Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-librarytvjpmn3am0072AxEBCU

Познати добитниците на Повелбата – патрон на градот „Свети Климент Охридски“

НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“.Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за 2025 година.-НУ „Завод и Музеј“ Охрид во своето речиси 70 годишно постоење се етаблира како една од најзначајните, најстручни и најпосветени културни интитуции во Охрид и државата. Музејот е наследник на најстарите музејски традиии во Европа. Со својата богата дејност, институцијата континуирано придонесува  за зачувување, истражување и промовирање на културното наследство на Охридскиот регион.-Јорданка Матова е историчар на уметност од Охрид. Нејзината посветеност кон уметноста и музеологијата опстојува повеќе од три децении. Таа има богата кариера со бројни истражувања, изложби и научни публикации.-„Силви Бенд“ се музичко брачно дуо на Силви и Влатко Плевнеш кои имаат значаен придонес за музичката култура во Охрид и државата. Нивната музика, нивните песни и нивниот партципативен дух ја надминуваат димензијата на естрадна забава. Во 2025 година, „Силви бенд“ го прослави својот 35-годишен јубилеј.-Даниел Јовески е режисер, продуцент и музичар. Продуцира музички видеа и аудио-визуелни проекти, со што ја промовира македонската музичка сцена во регионот и пошироко. Јовески е добитник на бројни меѓународни награди и признанија.-The Backdoor Band како музички состав со преку 1500 настапи редовно учествува на фестивали, концерти, останати културни настани во нашиот град. Тие се 15 години на музичката сцена и се редовни иницијатори и организатори на бројни хуманитарни настани.

ОО | пред 3 месеци

media-librarys81uou6j8n8adCPNUUJ

Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска награда „Св. Климент Охридски – патрон на градот Охрид“

Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар,  Владимир  Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска  наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“.Одлуката е донесена едногласно од страна на петчлената комисија  во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите:  Горан Стојаноски, проф. д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо – Димоски и Горан Патчев.Владимир Ангеличин –Жура (1946- 2025)  во својата богата  професионална кариера бил  уредник на Радио Охрид (1961 -1975), а потоа уредник на весникот  на ГП „Трудбениик“ во Охрид (1975 – 1997). Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки  радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид –врз основа на истражувањата низ архивите во Охрид, Скопје и во Софија, циклусот од 20 получасовни  радио емисии посветени на охридската староградска песна , циклус од 15 телевизиски емисии инспирирани од трубадурската охридска песна и друго. Исто така, особено значајни се и неговите истражувања во областа на генеалогијата на охридските фамилии.Автор е на повеќе книги од кои посебен интерес побудува „Жура за Жура“(1995, две изданија). Од рани години се занимава со документарна  и уметничка фотографија, познат е и како рецензент и промотор на бројни книги, фотоизложби и музички настани.Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, општината ја доделува за животно дело односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и Светов.

ОО | пред 3 месеци

media-librarych2kd7l50ph94MeBvDg

(ВО ЖИВО) Топаловски во „Претрес“: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце, имаме како да провериме

„Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот – свој или на близок. Ако човекот одел во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери и казната ќе се повлече“, изјави Топаловски во гостувањето во „Претрес“.Тој додаде дека системот за „Безбеден град“ е направен така што ниту една снимка не може да биде избришана.„Системот е дизајниран никој да нема можност да избрише видео-запис. Снимките остануваат трајно – колку точно, не знам, месец или година. Но не може да се случи прекршок да не биде процесиран. Системот ќе ги обработи сите прекршоци и ќе стигне известување на електронска пошта или порака“, рече Топаловски.Следете не на:

Скопје | пред 3 месеци

media-librarysfu33e8q57okf2AR7k2

(ВО ЖИВО) Еве што ќе се казнува со „Сејф сити“

Гостин во „Претрес со Ландов” е началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски. Тој објаснува за системот „Безбеден град”, кој пробно профункционира во понеделник.За два дена има 110.000 прекршувања на законот. Местата каде се поставени камерите, се одбрани зошто статистички тука се случиле најмногу прекршувања на сообраќајните правила.„Идејата е заштита на граѓаните и безбедно возење, а не казни. Возете внимателно”, апелира началникот.МВР е задоволен бидејќи веќе вториот ден се вози повнимателно.„Ќе мериме погрешно престројување, побрзо возење, недозволено возење, непропуштање пешак. Следно е некористење мобилен и заштитен појас.СМС пораката од МВР за сторен прекршок стигнува за 5 минути.Возачот има 7 дена да одговори дали прифаќа дека сторил прекршок. Доколку вие не сте возач а сте сопственик на возилото, пријавете во МВР кој управувал со возилото”, вели Топаловски.Бара да му се даде време на системот а исклучоците и слабостите ќе се менуваат и поправаат.Системот за брзина на возење функционира според европската регулатива.Следете не на:

Скопје | пред 3 месеци

media-librarytk8edd5mgmq39QjMn1j

(ВО ЖИВО) Филипче вети, но не дојде во „Претрес”, го чекаме во јануари

Гостин во вечерашниот „Претрес со Ландов”, требаше да биде лидерот на СДСМ Венко Филипче, но тој го откажа учеството.Турбулентните случувања во СДСМ, смените на сите партиски функционери, освен тој, беа најверојатно причината, иако вчера гостуваше на друга телевизија.Претрес очекува Филипче да го одржи зборот и да гостува во јануари, зошто дадениот збор е најважен.Следете не на:

Скопје | пред 3 месеци

media-library72tvbeicqbg661UUKxe

Митева: Со „Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, зборуваше на темата за имплементацијата на системот „Сејф сити“, кој во моментов е активен од 1 декември, а пробниот период за истиот ќе трае до 1 јануари, за што  како што вели таа, претходно Владата беше транспарентна и го најави истото.„Многу долго зборувавме за овој проект и многу долго го најавуваме, и мислам дека ги кажувавме сите предности од аспект на безбедност во сообраќајот и  помалку жртви. Можевме да видиме натписи од новинари, кои што споредуваа држави од Европа, кои што го имаат имплементирано, каде што немаат во 2025 година смртен случај“, рече Митева.Митева посочи дека Владата била транспарентна, однапред најавувајќи го пробниот период за „Сејф сити“, кој во моментов е активен  од почетокот на месецот до 1 јануари. Според неа, во Скопје веќе се гледа поинаков сообраќај.„Во делот на комуникацијата, се обидовме максимално да бидеме транспарентни и нагласивме многу претходно, дека практично ќе почне примената односно со тест период од 1 декември, кој што ќе трае до 1 јануари“, истакна Митева и додаде:„Целата комуникација, можеби се сведе на тоа дали треба 51 или 52. Верувам дека на секој еден новитет, кога се воспоставува ред едноставно е очекувано да имате бурни реакции. Но она што можеме да го забележиме изминативе денови, е поинаков сообраќај во главниот град. И се надевам дека со текот на времето тоа ќе стане наша навика, односно ќе стане наш принцип на раководење со моторно возило и тоа како се однесуваме во сообраќајот“.Митева додаде дека проектот е имплементиран за само година и неколку месеци.„За година и неколку месеци, доаѓаме до имплементација на проектот. Песимизмот не се решава со зборови. Ние можеме на граѓаните да им зборуваме се најдобро, но на крајот резултатите ги даваат делата кои што ги правите“, посочи Митева.Според неа, промените бараат време за граѓаните да ги почувствуваат, по години апатија и нефункционални институции.„Јас знам дека ова е процес кој што подолго време ќе трае, јас знам дека на граѓаните подолго време ќе им треба да ја видат промената, да ја почувствуваат. Затоа што ние имавме многу долги, тешки години, на апатија на неработење, на лоши вести, на немање систем, на немање функционалност на институциите, на немање на добри проекти“, заклучи Митева.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryevigqpkollbsds7l7xZ

Филипче: СДСМ е државотворна партија со јасна визија за младите и силна борба против корупцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телма потенцираше дека политиките на партијата отсекогаш биле во духот на социјалдемократијата, насочени кон градење праведно и европско општество, а тоа ќе остане јадрото и во иднина.„Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со години, децении, биле истите – државнички, во духот на социјалдемократијата, еднаквост, социјална правда. И никогаш од тие принципи и постулати партијата во својата историја не отстапила“, рече Филипче.Тој нагласи дека СДСМ останува партија изградена на неколку цврсти темели: борба против корупцијата, јасна евроинтегративна ориентација, подобрување на животниот стандард на граѓаните и спротивставување на националистичките политики на ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ е партија што се темели на силна борба против корупцијата, на евроинтеграции, на обезбедување што поголеми приходи за граѓаните и борба против националистичките елити како ВМРО-ДПМНЕ. Тие, сè што прават, е само да го делат населението и граѓаните, додека државата стагнира, а на владејачката елита ѝ врват само бизнисите“, порача Филипче.Во интервјуто, тој потсети и на мерките кои СДСМ ги презеде во изминатите години за унапредување на животниот стандард дури и во време на криза, преку раст на платите, пензиите и решавање на долгогодишни проблеми.„Имаме примери од минатото како сме се грижеле за граѓаните и за нивниот стандард, дури соочени со големи кризи. Благодарение на тие социјалдемократски политики, граѓаните видоа огромен бенефит – раст на платите, раст на стандардот, раст на пензиите, решавање на повеќедецениските проблеми што ја држеа земјата заглавена“, изјави Филипче.Тој посочи дека новото време носи нови предизвици и дека СДСМ ги подготвува своите идни политики во таа насока – особено фокусирани на младите луѓе кои бараат реални можности за напредок, развој и останување во земјата.„Потребни се нови политики кои ќе адресираат и нови гласачи – тоа се младите луѓе кои изминатите неколку години веќе стануваат полнолетни и бараат посебни можности. Бараат опции и кога не ги гледаат, се иселуваат од земјата. Нашата програма ќе содржи и многу за нив“, рече Филипче.Тој додаде дека младите очекуваат реформи, критериуми базирани на знаење, а не партиска книшка, и нови економски можности.„Младите луѓе бараат можности, бараат да нема партизација, бараат вистински критериуми за да можат да напредуваат, бараат нови технологии, бараат регулирање на финансиските крипто пазари, на пример“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1o3e91r01k764tTvrPR

Федерика Могерини меѓу уапсените во истрагата за можно злоупотреба на средства од ЕУ

Развојот на истрагата на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител за можна измама со европски средства доведе до апсење на три лица, меѓу кои и ректорот на Колеџот на Европа, Федерика Могерини. Според белгиските медиуми, Могерини, поранешна потпретседателка на Европската комисија, е приведена на испрашување.Акцијата следи по рациите спроведени од белгиските власти во седиштето на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во Брисел и во зградите на Колеџот на Европа во Бриж. Истражителите ја проверуваат можната измама поврзана со користење на средствата од Европската Унија.Покрај Могерини, уапсени се и менаџер во Колеџот на Европа, како и италијанскиот дипломат Стефано Санино, кој во периодот 2021–2025 година ја извршуваше функцијата генерален секретар на ЕЕАС.Од Европскиот јавен обвинител засега нема дополнителни детали за текот на истрагата.

Свет | пред 3 месеци

media-library5ppqd8v0956bfuncNx4

Мицкоски: Мојот нов мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посветам на подобар живот и услови за секој граѓанин, ќе има промени и во партијата

На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи, со коишто ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата ,,360 Степени“ на МТВ.Претседателот Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи се дека официјално ја презел партијата во една тешка и сложена состојба, но дека успеал да ја консолидира партијата и да издвојува убедлива победа на парламентарните, претседателските и локалните избори.„Јас официјално партијата ја зедов од 2018-та година во една многу тешка и сложена ситуација, во едни многу тешки и сложени околности за Македонија и генерално за граѓаните. Ако мојот прв мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа времето на консолидирање, реструктурирање, и прегрупирање на внатрешните редови, потоа тоа продолжи во вториот мандат кога партијата победи убедливо на парламентарните и претседателските избори, на крајот на првиот мандат победивме убедливо на локалните избори, и враќање во позиција во која денес се наоѓаме да биде ВМРО-ДПМНЕ најголемата партија и веќе година и половина носител на владата“, рече тој.Претседателот Мицкоски нагласи дека овој трет мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ очекува да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата.„Очекувам третиот мој мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата“, потенцираше Мицкоски и додаде дека ќе има промени во партијата.„Сè уште не сум размислувал за какви промени ќе има после конгресот. Фокусирани сме на конгресот и на тоа што таму ќе го донесеме одлуки и за функционирање на партијата. Но, дека после конгресот ќе има промени во рамки на партијата“, да ќе има, дециден е тој.Во однос на имињата кои се спомнуваат за генерален секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, Ивица Томовски и Драган Ковачки, Мицкоски кажа дека не би коментирал, но сите имиња кои се спомнуваат се личности коишто оставиле белег во рамките на партијата.„Не би коментирал сега за било какви имиња или за било какви би рекол поместувања во рамките на водството на партијата. Сите овие имиња коишто ги спомнавте се луѓе коишто оставиле белег во рамките на партијата изминатите години. Сите тие се прекрасни луѓе, тоа се мои пред сè другари и луѓе со коишто сме се бореле за да постигнеме и да издвојуваме победи на изборните циклуси, но и во секојдневни победи во предизвиците коишто ги имаме. Така што секој од нив е значајна алка во рамките на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.За тоа дали се планира промени на потпретседателските места, Мицкоски потенцираше дека сè уште нема одлука со кои предлози ќе излезе пред Централниот комитет, мора прво да заврши конгресот, па потоа да донесе одлука.„Не сум донел конечна одлука за тоа кој идеи и кои предлози ќе излезам пред Централниот комитет откако ќе заврши конгресот. Најпрво првиот чекор, да ја добијам довербата на делегатите на конгресот, да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ, па дури потоа ќе можеме да зборуваме за чекорите коишто ќе следат потоа“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym26o6hdplhcj86UtX4e

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.Според неа, Извештајот на Државниот завод за ревизија дава прецизна дијагноза на реалните состојби и открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција.Нејзини клучни препораки се: итно донесување на Националната стратегија 2026 - 2033; проширување на мрежата на засолништа; обезбедување долгорочна финансиска поддршка на жртвите; воведување стандарди во давањето на услугите од страна на социјалните центри; вработување на соодветен, стручен кадар и негова континуирана обука како и побрзо лиценцирање на СОС линиите. Според неа, програми за психосоцијален третман, треба да се спроведуваат не само со жртвите, туку и со сторителите.Таа смета дека програмите за психосоцијален третман се потребни не само за жртвите, туку и за сторителите.Претседателката укажа на потребата од јасни критериуми при распределбата на финансиите, врз основа на претходна анализа на трошоците.Мора да се заостри казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот, истакна таа.Сиљановска-Давкова предупреди дека жените остануваат незаштитени во критички момент како резултат на дисфункционалноста и некоординираноста на институциите. Заради тоа, фемицид расте, институционалната недоверба се продлабочува и се нарушува нашиот кредибилитет во исполнувањето на меѓународните обврски.Укажувајќи на поразителната статистика на МВР за бројот на жртвите, учесниците во јавната расправа се заложија за системски промени насочени кон превенција на семејното насилство, како и соодветен одговор на кривичните дела врзани за насилството.На седницата се обратија претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексовска.Во дискусијата учествуваа претставници од државните институции на национално и локално ниво, на граѓанскиот сектор и меѓународните организации.

Македонија | пред 3 месеци

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Во Собранието пристигнаа предлогот за новите министри од Коалицијата Вреди, информираа од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.Новите министри треба да дојдат на местото на сега избраните градоначалници, Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртезани, кој се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.За седницата за избор на нови министри нема пропишан рок во деловникот.Дали ќе има промена во ресорот здравство но и во други министерства ќе се знае по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци.

Македонија | пред 3 месеци

media-library04jip6kbu81cdtkdLuz

(Видео) Студенти и граѓани ја блокираа РТС: Вашето право да не знаете ништо

Група студенти и граѓани вечерва околу 21 час, го блокирааа влезот во зградата на Јавниот сервис, Радио-телевизија на Србије.Тие се револтирани за, како што велат, непрофесионалниот начин на известување на РТС од локалните избори во три општини.Велат дека на програмата на РТС немало информации за купувањето гласови, насилството, заканите и нерегуларностите за изборите во Мионица, Неготин и Сечањ.Во порака, објавена на Инстаграм порачаа:„Ваше право да не знате ништо за кражбата на изборите во Мионица, Неготин и Сечањ”, алудирајќи на логото на РТС ,, Вашето право да знаете се”.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryidb1llg6mfnm9hWkxQj

(Видео) Локални избори во три општини во Србија под сенка на насилство и тешки нерегуларности

Локалните избори во Неготин, Мионица и Сечањ денес се одбиваа и завршија во атмосфера обележана со напади, притисоци и сериозни пријави за изборни злоупотреби и нерегуларности.Општините беа окупирани со лица кои не живеат во тие места, често криејќи се со качулки.Видеата на социјалните мрежи и медиумите покажуваат дека изборите не беа слободни и демократски.Граѓанската организација ,,Црта” ги повлече своите набљудувачи од Мионица по напад на нивниот мобилен тим, а истовремено полицијата на пат кон Неготин заплени палици, нож и бибер-спреј. Црта пријави и купување гласови во Сечањ.Во Сечањ, полициски кордон потиснувал мирни граѓани од пред општинската зграда, додека во непосредна близина се наоѓале просториите на СНС. Зелено-левиот фронт објави дека маскирани напаѓачи поврзани со владејачката партија го нападнале нивниот пратеник Богдан Радовановиќ.Движењето ,,Крени-Промени”, пријави бројни нерегуларности на речиси сите избирачки места, а како најтежок инцидент го посочија случајот кога гласач упатил смртна закана кон студентка – контролор.Напнатата атмосфера беше придружена и со политички притисоци: покраинскиот секретар за урбанизам Немања Ерцег и неговиот помошник навредувале студент-набљудувач во Сечањ.НУНС остро го осуди нападот врз фоторепортерот Гаврило Андриќ во Неготин, кој бил соборен и повреден од група лица при што му бил одземен телефонот. Набргу потоа следел физички судир помеѓу студенти и подржувачи на СНС, во кој, според снимките, бил присутен и владеачки функционер.Изборниот ден, наместо демократски процес, го одбележа страв, насилство и системска злоупотреба, оставајќи сериозни сомнежи за регуларноста на гласањето.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

ОЈО Кавадарци поднесе обвинение против три лица за закани и ширење омраза кон градоначалникот

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение до надлежниот суд против три лица за кривичното дело загрозување на сигурноста според член 144 од Кривичниот законик. Првообвинетиот дополнително се товари и за продолжено ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем по член 394-г.Според обвинението, првообвинетиот подолг временски период објавувал содржини со говор на омраза, навреди, повици на насилство и директни закани кон градоначалникот на Кавадарци. Тој на својот Фејсбук-профил споделувал и фотографии од градоначалникот и неговите малолетни деца, а објавувал и видеа во кои пука со автоматска пушка и пиштол, претставувајќи ги како доказ за сериозноста на неговите закани.Од јули оваа година, обвинетиот започнал и директно да му се јавува на градоначалникот преку телефонска апликација, испраќајќи закани по неговиот живот и по безбедноста на неговото семејство.Второобвинетиот, исто така преку телефон, пренесувал дел од заканите и пораките во име на првиот обвинет, додека третообвинетиот во коментари на Фејсбук дополнително упатувал закани за убиство.Обвинителството соопшти дека првообвинетиот, кој има македонско и бугарско државјанство, претставува ризик од бегство и потенцијална опасност повторно да го изврши делото. Поради тоа, до судијата за претходна постапка поднесен е предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 4 месеци

Svajcarija

Швајцарците гласаа против данокот на наследство за супербогатите

Швајцарија денеска на Референдум гласаше против воведување на 50 отсто данок на наследство за супербогатите жители, откако богатите претприемачи се заканија дека ќе ја напуштат земјата.Иницијатор за референдумско изјаснување е на крајно левичарската партија Млади социјалисти и предвидуваше федерален данок на наследство и подарок од 50 проценти за средства и трансфери од повеќе од 50 милиони швајцарски франци, што е драматичен прекин со традицијата на Швајцарија за децентрализирано и ниско оданочување, при што даночните приходи би биле наменети за ублажување на последниците од климатските промени.

Свет | пред 4 месеци

media-library8goqoccom6en8yTYGlq

Од бури и поројни дождови во Азија, загинаа повеќе од 600 луѓе, стотици се исчезнати

Обилните дождови предизвикаа огромни поплави и лизгање на земјиштето низ Азија.Загинаа повеќе од 600 луѓе, а стотици се водат како исчезнати. Поројните дождови погодија делови од Индонезија, Тајланд и Малезија оваа недела кога се формираше ретка тропска бура во Малачкиот теснец.Шри Ланка беше погодена од бура од која обилни дождови сега се приближуваат кон јужниот брег на Индија, што доведе до откажување на 47 летови на аеродромот Ченај.Спасувачите се обидуваат да стигнат до жителите заглавени од поплавите од вторник, кога монсунските дождови предизвикаа излевање на реките во покраината Северна Суматра.Властите со авион ги превезуваат пациентите и ги пренесуваат критичните залихи, вклучително и боци со кислород, до поплавените.Некои жители на индонезискиот остров Суматра, кои беа погодени од поплави, прибегнале кон кражба на храна и вода за да преживеат, објави претходно АП, наведувајќи дека поплавите предизвикале лизгање на земјиштето.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryfdcmovb3dfca83hQcQv

Претседателката учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето.„Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите. Уживав во културното шаренило: во масичките преполни со уметнички предмети по коишто се препознаваат државите, во уникатните производи, во вкусната храна, но најмногу, во насмеаните детски лица, веселите луѓе и убавата музика. Импресивно е кога празничната магија добива длабока човечка димензија”, напиша претседателката на Фејсбук.Дипломатски хуманитарен базар, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост.Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2u7ppo15mp8c5QIiMrC

Жељазков: Бугарија останува на условот за уставни промени за преговори на Скопје со ЕУ

Буграскиот премиер Росен Жељазков во емисијата „Недела 150“ на БНР, изјавил дека бугарскиот парламент не поставува различни услови, туку инсистираат на почитување на договорените предуслови за Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија.„Бугарија не изразува никаков друг став освен ставот на Европскиот совет да ги вклучи промените во Уставот и да ги земе предвид сите одредби предвидени во протоколот, кои се дел од компромисниот предлог од 2022 година. Ние не поставуваме никакви различни услови од усвоениот предлог од 2022 година. Ако властите во Скопјe сакаат да бидат дел од ЕУ, тие мора да одат по овој пат, што е дел од ставот на самата Европска Унија кон Скопјe”, рекол бугарскиот премиер.На прашањето дали е можен дополнителен билатерален протокол меѓу Бугарија и Македонија, кој некако би дал гаранции на Скопјe дека нема да има повеќе пречки на европскиот пат, претседателот на Бугарската влада кажал дека не може да има поголема гаранција од едногласната одлука на Бугарското Народно Собрание.„На колегите од Скопјe треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет”, изјавил Жељазков.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Со палки и солзавец нападнати петмина работници во средно училиште во Сарај

Петмина колеги, меѓу кои и 18-годишно момче, биле физички нападнати додека работеле во средното училиште во скопски Сарај.Нападот се случил синоќа околу 21:00 часот, а според пријавата во СВР Скопје, тројцата напаѓачи користеле и опасни средства за да се пресметаат со работниците.Полицијата работи на расчистување на случајот во кој се инволвирани жители на Сарај како напаѓачи и жители на Скопје како жртви.„На 29.11.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје Ф.Љ.(24) од Скопје пријави дека во с.Сарај, скопско тој и неговите колеги А.Н.(18), Н.Љ.(26), А.Д.(36) и Р.С.(24) сите од Скопје кои претходно извршувале работни задачи како вработени во фирма во средно училиште физички биле нападнати од С.П.(41), Н.П.(47) и С.П.(37) сите од с.Сарај кои употребиле остар предмет и солзавец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Мемов: ПИОМ не бара зголемување на старосната граница за пензија

Директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на Радио Слободна Европа, смета дека линеарното зголемување на пензиите е исправно бидејќи цените подеднакво се покачени за сите.Во март пензионерите ќе добијат уште едно линеарно покачување од 1.000 денари. Сепак, овој модел е привремен.Според Мемов, веќе од септември планирано е враќање на старите законски одредби, со што пензиите повторно ќе се усогласуваат процентуално, според таканаречениот „швајцарски модел“.Мемов вели дека исплатата на пензиите ќе биде редовна.,,Во буџетот за 2026 година предвидени се околу 117 милијарди денари за исплата на пензии. Меѓутоа, предвидено е и исплата на здравственото осигурување на пензионерите, исто така и транзициските, практично трошоци кон пензиските друштва во вториот столб. За таа цел, за да биде системот заокружен и одржлив, Владата ќе обезбеди околу 62 милијарди денари, тоа е околу 1 милијарда евра, трансфери кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за обезбедување навреме исплата на пензиите, на здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци кон вториот столб”, рече Мемов.Директорот на Фондот отфрли какви било шпекулации за зголемување на старосната граница за пензионирање, уверувајќи дека за такво нешто не се размислува.

Македонија | пред 4 месеци

Dimce-Arsovski-27.06.2022

Арсовски го демантира СДСМ:Таму се уште владее заевизмот

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, преку својот Фејсбук профил остро ги демантираше наводите на СДСМ дека има каква било поврзаност со сопственикот на фирмата „Дигитал оне“, која добила милионски државни тендери.Вели дека единствената сличност со сопственикот Кристијан Арсовски е презимето, нагласувајќи дека ниту го познава човекот, ниту му е роднина по која било основа.„Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство“, напиша Арсовски.Тој додаде дека обидот да се поврзе со случајот е доказ дека во СДСМ „сеуште владее влијанието од заевизмот“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryur1kgtvitc0kbzXo37G

Инцидент во Задар: Маскирани младинци напаѓаа и навредуваа лица од протестниот марш ,,Обединети против фашизмот”

Низ повеќе градови во Хрватска денес започнаа антифашистички маршеви во организација на иницијативата „Обединети против фашизмот“. Ова се организира со цел да се испрати јасна порака против растечкиот екстремизам и ревитализацијата на фашистичката реторика во јавниот простор. Маршот денес во 12 часот започна истовремено во Загреб, Риека, Пула и Задар. Во Задар, собирот беше најавен на Обала Кнеза Бранимира, но уште пред почетокот на протестот дојде до инцидент.На влезот кон Полуостровот се појави група маскирани млади луѓе облечени во црно.Групата скандирала песни и националистички пароли, меѓу кои „Зови, само зови“. Дел од нив носеле маици и обележја поврзани со ХОС, како и транспаренти со натписи: „Југославија е мртва“ и „1991. Хрватска ја нападнаа антифашистите“.Во еден момент, според објавените видеа, дошло до краткотрајно туркање и инцидент со интервентната полиција, која ги раздвоила двете групи на просторот околу Задарскиот Форум, каде што биле присутни и организираната антифашистичка колона и групата маскирани млади луѓе.На снимките се слушаат и дофрлања и навреди: „тифусари“ и „смрдливци“.

Свет | пред 4 месеци

media-library9n79ol04h7ug1DI0bfH

Нов инцидент во Белград: Маж избоден во „Чациленд“

Уште еден инцидент се случи во центарот на Белград, во близина на Народното собрание.Припадните на полициските интервентни единици кои го обезбедуваат „Чациленд“ пред Собранието на Србија, уапсиле маж, кој, според Министерството за внатрешни работи нападнал жител на оваа шаторска населба.27-годишниот Д.П. со нож го нападнал 37-годишниот М.Н.Досега во „Чациленд“, се случија повеќе насилни инциденти и физички пресметки.Повредениот М.Н. бил веднаш пренесен во Ургентниот центар, а полицијата го уапсила напаѓачот.Министерството соопшти дека нападот се води како дело на лесна телесна повреда, спротивно на првичните шпекулации на социјалните мрежи дека се работи за терористички напад.Како што пренесе Б92, институциите брзо ја демантирале таа информација.Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на инцидентот.,,Граѓаните не треба да се плашат, државата ќе знае како да се справи со насилниците. Нема да дозволиме сценарија на уличен хаос. Институциите ќе реагираат строго на секој обид за нарушување на јавниот ред,“ изјави Вучиќ.

Свет | пред 4 месеци

vesna-janevska

Јаневска: Проблемот со незаслужените „петки“ е кај родителите кои им прават штета на децата

Родителите се главната причина за масовната појава на инсистирање на високи оценки без соодветно знаење, што прави огромна штета на децата и на општеството, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.„Проблемот со петките во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно искуство, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите”, изјави Јаневска.Таа најави промени во државната матура, каде се одвојува стручната од гимназиската матура, прилагодена на наставните планови, но со иста проодност кон факултетите.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryldu1vkc171t6dyp2yHM

Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека во периодот од 2019 до 2021 година, во време на глобална криза, власта предводена од СДСМ не ги надополнувала стоковите резерви, туку, како што тврди, ги „празнела и препродавала“.Андоновска изјави дека околу 2.000 тони јачмен и пченица, во државна вредност од околу 800.000 евра, биле отпишани од залихите „по насока на Заев, Филипче и Николовски“, додека јавноста била уверувана дека ситуацијата е под контрола.Според неа, за да не се забележи кусокот, биле склучени два тендери со соседна држава за набавка на дополнителни 20.000 тони жито, со цел „пополнување на дупките во резервите“.„Со овие тендери очекувале да ги покријат недостатоците и јавноста да заборави што се случило“, изјави Андоновска, додавајќи дека 800.000 евра „завршиле во приватни џебови“, а отпишаните количини биле препродадени „на црн пазар во друга држава“.Таа оцени дека, наместо да се огради од одговорните, СДСМ „и понатаму ги штити своите функционери“, што, според неа, ќе доведе до „понатамошен пад на довербата и поддршката“ за партијата.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања