Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library3p8g5ol985516zJnxwH

(Видео) Украина нападна два руски танкери

Украински морнарички дронови нападнаа два руски танкери за нафта во Црното Море. Киев се обидува да изврши притисок врз Русија со напад врз празни бродови на пат кон товарење со нафта за странските пазари, напиша Би-Би-Си повикувајќи се на изјава од официјално лице.Се работи за танкерите „Каирос“ и „Вират“ кои работат под санкции. Тие биле на пат кон голем руски терминал за нафта во морето.Турција загрижена за нападот врз двата комерцијални брода.„Овие инциденти во нашата ексклузивна економска зона создадоа сериозни безбедносни ризици и претставуваат сериозни ризици за безбедноста на пловидбата, животите, имотот и животната средина во нашиот регион“, напиша на платформата Икс портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели.

Свет | пред 4 месеци

media-library1ig6ivd10q93fZPZnGP

Дипломатски Добротворен Базар 2025 за Светскиот ден на детето

По повод Светскиот ден на детето, оваа недела ќе се одржи традиционалниот Дипломатски Добротворен Базар 2025, организиран од „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre, под почесно покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. г-дин Мартин Памер. Настанот се одржува денес до 16:00 часот, во хотел „Мериот“ – Скопје.Ова годинешно издание го обединува дипломатскиот и културниот корпус во земјата со заедничка мисија: да се поддржат најранливите деца и да се создадат подобри услови во основните училишта. Средствата собрани преку продажба на производи и хуманитарната лотарија ќе бидат наменети за подобрување на хигиенските стандарди во две училишта, за сите деца, вклучително и оние со попреченост.Посетителите имаат можност да уживаат во автентични производи, ракотворби, гастрономија и културни елементи од различни земји. Програмата вклучува музички настапи на ученици, презентации од земјите учеснички, како и хуманитарна лотарија со награди обезбедени од дипломатските мисии и партнерите.Настанот е отворен за сите посетители, а влезот е бесплатен.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2ctip5bldfkb33YrMx2

Србија денес гласа на локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ

Денеска во Србија се одржуваат локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ. Во Неготин и Мионица гласањето е редовно, додека жителите на малата банатска општина Сечањ излегуваат на вонредни избори. Сите три места се сметаат за упоришта на владејачката Српска напредна партија.Во споредба со локалните избори во Заечар и Косјериќ во јуни, атмосферата пред денешните избори е помирна, со помалку тензии и забележливо отсуство на големо внимание од јавноста. Избирачките места се отворени од 7:00 часот утрово, а гласањето ќе трае до 20:00 часот.Право на глас имаат над 56.000 граѓани во сите три општини.

Свет | пред 4 месеци

873x400-2-2-400x240-1

Просечната декемвриска пензија во Србија зголемена за 50 евра

Просечната пензија за декември во Србија ќе биде зголемена за 12,2 проценти и ќе изнесува околу 56.860 динари, односно 485 евра. Директорот на Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), Реља Огњеновиќ потенцираше дека ќе биде поголема за околу 6.000 динари.„Овој метод на прилагодување е најповолен за корисниците. Благодарение на растот на БДП од јули 2024 до јуни 2025 година, учеството на нето пензиите во БДП е помало од 10 проценти, а со примена на формулата за прилагодување од Законот за ПИО, се добива процент од 12,2 проценти“, истакна тој.Додаде дека фондот ги обезбедил парите за исплата на зголемени пензии со финансискиот план за 2026 година.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryo59qlu40gr063lLxtn8

Жељко Обрадовиќ замина од Партизан

Дефинитивно Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на ККПартизан. Веста официјално ја објави клубот.„Поранешниот тренер на црно-белите остана доследен на својата одлука да не ја повлече оставката поради фактот што не се гледа себеси како работи со сегашниот тим, како и влијанието што секојдневната работа на ова ниво го има врз неговото здравје. На тренерот Обрадовиќ му беше дадена целосна и недвосмислена поддршка да продолжи со својата работа и да преземе сите потребни чекори за црно-белиот тим да ја надмине сегашната криза на играта и резултатите.По состанокот, а потоа и неколку дополнителни обиди од претседателот Остоја Мијаиловиќ и членовите на Извршниот одбор да го убедат Обрадовиќ да ја промени својата одлука“, се вели во соопштението.Партизан игра лошо оваа сезона во Евролигата, има скор од четири победи и девет порази и се наоѓа на 16-то место на табелата. Во моментов тимот има седум порази на последните осум натпревар.

Спорт | пред 4 месеци

media-libraryob6606bffif33entlDJ

(Видео) СДСМ: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.“Фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро 9 милиони евра, народни пари.И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно. Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори. Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра. Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски? Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага. Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме.Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите. Мицкоски е само негов ученик и извршител. Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш. За сите Крадењето мора да престане, веднаш”, рече Димитријевиќ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Струмичани украле 160 вреќи компир од камион

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија од СВР Струмица.Во сопштението се наведува дека од слобода се лишени Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.„Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кој ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот. За настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава”, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

Svajcarija

Швајцарците гласаат за воведување 50% данок на наследство за супербогатите

Швајцарија денес на референдум одлучува дали ќе воведат задолжителен граѓански сервис за сите млади лица и дали да одобрат нов данок на наследство за најбогатите.Предвидувањата од анкетите се дека двата предлога најверојатно ќе бидат одбиени.Првата иницијатива предлага обврска за сите граѓани да служат, или во војска, или во службите за помош при природни непогоди, но исто така и во сектори како образованието, здравството или социјалната работа.Владата го критикува овој предлог, бидејќи тоа би исклучило голем број на луѓе од работната сила и дека би било прескапо за финансирање, јавува ДПА.Вториот предлог има цел да воведе данок на наследство од 50 проценти на средства чија вредност надминува 50 милиони швајцарски франци (62 милиони долари).Според предлагачите, приходите би требало да се употребат за финансирање на „социјално праведни мерки за борба против климатската криза и потребното реструктуирање на економијата како целина“.Противниците изразуваат стравувања дека богатите би можеле да се преселат во други држави

Свет | пред 4 месеци

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

Осум починати и 38 новозаболени со ХИВ/Сида годинава во Македонија

Во текот на 2025 година, во Македонија се регистрирани 38 новозабилени лица со ХИВ/СИДА, а осумм се починати, овие податоци се од извештајот на Институтот за јавно здравје, објавени по повод 1 декември, Светскиот ден на борба против СИДА.Бројот на случаи оваа година е за 25,5% помал во споредба со 2024 година, кога беа пријавени 51 случај.Поголемиот дел од новите случаи во 2025 година се жители на Скопје, додека останатите се јавуваат како изолирани случаи во 14 различни градови во земјата. Еден регистриран случај е на странски државјанин.„Осум лица починале од причини поврзани со СИДА. Од 38 нови случаи, 37 се мажи, а само 1 е жена. Просечната возраст на заразените е 35 години, со опсег од 23 до 64 години. 73,7% од случаите се во возрасната група од 20 до 39 години. Долгорочна преваленца. Северна Македонија се смета за земја со ниска преваленца на ХИВ. Вкупно 726 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани помеѓу 1987 и 2025 година. Сепак, има забележително зголемување во последните години – 32% од сите случаи се регистрирани само во последните пет години.Во истиот период, 138 лица починале од причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 18,2%.Антивирусната терапија значително го подобрила преживувањето на луѓето што живеат со ХИВ. Во последните 10 години, од 447 регистрирани случаи, само 33 завршиле со смрт, што е стапка на смртност од 7,4%.62,1% од случаите се мажи кои имале сексуални односи со мажи.Хетеросексуален пренос е регистриран во вкупно 229 случаи.ХИВ, сè уште голем глобален проблем со јавното здравјеХИВ останува еден од најголемите глобални предизвици за јавното здравје.Пренесувањето на вирусот продолжува да се случува во сите земји во светот”, стои во извештајот.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да расчисти со Филипче ако сака да биде релевантен политички субјект

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение пишува за аферата со стоковите резерви со што според нив, се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт.„Отписот на 2000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен заменик министер за земјоделство, па потоа истите количини најверојатно завршувале на црниот пазар во соседна држава, алудираат дека ова е организирана злоупотреба од страна на тогашната власт.И покрај укажувањата дека пченицата постоела и била употреблива, направен е записник што го тврди спротивното, т.е документ со контрадикции, кој сепак е прифатен на владина седница.Тоа значи дека Заев, Николовски и актуелниот претседател на СДС во опозиција, Венко Филипче, како дел од тогашната владина структура, формално легитимирале документ што не кореспондирал со фактичката состојба на терен.Ако СДС има намера да се реформира и да стане релевантен политички субјект во земјава, мора да покаже зрелост и да се огради од сите функционери на минатата власт.Тоа подразбира дистанца од Заев, Николовски, а и од Филипче, бидејќи тоа се фигури кои го спречуваат секој обид за вистински реформи во партијата”, пишува ВМРО-ДПМЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryne8gi138amnsd7VSbZo

Исчезнатa инфлуенсеркa пронајденa задавена во Словенија: Делови од телото биле во куфер

Полицијата го пронајде телото на исчезнатата31-годишна австриска државјанка. Потрагата по исчезнатата инфлуенсерка Стефани Пипар (32) од Грац е со трагичен епилог. Нејзиното поранешно момче (31) призна дека ја убил и ја одведе полицијата до телото што го закопал во шумска област во Словенија, во околината на Марибор. Според признанието, тој ја задавил, го ставил нејзиното тело во куфер, а потоа ја закопал во шума во СловенијаВо последните денови, по неа се трагало во Австрија и Словенија.Главен осомничен во случајот со исчезнувањето на австриската државјанка е нејзиниот поранешен партнер, 31-годишен словенечки државјанин со постојан престој во Австрија. Тој бил уапсен на почетокот на минатата недела, а предаден на австриските судски органи на крајот од неделата, објави РТВ Словенија.Според австрискиот весник Кронен Цајтунг, осомничениот и дал на австриската полиција информации што ги довеле до телото во шумата по неколкучасовно испрашување. Според весникот, осомничениот наводно ја задавил својата поранешна партнерка, го ставил телото во куфер и го закопал во шума кај Мајшперк.Окружниот суд во Марибор ја одобрил екстрадицијата на 31-годишниот осомничен од Словенија до судските власти во Австрија, каде што во меѓувреме се притворени неговиот брат и очув.Дури по неколку часа испрашување, тој се расплакал и го признал убиството, според извештаите на австриските медиуми.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-kiev-13

Еден загинат и 11 повредени во рускиот напад врз Киевската Област

Во руски напад во Киевската Област 55-годишна жена е убиена, а 11 лица се повредени, соопшти полицијата на киевскиот регион.Пријавено е дека се оштетени 25 повеќекатни згради и 106 куќи, како и 88 автомобили.Во областа Бровари повредени се три лица, а оштетени се 10 повеќекатни згради и 17 куќи, 42 возила, 20 гаражи, трговски центар и градинка.

Свет | пред 4 месеци

media-librarya3pl6lnt0fufcaHONbg

Најмалку четворица убиени на детска роденденска забава во Калифорнија

Во пукање на семејна детска роденденска прослава во Стоктон, во Централната долина на Калифорнија, има најмалки четворица загинати и 14 повредени, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Осомничениот сè уште е во бегство.„Пукањето се случило во свечена сала зад Dairy Queen, каде што во моментот се одвивала семејна прослава”, изјави портпаролката на канцеларијата на шерифот, Хедер Брент, пренесува CNN.Малолетни и возрасни лица се пренесени веднаш во локалните болници.„Првичните индиции упатуваат на тоа дека можеби станува збор за целно изведен напад“, рече Брент.Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин ја води истрагата.

Свет | пред 4 месеци

bez-voda

Половина Скопје денес без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денес поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето.Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и корисниците на Бутелска – од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14, на подрачјето на општина Бутел.Исто така, поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05:00 часот па до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, жителите од населбата Методија Андонов – Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците на ул. 808 и бул. Киро Глигоров, на територија на општина Гази Баба.Намален притисок во водоснабдувањето, како што информира ЈП Водовод и канализација, ќе имаат и корисниците од населбата Автокоманда – ниска зона, како и од населбите Триангла и Хиподром, како и корисниците на ул. Перо Наков во близина на Кванташкиот пазар.

Скопје | пред 4 месеци

eksplozija

Повредените деца во експлозија во Нови Винодолски не се во критична состојба

Три деца се повредени во експлозија на непозната направа на отворен простор во областа на Нови Винодолски во Хрватска.Повредените деца се пренесени во Клиничкиот болнички центар Риека, но не се во критична состојба.Истрагата е во тек, а причината и околностите на настанот ќе бидат утврдени.Засега официјално не е познато дали станува збор за пиротехнички средства или за остатоци од експлозиви.Градоначалникот на Нови Винодолски, Томислав Цвитковиќ, за „Нови лист“ изјави дека не ги знае деталите за несреќата, дека полицијата не објавува што се случило.„Она што го знам е дека децата се примени во детската болница, тие се на детска хирургија, но за среќа сè помина добро со оглед на тоа како можеше да биде“, рече Цвитковиќ.

Свет | пред 4 месеци

ujp

УЈП нема одговор зошто третина од граѓаните не ги добија парите од скенираните сметки

Управата за јавни приходи нема одговор зошто голем дел од македонските граѓани не ги добија своите средства кои им следуваат од скенирањето на фискални сметки.Измина и последниот рок за исплата на средствата, а голем дел од граѓаните не ги добија своите средства.Ова е првпат од воведувањето на оваа мерка.Се работи за редовниот поврат на средства од ДДВ за последниот пресметковен период (јули, август и септември) кој треба веќе да е легнат на трансакциските сметки на граѓаните.

Македонија | пред 4 месеци

49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

УХМР: Зимата ќе биде малку потопла од просекот

Управата за хидрометеоролошки работи го објави сезонскиот преглед за претстојната зима 2025/2026, подготвен врз основа на прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри.Според УХМР, моделите покажува значителна неизвесност за поголемиот дел од Европа, но сепак најголемата доверба (50-60% веројатност) е за развој на позитивни геопотенцијални аномалии над југоисточна Европа. Набљудуваните температури на морската површина и прогнозите за следните три месеци покажуваат повисока веројатност за појава на Ла Ниња услови, со слаб интензитет.„Зимата 2025/2026 се очекува дека ќе биде со малку над просечната температура на воздух и со количини на врнежи во рамките на многугодишниот просек.Се очекува зимата 2025/2026 година да биде динамична, карактеризирана со значителни месечни промени кои ќе се одвива во три различни фази: ладен почеток, умерен среден период на сезоната и постуден крај. Најголемото позитивно отстапување на месечните вредности се очекува во месец јануари”, посочуваат од УХМР.Не се очекува врнежите во декември да го достигнат просекот, но почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел во јануари и февруари, истакнуваат од УХМР.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryj8gbb1p5ksjdfYmutYa

Илир Демири го напушти Ахмети, ќе делува како независен пратеник

Пратеникот Илир Демири официјално го известил претседателот на Собранието Африм Гаши, дека ќе продолжи да делува како независен пратеник.Демири, досега беше дел од пратеничката група на Европскиот фронт. Неговата одлука веднаш е ажирирана и тој веќе стои како независен пратеник на официјалната веб-страница на Собранието, но како коалиција стои „Европски фронт“.Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, кој на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.Одлуката на Демири следува откако Села најави дека ја напушта коалицијата со ДУИ.Инаку од месец февруари до јуни 2024 годин, Демири ја извршуваше функцијата министер за здравство.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Празник со инциденти: прославата на албанското знаме во Куманово заврши со полициски приведувања на малолетници за ширење омраза

Во Куманово синоќа биле приведени три лица за време на прославата по повод Денот на албанското знаме. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека околу 21:45 часот полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С. (18) од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ согласно член 319 од Кривичниот законик. Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Околу 22:50 часот приведени биле и две малолетни лица. Едниот од нив одбил да се легитимира и притоа носел фантомка, додека кај другиот полициските службеници пронашле тврд предмет.Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува со професионално и неселективно спроведување на законот, со цел обезбедување на јавниот ред и мир и заштита на сите граѓани.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1p26djid1o1pfPvIwIo

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување уверува: Исплатата на пензиите е стабилна и редовна

Исплатата на пензијата за ноември веќе започна и ќе заврши во понеделник, реагира Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој рече дека е неизвесно дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период и дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци.Фондот уверува дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира.„Не треба да има никаков сомнеж или страв дека ќе нема пензии. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на пензиите ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година”, се вели во соопштението.Според Фондот, шпекулациите, како што велат, кои се пласираат од страна на СДСМ се неосновани и служат единствено за вознемирување на пензионерите и на граѓаните.„Неодговорно е да се тврди дека исплатата на пензиите е доведена во прашање, кога веќе се знае дека буџетот на Фондот на ПИОМ за наредната 2026 година е речиси 151 милијарда денари за исплата на пензии (2 и пол милијарди евра), за здравственото осигурување на пензионерите, како и за транзициските трошоци кон трите пензиски друштва од вториот столб“, соопшти Фондот.

Македонија | пред 4 месеци

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Температури под нула, студена вечер во Македонија

Македонија е под влијание на релативно сува и многу студена воздушна маса која продира од север, што условува пад на температурите и засилување на северниот ветер во одделни подрачја.Според мерењата на УХМР до 19 часот, минусни температури веќе се регистрирани на скијачките центри и на повисоките планински места.Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.До вторник времето ќе биде претежно облачно и суво, а во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови на државата.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Шест деца од „Димо Хаџи Димов“ се позитивни на норовирус

Комплетно се завршени анализите на мострите од вода земени од ООУ „Димо Хаџи Димов“ и физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа се во рамките на реферетните вредности, а тешки метали не се пронајдени, соопшти Институтот за јавно здравје.„Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храната и од работните површини, најдени се фекални бактерии enterobacteriacea во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и во кујната. Од добиените 7 примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во ИЈЗ од децата кои јавиле симптоми, 6 се позитивни на норовирус“, стои во соопштението од ИЈЗ.Норовирусот, познат е и како зимски стомачен вирус.Норовирусот е заразен вирус и предизвикува акутен гастроентеритис или воспаление на желудникот и цревата. Се манифестира со повраќање и дијареја, и е една од најчестите причини за масовни труења со храна и стомачни инфекции во училишта, градинки и домови за стари лица.Ако детето покаже симптоми на норовирус веднаш треба да се побара медицинска помош. Лекувањето вклучува внесување на течности и електролити, антибиотиците не се ефикасни, бидејќи ова е вирусна инфекција.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvkh5o4mrh5bfbuVXI2P

Пожар во напуштена зграда во Липик, се сомневаат на малолетници

Густ црн чад денеска препладне ги вознемири жителите на Липик, откако избувна пожар во напуштена зграда на поранешна робна куќа во самото срце на градот.Граѓаните веднаш повикаа пожарникари, а брзата интервенција на припадниците на DVD Липик спречи ширење на огнот.Иако густиот чад создаваше впечаток дека станува збор за голем пожар, огнот брзо беше ставен под контрола.Главниот командант на Пожарникарската заедница на подрачјето Пакрац-Липик, Томислав Стокиќ, ја објасни причината за густиот чад. „Се чинеше дека пожарот е поголем отколку што всушност беше поради густиот црно чад што излегуваше од зградата. Во подрумот на зградата гореше пластика, а поради воздушниот притисок, чадот не се искачуваше горе туку се ширеше, па во еден момент целиот центар беше во чад“, објасни Стокиќ.Откако пожарникарите го обезбедија местото на настанот, полицијата започна увид за да го утврди точниот причинител на пожарот.Според неофицијални информации, постои сомнеж дека пожарот го предизвикале малолетници.Наводно, неколку млади лица влегле во подрумот на напуштената зграда и запалиле оган. Кога пламенот почнал да се шири, побегнале од местото на настанот. За среќа, никој не е повреден, а брзата реакција на пожарникарите спречи поголема материјална штета.

Свет | пред 4 месеци

media-library7pnfehdj6at30jwBojW

(Видео) Ново разочарување кај родителите од Кочани, по одложувањето на второто рочиште: Нѐ третираат како во административен записник!

Александар Наунов, татко на трагично загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс“, ја сподели својата болка на денешниот Марш на ангелите.„Првото рочиште го дочекавме со надеж. Второто го дочекавме со треперење, а го испративме со тешко разочарување“, изјави Наунов пред медиумите. Тој посочи дека одложувањето не ја зема предвид болката на родителите кои ја изгубиле својата деца и дека секојдневно живеат со неизмерна загуба.Наунов ги нагласи и неправдите што ги почувствувале во судот, каде родителите биле ставени лице в лице со обвинетите без никаква организација или заштита.„Како да сме еднакви страни во нечиј административен записник, а не родители што ги изгубија своите деца“, рече тој.Таткото на Надица повика на професионалност, сериозност и човечност во судската постапка и истакна дека очекуваат да се утврди одговорност за сите пропусти, вклучително и кај полициските службеници.„Нашите деца нема да се вратат, но за нив, за нивното име и спомен, ние нема да престанеме да бараме вистина и правда“, додаде Наунов.На крајот од својата изјава, тој побара итна правда за сите 63 деца загинати во пожарот и изрази благодарност до граѓаните кои ги поддржуваат: „Заедно ќе ја добиеме правдата!“

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhm7vin21flaq4DpEaJ9

Рама го заобиколи Касами на прием во Валона, видео снимката предизвика реакции

Непријатен момент за градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса, Биљал Касами, беше забележан на официјалниот прием во Валона, организиран по повод Денот на албанското знаме и 113 години од прогласувањето на независноста на Албанија.На видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи и во албанските медиуми, се гледа како премиерот Еди Рама се движи низ гостите, поздравувајќи се со дел од присутните. Меѓу нив беше и министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.Но, во моментот кога се очекуваше Рама да му подаде рака и на Касами, албанскиот премиер го заобиколи тетовскиот градоначалник и продолжи понатаму, оставајќи впечаток дека намерно го игнорира.Видеото предизвика бројни реакции и толкувања на социјалните мрежи. Дел од коментарите го поврзуваат студениот однос со блиските релации меѓу Касами и косовскиот премиер Аљбин Курти, со кого Рама одамна има затегнати односи. Други сметаат дека се работи за недоразбирање и дека Рама можеби не го препознал Касами во метежот.Настанот продолжува да ја бранува јавноста, а од двете страни засега нема официјални реакции.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања