Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денес се одржуваат повторни избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законски потребната излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од регистрираните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.Според Изборниот законик, за да се биде избран за градоначалник на повтореното гласање, не е потребен ваков цензус, само е потребно повеќе од половина од излезените граѓани да гласаат за еден од кандидатите.Гласањето започна во 7:00 часот, а гласачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на гласачките места ќе бидат идентификувани со важечки лични документи – лична карта или пасош, а нивниот идентитет ќе биде потврден и преку биометриски уреди за идентификација.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjjsbu6ddk8kgb7GOhvh

Денеска студено со снег, утре поларни температури

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. Измерени се и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје, Тетово, Охрид, Битола и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија.Висината на снежната покривка во Крушево е 14 сантиметри, во Охрид е 5.Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.Северен ветер се очекува да продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува стабилно, суво и многу студено време. Наместа утринската температура ќе се спушти и под -10 степени.Во Скопје, денеска ќе променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -1 до 3 степени.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysqlrta387mnb2FesoVl

Лекари од Иран за Би-Би-Си: „Убиваат млади луѓе, мртовечниците ни се преполни“

Медицински работници од најмалку три болници во Иран сведочат за драматична и шокантна состојба во здравствените установи, кои се преплавени со загинати и тешко повредени демонстранти, во екот на масовните антивладини протести што ја потресуваат земјата.Еден здравствен работник од болница во Техеран за Би-Би-Си опишува сцени што, како што вели, никогаш нема да ги заборави: директни истрели во главите и срцата на млади луѓе. Поради обемот на повредени, дел од болниците преминале во кризен режим на работа, а персоналот немал време ниту за основна реанимација.„Починаа околу 38 лица. Многумина умреа веднаш штом беа донесени во ургентниот центар. Имаше директни истрели во главите и срцата на млади луѓе. Дел од нив не ни стигнаа до болница“, раскажува медицинска работничка од Техеран.Според нејзиното сведоштво, бројот на жртви бил толку голем што мртовечницата целосно се наполнила.„Телата беа редени едно врз друго. Кога немаше повеќе простор, почнаа да ги носат во просторијата за молитва. Сите беа млади – меѓу 20 и 25 години“, вели таа.Слични информации доаѓаат и од други градови. Би-Би-Си Персијан потврди дека во болницата „Пурсина“ во градот Рашт биле донесени најмалку 70 тела. Бидејќи мртовечницата немала капацитет, телата биле однесени на други локации.Според болнички извори, на семејствата им било побарано да платат околу 7 милијарди ирански риали (околу 6.500 евра) за да им бидат предадени телата на починатите за погреб.Лекар кој стапил во контакт со Би-Би-Си преку сателитска врска вели дека болницата „Фараби“ во Техеран – главниот центар за очни болести – преминала во вонреден режим поради огромниот број пациенти со прострелни рани во пределот на очите.Сите неитни прегледи и операции биле откажани, а персоналот бил пренасочен исклучиво на итни случаи.„Видов пациент погоден во окото, а куршумот излегол од задниот дел на главата“, сведочи лекар од Техеран.Друг медицинар од градот Кашан раскажува дека многу демонстранти биле целно погодени во очите, додека од Шираз пристигнуваат информации дека болниците немаат доволно хирурзи за да се справат со напливот на повредени.Во еден од најпотресните настани, медицинар од Техеран раскажува дека група луѓе среде ноќ насилно влегла во здравствен центар и внатре внела човек со прострелна рана.„Го оставија и си заминаа. Но беше предоцна – почина пред да можеме да му помогнеме“, вели тој.Протестите започнаа пред две недели во Техеран поради економската криза и драстичниот раст на трошоците за живот, но брзо се проширија во повеќе од 100 градови низ Иран.Организациите за човекови права известуваат за десетици убиени демонстранти и стотици приведени, додека иранските власти тврдат дека загинале и најмалку 21 припадник на безбедносните сили.Извештаите од терен се ограничени поради речиси целосната интернет-блокада и забраната за работа на странски медиуми, меѓу кои и Би-Би-Си. Сепак, видеа што излегуваат од земјата прикажуваат масовни протести, запалени возила и владини објекти во пламен.Иранската армија најави дека ќе им се приклучи на безбедносните сили во „заштита на јавниот имот“, а Советот за национална безбедност најави „одлучни правни мерки“ против, како што ги нарекува, „наоружани вандали“.Според американската агенција Human Rights Activist News Agency, убиени се најмалку 51 демонстрант, меѓу кои и седум деца, а уапсени се над 2.300 лица.Организацијата Iran Human Rights од Норвешка наведува дека меѓу жртвите има најмалку девет деца, додека Би-Би-Си Персијан досега успеал да потврди идентитети на 26 убиени лица, од кои шест деца.Од друга страна, иранската полиција официјално тврди дека во Техеран „нема убиени лица“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Македонија подготвува најстрог закон за пушење досега: целосна забрана во јавни простори и високи казни

Министерството за здравство го објави новиот Предлог-закон за заштита од пушење, со кој се воведуваат најобемните рестрикции досега за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутун и никотински производи. Законот, кој треба да стапи во сила на 1 март 2026 година, има за цел да ја намали високата стапка на пушачи во земјава — која изнесува околу 45% од возрасната популација.Со новите одредби се забранува производство, увоз и продажба на сите никотински производи со ароми и вкусови – меѓу нив ментол, овошни и билни варијанти, како и течности за електронски цигари. Министерството посочува дека овие производи особено ја поттикнуваат зависноста кај младите.Законот воведува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни и работни простори, како и во приватни возила доколку внатре има дете. Исклучок се дозволува само на отворени балкони и тераси кои се отворени од најмалку три страни и немаат прегради од стакло или најлон. Пушењето ќе биде забрането и во објекти за сместување, угостителски локали, пазари, јавен превоз и административни институции.Се предвидува и целосна забрана за рекламирање и промоција на тутунските производи, како и ограничување на прикажувањето на пушење во филмови, серии и интернет-содржини, освен ако тоа не е уметнички оправдано и проследено со здравствено предупредување.Продажбата на цигари на парче, преку автомати или онлајн ќе биде забранета. Продавниците ќе мора да ги чуваат производите во затворени шкафови без осветлување, а информациите за цените ќе се даваат само преку листa со азбучен ред.Надзорот ќе го вршат повеќе институции – Пазарниот, Санитарниот и Трудовиот инспекторат, како и МВР.Физичко лице затекнато како пуши на забрането место ќе се казни со 150 до 300 евра, односно 100 евра при плаќање на лице место. За правните лица казните изнесуваат од 2.000 до 5.000 евра, а инспекторите ќе можат и привремено да забранат вршење дејност до три месеци.Министерството за здравство објаснува дека ваквите мерки се неопходни бидејќи директните здравствени трошоци за лекување на заболувања предизвикани од пушење надминуваат стотици милиони денари годишно, а целта е „да се заштити јавното здравје и да се намали една од водечките причини за смртност во Македонија“.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycvnb7otf2rt4eh7hM5N

„Ете, ставете рака на срце и кажете“ – Најчевска со провокативна објава за реалигијата и придобивките од неа

Професорката Мирјана Најчевска, која во минатото јавно има истакнато дека е атеист и дека верските честитки ги доживува како навреда, повторно отвори чувствително, но општествено прашање – дали зголемената јавна религиозност во Македонија навистина донела подобро општество.Во својата реакција, Најчевска повикува на искрено преиспитување, без идеологија и без лицемерие.„Ставете рака на срце и кажете – во сите овие години, кога се зголеми бројот на верници во Македонија, кога политичарите се натпреваруваат кој ќе се прикаже како поголем верник, кога децата се изнесуваат да го слават Бог во кој веруваат родителите, кога почнаа да се осветуваат полициски автомобили, да се молат во Собранието и кога никнаа крстови, цркви и џамии низ целата држава – дали тоа навистина донесе подобрување?“, прашува таа.Потоа, професорката реди конкретни прашања што, според неа, ја мерат суштината на секоја вера:– Дали се намали криминалот?– Дали има помалку убиства?– Дали се намали врсничкото насилство?– Дали има помалку семејно насилство?– Дали се намалија кражбите и измамите?– Дали луѓето станаа помалку егоистични и саможиви?– Дали се намали бројот на разводи?– Дали има помалку силувања?Ставете рака на срце и кажете“, завршува Најчевска, оставајќи го одговорот да го даде јавноста.Нејзината порака не е насочена против верата како личен избор, туку против, како што имплицира, нејзината политичка и симболична злоупотреба – во услови кога реалноста зборува за длабока морална и институционална криза.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryttoqrmutntte89lHvfw

(Видео) Кочани со тишина и 40 бели балони им оддаде почит на жртвите од Кран-Монтана

Со тишина, запалени свеќи и 40 бели балони испратени кон небото, Кочани попладнево им оддаде почит на 40-те млади животи загинати во пожарот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. Мирниот собир, организиран под мотото „Два града – иста болка“, обедини граѓани од сите генерации во заедничко сочувство и солидарност.Без говори и без транспаренти, присутните стоеја во тивка, достоинствена атмосфера, испраќајќи порака дека болката не познава граници. Белите балони, пуштени во небото, симболично ја означија младоста што прерано згасна.Особено емотивен беше моментот кога на собирот присуствуваа и родители на децата загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие порачаа дека ја препознаваат болката на семејствата во Швајцарија, нагласувајќи дека загубата на дете е иста, без разлика каде се случила трагедијата.„Понекогаш тишината зборува повеќе од зборовите“, беше пораката што ненаметливо ја одбележа целата вечер.Собирот помина мирно и достоинствено, како симболичен чин на заедништво меѓу два града поврзани од трагедии што оставија длабоки и трајни лузни.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

Позната возраста на лицата кои силувале и уценувале малолетничка

СВР Куманово денеска (10 јануари 2026 година) до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од селото Слупчане, Општина Липково, за сторени кривични дела „полов напад и силување“ и „уцена“, како и против Ќ.М. (28), исто така од селото Слупчане, за сторено кривично дело „полов напад и силување“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Н.А. спротивно на јасно изразената волја извршил полови дејствија врз малолетна девојка на подрачјето на липковскиот регион, а потоа ја принудил на полови дејствија и со вториот пријавен, Ќ.М.По извршените кривични дела, Н.А. ѝ се заканувал на малолетничката дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати сума од 20.000 евра. Под притисок и закани, девојчето било принудено да зема пари од домот без знаење на родителите, како и да позајмува од други лица, по што во повеќе наврати му ги предавала парите на пријавениот.Од МВР информираат дека случајот е целосно документиран и предаден на надлежното обвинителство, кое ќе постапува понатаму согласно законските процедури.Во интерес на истрагата, како и поради потребата од целосна заштита на малолетната жртва, Министерството за внатрешни работи апелира до медиумите и јавноста за внимателно, одговорно и етичко известување за настанот, без откривање на идентитетот на жртвата и без шпекулации, исклучиво врз основа на официјални информации.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2022-06-05-093843

„Изгинавме по улици од полусвет“ - во една недела загинаа двајца пешаци

Критикарката која пишува под псевдонимот Ина Многуфина остро реагира по двете тешки сообраќајни несреќи што се случија во Скопје, оценувајќи дека СМС-казните од системот „Сејф сити“ не можат да го надоместат, како што наведува, „интелектуалниот дефицит зад воланот и последиците од недостаток на родителска грижа“.„Сејф сити смс казните не можат да не спасат од интелектуалниот дефицит зад волан и последиците од недостаток на родителска грижа каде им даваат на деца да возат коли без возачка, вчера згазена жена во Капиштец и еден удрен пешак во Визбегово. Нека си излезе МВР да си се распореди и да си работи паралелно со Сејф сити.Нови мерки и закони почитуваат исклучиво луѓе со повисока свест и со желба за подобар живот и надеж за подобар систем. Останатото е проблем за општеството и треба некој да го тргне од улици на време. Изгинавме по улици од полусвет“, напиша Ина Многуфина.

Коментари | пред 2 месеци

media-librarynmcgn90kvuoadjOnktj

Немал возачка, возел брзо, преку спротивна лента - ја усмртил и побегнал преку Табановце: нови детали за трагедијата во Капиштец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишно лице осомничено за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со сообраќајната несреќа во која на 9 јануари во скопската населба Капиштец беше усмртена пешак.Според наводите на обвинителството, осомничениот, како учесник во сообраќајот, не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и животот на другите учесници. Тој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата „Народен фронт“ и извршил непрописно поместување налево, навлегувајќи во коловозна лента наменета за сообраќај од спротивен правец, без да се увери дека тоа може да го стори без опасност. Возилото го управувал со брзина која не била прилагодена на состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите услови, а притоа немал ниту важечка возачка дозвола.Во такви околности, со возилото удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот, при што од ударот и падот на асфалтот се здобила со тешки телесни повреди. Наместо да ѝ укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото на несреќата. Повредената била пренесена во Ургентниот центар, каде и покрај укажаната медицинска помош, подоцна починала.Обвинителството информира дека уште две лица, маж и жена, се осомничени дека му помогнале на возачот по извршувањето на кривичното дело, така што го пренеле со свој автомобил преку граничниот премин Табановце и му овозможиле да ја напушти државата. По нивното враќање во земјава, тие се лишени од слобода, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.Притвор е побаран и за осомничениот возач, кој сѐ уште е во бегство, при што мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази, ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarysv4okvf4aiho6HXNNmC

Семејството на загинатиот Македонец во Кран-Монтана апелира да не ги осудуваат: Потребен ни е мир

Мајката и сестрата на починатиот Стивен, Александра и Саманта Ивановски, упатија јавен апел да престане ширењето на објави и коментари поврзани со неговата смрт, особено такви кои содржат осуди, навреди и неточни информации.Во нивното обраќање тие наведуваат дека во најтешките моменти од загубата, покрај болката, биле соочени и со погрешни толкувања и болни зборови во јавноста. Појаснуваат дека претходната објава во која се собираа донации, а која предизвика бројни реакции, била направена со искрена и добра намера од блиски членови на семејството кои живеат во Македонија, во период кога ништо не било јасно – ниту трошоците за погребот, ниту дополнителните непредвидени обврски поврзани со правни постапки и документација.Како што истакнуваат, намерата била исклучиво да се помогне, без нивно барање, по иницијатива на блиски луѓе, а не да се создаде простор за јавна осуда или шпекулации.„Без разлика каде живееме, болката за загубата на дете не познава граници, држави ниту финансиски претпоставки. Таа е иста, длабока и неиздржлива“, наведуваат тие во пораката.Александра и Саманта изразуваат благодарност до сите кои покажале сочувство, човечност и поддршка, нагласувајќи дека во овој момент на семејството не му е потребно ништо повеќе од мир, тишина и достоинство, за нивниот Стивен да биде испратен спокојно.Тие апелираат да не се шират лаги, претпоставки и дезинформации во негово име и повикуваат јавноста да покаже почит кон болката на семејството.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybtbehlinlgju7O5weg2

Николоски од Стража и Пресека: Сите патишта во државата се проодни

Сите патишта во државата се проодни и сообраќајот се одвива непречено и покрај обилните снежни врнежи, благодарение на ангажманот на екипите на „Македонија пат“, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изврши увид во активностите на ова јавно претпријатие на планинските превои Стража и Пресека.Николоски истакна дека состојбата на терен е добра и дека екипите континуирано работат за да ги одржат патиштата проодни и безбедни за сообраќај.„Денеска сум на терен во увид на активностите на Македонија пат и можам да кажам дека состојбата е добра, сите патишта во државата се проодни. Сакам да им се заблагодарам на овие луѓе од Македонија пат, кои даваат сѐ од себе за патиштата да бидат чисти и безбедни. Моментално сме на превојот Стража, претходно бев на Пресека, а ќе продолжам и на други локации“, изјави Николоски.Тој упати јавна благодарност до работниците на „Македонија пат“ за нивната пожртвуваност и истовремено апелираше до граѓаните да бидат внимателни при патување, да ја прилагодат брзината на условите на патиштата и задолжително да користат соодветна зимска опрема.„Ги повикувам сите кои имаат потреба да патуваат да ги почитуваат сообраќајните правила, да користат зимски гуми и ланци каде што е потребно, и да возат внимателно. Нашата обврска е патиштата да бидат проодни и тоа ќе го обезбедиме, за последиците од ова невреме да се почувствуваат минимално“, порача вицепремиерот и министер за транспорт.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во Визбегово

Педесет и четиригодишен пешак од Велес се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од патничко возило во скопското село Визбегово, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, несреќата се случила на 9 јануари 2026 година околу 21:20 часот на улицата „4“ во Визбегово, кога патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р. (20) од Визбегово, удрило во пешакот Ц.Ц. (54) од Велес.Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде повредите му биле констатирани од лекарска екипа. На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

avtobus-2

Возач на автобус физички нападнал 79-годишен патник во Бањани, кој со тешки повреди завршил во болница

Седумдесет и деветгодишен жител на скопското село Бањани се здобил со тешки телесни повреди откако бил физички нападнат од возач на автобус на јавен превоз, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 9 јануари 2026 година околу 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.В. (79) од село Бањани бил нападнат од Г.Г., возач на автобус на линијата број 61, во кој оштетениот претходно се превезувал. По симнувањето од автобусот, меѓу двајцата настанала расправија, која ескалирала во физички напад.Како последица на нападот, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителот.

Скопје | пред 2 месеци

mobilen-telefon

Телефонска измама во Виница: Жена останала без над 12 илјади евра

Шеесет и седумгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама, при што ѝ биле одземени 12.400 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 9 јануари 2026 година во 15:00 часот во ОВР Виница, оштетената била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар. Тој ѝ соопштил дека нејзината снаа наводно се здобила со тешка повреда на работното место и дека итно биле потребни пари за хируршка интервенција.Како што е пријавено, жената подигнала пари од банка и ги оставила на локацијата што ѝ била посочена од лицето, верувајќи дека помага во лекувањето. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.

Македонија | пред 2 месеци

policija-2457

Пронајден починат 48-годишен маж во стан во Скопје

Починато лице е пронајдено во стан во централното градско подрачје на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 9 јануари 2026 година во 17:07 часот во СВР Скопје.Според официјалната информација, во стан на улицата „Рајко Жинзифов“ бил пронајден починат А.М. (48) од Скопје. На местото на настанот интервенирал лекар, кој констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.По насоки на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryhh36fs92k6hgfJs9IBw

(Видео) Трамп: Данците стигнале со брод на Гренланд пред 500 години, но тоа не значи дека е нивни

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика реакции со изјава поврзана со Гренланд, оценувајќи дека историското „откритие“ на некој простор не значи автоматски и право на сопственост врз него. Во видео кое вчера се прошири на социјалните мрежи, Трамп посочи дека иако има позитивен став кон Данците, не го прифаќа историскиот аргумент за нивното право врз островот.„Знаете, тие беа многу љубезни кон мене. Јас сум нивен голем фан, но фактот што некој пристигнал таму со брод пред 500 години не значи дека ја поседува таа земја“, изјави Трамп во разговор со новинар, алудирајќи на историските врски меѓу Данска и Гренланд.Изјавата доаѓа во контекст на неговите претходни коментари и интерес за Гренланд, автономна територија во состав на Кралството Данска, која има значајна стратешка позиција и богати природни ресурси. Со ваквите ставови, Трамп повторно ја отвори дебатата за тоа како низ историјата се толкувале поимите „откритие“, суверенитет и право на територија.Многумина ја повлекоа паралелата со историјата на американскиот континент, кој за Европејците бил „откриен“ во 1492 година со пристигнувањето на Кристофор Колумбо, иако веќе бил населен со милиони домородни жители. Подоцнежната колонизација и создавањето на Соединетите Американски Држави како независна држава во 18 век покажуваат дека историското присуство и правото на сопственост не се секогаш едноставни и недвосмислени категории.Поради тоа, изјавите на Трамп за Гренланд дел од јавноста ги доживува како провокативни и како поедноставување на сложени историски процеси, но и како продолжение на неговиот препознатлив политички стил, со кој често ги доведува во прашање воспоставените меѓународни норми и традиционалните историски интерпретации.

Свет | пред 2 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

САД го предупредија Иран да не користи странски милиции против демонстрантите

Соединетите Американски Држави јавно го предупредија Иран да не користи странски вооружени групи за насилно задушување на антивладините протести што во изминатите денови ја зафатија земјата. Од Вашингтон изразија сериозна загриженост поради информации дека иранските власти ангажираат припадници на Хезболах и ирачки милиции за справување со мирните демонстранти.Преку иранската верзија на официјалниот профил на американскиот Стејт департмент на социјалната мрежа Икс, беше соопштено дека постојат извештаи за вмешаност на странски вооружени формации во сузбивањето на протестите. Во објавата се наведува дека ваквите постапки претставуваат сериозна ескалација и дополнително загрозување на основните човекови права.Американската администрација посочува дека иранските власти со години трошеле милијарди долари од државниот буџет, односно од средствата на сопствените граѓани, за поддршка на, како што ги нарекуваат, терористички структури надвор од земјата. Според Вашингтон, нивна можна употреба против сопственото население би претставувала уште едно тешко предавство на иранскиот народ.Од Стејт департментот потенцираат дека мирните протести се легитимен израз на незадоволство и дека секој обид за нивно задушување со помош на странски вооружени групи ќе биде внимателно следен од меѓународната заедница. Засега, иранските власти официјално не ги коментираа овие наводи.

Свет | пред 2 месеци

teheran-iran

Жител на Техеран за Си-Ен-Ен: „Ова повеќе не може да се запре“

Антивладините протести во Иран, поттикнати од високата инфлација и драматичниот раст на трошоците за живот, во изминатите две недели се проширија низ целата земја и претставуваат најсериозниот предизвик за властите во последните неколку години, објави Си-Ен-Ен. Според сведочење на жител на Техеран, протестното движење добило динамика што, како што вели, повеќе не може да се запре.Соговорникот на Си-Ен-Ен, 47-годишен маж кој од безбедносни причини инсистирал на анонимност, раскажува дека во поголемите ирански градови граѓаните чекаат да се стемни за да излезат на улиците. Собирањата, според него, најчесто се интензивираат по 19 часот, кога протестите добиваат масовен карактер.Тој опишува сцени во кои, во текот на ноќта, улиците се исполнуваат со луѓе и возила, а демонстрантите се движат низ градот без однапред утврдена рута или конкретна дестинација. Чувството што доминира, вели, е чувство на „неизбежен замав“, додека протестите се шират и стануваат сè посилни.„Луѓе од сите возрасти – мажи, жени и деца – учествуваат, викаат од прозорците и масовно се собираат“, изјави жителот на Техеран за Си-Ен-Ен, додавајќи дека стравот постепено го заменува решителноста.Иако протестите првично започнале како реакција на неконтролираната инфлација, политичката нестабилност, според неговите зборови, дополнително ја влошила економската состојба. Цените на основните прехранбени производи продолжуваат да растат, а намирници како јајца и млеко станале „значително поскапи“, што уште повеќе го зголемува незадоволството кај граѓаните.И покрај строгите ограничувања на комуникациите, вклучително и блокадите на интернетот, како и сè потешките економски услови, тој нагласува дека граѓаните остануваат „одлучни, организирани и отпорни“. Според него, меѓу демонстрантите преовладува силно убедување дека сегашната власт претставува ќор-сокак и дека за голем дел од општеството веќе не постои враќање назад.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Гнев во кантонот Вале по пожарот со 40 загинати млади: „Сериозни институционални пропусти“

Челникот на швајцарскиот кантон Вале, во кој за време на новогодишната ноќ во пожар во бар загинаа 40 млади лица, јавно изрази гнев поради сериозните пропусти на локалните власти, кои, како што е утврдено, не го извршиле потребниот инспекциски надзор на објектот цели шест години. Во исто време, обвинителството ги интензивира напорите за утврдување кривична одговорност за трагедијата што ја потресе Швајцарија.Градоначалникот на скијачкото одморалиште Кран-Монтана оваа недела соопшти дека барот „Ле Констелацион“ не бил инспектиран од 2019 година. Оваа информација предизвика силни реакции во јавноста, а претседателот на кантоналната влада, Матијас Рејнар, во интервју за швајцарскиот весник „Ле Темпс“ отворено призна дека е револтиран од, како што ги нарече, сериозните институционални пропусти.„Бев лут“, изјави Рејнар, нагласувајќи дека е сосема природно да се почувствува гнев во вакви околности, но дека истовремено мора да ѝ се дозволи на правдата да го направи своето. Тој посочи дека одговорноста не смее да се сведе само на сопствениците на објектот, туку дека ќе мора да се испита и улогата на надлежните институции.Дополнителни контроверзии се појавија откако шефот на службата за безбедност во кантонот Вале соопшти дека изолациската пена во подрумот на барот, каде што избувнал пожарот за време на новогодишната прослава, требало редовно да биде предмет на законски пропишани контроли.Во рамки на истрагата, обвинителството во петокот одреди притвор за Жак Морети, еден од двајцата француски сопственици на барот. Судот во наредните денови треба да одлучи дали притворот ќе биде продолжен и дали ќе следува формално приведување. Против сопствениците се води истрага поради сомнеж за тешки кривични дела, вклучително и убиство од небрежност. Семејствата на жртвите веќе поднесоа повеќе тужби поврзани со трагедијата.Партнерката на Жак Морети, Џесика Морети, јавно им се извини на семејствата на загинатите, наведувајќи дека и двајцата се скршени од болка поради трагичниот настан. Сепак, во швајцарската јавност сè погласни се повиците за целосна и неселективна одговорност, при што дел од јавноста ја доведува во прашање и одлуката сопствениците толку долго да останат на слобода.„Одговорните ќе мора да одговараат, вклучително и надлежните власти“, порача Рејнар, додавајќи дека трагедијата не смее да заврши без целосно расветлување и санкционирање на сите пропусти кои довеле до смртта на младите луѓе.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl97l6i6bu7mf0ahfO5Y

(Видео) Медведев преку видео со закани кон Европа: „Сакате војна – ќе ја добиете“

Поранешниот руски претседател и премиер, а актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, преку објава на социјалната мрежа Икс упати остри и заканувачки пораки кон европските политички лидери, обвинувајќи ги дека, како што тврди, свесно ја туркаат Европа кон војна преку зголемена поддршка за Украина.Во провокативниот статус, Медведев додаде дека Русија ќе им го покаже на европсите лидери „токму тоа што ќе го добијат“. Објавата беше проследена со видео од балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, која Москва ја претставува како хиперсонично оружје способно за екстремно високи брзини и маневрирање во завршната фаза од летот.Изјавата на Медведев доаѓа откако Русија по вторпат употреби ракета од типот „Орешник“ врз територијата на Украина, при што цел беше западниот украински град Лвив, кој се наоѓа на околу 60 километри од границата со Полска, земја-членка на НАТО. Овој напад дополнително ги засили загриженоста и тензиите меѓу Москва и западните сојузници.Во објавата, Медведев директно го нападна и францускиот претседател Емануел Макрон, кого подбивно го нарече „Микрон“, обвинувајќи го дека упорно ја турка Европа кон директен судир со Русија. Тој повтори дека Москва, како што рече, „илјада пати јасно ставила до знаење дека нема да прифати европски или сили на НАТО на украинска територија“, но дека западните лидери, според него, продолжуваат со истата реторика и политики.Ова не е првпат Медведев да упатува вакви закани. Од почетокот на војната во Украина, тој во повеќе наврати предупредуваше на можноста од директен воен судир меѓу Русија и НАТО, доколку Западот, како што оценува Москва, премине од политичка и воена поддршка кон директно учество во воените операции. Во неколку наврати, Медведев користеше и радикална реторика, алудирајќи дека таквиот развој на настаните би можел да се третира како објава на војна против Русија.Изјавите на поранешниот руски претседател доаѓаат во момент на растечки меѓународни тензии, особено по неодамнешните ноќни напади врз Украина во кои беше употребен и проектилот „Орешник“. Москва тврдеше дека станува збор за одмазда за наводен напад врз една од резиденциите на претседателот Владимир Путин, тврдење што беше демантирано и од Киев и од западните сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

ЦУК: Одрони, излевања и поплавени површини по обилните врнежи, состојбата под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека до 12:30 часот, по обилните врнежи од дожд во изминатиот период, на територијата на државата состојбата е под контрола, иако во одделни региони се регистрирани проблеми со одрони, излевања на реки и поплавени земјоделски површини.Во Штипскиот регион, како последица на претходните врнежи, забележани се зачестени одрони од камења и појава на свлечишта на коловозите, поради што се апелира на внимателно движење. Во Скопскиот регион, според информациите на ЦУК, нема нарушување на редовната состојба поврзана со обилните врнежи од дожд.Во Охридскиот регион, до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти, а врнежите моментално се прекинати. Надлежните служби од Кризниот штаб Охрид извршија теренска проверка на критичните точки на реката Далјан кај селата Орман и Дебелополе. Регистрирано е излевање на реката Сушица во делот кај улицата „Прилепска“, по што е испратена механизација од ЈП „Нискоградба“ за спречување на понатамошно излевање. Надлежните предупредуваат дека доколку врнежите продолжат, постои опасност од излевање на реката Далјан кај селото Косел и селото Вапила.Во Струга е пријавено поплавување на дворови во четвртиот реон кај Мислешевски пат, предизвикано од надојдени води од Струшкото Поле. За состојбата се известени надлежните служби, а екипи на Територијалната противпожарна единица Струга интервенираат на терен со пумпи за испумпување на водата. На патниот правец Дебар – Струга има појава на одрони, при што екипи на „Македонијапат“ се ангажирани за одржување и расчистување на коловозот.Во Велешкиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзана со врнежите од дожд и снег. Во Битолскиот регион градското подрачје е нормализирано, но во селото Кравари има заезерени земјоделски површини од 10 до 20 хектари, без опасност по куќите и индустриските објекти. Во селата Жабени и Породин поплавени се околу 70 до 80 хектари земјоделско земјиште, додека излевањето на Елешка Река предизвикало поплавување на околу 50 хектари обработливи површини, при што водата постепено се повлекува во коритото.Патот кон Буковскиот манастир е сериозно оштетен од поројните врнежи, а ЈП „Нискоградба“ интервенира со градежна механизација. Свлечиште е евидентирано и на патниот правец од селото Буково кон селото Горно Ореово. Поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селото Мренога е затворен за сообраќај. Како последица на поројните дождови, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање од најмалку десет минути.Нивото на реката Црна кај селото Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање, при што насипите на критичните точки се дополнително зајакнати. Во текот на наредната недела, општинските власти во Крушево ќе формираат комисија за пријавување и проценка на штетите од поројните врнежи. Во општина Долнени е пријавена штета кај еден жител од селото Лажани, каде биле поплавени дворот и приземните простории, а оштетен е и тутунот. Поплавувања се регистрирани и во селото Пешталево, при што причината се неисчистени канали, а на двете локации интервенираше градежна механизација.Во Ресенскиот регион поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема Река е зголемено од вчерашните 1,40 метри на 1,65 метри. Сите расположливи градежни машини и пумпи од јавните претпријатија и локалната самоуправа се ангажирани за испумпување на водата и стабилизирање на состојбата.Во Струмичкиот регион засега нема пријави за направени штети, врнежите се со послаб интензитет и не постои опасност од излевање на реките. Исто така, нема пријави за одрони или непроодни патишта. Во Кумановскиот регион, како и во општините Липково, Ранковце, Старо Нагоричане, Крива Паланка и Кратово, состојбата е стабилна, без излевање на реките, а сите патни правци се проодни по влажни коловози.Во Тетовско-гостиварскиот регион до 12 часот нема пријави за штети предизвикани од врнежите, а надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya6mrtnrvguj12EpGeOO

Граѓаните излегуваат на протести во Струмица поради загадениот воздух

Граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ најави протест против аерозагадувањето, кој ќе се одржи на 24 јануари 2026 година, со почеток во 12 часот, на раскрсницата пред Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Организаторите повикуваат на масовно излегување на улица, оценувајќи дека состојбата со квалитетот на воздухот, особено во јужниот дел на градот, е алармантна и директно го загрозува здравјето на граѓаните.Во јавниот повик, иницијативата наведува дека и покрај честите промени на власти и функционери, проблемот со загадениот воздух останува нерешен со години. Според нив, ветувањата за чист воздух, стратегии и акциски планови останале само на хартија, додека граѓаните секојдневно се изложени на штетни концентрации на ПМ честички.„Здрава котлина“ предупредува дека според актуелните мерења, изложеноста на ПМ честичките во одредени делови од градот е еквивалентна на пушење околу седум цигари дневно. Од иницијативата посочуваат дека ова не е индивидуален проблем, туку сериозна закана за јавното здравје, која подеднакво ги погодува децата, бебињата, бремените жени, старите лица и луѓето со хронични, срцеви и респираторни заболувања.Организаторите потенцираат дека аерозагадувањето не е сезонски проблем поврзан само со зимскиот период, туку трае во текот на целата година и, како што наведуваат, е последица на дозволена и толерирана практика, институционална негрижа и недоволна контрола на загадувачите. Според нив, инспекциските надзори најчесто постојат само формално, додека реалните загадувачи остануваат неказнети.„Ова не е прашање на политика, туку прашање на право на живот“, наведуваат од „Здрава котлина“, додавајќи дека протестот има за цел да испрати јасна порака до институциите дека граѓаните повеќе нема да молчат.На протестот се повикуваат да учествуваат сите категории граѓани – родители, млади, пензионери, работници и студенти – со цел заеднички и јавно да се побара крај на аерозагадувањето, санкционирање на загадувачите и вистинска институционална одговорност.Иницијативата порачува дека масовното присуство е неопходно за да се изврши притисок врз надлежните и да се стави крај на, како што ја нарекуваат, „воздушната апокалипса“, нагласувајќи дека станува збор за борба за здравјето, иднината и животот на сегашните и идните генерации.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryljufqr7phict3xdoBRS

18-годишник ја усмртил жената во Капиштец, па веднаш со татко му избегал од државата: автомобилот најден пред нивната куќа

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 11:30 часот на улицата „Народен фронт“ во центарот на Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удрило во пешакот Љ.Ј. (79), која од здобиените повреди починала во Ургентниот центар. По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот без да ѝ укаже помош на повредената жена.По пријавата за несреќата, полициските службеници веднаш презеле интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Преку системот „Безбеден град“, камерите од околните објекти и изјави од сведоци, било утврдено дека станува збор за возило сопственост на Б.С. (45) од Скопје, управувано од неговиот син С.С. (18).Возилото било пронајдено пред домот на сопственикот, каде бил затекнат С.С. (69), кој бил приведен и со него бил извршен службен разговор. Дополнително било утврдено дека возачот С.С. (18) и неговиот татко Б.С. (45), со помош на Ш.П. (45) и А.Ј. (53) од Скопје, ја напуштиле државата во текот на истиот ден.Лицата Ш.П. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“, додека против 18-годишниот возач е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.По возачот и неговиот татко е распишана потерница, а во рамки на истрагата се пронајдени и одземени двете возила – „фолксваген пасат“, со кое била удрена жената, и „мерцедес“, со кое осомничените ја напуштиле државата. За целиот случај е известен јавен обвинител, а истрагата продолжува.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што сторителот го напуштил местото на несреќата и, со помош на други лица, се обидел да избегне одговорност за загубениот човечки живот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryp8498ncc30t73bVH8D2

Вештачката интелигенција создава „совршени“ лица – но постои едноставен начин како да ги препознаеме

Генераторите на слики базирани на вештачка интелигенција стануваат сè поумешни во создавање човечки лица кои често изгледаат пореално од вистинските. Сепак, ново истражување покажува дека постои релативно едноставен начин луѓето значително да ја подобрат способноста за препознавање на ваквите лажни лица, објави Science Alert.Истражувачи од Обединетото Кралство ја тестирале перцепцијата на 664 волонтери, поделени во две групи. Првата група била составена од таканаречени „супер-препознавачи“ – лица кои во претходни тестови покажале исклучителна способност за препознавање и паметење човечки лица. Втората група била составена од лица со просечни способности.Резултатите покажале дека и двете групи имале сериозни тешкотии во разликување на вистински лица од оние создадени со вештачка интелигенција, иако супер-препознавачите биле нешто поуспешни.Во рамки на истражувањето, учесниците извршувале два различни теста. Во првиот, им било прикажувано по едно лице, при што требало да одлучат дали станува збор за вистинска фотографија или за слика генерирана од вештачка интелигенција. Во вториот тест, истовремено им биле прикажувани едно вистинско и едно вештачко лице, со задача да го идентификуваат лажното.Кај учесниците кои не поминале обука, супер-препознавачите точно ги идентификувале лажните лица во 41 отсто од случаите, додека кај лицата со просечни способности точноста изнесувала само 31 отсто. Со оглед дека половина од прикажаните фотографии биле лажни, ова укажува дека вештачки генерираните лица се толку убедливи што дури и случајното погодување би било поуспешно.Клучниот пресврт се случил по кратка, петминутна обука. По неа, лицата со просечни способности ја зголемиле точноста на 51 отсто – приближно на нивото на случајна проценка. Сепак, кај супер-препознавачите резултатите биле значително подобри: тие успеале да ги препознаат лажните лица во дури 64 отсто од случаите.Во текот на обуката, учесниците биле насочени да внимаваат на суптилни визуелни детали кои можат да ја оддадат вештачката интелигенција, како недостасувачки или нејасно прикажани заби, неприродно заматување околу косата или кожата, како и невообичаени текстури на лицето.„Сликите генерирани од вештачка интелигенција стануваат сè полесни за изработка, а сè потешки за откривање“, изјави психологињата Ејлид Нојс од Универзитетот во Лидс. Таа предупреди дека ваквите технологии можат да се злоупотребат за измами, кражба на идентитет и лажни профили на социјалните мрежи.Технологијата зад овие слики се нарекува генеративна спротивставена мрежа (GAN), систем во кој два алгоритми работат заедно – едниот создава слики, а другиот ја оценува нивната реалистичност. Со текот на времето, ваквите системи стануваат сè подобри, што ги прави сериозна безбедносна закана во дигиталниот простор.„Нашиот метод за обука е краток и лесно применлив“, изјави Кејти Греј, истражувачка од Универзитетот во Рединг. „Комбинирањето на ваква обука со природните способности на супер-препознавачите може да биде од голема корист за реални ситуации, како проверка на идентитет на интернет.“Истражувањето е објавено во научното списание Royal Society Open Science.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryoeedc9sssrhi2AD0lRQ

„Чекаше да ми завршат сите поголеми овоземски обврски па да замине“, почина мајката на Перо Камиказа

Музичарот и актер Петар Георгиевски – Камиказа утринава објави тажна вест, дека починала неговата мајка.Музичарот во емотивна објава на својот профил на Фејсбук се збогуваше со својата мајка.„Сабајлево во 6 и 15 престана да чука срцето на мајка ми. Мислам дека оваа слика е најсоодветна за нашата шест и пол децениска љубов. Од раѓaњeто до денес, беше мојата најголема поткрепа во сѐ… До последно чекаше да ми завршат сите поголеми овоземски обврски па да замине. Почивај во мир мој ангелу. Конечно со тато и дада ќе си кажувате разни догодовштини. Ги истажи и исплача и двајцата до последниот здив. Таму меѓу ангелите нека ти е светол патот мамичке. Во текот на денот ќе објавиме точно време кога ќе биде испратена во вечниот дом во Бутел“, напиша Камиказа.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања