Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-libraryak7ll321etrgc2DT6bX

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, Мухамед Хоџа ќе раководи со животна средина

Изет Меџити, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и актуелен градоначалник на Општина Чаир, денеска ги потврди новите кадровски решенија за испразнетите министерски места.За позицијата прв вицепремиер е предвиден актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство, Беким Сали. Меџити потенцираше дека останува само да се дефинира со кое министерство ќе раководи Сали.Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде нов министер за животна средина и просторно планирање.Во врска информациите кои се лиферуваат јавноста дека Башким Бакиу ќе го замени министерот за здравство Азир Алиу, Меџити рече дека за сите детали околу евентуални смени на министри на одредени ресори дополнително ќе информираат.ВЛЕН на претстојните повторени локални избори во четири општини, закажани за 11 јануари следната година, во општините Гостивар и Врапчиште ќе одат со нови кандидати за градоначалници.Премиерот Мицкоски потврди дека нема да има промени во распределбата на ресорите и дека политичките партии од коалицијата ВЛЕН ќе ги задржат местата што ги имаа досега.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvj41h4ev9u776Saxiwl

Од понеделник парното поскапо за 5,9%, сметките повисоки за 130 денари

Од 1 декември цената на парното се зголемува за 5,9% до 7,7%. РКЕ прави анализи и за цените на струјата од 1 јануари.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука од 1 декември цената на парното во просек да се зголеми за околу 130 денари. Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое досега плаќало 2.200 денари, сега ќе плаќа за 130 денари повеќе, односно сметката ќе им биде 2.330 денари.Цената на топлинската енергија за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) се зголемува во просек за 5,9%. За потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк 7,7%.„Зголемувањето на цената е поради неопходни инвестиции за санација на топловодната мрежа. Во периодот што претстои мора да се направи долгорочно стратешко планирање и да се започне со сериозна санација и модернизација на топлинската мрежа која е стара од 1960 година. Овие инвестиции ќе ги намалат дефектите, ќе го подобрат квалитетот на снабдување, ќе овозможат ширење на мрежата што ќе влијае врз зголемување на конзумот. Ќе повторам и сега дека затоплувањето на парно е најекономично, анализите покажаа дека доколку сите исклучени од парно повторно се приклучат на системот, сметките ќе се намалат за околу 10 отсто”, изјави Бислимоски.Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата.„Која ќе биде крајната цена, одредува регулаторот. „АД ЕСМ“ поднесе целна цена од 65 евра за мегават-час, што е три евра или околу четири проценти повеќе, но никако преку сто евра колку што е пазарната цена. Иако претходно како Влада бевме критикувани, и во Извештајот на ЕУ, но и од дел од јавноста дека не спроведуваме еден од чекорите кои се дел од планот за пораст, а тоа е либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата, јасно кажавме дека тој чекор нема да го примениме бидејќи ако го примениме цената на електричната енергија нема да биде 63,65 евра туку сто евра за мегават-час. Тогаш вкупната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за фантастични 50 проценти”, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryo1gubl020hkl6c85eYe

Фекални бактерии во мусаката и на чешмите, во носот на вработена во „Димо Хаџи Димов“ најден Стафулококус ауреус

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, информираше за нови наоди од истрагата за стомачните тегоби кои се појавија кај учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов” во скопски Карпош.Институтот соопшти дека во примерок од мусаката која се служела во првата смена биле пронајдени грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae. Исти бактерии, кои се индикатор на фекална контаминација, и предизвикуваат дијареа, повраќање, болки во стомакот, се откриени и на три чешми во училиштето – две во училниците и една во кујната.„Од девет земени површини, три се позитивни, чешмите во две одделенија и една од кујната. Најдени се бактерии од групата Enterobacteriaceae. Овие бактерии даваат ваква клиничка слика каква што имаат веќе заболените, и укажуваат на нехигиена. Донесени се материјали за две деца од фецес, е едно е позитивно на норовирус, вирус кој се пренесува многу лесно и долго време живее на работните површини, како што се маси, столчиња. Брисевите од грло и нос од пет деца во текот на вчерашниот ден се негативни за ковид, а се чекаат резултати за други вируси“, изјави Андоновска.Во носот на една вработена во кујната најден е Стафулококус ауреус, кој исто така може да предизвика ваква симптоматологија.Андоновска рече дека досега имаат 29 пријави од ученици и една пријава од наставничка. Во болницата моментално се сместени седум деца и сите во добра и стабилна состојба.Во меѓувреме, инспектори од АХВ спроведоа вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Општина Карпош, кои се снабдуваат од истиот оператор со храна, кој го стопанисува и централниот магацин во „Димо Хаџи Димов“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryr5mt4p91fo63aS7OUvF

Македонија доби нов европски шампион во мотоциклизам

Македонскиот мотоциклист Петар Мијалков годинава се впиша меѓу најдобрите на континентот, освојувајќи ја титулата европски шампион во БМУ серијата. Со упорност, дисциплина и стабилни настапи во текот на сезоната, тој обезбеди историски успех за македонскиот мото спорт.Во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде стотици љубители на моторите го поздравија за европскиот подвиг. По повод празникот 8 Ноември, Мијалков доби и специјално признание од градоначалникот Иван Јорданов, како знак на благодарност што го промовира градот и државата надвор од границите.Петар Мијалков уште од дете го посакувал возбудливиот свет на мотоциклизмот, но поради недоволни финансиски можности подолго време не можел да започне со професионални тренинзи. Првиот мотор го набавува во 2017 година, почнува на улични патеки, а подоцна преминува на вистински тркачки патеки. Како натпреварувач се појавува од 2023 година, но многу брзо се пробива меѓу најуспешните.Во 2024 година ги освојува титулите европски вицешампион и државен шампион, а оваа година доминира и на меѓународната и на домашната мото сцена, освојувајќи ги највисоките позиции на шампионатите.Надвор од пистата, Мијалков е посветен на семејството. Три години е во брак со сопругата Стефанија, со која го има синот Драган, а семејството наскоро ќе добие нов член – мотив плус што, како што вели самиот, му дава сила за нови врвови.

Македонија | пред 4 месеци

aleksandar-nikoloski

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој истакна дека партијата останува на ставот дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, потенцирајќи дека Бугарија не ги применува пресудите од Стразбур и дека Македонија очекува нивна имплементација и признавање на македонско малцинство.„Ние сме кажале, а тоа е дека не прифаќаме уставни измени под бугарски диктат и јасно сме кажале кои се нашите очекувања, дали се тие поврзани со историскиот и политички континуитет на македонскиот народ, дали н се поврзани со засебноста на македонскиот јазик, многу јасно сме ги кажале работите дека Бугарија не ги применува пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, дека бараме да ги примени, јасно сме кажале дека бараме да признае македонско малцинство кое што би бил дел од Советот на национални малцинства којшто го има Бугарија, јасни се нашите позиции“, вели Николоски.Според Николоски во Европската унија постои нов бран на оптимизам за проширување, а неколку поголеми земји-членки се подготвени да го поддржат процесот.„Се надевам дека нели сега има нов бран на оптимизам којшто се шири во однос на проширувањето дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ, ќе се согласат на проширување, и ако се согласат на проширување ќе извршат притисок врз Бугарија да не не блокира“, рече Николоски.Николоски истакна дека е единствениот министер од оваа Влада кој што потпишал меѓудржавен договор со Бугарија, како што е договорот за изградба на заеднички тунел, потенцирајќи дека се очекува со почетокот на градежната сезона тој да биде воведен во работа.„Се обидуваме да ја забрзаме втората фаза, иако за жал тоа е наследено од претходната влада многу лош изведувач, се обидуваме да ја забрзаме, очекувам на почетокот на следната недела да излезе првиот од трите документи тоа е информацијата за спроведување на тендер затоа што одиме по правила на Европската инвестициска банка, после тоа ќе излезе претквалификација, па квалификација за надзор и најдоцна јануари дека ќе излезе и тендер за изведувач. Се надевам дека со почетокот на новата градежна сезона ќе може да биде воведен во работа“, истакна Николоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryei7trq3qm6ku9ha854n

Николоски: За само една година обезбедивме 21 нова авионска дестинација, наскоро ќе има и нова линија Виена-Охрид

На Канал 5 телевизија во „Само Интервју“ вечерва гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски кој истакна дека со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во туризмот се бележи раст од 20%, како и со обезбедување на 21 нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром.„20% раст имаме на туризмот од изборот на оваа Влада. Ние правиме многу во делот на привлекување на туристи, за само една година обезбедивме 21 нова дестинација кон скопскиот и охридскиот аеродром, Аустриан ќе лета редовно Виена-Охрид, што дополнително ќе го поврза градот со цела Европа“, рече Николоски.Николоски се осврна и на капацитетите за сместување на туристи.„Хотелските комплекси кои ги имаме во Македонија со исклучок на неколку објекти во Скопје, се од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. За да се изгради еден хотел, потребно е да се донесе цел детален урбанистички план. Мислам дека мнозинството е тивко и мнозинството ова го поддржува и мора да ја олесниме процедурата. За изградба на хотели не за апартмански комплекси, не за апартмани за продавање, исклучиво за хотели тоа е таканаречена Б5 категорија и дури еве можеме да се договориме, тоа да може да се прави за инвестиција којашто ќе е над Х вредност“, кажа Николоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv3617ak30n3uawjCgUR

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, на денешната седница за пратенички прашања, укажа  дека политиките на актуелната власт директно ја ограничуваат мобилноста на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за живот.Во обраќањето Битиќи посочи дека покрај покачувањето на возачката дозвола за Б категорија за 30%, граѓаните кога сакаат да патуваат надвор од државата се соочуваат и со прескапиот документ-зелен картон. Во отсуство на министерката за финансии Гордана  Димитриеска-Кочоска, до која беше наменето прашањето, Битиќи побара писмен одговор на прашањето - кога ќе се укине зелениот картон и конечно ќе се стави крај на оваа скапа бариера за мобилноста на граѓаните.„Ако во првото прашање зборував за тоа како државата им ја поскапува мобилноста на младите со 30% повисоки трошоци за авто-школа, морам да укажам дека истиот рефлекс на ограничување продолжува и кога некој граѓанин конечно ќе добие возачка дозвола. Наместо да се олесни циркулацијата на луѓе, идеи и труд, државата држи високо кренат уште еден бедем, а тоа е зелениот картон. Тој е претворен во постојан трошок за излез од државата, односно тоа е една симболична и финансиска рампа што ја плаќаат студентите од програмата „Еразмус“, сезонските работници, лекарите кои одат на обука во странство, семејствата што сакаат за викенд да прошетаат надвор од границите, некоја мала компанија која врши извоз на роба и  сака да внесе додадена вредност за нашата економија“, рече Битиќи.Тој додаде дека ваквиот „данок на мобилност“ е дел од пошироката политичко-економска матрица на Владата.„Овој „данок на мобилност“ не е изолиран административен куриозитет, туку спаѓа во истата политичко-економска матрица што ја гледаме во Предлог-буџетот за 2026 година, односно популистичка реторика за „грижа“, а во суштина преферирање на лесни приходи, непродуктивни трошоци и административна комоција пред структурни реформи и европска нормализација“, рече Битиќи.Во обраќањето Битиќи посочи дека трошоците за живот растат по сите основи поради погрешните политики на власта, што на свој грб го чувствуваат граѓаните.„Кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се фали со „дисциплина“, а истовремено пробива фискални правила и крати капитални инвестиции, граѓанинот го чувствува тоа на најконкретен начин, односно во секој дополнителен издаток што го казнува неговото право да се движи, да работи, да учи и да се поврзува. Зелениот картон, во таа смисла, е политика што ја прави границата поскапа, ја стеснува економската шанса на малите и ги демотивира токму оние кои ја движат економијата со својот труд“, посочи Битиќи.Притоа, Битиќи додаде дека мобилноста е јавен интерес, а не привилегија, а државата бидејќи држи високи бариери за движење на луѓе, знаење и труд, не гради европска економија туку гради затворен круг на ниска продуктивност и висока фрустрација.„Ако навистина сакаме да ги задржиме младите дома, треба  да им дадеме шанса на малите извозници, да го олесниме животот на работниците и на дијаспората, мора да престанеме да ја претвораме границата во каса“, рече Битиќи.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarytdi5g94fofqi2wdggDK

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, се осврна на повеќе теми меѓу кои и темата за правосудството во земјава. Тој зборуваше за нефукнционалноста на судството, и го посочи како најголем проблем во земјата, при што истакна дека Владата не може да нема слух за истото.„Проблем е, што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат најчесто им е да удрат некој бизнисмен. На тоа се сведе судството и обвинителството во Македонија, и на седење по кафани“, кажа Николоски и додаде:„Добри се закониве, немаме ништо проблем во законите. Мали им се сега плативе. Повисоки плати имаат и од министри, и од премиер, и од претседател на држава“.Како што вели тој, Владата донела принципиелен став и ги намалила коефициентите за платите на функционерите, а она кое што судиите и обвинителите моментално го бараат се 4 просечни плати.„Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%. Ние имаме принципиелен став, дека од ова ниво нагоре платите нема да растат и ги намаливме коефициентите. Ако порано министер бил 3,5%, 3 и пол просечни плати, ако бил пратеник 3 и пол просечни плати, ако бил потпретседател на влада 3,7 просечни плати, премиер 4, претседателот 4,5, сега ги намаливме сега е 2,83. За судиите и за обвинителите да не важело. Па помножете 4 просечни плати во моментов ќе видите колку пари доаѓаат, ќе видите колку е тоа што го бараат судиите“, рече Николоски.Николоски посочи дека правосудниот систем е проблем број 1 во земјата и за истото не може Владата да нема слух.„Ние сме најмногу да бидат независни. Нека испорачуваат резултати, нека си работат и ние да немаме дебата, ама ова е проблем број 1. Поразговарајте со било кој граѓанин, ова ви го отвора како проблем број 1. Ние не можеме неми да бидеме. Да велиме само затоа што ние немаме надлежност таму, ние ќе ќутиме“, истакна Николоски.Николоски укажа дека само тој додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција отворил многу корупциски случаи, но никако да се види било каков резултат од правосудството.„Не може сите случаи да се утнати, од толку корупциски случаи нешто да беше почнато, ако мислат дека не треба нека кажат“, посочи Николоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarytaq64nq1rd7t7PCnEtx

Општина Охрид доби престижна награда на меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

Општина Охрид доби престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам кој од денес до сабота се одржува во Нови Сад, Србија. Наградата се доделува за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда. Ова признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот.На промотивниот штанд на Општина Охрид, посетителите имаат можност да дознаат повеќе информации за туристичките знаменитости на градот, сместувачките капацитети, туристичките настани, руралниот туризам и автентичната гастрономска понуда.На Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, учествуваат повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија. Оваа година, Република Македонија е земја-партнер на настанот.На саемот се претставуваат туристички агенции, институции, туроператори, национални паркови, хотели, винарии, мали производители на храна и бројни други субјекти.

ОО | пред 4 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Со шприц насилно сакал да и стави непозната течност во устата на сопругата и ја повредил со остар предмет

Вчера во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на селото.Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата.Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfpe7alquobl9csh3kVD

Алармантно: Се обрушува и лизга земјиште на Водно

По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.Состанокот беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.Разгледана е состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето.Заклучоците од овој состанок ќе бидат официјално проследени до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryc0tllkkpvolqdEvhLFX

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво реализираше работилници за средношколците

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Охрид деновиве реализираше две едукативни работилници на тема „Да се ставиме во туѓи чевли“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Работилниците, на кои учествуваа ученици од втора година, беа насочени кон развивање емпатија, меѓусебна почит и ненасилно однесување.Активностите ги спроведоа стручните лица од училиштето, а преку интерактивни задачи учениците се запознаа со значењето на прифаќањето на различностите и позитивната комуникација. Целта беше подигнување на свеста и поттикнување создавање безбедна и прифатлива училишна средина.Работилниците претставуваат дел од континуираните активности на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во насока на поттикнување позитивни навики и развивање на здрави односи меѓу младите.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryk3lip8men588dBFLkWN

Андоновски: Дигитализацијата e основна алатка за борба против корупцијата

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва гостуваше во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ. Андоновски говореше за проектот за 55.000 ваучери од 15.300 денари за студенти, за кој досега имаат аплицирано 37.970 студенти, а над 17.000 студенти веќе подигнале електронски уред.Министерот напомена дека овој проект освен што помага на оние кои најмногу им треба да добијат електронски уред, истовремено целата постапка е транспарентна и едноставна. Со ова, Андоновски смета дека корупцијата целосно се елиминира.„Оваа услуга покажува борба против корупцијата. Овој систем не познава кое дете од каде доаѓа, кој студент какви родители има, системот не подразбира дали сте син или ќерка на некој функционер за да добиете ваучер, туку тој систем доделува ваучери на секој кој ги исполнува условите”, истакна Андоновски.Дополнително, министерот истакна и дека изводот од матична книга на родени и уверението за државјанство се издаваат онлајн а со тоа директно се влијае на сузбивање на ситната корупцијата.„Веќе не плаќате 400-500 денари на некој службеник во некоја канцеларија за побрзо да го издаде вашиот документ. Кликнувате, 20 секунди и го добивате документот на меил”, заврши министерот Андоновски.

Македонија | пред 4 месеци

Minister-Bisera-Kostadinovska-Stojchevska-768x512-1

Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот за македонски јазик

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање  на инспекторатот.Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на инспекторатот, рече Костадиновска Стојчевска и побара буџетот за оваа институција да се врати на износот од 2.033.000 денари, колку што изнесуваше во буџетот за 2025 година.-Со намалениот износ не е можно да се обезбеди вработување на потребниот број инспектори и административен кадар, извршување на редовни активности на терен, опремување и тековно функционирање на институцијата, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека инспекторатот за употреба на македонскиот јазик е нова институција, основана врз основа на законот за употреба на македонскиот јазик, чија цел е да го следи спроведувањето на законските обврски во инситутциите, образованието, културата и јавниот простор.Костадиновска Стојчевска побара поддршка од сите пратеници за овој амандман.Барам поддршка за оваа институција да може конечно, откако е формирана во 2024, да профункционира, затоа што откако е воспоставена, нејзиниот буџет само се крати, а со тоа не се покажува вистинска грижа за зачувување, унапредување на македонскиот јазик, нагласи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во обраќање пред собраниската комисија за финансирање и буџет.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryifsq1mn99f2geajqywe

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Наташа Бошковска и Јордан Апостолски во трка за судија во ЕСЧП

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Предложени се: професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска.Според претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, кој е член на Комисијата, одлуката ја донеле врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за судиска функција и признат правнички углед.„Мал број на кандидати што го исполнуваа вториот услов, квалификации за вршење на судиска функција. Професорот Георгиевски е признат како угледен стручњак, додека, двајцата избрани адвокати имаат неспорно значајни искуства во човекови права “, рече Костадиновски.Како што информираше, се гласало тајно за сите кандидати, двајца од избраните кандидати добиле по пет гласа, еден четири.До крајот на неделата имињата ќе бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе даде конечна оценка.Претходниот обид не успеа, бидејќи од Владата не доби ниту еден од тројцата предложени кандидати поддршка. На постапката остро реагираше обвинителката од поранешното СЈО, Ленче  Ристоска.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryae9erukf34l48PEJvMA

Пренасочени летовите на скопскиот аеродром поради опасен метеоролошки феномен

Вечерва повторно е нарушен авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје поради влошени временски услови и појава на опасен метеоролошки феномен „wind shear“, кој претставува сериозен ризик при слетување.Според првичните информации, најмалку два лета – од Истанбул и од Венеција – не успеале безбедно да пријдат кон скопската писта и биле пренасочени кон Приштина.Особено драматична била ситуацијата со летот од Венеција, кој повеќе од еден час кружел над Скопје пред екипажот да донесе одлука за пренасочување.Нарушувањата во авиосообраќајот продолжуваат, а патниците се очекува да добијат дополнителни информации од своите авиокомпании.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryejgrrcg1mngv5Fpf7RM

Обвинителката Пауновиќ прифаќа да биде на студентската листа: Ова е вистински момент за обединување

Пензионираната јавна обвинителка Јасмина Пауновиќ изјави дека би го прифатила повикот на студентите да се најде на нивната изборна листа, доколку ѝ биде упатен.Таа нагласува дека тоа би било „обврска на сите слободоумни луѓе кои го граделе својот живот, семејство и кариера во оваа земја“. Според неа, сега е вистински момент за обединување и за барање подобра иднина за младите.Пауновиќ оцени дека студентите треба да добијат поддршка „за да ја создадат Србија каква што ја посакуваат“.Таа додаде дека најважно е кандидатите да бидат луѓе што искрено се залагаат за подобра иднина, без разлика на тоа кој точно ќе биде на листата. Истовремено истакна дека верува во проценката на студентите, кои, како што рече, самите знаат да го препознаат квалитетот на луѓето што ги предложиле.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryflsi84ut9fc86cfNAnm

ЈО за организиран криминал на Србија: Не дозволуваме притисок, нема да бидеме сервис на политички интереси

Колегиумот на Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека обвинителите со месеци се изложени на континуиран притисок преку јавни настапи на претседателот на Србија, како и на претставници на извршната и законодавната власт, политички актери и поединечни медиуми. Од таму порачаа дека нема да подлегнат на притисоци и дека ќе продолжат да постапуваат исклучиво согласно законските и уставните овластувања.Од Обвинителството наведуваат дека одлуките и постапките кои ги иницирале се коментираат на „недозволен начин“, со цел да се изврши влијание врз нивниот исход. Како особено проблематични ги наведуваат реакциите по отворањето на предметите познати како „Надстрешница“ и „Генералштаб“, каде што, според нив, по утврдувањето основи на сомневање за злоупотреби од страна на одредени министри, започнале медиумски напади и институционални опструкции.Во соопштението се тврди дека директорите на полицијата, Управата за јавни приходи и Управата за спречување перење пари ги повлекле дадените согласности за членовите на Ударната група и одбиле да достават докази или да преземат потребни дејствија, со што го забавиле и отежнале работењето.Колегиумот потсетува дека и претходно имало обиди за влијание во предметите „Јовањица“, „Шариќ“, „Ќурувија“ и други, преку изјави што, како што наведуваат, ја релативизираат тежината на делата и ја загрозуваат безбедноста на обвинителите. Дополнително, предупредуваат дека најавите за укинување на Обвинителството за организиран криминал и негово спојување со Вишото обвинителство во Белград претставуваат „отворен политички притисок“ и удар врз уставниот поредок.Како спротивен став ја наведуваат препораката на Европската комисија, која бара зајакнување на надлежностите на ова обвинителство.„Ова обвинителство не е и нема да биде сервис на политички интереси“, стои во соопштението, со повик до политичките актери да се воздржат од непримерни коментари и да го почитуваат уставниот принцип на самостојност на обвинителството.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjf30lq4o53pi8etAveq

(Фото) Профили на „Икс“ преку ноќ го сменија потеклото по воведувањето на новата функција

По активирањето на новата опција „About this account“ на социјалната мрежа „Икс“, која го прикажува вистинското потекло на профилите, дел од акаунтите што ја промовираат кампањата на Доналд Трамп – а вчера се водеа како македонски – денес имаат изменети податоци или се целосно заклучени.Повеќе верификувани профили, меѓу кои фан-акаунт со над 120.000 следбеници, го ограничиле пристапот до старите објави токму во периодот кога корисниците почнаа да ги посочуваат нивните вистински локации. Други профили го заменија „Македонија“ со „Источна Европа“, меѓу кои и фан-профилите за Ерик и Барон Трамп.Реакциите на „Икс“ се движат од сарказам до сериозни обвинувања за координирани политички мрежи кои се обидуваат да го сокријат странското влијание. Од компанијата на Илон Маск појаснуваат дека функцијата сè уште се доработува и се коригираат геолокациите.Случајот повторно ја отвори темата за можните политички операции поврзани со Македонија, потсетувајќи на „велешката фабрика за лажни вести“ која беше активна во кампањата на Трамп во 2016 година.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvaaifr6nufjc5FIOwDF

Почина д-р Илија Џонов, невропсихијатар и декан на Медицинскиот факултет

Почина проф. д-р Илија Џонов. Тој беше невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје во два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје.Објавил 107 научни и стручни трудови и реализирал научен проект за невромускулните болести во Македонија.Добитник е на наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 2010 година.Проф. д-р Џонов беше член на Надзорниот одбор на „Алкалоид“ од 1998 до 2023 година.Џонов беше роден на 24 ноември 1943, во Штип.

Македонија | пред 4 месеци

1680095499_zelenski

Зеленски: Украина е благодарна на Трамп, САД и на секое американско срце за напорите за постигнување мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на САД и на нивниот претседател Доналд Трамп за напорите да го поддржат Киев.„Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.Претходно Трамп рече дека украинското раководство изразило „нулта благодарност“ за американската помош.Зеленски, исто така, изрази благодарност и до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош, велејќи дека нивните напори за поддршка на оваа помош се важни.„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да биде правилно осмислено за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме таа да се случи повторно”, напиша Зеленски.

Свет | пред 4 месеци

media-library0s446umhr40nffrOTEh

Полицијата двапати реагирала на концертот на Девито поради дојави за бомби во салата во Скопје

За време на концертот на српскиот рапер Девито во салата „Јане Сандански“ синоќа биле примени две телефонски дојави за наводно поставени експлозивни направи – една во 20:51 и друга во 21:17 часот. Од МВР потврдија дека по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.„Полицијата веднаш презеде мерки, направени се сите неопходни проверки и утврдено е дека дојавите се лажни. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.Ова е втор инцидент поврзан со масовни настани за само два дена. Претходно, во Кавадарци беше прекинат настапот на Аца Лукас, кој според МВР настапувал без дозвола, а во локалот бил затекнат далеку поголем број гости од дозволениот. Пазарната инспекција информира дека континуирано врши контроли на локации каде се собира поголем број млади.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvvh6642da41pcCF3F9r

„Да помислиш дека ќе бидеш поголем од Македонија… црн печат и да се не грлимо“, вели Илиески за Мирковиќ кој го нападна Мицкоски поради Лукас

По приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, тензиите меѓу дел од српската естрадна сцена и македонската политичка јавност дополнително се засилија. Најостри реакции дојдоа од Саша Мирковиќ, директор на „Хајп ТВ“, кој упати серија провокативни критики кон премиерот Христијан Мицкоски, алудирајќи дека апсењето било политички мотивирано од Цеца која изминатите недели на еден од настапите подигна бугарско наместо македонско знаме, кое го добила од публиката.„Мислев дека Мицкоски е премиер на Северна Македонија, а не Северна Кореја“, изјави Мирковиќ, додавајќи дека доколку постоеле неправилности, институциите требало да реагираат кон клубот, а не кон изведувачот. Тој го повика премиерот да се „откачи од црната вдовица“, алудирајќи на претходни контроверзии.На неговите изјави остро возврати Богдан Илиевски, член на ВМРО-ДПМНЕ и водител на „Вечерното шоу“. Тој оцени дека Мирковиќ шири невистини и го обвини за обиди за манипулација со јавноста.„Да помислиш дека ќе бидеш поголем од Македонија… црн печат и да се не грлимо“, порача Илиевски, обвинувајќи го Мирковиќ дека со години профитирал во земјава, а сега се обидува да ја политизира ситуацијата со приведувањето на Лукас.Инцидентот со турбо-фолк пејачот, настана кога тој беше приведен поради настап без дозвола, а во клубот, МВР кажа дека констатирале неиздавање фискални сметки и надминување на дозволениот број гости во локалот. Ова прерасна во регионална медиумска тема. Истовремено, МВР останува на ставот дека интервенцијата била исклучиво по основ на прекршоци и без политички мотив.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryr262e1eb0mks03t64ae

(Видео) Шамари поради крави во Крива Паланка: Мештани тргнаа да си го решаваат проблемот со добитокот, сопственичката рашамара маж

Во кривопаланечкото село Добровница повторно ескалира долгогодишниот проблем со стотиците крави кои слободно се движат низ селото и уништуваат земјоделски посеви. Последниот инцидент предизвика гнев кај мештаните, откако кравите уништиле околу 25.000 килограми зелка, што доведе до жесток судир меѓу земјоделците и сопственичката на добитокот, Ј. Ѓ.Според жителите, стадото со години се движи неконтролирано по ниви, ливади, приватни дворови и покрај магистралниот пат кон Бугарија, создавајќи ризици и во сообраќајот. Во обид да го спречат понатамошното уништување, земјоделците ги затвориле кравите, по што сопственичката се обидела да ги врати назад, што кулминирало со вербален и физички инцидент. На видеото се гледа и како жената му удира шамар на еден од мажите.Проблемот не е нов. Во март годинава, локалните жители повторно алармираа дека повеќе од 15 години трпат штети од истото стадо, кое брои околу 500 грла и се движи без надзор. Има случаи во кои кравите нападнале жители, а во повеќе наврати го загрозиле и сообраќајот на патот кон Деве Баир.Мештаните тврдат дека повеќепати поднесувале претставки до институциите, па дури и тужби против сопствениците. Но, процесите се влечат со години, а последниот случај само ја „разбуди“ повторно јавната фрустрација.Агенцијата за храна и ветеринарство има правосилна одлука за одземање на животните поради прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните, но таа мерка не е спроведена.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryra9o2ar9pbqr6WA7pOT

Струмичките пожарникари разочарани: Некој на 80.000 начини си поигра со нашето достоинство

Струмичките пожарникари се разочарани, бидејќи наместо плата од 80.000 денари, добиле драстично помали примања и преполовена плата.Револтирани, на ФБ пишуваат: „Вреди ли?”И покрај разочараноста, сепак сметаат дека вредизаради спасените животиживотите кои ги спасуваш.,,Не сакаме да обвиниме никого , но реално или нереално некој повторно на 80.000 начини си поигра со нашето достоинство и секако со нашите чувства.Но и покрај се, им порачуваме дека посветено и одговорно продолжуваме понатаму”, велат струмичките пожарникари.Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој и им ги вети зголемените плати остро реагира на одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите, оценувајќи ја како неправедна и штетна за оние кои секојдневно ризикуваат за да спасат животи.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања