Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

vozacka-1

Турчин чекал да добие возачка за жена му без да полага: платил 2.000 евра, ама ништо од ветеното, па пријавил во полиција

Триесет и тригодишен државјанин на Турција пријавил измама во ОВР Гостивар, откако, како што навел, останал без 2.700 евра за услуга која никогаш не била реализирана.Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 21 март 2026 година во 11:07 часот. Оштетениот пријавил дека во текот на 2026 година стапил во договор со лицето А.И., кое требало да посредува за добивање возачка дозвола за неговата сопруга.Во рамки на договорот, тој исплатил 2.000 евра однапред, додека преостанатите 700 евра требало да ги плати по добивањето на дозволата. Сепак, услугата не била реализирана, а пријавениот, според наводите, одбивал да ги врати веќе исплатените средства.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Апсење во гостиварско: маж осомничен за уцена од 5.000 евра, кој сакал да ги изнуди со закани за објава на снимка

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Г. (34) од гостиварското село Чегране, под сомнение дека уценувал лице од тетовско село и му барал 5.000 евра.Како што информираат од полицијата, приведувањето се случило на 21 март 2026 година во 21:55 часот во Гостивар, по претходна пријава од оштетениот. Според пријавеното, осомничениот испраќал заканувачки пораки преку телефон и барал пари, тврдејќи дека лицето му должи сума од 5.000 евра.Воедно, тој се заканувал дека ќе објави снимка од разговор меѓу нив доколку не му бидат исплатени парите.Од СВР Тетово велат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Имам многу лошо чувство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сериозна загриженост дека војната меѓу САД и Израел со Иран го пренасочува вниманието на Вашингтон од руската агресија врз Украина.Во интервју за Би-Би-Си, снимено за време на неговата посета на Лондон, Зеленски оцени дека развојот на настаните на Блискиот Исток има директни последици врз украинската позиција на меѓународната сцена.„Имам многу лошо чувство во врска со влијанието на овој конфликт врз Украина. За жал, Америка сега е повеќе фокусирана на Блискиот Исток отколку на Украина“, изјави Зеленски.Како конкретна последица, тој го посочи застојот во дипломатските активности, нагласувајќи дека планираните трилатерални состаноци се одложуваат.„Нашите дипломатски, трилатерални средби постојано се одложуваат. Причината е само една – војната со Иран“, додаде украинскиот претседател.Сепак, Зеленски истакна дека комуникацијата меѓу Киев и Вашингтон продолжува на дневна основа, како и контактите меѓу САД и Русија.Тој откри дека постоел предлог за состанок на највисоко ниво во САД, кој Украина го прифатила, но бил одбиен од руската страна.„Американската страна предложи да биде домаќин на средба меѓу двете страни. Ние се согласивме, но Русија го одби тој предлог. Затоа сега се чека нов термин и локација“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да прифати било кој датум и место, освен Русија.Изјавите на Зеленски доаѓаат во момент кога глобалниот фокус сè повеќе се насочува кон ескалацијата на Блискиот Исток, што, според него, директно влијае врз дипломатската и воената поддршка за Украина.

Свет | пред 1 седмица

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не одговори за наводната соработка со Шчекиќ и Башановиќ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ три дена не одговара на прашањата поврзани со наводна соработка со Милјан Шчекиќ и Зоран Башановиќ, оценувајќи дека молкот отвора сомнежи за нивна вклученост.Од партијата велат дека СДСМ не демантира дали зад, како што тврдат, „соопштенија со невистини“ стојат овие две лица, ниту дали постои координација во креирањето на партиските ставови.Во соопштението се поставуваат и дополнителни прашања – дали, како што наведуваат, од скопски хотел се води „центар за манипулации“, како и дали имало средба во Ниш меѓу претставници на СДСМ и Шчекиќ, наводно по препорака на поранешниот лидер Зоран Заев.„СДС три дена молчи и не одговара на клучните прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јавноста има право да знае дали постои ваква комуникација и координација.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynofr7ihpsmf97kIELUo

(Видео) Нетанјаху повика на глобална акција против Иран: „Време е да ни се приклучат и другите лидери“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати повик до светските лидери за поактивно вклучување против Иран, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.„Време е да ни се приклучат и лидерите на другите земји – некои веќе се движат во таа насока“, изјави Нетанјаху, нагласувајќи дека очекува поширока меѓународна поддршка за израелските активности.Неговата изјава доаѓа во момент кога конфликтот со Иран се продлабочува, со размена на ракетни и воздушни напади, како и зголемен притисок врз регионалната безбедност и глобалните енергетски текови.Повикот на Нетанјаху се толкува како обид за мобилизација на сојузниците, но и како сигнал дека Израел бара координиран одговор од меѓународната заедница во справувањето со иранската закана.Засега не е јасно кои земји конкретно се подготвени за поактивно вклучување, но дел од сојузниците веќе изразија поддршка, додека други повикуваат на воздржаност и дипломатско решение.Изјавата дополнително ја засилува неизвесноста околу понатамошниот тек на конфликтот, кој веќе има потенцијал да прерасне во поширока регионална криза.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryokkusqvqc6d06m5CjEH

ОАЕ: Пресретнати три балистички ракети и осум дронови, 160 повредени во нападите

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека противвоздушната одбрана денеска пресретнала три балистички ракети и осум беспилотни летала, во рамки на ескалацијата на нападите во регионот.Во официјалното соопштение се наведува дека има повредени лица од повеќе националности, при што вкупниот број на повредени достигнал 160. Повредите, како што информираат властите, се движат од полесни и умерени до тешки.Од Министерството потенцираат дека од почетокот на ескалацијата, одбранбените системи на ОАЕ се соочиле со значителен број напади, вклучително 341 балистички проектил, 15 крстосувачки ракети и дури 1748 беспилотни летала.Властите во Абу Даби нагласуваат дека државата останува целосно подготвена да одговори на сите закани и дека ќе продолжи со мерки за заштита на безбедноста и стабилноста.„Цврсто ќе се спротивставиме на сите обиди за нарушување на безбедноста на државата, со цел да ги заштитиме суверенитетот, стабилноста и националните интереси“, се наведува во соопштението.Овие податоци укажуваат на интензивирање на воздушните напади во регионот и зголемен притисок врз системите за противвоздушна одбрана, во услови на поширока регионална криза.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: „Претрпевме многу тешка вечер“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата поминала низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона, при што има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета.Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, додека повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти, а на неколку локации избувнале пожари. Паралелно, во Димона се регистрирани десетици повредени.Нетанјаху соопшти дека разговарал со локалните власти и порача дека Израел ќе продолжи со воени дејствија. „Одлучни сме да продолжиме да ги напаѓаме нашите непријатели на сите фронтови“, изјави премиерот.Израелските воздухопловни сили започнаа истрага за неуспешното пресретнување на балистичкиот проектил кој го погодил Арад. Се верува дека станува збор за ракета со конвенционална боева глава со голема количина експлозив.Покрај тоа, и Командата за домашен фронт води посебна истрага за околностите под кои дошло до пробив на противвоздушната одбрана, како во Арад, така и во претходниот напад врз Димона.Спасувачките служби и натаму се на терен и вршат пребарување на погодените подрачја, стравувајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.Овие напади претставуваат една од најсериозните ескалации од почетокот на конфликтот, со директни удари врз населени подрачја и зголемен ризик од понатамошно ширење на насилството во регионот.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot_774

Парис Хилтон и Картер Реум ги пресекоа муабетите за развод: „Ние сме најсреќниот пар на светот“

Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум јавно ги демантираа гласините дека нивниот брак е во криза, откако на социјалните мрежи почнаа да кружат „анализи“ за нивниот однос по нивното појавување на доделувањето на Греми наградите.Шпекулациите се разгореа поради тврдења дека говорот на телото на Реум на црвениот тепих наводно „открива“ незадоволство, а дел од коментарите се фокусираа и на момент кога Хилтон ја свртела главата додека тој се обидувал да ја бакне.Реум реши директно да стави крај на приказните и со објава порача дека нивната врска не само што не е разнишана, туку и дека се чувствуваат одлично како двојка.„Ве уверувам, мојата сопруга е една во милијарда и ние сме најсреќниот пар на светот, но ги ценам сечии аматерски психолошки анализи. Како што гледате, јас сакам да ја бакнам Парис, но таа едноставно не сака да ѝ се расипе шминката на црвениот тепих“, порача тој.Во продолжение, Реум додаде и дека меѓу нив „нема голема филозофија“, нагласувајќи дека Хилтон го обожава, со што практично ја затвори темата за наводен развод која се ширеше онлајн.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Украински инструктори изненадени од американската тактика: скапи ракети против евтини дронови

Украински воени инструктори испратени на Блискиот Исток изразиле изненадување од начинот на кој американските сили и нивните сојузници се справуваат со иранските напаѓачки дронови, оценувајќи дека се користат непропорционално скапи средства за нивно пресретнување.Според нивните сведоштва, во одредени случаи биле лансирани и до осум ракети од системот „Патриот“ за соборување на една цел, при што секоја ракета чини повеќе од три милиони долари. Овој пристап, како што наведуваат, значително ја зголемува цената на одбраната во однос на самата закана, со оглед дека дроновите од типот „Шахед“ чинат околу 70.000 долари.Украинските офицери посочуваат дека нивното искуство од војната со Русија довело до развој на поефикасни и поекономични тактики, вклучително и оптимизирање на бројот на пресретнувања и подобро управување со ресурсите. Тие изразиле зачуденост што нивните пресметки и оперативни искуства не се доволно искористени од страна на западните сојузници.Дополнително, критики има и за начинот на заштита на клучната воена опрема. Украинските експерти наведуваат дека во некои случаи скапи радари биле стационирани на исти позиции подолг период, што ги направило лесна цел за евтини дронови. Според нив, токму мобилноста и постојаното менување на позициите се клучни за преживување на вакви системи.Еден од примерите што го наведуваат е уништување на радар вреден околу една милијарда долари, погоден од неколку евтини беспилотни летала. Ова, според нив, покажува дека современото војување сè повеќе се сведува на асиметрични конфликти, каде што поевтините технологии можат да нанесат сериозни штети на скапи системи.Украинската страна нагласува дека нивното искуство во одбрана од дронови е меѓу најголемите во светот и дека може да биде од значајна корист за земјите кои се соочуваат со слични закани.Во меѓувреме, претседателот Володимир Зеленски потврди дека Украина испратила тимови експерти во неколку земји од Заливот, со цел да помогнат во одбраната од ирански дронови и ракети, што укажува на зголемена воена соработка во услови на поширока регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Сардинија под лупа: откриена генетска варијанта што ја кочи маларијата

Група истражувачи објавија дека кај дел од населението на Сардинија е пронајдена генетска варијанта што може да го спречи развојот на паразитот кој ја предизвикува маларијата, отворајќи нови насоки за идни терапии засновани на човечката генетика и еволуција.Според резултатите од студијата, работата е спроведена во соработка меѓу Институтот за генетика и биомедицински истражувања при Националниот истражувачки совет во Каљари и Универзитетот во Сасари. Анализирани биле примероци од ДНК на околу 7.000 волонтери, во рамки на голема популациска истражувачка програма.Научниците наведуваат дека откриената варијанта е поврзана со начинот на кој се развиваат црвените крвни зрнца – клетките во кои паразитот на маларијата го поминува клучниот дел од својот животен циклус. Истражувањето сугерира дека кај луѓето кои ја носат оваа варијанта се создава поголем број еритроцити со специфични карактеристики, што на паразитот му го отежнува размножувањето.Лабораториските тестирања, како што се наведува, покажале дека кога клетките од лица со оваа генетска варијанта биле инфицирани во контролирани услови, паразитот не успевал да се размножи и на крајот изумирал.Посебно значајно е и тврдењето дека оваа варијанта е релативно честа на Сардинија, а не е присутна во многу региони во светот каде маларијата сè уште е широко распространета. Истражувачите тоа го толкуваат како можен траг дека варијантата се развила по миграцијата на современиот човек од Африка – како еволутивен „штит“ во средини каде што болеста некогаш претставувала сериозна закана.Иако резултатите се охрабрувачки, научната заедница традиционално нагласува дека ваквите откритија најнапред треба да се потврдат со дополнителни анализи и независни студии, а потоа да се преведат во безбедни и ефикасни клинички пристапи. Сепак, наодите ја поттикнуваат идејата дека идните третмани против маларија би можеле да се потпрат не само на лекови насочени кон паразитот, туку и на механизмите што природно ги „вградува“ човечката биологија.

Свет | пред 1 седмица

izbori-britanija

Британски министер: Имаме одбрана што ја гарантира безбедноста, нема да бидеме вовлечени во војна

Британскиот министер Стив Рид изјави дека Обединетото Кралство располага со одбранбени системи кои ја гарантираат безбедноста на земјата, реагирајќи на тврдењата за дометот на иранското оружје и потенцијалната закана за европските метрополи.Изјавата доаѓа откако израелските одбранбени сили соопштија дека Иран поседува вооружување кое може да достигне градови како Лондон, Париз и Берлин. Овие тврдења, според британските медиуми, засега не се независно потврдени.Рид, говорејќи во утринска политичка емисија, одби да навлегува во детали за воените капацитети на Иран, но потенцираше дека Велика Британија има воспоставени системи што обезбедуваат заштита на државата.„Имаме системи и одбрана што ја гарантираат безбедноста на Обединетото Кралство и така ќе остане“, изјави министерот.Тој нагласи дека Лондон нема намера да влезе во војната, ниту да дозволи да биде вовлечен во конфликтот, но додаде дека ќе се преземат сите неопходни мерки за заштита на националните интереси, граѓаните и сојузниците.Во однос на најновите случувања, Рид потврди дека според проценките на британската влада, Иран испалил два проектила кон воената база Диего Гарсија. Едниот, како што наведе, откажал во текот на летот, додека другиот бил успешно пресретнат.Изјавите доаѓаат во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток и растечки стравувања од поширока ескалација, при што европските држави внимателно ја следат безбедносната состојба и потенцијалните закани за сопствената територија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран пред ултиматум: ќе попушти ли Техеран или следува нова ескалација во Заливот?

Иран се соочува со сериозен притисок по 48-часовниот ултиматум на американскиот претседател Доналд Трамп за целосно отворање на Ормутскиот теснец, но досегашните сигнали од Техеран укажуваат дека брзо попуштање е малку веројатно.Иранските власти веќе најавија дека евентуален одговор на притисокот може да биде насочен кон енергетската инфраструктура во земјите од Заливот поврзани со САД. Во исто време, Техеран испраќа и селективни сигнали за деескалација, порачувајќи дека бродовите што не се поврзани со „непријателите“ можат да добијат безбеден премин низ теснецот доколку се координираат со иранските власти.Отворањето на Ормутскиот теснец за Иран би значело откажување од едно од неговите најсилни стратешки средства во конфликтот. Контролата врз овој клучен морски премин, низ кој поминува значителен дел од светската нафта, е главниот инструмент за притисок врз Западот и глобалната економија.Аналитичарите оценуваат дека Техеран има неколку можни сценарија. Првото е ограничена деескалација – дозволување делумен проток на бродови за да се намали меѓународниот притисок, без целосно откажување од контролата. Второто е задржување на сегашната стратегија, со продолжување на ограничувањата и индиректен притисок врз регионалните економии. Третото, најризично сценарио, е директна ескалација преку напади врз енергетски цели во Заливот, што би можело да предизвика поширок регионален конфликт.Иранската власт и во минатото покажала подготвеност да издржи сериозни економски последици, вклучително и санкции и внатрешни немири, со цел да го зачува политичкиот систем. Токму тоа ја прави непредвидлива во вакви кризни ситуации.Во меѓувреме, дипломатските канали остануваат отворени. Оман се наметнува како клучен посредник, додека дел од земјите од Заливот, свесни за економските ризици, вршат притисок за смирување на ситуацијата.Следните денови ќе бидат клучни. Одлуката на Техеран – дали ќе тестира до крај колку е сериозен американскиот ултиматум или ќе направи ограничен компромис – ќе го одреди понатамошниот тек на конфликтот, но и стабилноста на глобалниот енергетски пазар.

Свет | пред 1 седмица

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

„Граница, мито, шеми“: СДСМ со сериозни обвинувања за организиран криминал во земјоделството

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвинува за нов корупциски скандал поврзан со Министерството за земјоделство и институциите под негова надлежност, оценувајќи дека станува збор за организирана шема која се одвива преку граница.Според партијата, уапсениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, наводно барал поткуп од 100.000 евра од фирма за да овозможи увоз на стока што не ги исполнувала законските услови. Како што посочуваат, дел од сумата, односно 50.000 евра, веќе биле исплатени, а комуникацијата се одвивала преку посредник – шпедитер.Од СДСМ велат дека овој случај се вклопува во поширок образец на криминал поврзан со гранични премини, царински процедури и институционални пропусти. Потсетуваат и на претходни случаи, меѓу кои и заплената на пет тони дрога, која, според нив, завршила кај функционер поврзан со српската СНС, а за кој, како што наведуваат, сè уште нема целосна разрешница.Партијата укажува дека вакви случаи не можат да бидат изолирани инциденти и дека е невозможно, како што наведуваат, поединци да делуваат без поширока мрежа и институционална поддршка. Дополнително, посочуваат и на претходен случај на уапсен директор поради мито од 50.000 евра, по што беше суспендирана ИПАРД програмата.„Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а врвот на Министерството и Владата да не знаеле“, наведуваат од СДСМ, поставувајќи прашање за евентуална одговорност на повисоки функционери.Од партијата бараат темелна истрага која ќе ги утврди сите аспекти на случајот и ќе опфати, како што велат, „сите инволвирани, без исклучок“.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3fbcoifjmj27dzCThLo

Напад со 500 војници и десетици возила одбиен за четири часа - Украина за жестоките борби кај Лиман

Украинските сили соопштија дека на 19 март одбиле масовен руски напад во близина на Лиман, оценувајќи дека станува збор за најголем обид за пробив на правецот Лиман–Борова во последниот период.Според Третиот армиски корпус, руските сили нападнале истовремено на седум правци, ангажирајќи повеќе од 500 војници, 28 оклопни возила и над 100 мотоцикли. Украинската страна тврди дека нападот бил одбиен за околу четири часа, благодарение на координирана одбрана долж целата линија на фронтот.Користењето мотоцикли и лесни возила, според анализите, укажува на обид за брзо распоредување и расфрлање на јуришни групи на повеќе точки. Сепак, таквата тактика остава малку заштита на единиците, особено откако ќе бидат изложени на артилериски оган, беспилотни летала и противоклопни системи.Украинскиот корпус соопшти дека руските загуби вклучуваат 84 мотоцикли, 11 борбени возила на пешадијата и оклопни транспортери, како и три тенка. Наведено е и дека бил погоден тежок термобаричен ракетен систем ТOС-1А „Солнцепјок“, пет артилериски орудија, како и повеќе од 160 беспилотни летала.Според украинското Министерство за одбрана, само на 19 март руските сили загубиле 1610 војници, три тенка, 21 оклопно возило, 31 артилериски систем и 1480 беспилотни летала од оперативно-тактичко ниво.Командантот на корпусот, генерал Андриј Билецки, изјави дека украинските сили со недели се подготвувале за ваков напад, откако забележале интензивирање на руските активности, вклучително и поставување понтонски премини и расчистување на мински полиња.Тој посочи дека за секој сектор биле подготвени одбранбени планови, што овозможило навремено и координирано одбивање на нападот на сите правци.Овие информации не се независно потврдени, а борбите на овој дел од фронтот продолжуваат без значителни територијални поместувања.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Ограничувања на бензинските пумпи во Словенија: До 50 литри по лице, активирана и армијата

Од полноќ во Словенија стапија на сила нови мерки за ограничување на точењето гориво на бензинските пумпи, со цел да се ублажат проблемите со снабдувањето со нафтени деривати.Согласно одлуката, физичките лица можат да точат најмногу 50 литри гориво дневно, додека за правните лица и за физички лица што вршат дејност, вклучително и земјоделство, ограничувањето изнесува 200 литри дневно.Мерките ќе важат до понатамошно известување, а владата најави дека ситуацијата ќе се следи на дневна основа. Премиерот Роберт Голоб изјави дека трговците со гориво ќе треба секое утро да доставуваат извештаи за состојбата на бензинските пумпи, по што ќе се одлучува дали се потребни дополнителни чекори.Во рамки на мерките, активирана е и словенечката армија, која ќе помогне во логистиката и транспортот на гориво, со цел да се забрза снабдувањето на пумпите.Владата ги повика дистрибутерите да ја координираат испораката од складиштата до бензинските станици, а дополнително беше препорачано да се разгледаат мерки што ќе се однесуваат и на странските државјани, со цел да се спречи дополнителен притисок врз резервите.Овие мерки доаѓаат во услови на засилена енергетска криза и нарушени глобални синџири на снабдување, што веќе предизвикува ограничувања во повеќе земји.

Свет | пред 1 седмица

abac07de-e2a2-4914-8bd7-623547817f64

Дали Орбан ја намести ЕУ? Судирот со Брисел му носи политички поени

Дел од критичарите на унгарскиот премиер Виктор Орбан предупредуваат дека европските лидери можеби несвесно му ја зајакнале позицијата пред претстојните избори, откако на последниот самит на Европската Унија отворено го нападнаа поради блокирањето на клучен заем од 90 милијарди евра за Украина.Орбан повторно одби да ја поддржи финансиската помош, барајќи повторно воспоставување на снабдувањето со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој беше оштетен во воени дејствија. Овој став предизвика силни реакции кај европските лидери, при што, според сведоштва од самитот, ретко кога еден лидер бил изложен на толку остри критики.Сепак, дел од европратениците и аналитичарите сметаат дека токму овој судир може да му оди во корист на Орбан на домашен терен. Тие предупредуваат дека конфронтацијата со Брисел му овозможува да се претстави како единствениот политичар што ги брани унгарските национални интереси, што е централна порака во неговите изборни кампањи.Француската европратеничка Клое Ридел оцени дека Европската Унија требало да го одложи конфликтот и да не му даде дополнителен политички капитал во чувствителен изборен период, нагласувајќи дека Орбан веќе се соочува со сериозна конкуренција и пад на поддршката.Аналитичарите укажуваат дека Орбан со години ја гради својата политичка стратегија врз наративот за надворешни закани, при што Брисел често се претставува како противник на унгарските интереси. Во таков контекст, секој јавен судир со европските институции може да биде искористен за мобилизација на гласачкото тело.И покрај тоа, дел од европските претставници сметаат дека Унијата немала многу избор, со оглед на тоа што Орбан со години води политика на блокирање и условување на заедничките одлуки.Пратеници од неговата партија Фидес признаваат дека тврдата позиција на Орбан може да му донесе политички поени, бидејќи се перцепира како доследен лидер кој не попушта под притисок. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека евентуалната изборна победа може да биде „пирова“, бидејќи односите со Европската Унија би можеле дополнително да се влошат, со долгорочни последици за Унгарија.Во вакви околности, исходот од изборите во Унгарија ќе има значење не само за внатрешната политика, туку и за идните односи меѓу Будимпешта и Брисел, како и за единството на Европската Унија во време на сериозни геополитички предизвици.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Иран воведува наплата за минување низ Ормутскиот теснец: „2 милиони долари по брод“

Иран воведува наплата за дел од бродовите што минуваат низ Ормутскиот теснец, при што надоместокот изнесува до 2 милиони долари по пловило, изјави иранскиот пратеник Алаедин Боружерди на државната телевизија.Според него, во теснецот се воспоставува нов режим на управување, при што „војната има своја цена“, што, како што додаде, го покажува „авторитетот и правото“ што го има Исламската Република Иран.Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот и зачестени инциденти на една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и енергенси.Воведувањето на ваква наплата би можело дополнително да го усложни поморскиот сообраќај и да влијае врз глобалните енергетски пазари, кои веќе се под притисок поради конфликтот во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library1d9gnhhc0vjh2pKE6hk

Иран објави карта на цели: „Напад врз нашата енергетска мрежа ќе го затемни целиот регион“

Иранската државна новинска агенција Мехр објави предупредување за последиците од евентуален напад врз енергетската инфраструктура на земјата, наведувајќи дека таков потег би предизвикал сериозни последици за целиот регион.Во пораката се истакнува дека и „најмал напад врз електроенергетската инфраструктура на Исламската Република Иран ќе ја турне целата регија во мрак“. На објавената графика на персиски јазик стои пораката „Кажете ѝ збогум на струјата“.Илустрацијата прикажува карта на Персискиот Залив со означени големи електрани и енергетски постројки во земји како Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, со дополнителни информации за нивниот тип и капацитет.Во придружниот текст се наведува дека 70 до 80 проценти од големите електрани во регионот се наоѓаат долж брегот на Персискиот Залив, а значителен дел од нив се оддалечени помалку од 50 километри од морето, што, според тврдењата, ги прави достапни за ирански ракетни удари.Оваа порака се толкува како директно предупредување за можни последици од понатамошна ескалација на конфликтот, особено во делот на енергетската инфраструктура во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvuaa83hvcuag6LDIYZj

(Видео) Најмалку 180 повредени: ирански удари врз јужен Израел

Најмалку 180 лица се повредени во два одделни ирански ракетни напади врз јужните израелски градови Арад и Димона, каде се наоѓа главното нуклеарно постројување во земјата, во една од најсериозните ескалации од почетокот на војната.Иранската државна телевизија соопшти дека нападите претставуваат „одговор“ на, како што тврдат, претходниот удар врз иранскиот комплекс за збогатување ураниум во Натанц.Според податоците на израелското Министерство за здравство, во Арад се повредени најмалку 116 лица, од кои седум се во тешка состојба. Во Димона се повредени најмалку 64 лица, при што едно лице е во тешка состојба.Министерството наведува дека од почетокот на конфликтот во болниците се евакуирани вкупно 4564 лица. Во моментов хоспитализирани се 124 пациенти, од кои едно лице е во критична, а 13 во тешка состојба.Нападите дополнително ја зголемуваат загриженоста за безбедноста во регионот, особено поради близината на нуклеарните капацитети во Димона.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Инцидент во Ормутскиот теснец: Проектил експлодирал во близина на брод, екипажот безбедeн

Во текот на ноќта е регистрирана експлозија во близина на товарен брод, на околу 15 наутички милји северно од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати, во зона недалеку од Ормутскиот теснец.Инцидентот го потврди Агенцијата на Обединетото Кралство за поморски трговски операции (UKMTO), која соопшти дека станува збор за експлозија предизвикана од „непознат проектил“ што паднал во близина на пловилото.Според информациите од капетанот на бродот за расут товар, проектилот не го погодил директно бродот, туку експлодирал во негова непосредна близина.Од UKMTO потврдија дека сите членови на екипажот се безбедни и дека нема пријавени повредени.Инцидентот доаѓа во услови на зголемена напнатост во регионот и зачестени безбедносни ризици за поморскиот сообраќај во овој стратешки важен морски коридор.

Свет | пред 1 седмица

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

„Ај медија“: Нема никаква соработка со СДСМ

ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) ги демантира тврдењата објавени преку соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ дека има соработка со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), оценувајќи ги како целосно невистинити и неосновани.„Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници.Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ.Сите тврдења за „штанцање лажни соопштенија“, „центар за лаги“ или „надворешна ПР машинерија“ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти“, се вели во дописот.Посебно нагласуваме дека немаме никаква врска со Зоран Башановиќ.Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него.Eye Media се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи.Послуваме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава.Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни“, стои во дописот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

Хезболах тврди дека извршил серија напади врз северен Израел со дронови и ракети

Хезболах соопшти дека во текот на ноќта и раните утрински часови извршил серија напади со беспилотни летала и ракетни проектили врз позиции на северот на Израел, таргетирајќи воени цели долж границата.Во повеќе одделни соопштенија, групата наведува дека мета биле израелски војници и воени објекти во реоните Ханита, Авивим и Рас ал-Накура. Според нивните тврдења, нападите биле насочени кон собиралишта на војници и воени бази, при што била користена комбинација од дронови и ракетни проектили.Овие информации засега не се независно потврдени, а од израелска страна нема официјални податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.Нападите се случуваат во услови на зголемена напнатост во регионот, при што северната граница на Израел станува сè поактивно жариште во рамки на поширокиот конфликт на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuacelb8f5lonbsxg20I

Заливот гори: Десетици дронови и ракети пресретнати во масовни напади

Земјите од Персискиот Залив се соочуваат со сериозна ескалација на безбедносната состојба, откако во изминатите часови беа регистрирани напади со дронови и балистички проектили, како и повеќе експлозии во близина на клучни поморски рути.Во Обединетите Арапски Емирати во текот на ноќта се активираа системите за тревога, а граѓаните добивале предупредувања на мобилните телефони додека безбедносните служби реагирале на воздушните закани. Кај брегот на Шарџа е пријавена експлозија на танкер, додека втор инцидент се случил во близина на товарен брод, околу 28 километри северно од градот. Слични случаи се бележат и во претходните денови, што укажува на континуиран притисок врз поморскиот сообраќај.Инциденти се пријавени и во други земји од регионот. Бахреин извести за експлозии, додека Министерството за одбрана на Кувајт соопшти дека успешно пресретнало девет балистички ракети и четири дрона. Во Саудиска Арабија, пак, во последните 24 часа се неутрализирани најмалку 60 беспилотни летала и повеќе балистички проектили.Овие податоци укажуваат на значително зголемување на интензитетот на нападите во регионот, особено врз стратешки важните енергетски и поморски коридори, што дополнително ја продлабочува кризата на Блискиот Исток и го зголемува ризикот од поширока регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-librarykrck3o6h3br0fNb9JjM

(Видео) Снимка од куќа го улови ударот во срцето на Израел: Десетици повредени, пробиена израелската одбрана

Во ирански ракетен напад врз израелскиот град Димона повредени се повеќе десетици лица, додека снимка од внатрешноста на една куќа го забележа самиот момент на ударот.На видеото се гледа силна детонација проследена со ударен бран што ја потресува просторијата, по што следува паника. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и отвори прашања за ефикасноста на израелскиот противвоздушен систем.Според првичните информации, проектилот ја погодил целта и покрај активната противвоздушна одбрана, што укажува на можен пропуст во пресретнувањето.Димона има стратешко значење за Израел, бидејќи во близина се наоѓа нуклеарен истражувачки центар, што дополнително ја засилува тежината на нападот.Засега нема официјални детали за точната штета, но нападот се смета за еден од посериозните удари во тековната ескалација меѓу Иран и Израел.

Свет | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените, бара опозициската партија

Опозициската СДСМ ја обвини Владата дека три недели не презела никакви мерки за справување со растот на цените на горивата и храната, оценувајќи дека граѓаните се оставени сами да се справуваат со ценовниот шок.Од партијата велат дека веќе е активирана спиралата на поскапувања, со значително зголемување на цените на основните прехранбени производи. Според нив, маслото за јадење надминало 100 денари, јајцата се продаваат над 300 денари, а овошјето и зеленчукот се над 100 денари за килограм.СДСМ тврди дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски задоцнила со реакција, за разлика од земјите во регионот кои, како што наведуваат, веднаш презеле мерки – намалување на акцизи, замрзнување на цени и интервенции на пазарот.„Само Владата не направи ништо“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека ваквиот пристап отвора сомнежи дека се штитат одредени бизнис интереси.Партијата предупредува дека се најавуваат нови поскапувања на горивата, што дополнително ќе ги зголеми цените на храната и ќе го влоши животниот стандард.Како решение, СДСМ предлага пакет мерки кои, според нив, треба веднаш да се применат:– Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%– Намалување на акцизата за 4 денари по литар– Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи– Преполовување на цените на патаринитеОд партијата сметаат дека овие мерки ќе донесат реално намалување на цените и ќе помогнат во заштита на стандардот на граѓаните.Воедно, го оценија најавеното намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% како недоволно, со образложение дека ефектите нема да бидат значајно почувствувани.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања