Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

ustaven

Пензионерите „линеарци” на протест во понеделник пред Уставен суд

Пенизонерите кои се залагаат линеарно зголемување на пензиите, од Штип порачаа дека во понеделник пензионерите ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје.Тие се залагаат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.Освен за линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Водата во ООУ„Димо Хаџи Димов“ е безбедна, бактерии има во храната и кујната

Институтот за јавно здравје соопшти дека физичко-хемиската и микробиолошката анализа на водата земена од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ не покажала никакви неправилности и дека сите параметри се во рамките на референтните вредности.Од мострите не се утврдени присуство на тешки метали.Од ИЈЗ нагласуваат дека дежурните и приправни екипи продолжуваат да работат и за време на викендот, анализирајќи ги добиените мостри од училиштата, како и биолошки материјали доставени претходните денови, со цел навремено и ефикасно справување со ситуацијата.ИЈЗ потсети дека претходните резултати од анализите на храна и работни површини од истото училиште откриле фекални бактерии Enterobacteriaceae во мусаката и на неколку локации во кујната и училиштето, што укажува на сериозни пропусти во хигиената.Од седумте примероци на биолошки материјал доставени од деца со симптоми, шест биле позитивни на норовирус, потврди Институтот.За дополнителните мостри што пристигнале од уште девет училишта, јавноста ќе биде информирана во понеделник. ИЈЗ истакнува дека останува во континуирана комуникација со сите надлежни институции и ќе ги објави сите нови информации веднаш по нивното добивање.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: За доброто на сите Филипче да собере сила и да замине од СДСМ

„Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави и вели загрижен бил за стандардот на граѓаните, како и за пензионерите конкретно. Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше. Вака ли се грижеа тие за пензионерите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ, стои во соопштението е партија во која поединци се грижат за личниот џеб.„Нешто што Филипче може да направи за доброто на сите е да собере сила и да замине од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за секој еден граѓанин подеднакво. Впрочем на ВМРО-ДПМНЕ му верува народот што се докажа и покажа неодамна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Странските инвестиции паднати од 800 на само 200 милиони евра, капиталот бега од неспособната влада

Поради лошите политики на власта инвестицискиот циклус е запрен, странските инвеститори немаат доверба во владата, ги затвораат компаниите и си заминуваат, предупреди претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој посочи дека според последните податоци од Народната банка има драстичен пад на странските директни инвестиции.„За девет месец инвестицискиот циклус е запрен. Кога се споредува со последната година од владеењето на СДСМ, кога директните странски инвестиции биле над 800 милиони евра, сега се едвај 200 милиони евра. Не се само што нема раст во третиот квартал годинава, има одлив од 21 милион евра, компаниите затвораат, капиталот наместо да доаѓа, си оди“, рече Филипче.Тој додаде дека фактот што некои од страските компании најавија затворење на погоните е доволно јасен сигнал за промашените економски политики на власта.„Странските инвеститори немаат  доверба очигледно во државава, немаат доверба во луѓето коишто ја водат државата и тоа е еден од најјасните сигнали за недоверба во економските политики на оваа влада. „Аптив“ компанијата затвора, компанијата „Дура“ исто така, а имаме информации дека уште неколку големи странски компании се спремаат за затворање. Каква беше реакцијата на премиерот слушнавме -„не било крај на светот“. Можеби не е крај за него, ама за многу семејства, многу луѓе, многу деца тоа е крај“, рече Филипче.Не само странските компании, како што кажа Филипче, најави за затворање има и од страна на домашните компании.„Домашни компании се затвораат поради тоа што еден од главните приливи коишто претходно го имале на средства, а тоа е редовниот поврат на ДДВ, сега го немаат. Се касни со месеци и се губат едноставно работни места. И се гледа негрижата едноставно за ниту еден сегмент во државата. Оправдувањата се аматерски, недозволиви. Бизнисот не познава изборни циклуси. Тој бара предвидливост, бара стабилност, бара партнерски однос. сето тоа што не го гледаат од оваа влада“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt0kml6225cejfCSlqRZ

Филипче: Оджливоста на ПИОМ е нарушена, сметката празна - власта ги става во ризик и пензиите на идните генерации

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција укажа дека поради продлаболчената буџетска дупка во Фондот за ПИОМ и погрешните политики на владата на премиерот Мицкоски, во неизвесност се ставени не само исплатите на пензиите на сегашните, туку и на идните пензионери.„Повеќе од 50% од сумата вкупна што фондот треба да ја исплати на пензионерите за нивните пензии не доаѓа од Фондот за пиом. Ги субвенционира владата затоа што Фондот тие пари ги нема. Се поставува прашањето што ако владата утре не може да ги субвенционира тие 50%? Каква е сигурноста на работниците кои што секој месец со своите придонеси го полнат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување? Каде се нивните пари? Каква е сигурноста дека идните пензионери ќе имаат редовни пензии? Се доведува во ризик редовната исплата на пензиите, се доведува во ризик дали сегашните работници, а утре пензионери воопшто ќе имаат фонд од којшто ќе можат да зимаат пензии“, рече Филипче.На прес-конфренцијата, Филипче нагласи дека одржливоста на Фондот за ПИОМ  е нарушена и сметката е празна и поради тоа што Фондот за ПИОМ должи пари и на Фондот за здравствено осигурување и приватните друштва.„Одржливоста на фондот е нарушена и сметката е празна поради тоа што се должат пари од страна на Фондот за ПИОМ и дополнителни 10 милијарди денари кон здравствениот фонд и приватните друштва, ама тоа никој не го коментира и затоа се молчи. Се поставува прашањето од каде сега ќе кратите за да можат да се исплатат пензиите во овој хаос којшто го создадовте“, рече Филипче.Тој додаде дека дополнително со решението на власта се дискриминирани 12.000 пензионери кои живеат во странство.„Тие се исклучени од пензиите само поради тоа што не живееле тука. Комисијата за дискриминација веќе донесе одлука, што значи дека следат нови тужби и нови трошоци за државата“, рече Филипче.При тоа, Филипче нагласи дека јасно е зошто власта го зема унгарскиот кредит, не заради капитални инвестиции, поддршка на фирми и општини, туку  како што кажа,очигледно тие пари со сомнително потекло се потрошени за трошоци, за кампањски политики на владата.„Затоа му порачувам и на премиерот Мицкоски и на власта, престанете да напаѓате, се препелкате во сопствена кал. Хаосот се должи само како резултат на вашата неспособност, на немањето капацитет, на немањето капацитет, немање желба вистински како што треба да се води државата, на немањето грижа вистинска за граѓаните, за работниците, за пензионерите, за нивниот стандард“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydcfu6j456hq4cbF8DjY

„Магијата е во знаењето“ продолжува во Струмица: Петта панел-дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“

Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука продолжува со серија панел-дискусии низ македонските градови. По одржаните настани во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, караванот оваа недела пристигнува во Струмица.Петтиот панел, на тема „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“, ќе се одржи во недела, 30 ноември, во 11 часот, во Домот на АРМ во Струмица.На дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, како и Ана Витанова – Рингачева, вонреден професор по македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет при УГД – Штип. Своите професионални искуства и ставови ќе ги споделат и психологот и гешталт терапевт Стојне Митева од ООУ „Маршал Тито“ – Муртино, наставникот по македонски јазик Трајче Бјадов од ООУ „Герас Цунев“ – Просениково, директорот Архелос Туранов од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, како и Мери Доневска Костуранова, родител и претседател на Советот на родители при СОУ „Јане Сандански“.Настанот има за цел да поттикне размена на идеи, успешни практики и инспиративни примери за создавање генерации кои критички размислуваат, делуваат со храброст и се водат од вредности.

Македонија | пред 4 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Спасовски останува координатор на СДСМ, најавуваат од утре објава на „страшни скандали“ на луѓе блиски до Владата

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес комференција објави дека пратеникот Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на партијата и дека се надминати недоразбирањата.Филипче ја потврди информацијата дека Спасовски побарал повеќе да не биде координатор меѓу двата круга од локалните избори.„Причина беше недозразбирање од техничка природа кое што го разрешивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање бидејќи доведе до една непријатна ситуација која не беше намерна ниту тенденциозна. По разговорите и по расчистување на недоразбирањето, Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група”, рече Филипче.Тој најави дека СДСМ од утре ќе започне со објавување на серијал како што рече„страшни скандали“ на повеќе прес-конференции „за да видат граѓаните кои луѓе блиски до Владата што прават и што се случува зад завесата“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjn1k6d6tvlo67Zl6lKf

Полицијата казни 12 возачи во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме: најмногу за опасно однесување

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 20:00 до 00:30 часот, скопската полиција спроведе засилени контроли за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје изрече вкупно 12 мерки за различни прекршоци што ги загрозувале сообраќајната и јавната безбедност.Двајца возачи биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, едно лице возело со истечена регистрација, а еден возач управувал возило со несоодветна категорија. Најголемиот број санкции – осум – се изречени поради опасно однесување, бидејќи лицата седеле на надворешните делови од автомобилите во движење, со што ја загрозиле сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Полицијата информира дека привремено е одземено и едно возило поради сомневање за техничка неисправност. Од МВР наведуваат дека контролите ќе продолжат, а целта е да се спречи опасно однесување и да се гарантира безбедноста на граѓаните за време на масовни и празнични собири.

Македонија | пред 4 месеци

filipce-51

(Видео) Филипче: Фондот е празен, пензионерите се во ризик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека Фондот за ПИОМ се соочува со огромен буџетски дефицит, со што во ризик е доведена одржливоста на пензискиот систем. Дупката во ПИОМ која денес изнесува една милијарда евра, како што кажа Филипче е последица на промашените политики на владата на премиерот Мицкоски.„За само година и пол се врати оној систем на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој што ние го затекнавме во 2017 година, кога исто така дупката во ПИОМ изнесуваше околу 50% проценти или точно 48%“, рече Филипч.Говорејќи за состојбата со Фондот за ПИОМ, Филипче потсети дека во период на владата на СДСМ со правилни и домаќински политики и пензискиот систем беше одржлив и имаше редовно зголемување на пензиите.„Освен што имаа пензионерите редовно и соодветно зголемување на пензиите, се намалуваше и дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Постепено од тие 48% дојде се дојде до 32%, со тенденција и понатаму да се намалува со тие политики коишто ги носевме заедно со Светска банка, коишто тука кај нас со години наназад партиципираат во спроведувањето на структурните реформи“, рече Филипче.Тоа што сега се случува со Фондот за ПИОМ како што кажа Филипче, е уште еден доказ за упад во системот, рушење на системот, немање желба за вистински реформи кои што ќе обезбедат долгорочност на сите мерки, сигурност на сите граѓани од сите категории.„И сега, ако во 2023 година после тоа постепено закрепнување во Фондот за ПИОМ благодарение на нашите политики, со редовно зголемување соодветно на пензиите беа потребни 29 милијарди денари, сега за 2026 година ќе бидат потребни 62 милијарди денари“, посочи Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4tleioo2toejbmAASGH

(Фото) Ахмети откри споменик на Скендербег во кичевско Горане

Во селото Гаране, кичевско, вчера ма Денот на албанското знаме, беше откриен споменик на Скендербег.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека споменикот ќе биде вечен симбол на слободата, отпорот и националната гордост.„Овој важен момент доаѓа токму на ден кога нашите срца чукаат посилно за црвено-црното знаме, потсетувајќи нè на патот на жртвата што нè донесе овде“, објави Ахмети на Фејсбук.Тој нагласи дека во текот на денот се оддаде почит и на споменикот на Албанката мајка во Зајас, кој, според него, симболизира посветеност, жртва и безусловна љубов што го одржува семејството и нацијата живи со векови.„Оваа двојна почит, на херој и мајка, нè потсетува дека нашата слобода и идентитет се заедничко наследство на мажите и жените кои дадоа сè за нашата иднина“, потенцира Ахмети.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2untsafth3is86YkfhK

Андоновска: СДС да не го брани криминалот на Заев, Филипче и Николовски ,,тежок” 800.000 евра

Трајан Димковски, по насока на поранешното раководство на СДСМ, извршил отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, со што го оштетил државниот буџет за близу 800.000 евра, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за Заев, Филипче и Николовски, приватниот интерес секогаш бил пред државниот, дури и во услови на глобална криза.„Јавноста мора да знае, дали отпишале 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви, па преку Димковски овие продукти завршувале на црн пазар во соседна држава? Дали исто така, Димковски ќе одговара за сите овие тројца кои се прв ешалон на тогашната власт? Затоа ли Николовски е толку гласен деновиве? Дали во СДС има страв дека се одмотува клопчето и ќе се дознае вистината?“, праша Андоновска.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Енергетска политика на ВМРО-ДПМНЕ на „варена жаба” ја турка државата во сиромаштија

Левица излезе со остра осуда на одлуката за најновото поскапување на парното за 5%, како и најавата за раст на цената на струјата од Нова година.Овие одлуки, велат се јасен доказ за хроничниот неуспех на Владата во енергетскиот сектор и за растечкиот удар врз стандардот на граѓаните.„Во услови на инфлација и растечка енергетска сиромаштија секое ново „само 5%” покачување претставува директен удар врз достоинствениот живот на илјадници домаќинства. Наместо вложување во домашно производство, обновливи извори и енергетска ефикасност, Владата толерира стареење на мрежата, енергетска зависност од увоз и одлив на профит кон приватен и странски капитал, а народот се третира како „варена жаба”, навикнуван на постепено уништување на сопствениот стандард”, велат од Левица.Левица, посочува. ја одбива оваа политика на тивко варење на народот и бара итно ревидирање на најновите одлуки на РЕК, јавно објавување на пресметките и проектите кои ќе се реализираат со парите од поскапувањето, независна анализа и одговорност за работењето на ЕСМ, промена на методологиите за формирање на цени со вградена заштита на стандардот на граѓаните, воведување на јавни мерки за помош на енергетски сиромашните домаќинства и транспарентни јавни расправи пред секое значајно ценовно поскапување.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV влезе во Сината џамија во Истанбул и одржа кратка тивка молитва

Папата Лав Четиринаесетти го започна вториот ден од историската посета на Турција со симболична и значајна прошетка низ Сината џамија во Истанбул.Според соопштението од Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква во џамијата одржал кратка тивка молитва. За време на посетата, тој беше придружуван од раководителот на турската Дирекција за верски прашања Дијанет кој му ја претстави архитектонската убавина на ова познато исламско светилиште, препознатливо по својата монументална купола и сините керамички плочки.Со оваа посета, Лав Четиринаесетти ги следи чекорите на своите претходници, кои со години ја посетуваат џамијата како гест на почит кон муслиманската заедница во Турција и како симбол на меѓурелигиски дијалог.

Свет | пред 4 месеци

media-library99lagppa78s19gMYX12

„Марш на ангелите” во Кочани: Со љубов и болка, за вистинска правда, за Македонија со совест

Во Кочани денес повторно ќе се одржи „Маршот на Ангелите“, ќе започне во 14:05 часот, под мотото: „Со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не се тука“.Организаторите потсетуваат дека зад секоја статистика стои човек – живот што не може да се врати и болка што не избледува.„Нашата мисија е длабока и човечка: за нашите деца, за вистинска правда, за Македонија со совест“, истакнуваат родителите.Клучно е велат, општеството да покаже дека неправдата не смее да остане незабележана и дека има луѓе кои не се откажуваат од вистината.

Македонија | пред 4 месеци

media-library96es14v3rdg0ay4R8va

(Видео) СДСМ алармира: ФЕНИ е во застој, работниците се оставени на цедило, ништо од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ

Вуко Мелов, советник и претседател на ОО СДСМ Кавадарци соопшти дека печката за производство на фероникел во ФЕНИ е изгасена. Овој факт, вечи сериозно укажува дека новиот инвеститор, нема намера да започне со рестарт на фабриката.„Пропаднаа сите изјави и најави на власта на ВМРО- ДПМНЕ, премиерот Мицкоски, градоначалникот Јанчев за наводен рестарт на компанијата.Власта ги остави работниците буквално на цедило. Иако во предизборните кампањи лесно власта даваше ветувања дека компанијата ќе ги исплати сите плати на работниците, ќе ги исплати сите доверители, и ќе започне за брзо со производство а со тоа ќе го врати работниците назад на своите работни места.Од тоа денес во најголем дел нема ништо. Голем број од работниците останаа без работа, без егзистенција. Работниците останаа без една исплатена плата, на дел од вработените не им е исплатена ниту една од платите кои им се должат. Доверителите, транспортерите исто останаа неисплатени”, вели Мелов.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

(Видео) Николоски: Работиме интензивно на најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево, ја градиме Македонија

„Со засилена динамика продолжуваат градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, особено на најтешкиот планински дел од трасата”, објави на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.Тој сподели и видео од теренот, на кое се гледаат активностите за стабилизација на најпроблематичните косини.„Интензивна работа на најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево. Со нови проекти се работи на целосно решение и стабилизација на најпроблематичните косини на трасата. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-library274douocelmc26TRi6w

Еден загинат и седум повредени во руски напад со дронови врз Киев

Најмалку едно лице загина, а седуммина меѓу кои и 13-годишно дете, се повредени во руски дронски и ракетен напад врз Киев изутринава, јави Би-би-си.Експлозиите оштетија станбени згради во повеќе делови од градот. Градоначалникот Виталиј Кличко, изјави дека четири лица се пренесени во болница, а пожар избувнал на пониските катови од една висококатница западно од центарот. Друг пожар бил ставен под контрола во централниот дел на градот.Шефот на воената администрација, Тимур Ткаченко, потврди дека ударите погодиле повеќе цели на периферијата на главниот град и дека воздушната одбрана е активирана против дронови над градот.Регионални власти јавија дека и во Бровари, источно од Киев, две жени биле повредени кога ракети и дронови погодиле станбени подрачја.Овој напад се случува само неколку дена по слично руско бомбардирање што усмрти седум лица во Киев, додека истовремено беа пријавени жртви и во руската област Ростов.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот е со наизменично пропуштање на возилата

Утрово во 8:30 часот се случи сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.Сообраќајот беше во прекин. а од 9:15 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информира АМСМ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1t2fvkpoocpe7wSRDm5

Голем пожар во Риека: Огнот проголта станови, пронајдено тело

Големиот пожар што ноќеска избувна на поткровјето од зграда на улицата Занонова во Риека, за жал заврши трагично. На местото на настанот е пронајдено тело на засега непозната личност, а пожарникарите и понатаму се борат со огнената стихија што зафати неколку станови.Полицијата од Приморско-Горанската управа го потврдила пронаоѓањето на телото. Увид ќе може да се изврши дури откако пожарот целосно ќе биде изгаснат. Над зградата и понатаму се издига густ чад, а екипите на терен работат на локализирање на пожариштето.Драматична ноќна интервенцијаОперативниот центар на противпожарната служба дојавата за пожар ја примил околу два часот по полноќ, по што веднаш биле испратени едно интервентно возило и автоцистерна. Командирот на смена брзо проценил дека е потребна дополнителна помош, па на местото биле упатени уште две автоскали и едно дополнително интервентно возило.Како што објасни командирот на смената на Јавната противпожарна единица Риека, Дино Шкамо, при пристигнувањето на пожарникарите огнот веќе бил силно разгориен. Гаснењето се одвивало истовремено од внатрешноста на зградата и однадвор.Гаснењето ќе трае цел денБорбата со огнот ја отежнувала големата количина лесно запалив материјал во становите, а спуштените тавани овозможиле пожарот брзо да се прошири.Според неофицијални информации, станува збор за станови што се издавале. Пожарникарите проценуваат дека локализирањето ќе трае поголем дел од денот, бидејќи ќе мора да се отвори целиот покрив за да се отстранат сите жаришта.

Свет | пред 4 месеци

media-librarysj8njlur38steogcgX4

(Видео) Селин Дион со емотивна порака: Вашиот ден нека биде исполнет со љубов, благодарност и скапоцени моменти со луѓето кои ви значат најмногу

Француско-канадската супер ѕвезда Селин Дион, упати емотивна порака до своите фанови по повод Денот на благодарноста, потсетувајќи колку е важно човек да запре за миг, да земе здив и да се потсети на вистинските вредности во животот.Во видео објавено на нејзиниот официјален Инстаграм профил, Дион се обраќа со порака што носи мир и топлина.„Денеска е прекрасен потсетник да забавиме, да земеме длабок здив и да бидеме благодарни. Има нешто навистина моќно во тоа да се собереш со луѓето што ги сакаш – без разлика дали околу полна трпеза, преку телефон или дури и само во срцето“, вели Селин во видеото.Познатата светска пејачка во 2022 година јавно откри дека боледува од синдром на вкочанета личност – ретко и прогресивно невролошко нарушување што го зафаќа мозокот и ’рбетниот мозок. Болеста сериозно го наруши нејзиниот секојдневен живот и музичката кариера.И покрај здравствените предизвици, во празничното видео, Дион зрачи со достоинство и благодарност.„Толку сум благодарна за моето семејство и за моментите што ги споделуваме заедно – тие ми значат сè“, истакна таа.На крајот од пораката, пејачката им упати искренa желба на сите свои следбеници: „Нека вашиот Ден на благодарноста биде исполнет со радост, со мир и со благодарност, дури и за малите нешта. Среќен Ден на благодарноста од мене и моето семејство до вас и вашите најблиски.“Пораката има повеќе од 100.000 лајкови.

Магазин | пред 4 месеци

media-libraryvdevgdqsk5m44GcRVra

Се продава големо конфискувано земјиште на Мијалков во Морани, почетна сума 277.161 евра

Агенцијата за управување со одземен имот , објави оглас за продажба на конфискувано земјиште од поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.Се рсботи за огромна парцела од 56.818 метри квадратни, а почетна сума за продавање е 277.161 евра, или по 5 евра од квадрат.Овој имот беше одземен од Мијалков за случајот ,,Империја”. Предметот го застапуваше обвинителката Лиле Стефанова.Земјиштето се наоѓа во Морани, Општина Студеничани, во местото викано Долно Поле.Огласот трае 15 дена и ќе трае до 09 декември. Наддавањето е закажано за 12 декември.„Продажбата на конфискуваниот имот од точка 1 од овој Заклучок, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Биро за процени бр. СВ V- 3/25-8 од 25.03.2025 година, во износ од 17.045.421,00 денари, стои во огласот на Агенцијата.Истиот имот до сега неколку пати беше на продажба и во 2023 година, но немаше заинтересирани купувачи. Тогаш почетната цена беше намалена за една четвртина, но очигледно продажбата не била успешна.„Продажбата на одземениот недвижен имот да се изврши со јавно наддавање по електронски пат со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда Бирото за судски вештачања бр. СВ /EL V 19/23-11 од 19.4.2023 година, намалена за една четвртина од проценетата вредност, во износ од 12.784.066,00 денари””, пишува во една од одлуките на Владата, од пред две години.Ако се работи по закон, семејството Мијалкови нема право да си го поврати имотот, бидејќи за управување со одземен имот, на јавната аукција не можат да се пријават членови на неговото семејство.Според најновите законски измени, како купувач или закупувачи не можат да се јават ниту брачниот или вонбрачниот другар, роднина во прва линија или до четврти степен во странична линија на осуденото лице.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп тврди дека ќе ги поништи сите Бајденови документи потпишани со „автопен“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги поништува сите документи што актуелниот претседател Џо Бајден ги потпишал користејќи „автопен“ – уред за автоматско потпишување. Трамп тврди дека станува збор за дури 92 проценти од тие документи, а својата прокламација ја објави на социјалната мрежа Truth Social.Обвинувања за незаконска употреба на автопенВо својата карактеристично директна порака, Трамп ги обвини соработниците на актуелниот претседател за незаконско постапување и му се закани на Бајден со обвинување за лажно сведочење. Целата објава ја пренесуваме во целост:„Секој документ што го потпишал Поспаниот Џо Бајден со автопен, што беше отприлика 92% од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква сила ниту ефект. Автопен не смее да се користи доколку одобрението не го дал изрично Претседателот на САД. Радикалните левичарски лудаци кои го опкружуваат Бајден околу прекрасната Resolute Desk во Овалната соба му го одзедоа претседателството. Со ова ги поништувам сите извршни наредби и сè друго што не е директно потпишано од Покварениот Џо Бајден, бидејќи луѓето кои управувале со автопенот тоа го направиле незаконски. Џо Бајден не бил вклучен во процесот на автопенот и, ако каже дека бил, ќе биде обвинет за кривоклетство. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање!“

Свет | пред 4 месеци

media-librarysi5tbro0r9gddu43HtV

Петрушевски: Извештајот од Анкетната комисија во Собранието, треба да биде доставен до Владата и ЈО

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетната комисија во Собранието. Тој нагласи дека суштината не е само водење на дневна политика, туку менување на системот. Затоа, според него, кога веќе во Собранието ќе има Анкетна комисија, тој извештај покрај тоа што ќе се достави до Владата, треба да се поднесе и до Јавното обвинителство, со цел истото понатаму да преземе конкретни чекори.„Ние во континуитет велевме дека да почне судењето, да се заврши обвинителниот акт и она кое што беше тогаш разговарано и ќе имаме една Анкетна комисија во Собранието, која што ќе разговара за сите овие теми кои што беа наведени, но вклучително и за други несреќи кои што останале така и кои што исто така заслужуваат утврдување на одговорност“, вели Петрушевски и додава:„Суштината не ни е да водиме дневна политика, туку да го менуваме системот. Ни треба една ваква се опфатна анкетна комисија која што ќе ги истражи сите случаи кои што се случиле во Република Македонија“.Според него, СДС не го испочитува Деловникот, со тоа ги занемари пратениците од власта.„Не го испочитуваа Деловникот во делот на составот на таа Анкетна комисија и си предложија број на пратеници, кои што ќе учествуваат во таа комисија, претежно од опозицијата, занемарувајќи ги пратениците од власта, иако членот 124 од Деловник утврдува дека Анкетна комисија се формира согласно пропорционално на бројот на пратениците кои што се застапени во парламентот“, кажа Петрушевски.Петрушевски посочи дека поднесена е одлука со легитимитет од 75 пратеници кои се потпишани на неа, меѓутоа има и неколку суштински разлика по она кое што беше претходно поднесено од страна на опозициската СДС.„Првата е опфатот на несреќите, кое што веќе го коментиравме. Второто е откако ќе заврши со работа таа Анкетна комисија, извештајот  покрај до Собранието и до Владата да биде доставен и до ЈО. Тоа го немаше во оваа предлог одлука на СДСМ. Кога веќе Собранието ќе работи една таква Анкетна комисија, на еден таков случај, добро е за правдата во Република Македонија,  тој извештај да отиде до ЈО и ЈО да си ги преземе сите чекори кои што треба да ги преземе, не само за Кочани, вклучително и другите кои што се случиле, а кои што останале под превезот на неиспочитување на она кое што значи законска процедура и носење на правда во Република Македонија“, истакнува Петрушевски.

Македонија | пред 4 месеци

zelenski-1

Шефот на кабинет на Зеленски поднесе оставка поради скандал со корупција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот шеф на кабинетот, Андриј Јермак, поднел оставка по рацијата против корупција во неговиот дом.Јермак беше најблискиот советник на Зеленски во текот на војната со Русија. Тој беше под силен притисок поради корупциски скандал, иако не беше обвинет за никакво кривично дело.Украинските антикорупциски агенции извршија рација во неговиот стан во владините простории во Киев.Извори од истрагата откриваат дека се проверува имотот и евентуалните неовластени договори со странски посредници.Зеленски објави видео-порака на Телеграм, дека заминувањето на Јермак е дел од поширок процес на реконструкција.,,Украина во овие околности не смее да прави грешки.Русија навистина сака ние да грешиме, но од нашата страна нема да има грешки“, рекол Зеленски.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryeadgnra9i75fd7vTMUF

(Видео) Потпорен ѕид и пат се урнаа во Крагуевац, биле градени без дозвола

На градилиште во Крагуевац, Србија, во близина на комплексот Центар за извонредност, утрово се урнаа потпорни ѕидови и дел од пристапниот пат. Инвеститорот РП Инвест градел целосно нелегално бидејќи неговото барање за градежна дозвола било одбиено претходниот ден.Во образложението на одлуката се споменуваат голем број неправилности. Меѓу другото, е утврдено дека димензиите на подземните катови не се во согласност со Локациските услови и Урбанистичкиот проект. Инвеститорот бил предупреден дека темелната плоча и ѕидовите не смеат да ги преминуваат границите на соседните парцели.Во научниот комплекс биле инвестирани околу 23 милиони евра, работите беа завршени на почетокот на минатата година, но пристапните патишта и потпорниот ѕид се урнаа.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања