свет | пред 2 седмици

media-library3f0uarj2a11t1P1qHZu

Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

„Минималната плата ќе порасне така како што ќе се договарат работодавачите и работниците, со оглед на тоа дека Владата во овој дијалог ги има испочитувано во крај своите права или обврски кон оние на коишто е работодавач, бидејќи 99% од државната управа има склучено колективни договори со Владата“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.Стојаноски нагласи дека усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.„За нас, ете и за мене лично, оној став дека најдобрата плата е таа која што ќе биде реално исплатена, е едноставно најдобра плата, бидејќи на крајот од денот работниците треба таа плата и да ја примат. Ние можеме тука да лецитираме со бројки коишто сметаме дека можеби се примамливи, но на крајот од денот треба да гарантираме дека тоа коешто ќе го кажеме, носиме одговорност и дека ќе биде исплатено“, рече пратеникот Стојаноски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0betk7jm6oed7oYFGtt

Бразил воведе високи царини за извоз на нафта и дизел за да ги намали цените на домашниот пазар

Владата на Луиз Инасио Лула да Силва воведе нови царини за извоз на нафта и дизел со цел да обезбеди доволни количини гориво на домашниот пазар и да ги намали трошоците за земјоделците во услови на раст на цените на енергенсите на светските пазари.Според одлуката, Бразил воведе царина од 50 проценти за извоз на дизел и 12 проценти за извоз на нафта. Во исто време, федералните давачки PIS и Cofins за дизел се намалени на нула. Владата смета дека со овие мерки ќе се ублажи притисокот врз цените на горивата во земјата, особено на дизелот.„Цените на нафтата излегуваат од контрола“, изјави Лула на прес-конференција во Бразилија при објавувањето на мерките.Зголемувањето на цената на дизелот претставува сериозен проблем за бразилскиот земјоделски сектор, бидејќи ги зголемува трошоците за земјоделците во периодот на жетва на соја и сеидба на пченка, активности кои не можат да се одложат.Иако државната нафтена компанија Petrobras засега не ги зголеми цените на горивата на домашниот пазар, Бразил и натаму дел од потребите за дизел ги покрива со увоз. Дистрибутерите, сепак, не се подготвени да продаваат по цените на Petrobras, стравувајќи дека наскоро може да дојде до поскапување.Владата очекува дека намалените давачки ќе доведат до поевтинување на дизелот на бензинските пумпи за околу 0,64 реали (приближно 12,27 американски центи) по литар, додека производителите и увозниците ќе добијат субвенции.Според владата, царините за извоз треба да ја поттикнат домашната преработка на нафта и да обезбедат стабилно снабдување на домашниот пазар, иако засега не е јасно дали рафинериските капацитети во земјата се доволни за значително зголемување на производството на дизел.Рафинериите на Petrobras минатата година работеле со околу 91 процент од капацитетот, а компанијата во првиот квартал планирала да ја зголеми искористеноста на 95 проценти. Компанијата во четвртиот квартал оствари нето-добивка од речиси три милијарди долари, делумно благодарение на рекордниот извоз.Приходите од продажба на меѓународните пазари во периодот од октомври до декември пораснале за 41,7 проценти во споредба со истиот период во 2024 година и достигнале 42 милијарди реали, додека на домашниот пазар се намалиле за 6,8 проценти, на 85,4 милијарди реали.Министерот за финансии Фернандо Адад изјави дека новите мерки нема да влијаат врз ценовната политика на Petrobras и ќе останат во сила до крајот на годината. Владата, додаде тој, се надева и на брзо решение за конфликтот на Блискиот Исток кој придонесува за нестабилност на енергетските пазари.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Во Хрватска настана хистерија поради една ракета, другите не ги ни видоа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го посети селото Раниловиќ во општина Аранѓеловац, каде што разговараше со жителите кои го пречекаа со аплауз и овации, а за време на посетата се обрати и пред медиумите.Тој, меѓу другото, ги коментираше реакциите од Хрватска поради кинеските хиперсонични квази-балистички ракети CM-400, кои наводно се забележани на српските борбени авиони „Миг“ и за кои српските таблоиди тврдат дека имаат дострел до 400 километри, нарекувајќи ги „Загрепчанки“.„Во Хрватска настана хистерија поради една ракета. Другите не ги ни видоа“, изјави Вучиќ.Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно соопшти дека за ракетите писмено го известил генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Вучиќ во својата изјава истакна дека на Србија ѝ се потребни мир и стабилност во свет во кој, како што рече, „повеќе не владее правдата, туку неизвесноста и непредвидливоста“. Тој нагласи дека Србија ја зајакнала својата армија, но дека тоа не значи дека има намера да нападне некого.„Не мора Пленковиќ да го известува НАТО, јас ќе ги известам затоа што се гордеам со она што го заработиле српските раце. Нема да го топам српското оружје, туку ја зајакнувам Србија. Не за да нападнеме некого – можете мирно да спиете. Немојте да мислите дека некој ќе ја покори Србија“, изјави Вучиќ.Премиерот Пленковиќ претходно изјави дека писмено го информирал генералниот секретар на НАТО за набавката на кинески хиперсонични ракети од страна на Србија и дека Алијансата треба да разговара за тоа прашање.„Како што најавив вчера, испратив писмо до генералниот секретар на НАТО и го известив за ова. Сметам дека тоа е релевантна информација која Алијансата и другите членки треба да ја земат предвид“, рече Пленковиќ пред новинарите.Тој додаде дека станува збор за вид кинеско вооружување кое, според неговите зборови, „досега не било забележано на европска територија“.Вучиќ во четвртокот вечерта потврди дека Србија располага со хиперсонични балистички ракети воздух-земја, истакнувајќи дека Србија нема намера никого да нападне, но и дека стравува оти во иднина би можела да биде цел на наводен воен сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово.

Свет | пред 2 седмици

germanija-zname

Германија помогна во евакуацијата на хрватскиот војник од Либан, слета во Франција

Хрватскиот војник денеска безбедно е евакуиран од мисиијата на Обединетите нации UNIFIL во Либан. Повлекувањето на нашиот припадник е реализирано во рамки на операција за извлекување на германските војници, иницирана од Сојузна Република Германија. По евакуацијата, хрватскиот војник слета вечерва во францускиот град Орлеанс, од каде ќе се врати во Хрватска.Потпретседателот на Владата и министер за одбрана Иван Анушиќ претходно побарал и добил поддршка од германскиот министер за одбрана Борис Писториус за безбедно повлекување на нашиот војник во координираната евакуација од Либан. Министерот Анушиќ во соопштението јавно му се заблагодари на Писториус за помошта, истакнувајќи дека станува збор за најпредизвикувачката кризна зона во светот во моментов. „Германската поддршка на Хрватска е одраз на блиско партнерство и сојузничко почитување и солидарност, кои произлегуваат од политичките односи на ниво на нашите влади, но и на министерствата за одбрана“, порача министерот.Министерството за одбрана истакнува дека по наредбата на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, за повлекување на хрватските војници од Либан и Ирак, се подготвени сите формални активности неопходни за безбедно извлекување на припадниците.Исто така, започнати се формални постапки за извлекување на седум хрватски војници од НАТО-мисијата во Ирак. Оваа операција ќе се реализира кога ќе бидат исполнети условите за безбедна евакуација. „Кога хрватските војници ќе бидат евакуирани од Ирак, јавноста ќе биде навремено известена“, наведува министерството.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

САД најавија придружба на танкерите низ Ормускиот Теснец по иранските напади

Американската морнарица ќе почне да ги придружува нафтените танкери низ Ормускиот Теснец со цел да се обезбеди нивно безбедно минување по серијата ирански напади врз бродови и енергетска инфраструктура во Персискиот Залив, објави „Скај њуз“.Поради ескалацијата на нападите, цената на нафтата во четвртокот порасна над 100 долари за барел, додека акциите на светските берзи забележаа пад.Информацијата ја потврди американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Скај њуз“, истакнувајќи дека придружбата на бродовите може да започне веднаш штом тоа ќе биде воено изводливо.„Верувам дека американската морнарица, штом тоа биде возможно, ќе почне да ги придружува пловилата низ теснецот, можеби и во рамки на меѓународна коалиција“, изјави Бесент.Тој додаде дека теснецот засега не е блокиран и дека танкерите продолжуваат да минуваат низ него, меѓу кои и ирански бродови, како и пловила под кинеско знаме, што, според него, укажува дека пловниот пат не е миниран.Најавата доаѓа во момент кога новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хамнеи сигнализира дека блокадата на овој стратешки морски премин може да ја искористи како средство за притисок врз САД и Израел. Во обраќање до јавноста тој најави одмазда за американско-израелските напади, порачувајќи дека Иран „нема да се воздржи од одмазда“ за крвта на своите „маченици“.Во меѓувреме, нов бран израелски напади го погодил Бејрут.Цените на нафтата пораснаа и покрај најавата од претходниот ден дека развиените земји ќе пуштат на пазарот околу 400 милиони барели нафта од своите стратешки резерви, од кои речиси половина ги обезбедуваат САД.Во интервјуто Бесент откри и дека воениот конфликт досега ги чинел САД околу 11 милијарди долари. На прашањето дали постои цена поради која би се спротивставил на претседателот Доналд Трамп и би рекол дека САД повеќе не можат да си го дозволат конфликтот, тој одговори дека таква граница не постои.Американскиот министер за енергетика Крис Рајт претходно изјави дека придружбата на танкерите ќе се случи „релативно брзо“, но дека Вашингтон засега не е подготвен веднаш да ја започне таа операција.Бесент нагласи дека за економијата не е пресудна само цената на нафтата, туку колку долго таа ќе остане на високо ниво.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryu33d50kgqn6oewngIJP

Костадиновски: Да не се кратат платите- туку да се расчисти со судиите и обвинителите кои го валкаат образот на фелата

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека Судот повел постапка за оценување на уставноста на член 218 од Законот за извршување, кој се однесува на можноста физички и правни лица да ги наплатат своите побарувања од државните и локалните органи, посочувајќи дека станува збор за правна норма која е нејасна и лошо формулирана.Во разговор во поткастот „Каде се парите“ со новинарот Горан Теменугов, Костадиновски истакна дека уште пред пет години овој член бил разгледуван во Судот, кога тој и судијата Осман Кадриу изразиле сериозни сомнежи за неговата уставност, но мнозинството тогаш одлучило да не го укине за да се избегнат големи последици за државата.Тој посочи дека примерите наведени во иницијативата покажуваат како граѓани и компании не можат да ги наплатат своите побарувања и покрај правосилни судски пресуди, токму поради постоењето на овој член. Според него, проблематично е што нормата користи нејасни формулации како „средства неопходни за вршење на дејноста“, а на претседателот на судот му се остава дискреционо право да одлучува кои средства спаѓаат во таа категорија.Костадиновски нагласи дека целта на законодавецот била да се заштити јавниот интерес и функционирањето на јавните претпријатија, но предупреди дека нивните долгови достигнуваат околу 200 милиони евра и дека станува збор за реални пари што им се должат на граѓани и компании. Тој оцени дека евентуалната одлука на Судот може да придонесе за поголема финансиска дисциплина и одговорност во управувањето со јавните претпријатија.На прашањето дали постојат притисоци од извршната власт во врска со вакви чувствителни законски прашања, претседателот на Уставниот суд ги отфрли таквите тврдења. Според него, при донесувањето на одлуките судиите ги земаат предвид сите околности и можните последици врз правниот поредок, правата на граѓаните и државниот буџет.Костадиновски се осврна и на прашањето за примената на Законот за облигациони односи по укинувањето на измените од страна на Уставниот суд минатата година. Тој објасни дека со измените бил воведен рок на застарување од пет години, кој бил применуван околу една година, што значи дека во тој период дел од побарувањата веќе застареле и не можат да се наплатат.Според него, дополнителен проблем создава фактот што одлуката на Судот била укинувачка, а не поништувачка, што отвора дилема дали со тоа автоматски се враќа во сила претходното законско решение. Костадиновски оцени дека честите измени на законите создаваат правна несигурност и непредвидливост.Говорејќи за надлежностите на Уставниот суд, тој изјави дека Судот треба да може да решава и ситуации во кои постои судир меѓу два закона, бидејќи во спротивно се остава простор за арбитрарна примена на правото. Како пример го наведе Законот за платите на избраните и именуваните функционери, каде што, според него, законодавецот вовел ново правило за фиксна основица на платите, но не го ставил вон сила старото правило за пресметка врз основа на просечната плата.Костадиновски во разговорот се осврна и на состојбите во судството, оценувајќи дека судската власт се соочува со недостиг на ресурси, кадар и техничка поддршка, што влијае врз нејзината ефикасност. Тој нагласи дека не ја амнестира судската власт од одговорност и дека самото судство треба да се справи со корумпираните судии и оние со политички врски, кои, како што рече, го нарушуваат угледот на целата професија.Во однос на платите на судиите и јавните обвинители, Костадиновски истакна дека, согласно меѓународните стандарди и принципот на независност на судството, тие не треба да се намалуваат, но додаде дека носителите на овие функции мора да ја оправдаат довербата и да придонесат за расчистување со појавите што го компромитираат судскиот систем.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg3vfgh41j5c577E3FDY

Американската војска нуди награда за крадци кои украле воени дронови од база во Кентаки

Американската копнена војска нуди награда за информации што ќе помогнат во апсењето на двајца осомничени кои украле воени дронови од воена база, во период кога расте загриженоста од можни ирански напади со беспилотни летала на територијата на САД.Службата за криминалистички истраги на копнената војска објави дека нуди награда од 5.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на лицата осомничени дека во ноември минатата година украле дронови од базата Форт Кемпбел во сојузната држава Кентаки, објави „Њујорк пост“.Кражбата се случила меѓу 21 и 24 ноември, но воените власти не соопштија кога точно било откриено дека опремата недостасува.Станува збор за дронови од типот „Скајдио X10D“, лесни квадрокоптери со голем дострел кои се користат за воздушен надзор и извидување. Според производителот, овие беспилотни летала користат вештачка интелигенција за избегнување пречки и можат да се поврзат на 5Г мобилни мрежи, што овозможува речиси неограничен дострел на сигналот. Вредноста на еден ваков дрон се проценува на околу 30.000 долари.Воените истражители објавија фотографии од двајцата осомничени, кои носеле ракавици, светли јакни и зимски капи, додека еден од нив имал и маска на лицето. Објавени се и снимки од две возила за кои се сомнева дека биле користени при бегството – светла лимузина со четири врати и темен пикап.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

Војната против Иран ги чинела САД повеќе од 11 милијарди долари за само шест дена

Војната против Иран ги чинела Соединетите Американски Држави повеќе од 11,3 милијарди долари (околу 9,8 милијарди евра) во првите шест дена од конфликтот, им било соопштено на сенаторите од Комитетот за вооружени сили на Сенатот од страна на претставници на американското Министерство за одбрана. Информацијата, повикувајќи се на три извори запознаени со затворениот брифинг одржан во вторникот, прв ја објави „Њујорк тајмс“.Во споменатата сума, како што наведува весникот, не се вклучени бројни поврзани трошоци, како што се распоредувањето воена опрема и дополнителни сили пред почетокот на нападите. Поради тоа, пратениците очекуваат конечната бројка значително да се зголеми додека Пентагон ги пресметува сите трошоци од првата недела на воената операција против Иран.Се очекува Белата куќа да побара дополнителни средства за финансирање на конфликтот, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека САД располагаат со „практично неограничени резерви“ муниција од среден и поголем калибар.Администрацијата на Трамп сè уште нема објавено официјална проценка за вкупната цена на конфликтот, а воедно испраќа и нејасни сигнали за неговото можно времетраење. Самиот Трамп вчера изјави дека САД победиле во војната, но додаде дека американските сили ќе останат во борба за да „ја довршат работата“.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Овој мал остров би можел да биде вистинската цел на операцијата „Епски бес“

Американскиот претседател Доналд Трамп со децении го сметал иранскиот остров Харг за слаба точка на Исламската Република. Уште во 1988 година, во интервју за британскиот весник „Гардијан“, тогашниот њујоршки бизнисмен изјавил дека би го зазел островот доколку Иран нападне американски брод или војник.Харг се наоѓа на околу 25 километри од иранскиот брег во Персискиот Залив и е главниот извозен терминал за иранската нафта. Од таму се извезуваат околу 94 проценти од суровата нафта што Иран ја продава во странство, најмногу кон Кина.Иако во американско-израелските напади врз Иран беа погодени бројни воени цели, островот засега останал недопрен. Сепак, се појавуваат шпекулации дека токму неговото заземање би можело да биде клучната цел на операцијата „Епски бес“, со што Иран би бил лишен од најважниот извор на приходи.Контролата врз Харг би ѝ овозможила на Америка силен притисок врз иранските власти, бидејќи приходите од извозот на нафта сочинуваат околу 40 проценти од државниот буџет на Иран. Советникот на Белата куќа Џарод Ејџен изјави дека САД сакаат „огромните ирански резерви на нафта да ги извлечат од рацете на терористите“, што дополнително ги поттикна шпекулациите дека островот е во центарот на американската стратегија.Аналитичарите оценуваат дека евентуалното заземање на Харг би ја пресекло „нафтената артерија“ на Иран и би ѝ дало на Америка силна преговарачка позиција. Островот, кој е помал од половина од Менхетен, е релативно изолиран и не е силно утврден, што според некои воени експерти би го направило ранлив на заедничка американско-израелска операција.Сепак, таков потег би барал распоредување копнени сили, на што Трамп досега не покажал подготвеност. Дополнително, напад врз Харг би можел да има сериозни последици врз глобалниот енергетски пазар, бидејќи низ Ормутскиот Теснец, во чија близина се наоѓа островот, поминува околу една петтина од светскиот извоз на нафта и течен природен гас.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Белата куќа ги демантира наводите за ирански напади со дронови врз западниот брег на САД

Белата куќа ги отфрли тврдењата дека Иран планира напади со дронови врз западниот брег на Соединетите Американски Држави и побара од телевизијата ABC News да ја повлече својата вест во која се споменува таква можност.Реакцијата доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредил полициските управи во Калифорнија на можна иранска одмазда по американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде да изведе напади со дронови на западниот брег на САД.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, остро ги демантираше овие наводи и изјави дека таква закана не постои.„Оваа објава и целата приказна треба веднаш да бидат повлечени, бидејќи ABC News шири лажни информации со цел намерно да ја вознемири американската јавност“, напиша Левит.Таа додаде дека текстот се темели на една електронска порака испратена до локалните полициски служби во Калифорнија, која се однесувала на непотврдена информација.„Во пораката јасно стои дека станува збор за непотврдени разузнавачки податоци, но ABC News го изостави тој клучен податок од својата приказна“, наведе Левит.Таа нагласи дека нема никаква закана за американската територија. „Да биде сосема јасно: никаква закана од Иран кон нашата територија не постои и никогаш не постоела“, порача портпаролката на Белата куќа.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања