Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на прехранбените производи и нема да дозволи неетичко однесување од страна на трговците и снабдувачите.Тој истакна дека Државниот пазарен инспекторат веќе е на терен и врши контроли, откако се забележани зголемувања на цените кај одредени производи.„Ако видиме неетично однесување од снабдувачите и маркетите, како Влада ќе ги преземеме сите мерки. ДПИ е на терен“, изјави Мицкоски.Според него, во моментов највидливо е поскапувањето кај маслото за јадење и јајцата, додека кај останатите производи нема значителни отстапувања.„Имаме поскапување кај маслото и јајцата, кое е значајно и видливо. Кај останатите производи цените не отстапуваат од претходно“, рече премиерот.Мицкоски додаде дека трговците зголемувањата ги оправдуваат со растот на цените на светските берзи, но нагласи дека Владата прави сопствени анализи и пресметки.„Ние го следиме, калкулираме и нема да дозволиме осцилации кои ќе влијаат на стандардот на граѓаните“, потенцираше тој.Премиерот уверува дека постои план за справување со евентуални ценовни шокови и дека институциите ќе реагираат навремено.„Имаме план, реагираме. Ризици има и ќе ги решаваме. Многу работи не зависат од нас, но тоа што зависи – ќе повлекуваме потези“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не гледа простор за зголемување на платите во судството и обвинителството, но е подготвена да разговара за подобрување на ресурсите и условите за работа.Тој посочи дека веќе е одобрен план за нови вработувања во судовите, со цел зајакнување на капацитетите на судската администрација.„Во делот на платите не гледам простор за зголемување, но во делот на ресурсите и алатките секако дека може да разговараме, не само со обвинителството туку и со судовите“, изјави Мицкоски.Премиерот информира дека ќе бидат вработени 200 лица во судовите низ државата, главно судски соработници и административен кадар.„Тие сами ја изработија систематизацијата и планот, добивме допис, истиот беше одобрен, а средствата се обезбедени од Министерството за финансии“, додаде тој.Во однос на барањата за повисоки плати, Мицкоски нагласи дека тие мора да се разгледуваат во поширок контекст на платите во државата.„Не гледам простор за зголемување на платите, особено ако се земе предвид нивото на платите генерално во државата. Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да“, потенцираше премиерот.Изјавата доаѓа по барањето на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за зголемување на буџетот на обвинителството.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp3kq607u3bfg5oFns32

(Видео) Странци доаѓаат и точат горива кај нас, се троши 10% од вкупната потрошувачка, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата свесно не се потпира само на законските механизми за намалување на акцизите, туку директно интервенира од буџетот за да спречи поголем раст на цените на горивата.Тој појасни дека според законската методологија, намалувањето на акцизата би значело минимално намалување – од еден до два денари по литар, зависно од цените на берзите, што, како што рече, не би било доволно за реална заштита на стандардот на граѓаните.„Наместо тоа, одлучивме директно да интервенираме и да ги намалиме цените за околу 6,5 до 7 денари по литар, што е значително повеќе од она што го дозволува законот“, истакна Мицкоски.Тој додаде дека и натаму внимателно се следат светските берзи, залихите и безбедносната состојба, особено во контекст на случувањата на Блискиот Исток, со цел навремена реакција.„Имаме повеќе алатки на располагање – акцизи, маржи, државни интервенции. Но, суштината е дека реагираме навреме за да не дозволиме шокови како во минатото“, нагласи премиерот.Мицкоски посочи и дека дополнителен притисок врз домашниот пазар создава зголемената потрошувачка од странски државјани, која достигнува до 150.000 литри дневно, односно околу 9 до 10 проценти од вкупната потрошувачка.Според него, енергетската состојба во моментов е стабилна, но Владата останува во постојана готовност да интервенира доколку се појават нови ценовни шокови.„Не сме реактивни, туку проактивни. Ги предвидуваме ризиците и преземаме мерки навреме“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

(Видео) Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, уверува Мицкоски кој направи споредба со пазарите

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените.Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.„Цената на бензините ќе се движи од 1,37 до 1,44 евра за литар, а дизелот од 1,52 до 1,55 евра за литар, што е убедливо најниска цена во регионот“, истакна Мицкоски.Тој направи споредба со соседните земји, посочувајќи дека во Србија бензинот достигнува до 1,83 евра по литар, дизелот околу 1,8 евра, во Хрватска до 2 евра, додека во Грција и Албанија цените се околу 1,9 евра по литар.Според премиерот, токму поради пониските цени во Македонија, забележан е зголемен притисок од граѓани од соседните земји кои доаѓаат да точат гориво, што ја зголемило потрошувачката за околу 9 проценти, односно дополнителни 150.000 литри дневно.Најголем притисок, како што рече, има во пограничните општини како Дебар, Струга и Охрид на западната граница, како и Битола и Гевгелија на југ и Куманово на север.Мицкоски нагласи дека Владата очекува стабилизација на цените, при што не се предвидува зголемување на бензините, а евентуалните корекции кај дизелот ќе бидат минимални.„Со овие мерки директно од буџетот учествуваме во подобрување на стандардот на граѓаните“, изјави премиерот.Тој додаде дека мерките ќе важат во наредните две недели, почнувајќи од понеделник, со можност да бидат продолжени доколку има потреба.

Настани | пред 1 седмица

finska

Финскиот претседател предупредува: Западот се дели, „да спасиме што може да се спаси“

Финскиот претседател Александер Стуб предупреди дека Западот се соочува со сериозна поделба, повикувајќи на зачувување на клучните сојузништва, особено во рамки на НАТО, во услови на глобални тензии и промени во американската надворешна политика.Во интервју за британскиот „Телеграф“, Стуб оцени дека војната на Блискиот Исток дополнително ја усложнува ситуацијата и влијае врз односите меѓу Европа и САД.„Постои пукнатина меѓу Европа и САД. Тоа не е целосен распад, но е сериозен поместувач. Треба да спасиме што може да се спаси од трансатлантското партнерство“, изјави Стуб.Тој посочи дека во однос на Украина, состојбата денес е поразлична од пред една година, нагласувајќи дека украинските сили се во подобра позиција на фронтот и успеваат да ги оттурнат руските сили.Сепак, Стуб предупреди дека растот на цените на нафтата и евентуалното ублажување на санкциите кон Русија може да има сериозни последици.„Тоа е многу штетно, бидејќи практично го храни рускиот воен механизам. Мора истовремено да ја поддржуваме Украина и да вршиме притисок врз Русија“, рече финскиот претседател.Според него, клучниот проблем е промената во пристапот на САД кон сојузниците, посочувајќи дека во минатото Вашингтон дејствувал во координација со партнерите, додека сега сè почесто носи одлуки самостојно.„Америка и натаму е моќна, но повеќе не се потпира на сојузниците на ист начин. Тоа е нова реалност со која Европа мора да се соочи“, изјави Стуб.Тој предупреди дека ваквиот пристап може да ја намали способноста на САД да ја проектира својата моќ глобално, бидејќи, како што рече, „ниеден хегемон не може да функционира без сојузници“.И покрај загриженоста, Стуб останува на ставот дека трансатлантските односи треба да се зачуваат, особено во делот на безбедноста и одбраната, дури и ако постојат несогласувања во други области.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymklnk6e5t2kjcrdLr63

(Видео) Наместо +10 денари, дизелот ќе поскапи до 3,5 денари - се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе преземе конкретни мерки за ублажување на најавеното поскапување на горивата, по анализите кои укажуваат на значителен раст на цените.Според неговите изјави, врз основа на движењата на светските берзи, се очекува бензините од 95 и 98 октани да поскапат за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можел да достигне зголемување од 10,5 денари по литар.„Очекуваме цената на бензините од 86,5 и 88,5 денари да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар“, посочи Мицкоски.Како одговор на ова, Владата донела одлука за намалување на данокот на додадена вредност за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните.„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, истакна премиерот.Дополнително, Владата води разговори со компанијата ОКТА за зголемување на попустот кој го дава кон трговците, што би можело да влијае на дополнително намалување на цените.„Доколку се постигне договор, очекуваме цените да бидат и до 3 денари пониски од максималните утврдени од Регулаторната комисија“, рече Мицкоски.Тој нагласи дека со овие мерки граѓаните би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно, имајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво во земјата.„Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, додаде премиерот.Според него, Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

Настани | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-05-at-12.20.53

🔴 ВО ЖИВО: Вонреден прес на премиерот Мицкоски за кризната состојба и цените

Премиерот Христијан Мицкоски одржува вонредна прес-конференција на која се очекува да ги соопшти мерките на Владата поврзани со најавената кризна состојба и растот на цените на горивата.Пресот следува по итната владина седница на која се разгледуваа можни интервенции за ублажување на ценовниот удар, откако се најави ново значително поскапување на дизелот и бензинот.Се очекува премиерот да соопшти конкретни чекори, вклучително и евентуални даночни олеснувања, како и мерки за стабилизирање на цените на енергенсите:

Настани | пред 1 седмица

media-library4p59q24iphm42qndDtr

Владата подготвува кризна состојба поради цените на горивата: ќе се носат мерки за да не поскапи струјата, но и дизелот за 10 денари

Кризна состојба ќе се прогласи од страна на Владата, поради значителниот раст на цените на горивата, дознава „Скопје1“ од владини извори.Според информациите, вонредна владина седница е закажана за денеска, на која ќе се разгледуваат мерки за спречување на нов ценовен шок, кој се очекува да биде објавен од Регулаторната комисија утре.Првичните проценки укажуваат дека цената на дизелот би можела да се зголеми за околу 10 денари по литар, додека безоловниот бензин за дополнителни 6 денари по литар. Проценките се правени врз основа на цените на светските берзи.Како дел од мерките, Владата ќе разгледува интервенции во даночната политика со цел да се ублажи притисокот врз граѓаните, а на маса ќе биде ставено и прашањето за евентуално спречување на поскапување на електричната енергија.По завршување на седницата, се очекува обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, на кое ќе бидат соопштени донесените одлуки.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqmtd4n65r6ea0FDKeTF

Нетанјаху: Иран намерно таргетира цивили, целта им е да убиваат

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека свесно таргетира цивилни подрачја, по ракетните напади врз јужните израелски градови Арад и Димона.При посетата на Арад, кој беше погоден во саботата, Нетанјаху изјави дека иранските напади се насочени кон цивилното население и имаат за цел предизвикување жртви.„Во последните 48 часа Иран таргетира цивилно подрачје. Тоа го користат како оружје за масовно уништување. Среќа е што нема загинати, но тоа е поради среќа, а не поради нивната намера. Нивната намера е да убиваат цивили“, изјави Нетанјаху.Според официјалните податоци, во нападите биле повредени најмалку 84 лица, од кои десет се во тешка состојба.Израелскиот премиер предупреди и дека Иран располага со капацитет да изведува напади на поголеми растојанија, тврдејќи дека веќе постоеле дејствија насочени кон европски територии.„Постојано предупредувам дека сега имаат способност да погодат длабоко во Европа. Веќе пукаа кон европски земји. Сè им е на нишан“, рече Нетанјаху.Тој дополнително го обвини Техеран дека го нарушува меѓународниот поморски и енергетски сообраќај, обидувајќи се, како што рече, да врши притисок врз глобалната заедница.Ситуацијата на Блискиот Исток останува тензична, со континуирани меѓусебни напади и растечки број повредени.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Иран ја одби понудата на САД за нафта: „Жал ни е – распродадено“

Иранските власти ја отфрлија понудата од САД за привремено олеснување на санкциите за продажба на нафта, испраќајќи јасна порака дека нема намера да прифати ваков компромис во актуелниот геополитички контекст.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, реагираше на изјавите од американската администрација, која предложи ослободување на залихи на иранска нафта за да се стабилизира глобалниот пазар.„Укинување на санкциите за иранската нафта која е заробена на море? Жал ни е – распродадено ни е“, напиша Галибаф на социјалните мрежи.Претходно, американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека со ваквиот потег на пазарот би можеле брзо да се пласираат околу 140 милиони барели нафта, што би придонело за намалување на притисокот врз цените на енергенсите.Санкциите за иранската нафта се во сила со години, а дополнително беа заострени откако администрацијата на Доналд Трамп во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор со Иран.Одбивањето на понудата доаѓа во време на засилени тензии на Блискиот Исток, при што енергетските ресурси стануваат клучна алатка во геополитичките притисоци и преговори.

Свет | пред 1 седмица

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ застанува на страната на криминалот, наместо на правдата

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ обвини дека опозициската партија, наместо да се бори против криминалот и корупцијата, „ги толерира, прикрива и штити“.Во партиското соопштение се наведува дека присуството на лица со судски пресуди во, како што тврдат, највисоките партиски структури на СДСМ отвора сериозни прашања за нивните вредности и критериуми.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, наместо јасно дистанцирање, СДСМ молчи за случаи поврзани со поранешни функционери, наведувајќи имиња како Артан Груби, Филип Андов – Сокол, Бисера Костадиновска Стојчевска и поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски.„СДС молчи и го игнорира криминалот и корупцијата, особено кога станува збор за поранешни свои функционери, што дополнително ја поткопува довербата на јавноста“, се наведува во реакцијата.Партијата обвинува дека во изминатиот период јавноста била сведок на бројни афери поврзани со лица од СДСМ, но наместо расчистување, според нив, следувало молчење или релативизирање.Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ критикуваат и, како што велат, „селективниот пристап кон правдата“, барајќи од СДСМ јасно да се дистанцира од сите сомнежи и да поддржи независни и транспарентни истраги.„Доколку СДС навистина се залага за владеење на правото, треба јасно да се огради од сомнежите за криминал и да поддржи темелно расчистување на сите случаи“, се додава во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека, во спротивно, секое молчење ќе се толкува како застанување на страната на криминалот, наместо на граѓаните и законот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryagqhjqr6vjlm1M5tJKB

(Видео) Снимен моментот кога проектил од иранска ракета паѓа на улица во Тел Авив

Силна експлозија одекнала во Тел Авив по ирански ракетен напад, при што се повредени најмалку седум лица, соопшти израелската национална служба за итна медицинска помош „Маген Давид Адом“.Според првичните информации, едно лице се здобило со полесни повреди, додека кај останатите се констатирани посериозни повреди. На снимките од местото на настанот се слуша силна детонација, по што се издига густ чад над сообраќајницата, што предизвикало паника кај граѓаните.Од „Маген Давид Адом“ информираат дека нивните екипи интервенираат на повеќе локации по пријави за експлозии во Тел Авив и околината.Нападот доаѓа по најновата ескалација, откако Иран изврши ракетни удари врз јужните израелски градови Арад и Димона, кои се наоѓаат во близина на клучни нуклеарни капацитети. Во тие напади беа повредени десетици лица, а предизвикана е и значителна материјална штета.Израелската армија соопшти дека противвоздушната одбрана не успеала да пресретне дел од ракетите кои ги погодиле овие градови.Ситуацијата останува напната, а службите продолжуваат со проценка на штетите и евентуалните нови жртви.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryms5uafmu6lkgd8BATbz

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, при што источниот регион наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро, кое ќе има повеќекратна намена – туризам, наводнување и водоснабдување.Ова го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните активности, нагласувајќи дека станува збор за капитален проект со значајно влијание врз локалниот развој.„Ова ќе биде прво рекреативно вештачко езеро во источниот дел на државата, кое треба да го развие туризмот во целиот регион, да биде главна летна атракција, но и простор за рекреација во текот на целата година, со потенцијал за отворање нови работни места“, изјави Николоски.Тој додаде дека покрај туристичката функција, езерото ќе има важна улога и во земјоделството и водоснабдувањето, особено во критични периоди.„Езерото ќе служи и за наводнување, а доколку има потреба, и за решавање на проблеми со водоснабдувањето. Разговаравме и за уредување на просторот околу него, вклучително и можноста трупот на браната да се користи како пешачка патека што ќе го поврзува езерото со Штип“, рече Николоски.Според него, проектот е реализиран околу 70 проценти, а крајниот рок за завршување е април 2027 година. Сепак, доколку временските услови бидат поволни, постои можност изградбата да заврши и порано.„Ако имаме добри временски услови, можно е уште оваа година да се заврши езерото, по што ќе биде потребна уште една година за да се наполни. Тоа значи дека во пролетта 2028 година би можеле да имаме целосно функционално езеро“, посочи вицепремиерот.Тој нагласи дека станува збор за втор ваков проект на Владата, по изградбата на вештачкото езеро во Конско кај Гевгелија.Вкупната вредност на проектот изнесува 448 милиони денари, од кои досега се реализирани 311 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт.Николоски изрази благодарност до локалните и државните институции за соработката во реализацијата на, како што рече, еден од најзначајните проекти за источниот дел на државата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryletimcjgbl2r8rHAoeE

Кристијан Бејл по 17 години го отвори „пеколот“ од снимањето на „Терминатор“: „Молев да ме отпуштат“

Кристијан Бејл повторно проговори за еден од најпознатите инциденти зад камерите во Холивуд – неговиот бурен испад на снимањето на „Terminator Salvation“ (2009), кога во јавноста протече аудио-снимка на која со минути го кара членот на екипата што, според него, му го нарушил кадарот во емотивна сцена.Актерот, кој со години важи за човек со екстремна посветеност и жесток интензитет на сет, призна дека тогаш се однесувал недолично и дека за такво однесување нема оправдување. Во истиот контекст откри и дека во еден момент, на друг проект кој не го именувал, одел чекор подалеку – барал од продуцентите да го отпуштат.Во интервјуто се присетил дека буквално ги молел да го тргнат од филмот, но тие не прифатиле. Додал и дека никогаш не отпуштил никого, затоа што тоа не е негова работа, но дека им се обраќал на продуцентите како на последна „спасувачка“ опција, признавајќи дека понекогаш премногу се внесува во ликот.Бејл зборувал и за своите физички и психолошки трансформации низ кариерата – од драстично слабеење за „The Machinist“, до новиот проект „The Bride“, во кој, како што раскажал, со часови дневно поминувал во шминка и протетика. За да го издржи тој ритам, објаснил дека секојдневно викал од глас – не од бес, туку како начин да се „испразни“ и да ја задржи психичката стабилност, што екипата со време го прифатила како необичен, но заеднички катарзичен ритуал.

Магазин | пред 1 седмица

media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Хутите подготвени за влез во конфликтот: „Прстот ни е на обрачот“

Јеменското движење Хути испраќа сè поостри пораки дека е подготвено да се вклучи во конфликтот на Блискиот Исток, што би можело дополнително да ја загрози една од најважните светски нафтени и трговски рути.Според анализите, Иран веќе има значително влијание врз Персискиот Залив, но неговите противници сè уште користат алтернативни маршрути преку Црвеното Море. Токму таму, доколку се активираат Хутите, би можело да дојде до нова ескалација со глобални последици.Висок претставник на Хутите, Мохамед ал-Бухаити, изјави дека нивното вклучување е „само прашање на време“, нагласувајќи: „Прстот ни е на обрачот“.САД и нивните сојузници внимателно ја следат ситуацијата, имајќи предвид дека Хутите, поддржани од Иран, веќе во минатото покажаа способност сериозно да го нарушат поморскиот сообраќај, особено во Црвеното Море и околу Суецкиот канал.Во изминатите години, ова движење успеа да изведува напади со беспилотни летала и ракети, со што значително го намали транспортот низ овие критични морски патишта. Во одредени периоди, бродските компании беа принудени да ги пренасочуваат рутите околу Африка, што значително ги зголеми трошоците и времето на испорака.Стратешката позиција на Хутите е клучна, бидејќи тие контролираат делови од јеменското крајбрежје покрај теснецот Баб ел-Мандеб – уште една витална точка за глобалната трговија, која го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив.Експертите предупредуваат дека евентуално затворање или дестабилизација и на оваа рута, паралелно со притисокот врз Ормутскиот теснец, би можело да предизвика сериозен удар врз глобалната економија и енергетските пазари.Сепак, и покрај блиските врски со Техеран, аналитичарите укажуваат дека Хутите не се целосно под контрола на Иран и носат одлуки и врз основа на внатрешните политички интереси. Нивното евентуално вклучување во поширок конфликт би значело ризик од нови разорни последици за Јемен и регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjcg0p0cla7o57rS4R9i

Манасиевски со прашања до СДСМ за наводна улога на Башановиќ во енергетски и политички зделки

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати низа прашања до СДСМ, поврзани со наводната улога на Зоран Башановиќ во политички и економски процеси во изминатиот период.Манасиевски праша дали Башановиќ, за кого тврди дека е поврзан со ПР тимот на СДСМ, имал посредничка улога во, како што наведе, „матни бизнис зделки“ во енергетиката, како и во процесите поврзани со промената на името на државата.„СДС да одговори дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа“, изјави Манасиевски.Тој дополнително изнесе тврдења дека Башановиќ, кој според него бил советник во владата на поранешниот премиер Зоран Заев, имал улога во поврзување на македонското и грчкото раководство во периодот на договорите меѓу двете држави.Во изјавата се поставуваат и прашања за евентуални зделки во енергетскиот сектор, вклучително и за договори поврзани со компании и концесии за ископ на јаглен, како и за наводни финансиски односи.Манасиевски побара од СДСМ да даде јасни одговори на изнесените тврдења, оценувајќи дека јавноста има право да знае дали постоела каква било поврзаност и одговорност.

Македонија | пред 1 седмица

katar-pozar

Хеликоптерска несреќа во Катар: загинаа седум лица, меѓу нив и турски државјани

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека седум лица загинале во воена хеликоптерска несреќа во Катар, меѓу кои и тројца турски државјани.Според турските власти, меѓу загинатите се наоѓа еден турски војник и двајца припадници на обезбедувањето од турската одбранбена компанија „Асelsан“. Во несреќата животот го загубиле и четворица припадници на вооружените сили на Катар.Претходно беше објавено дека најмалку шест лица загинале, а едно се водело како исчезнато, но најновите информации потврдуваат дека нема преживеани.Причините за падот на хеликоптерот засега не се познати, а истрагата ќе ја спроведуваат катарските власти.Од Министерството за одбрана на Катар претходно беше објавен список со имињата на жртвите.

Свет | пред 1 седмица

nikoloski-delnica-Gostivar-Bukojcani_9

(Видео) Штип добива вештачко езеро, кое може да биде готово за две години

Вицепремиерот Александар Николоски изврши увид во изградбата на браната на реката Отиња, при што изрази очекување дека проектот би можел да добие завршница во 2028 година, со полнење на вештачкото езеро.„Доколку нѐ послужи времето, односно ако имаме сув градежен период, можеби уште оваа година ќе го завршиме езерото, а ќе ни треба уште една година да се наполни. Тоа значи дека некаде во пролетта 2028 година би можеле да видиме тука езеро кое ќе претставува атракција“, изјави Николоски.Тој посочи дека ова е второ вештачко езеро во државата, по она во Гевгелија, односно Коњско, и нагласи дека проектот има значаен потенцијал за локалниот развој.„Ова вештачко езеро многу ќе значи за развој на туризмот и локалната економија“, додаде вицепремиерот.Изградбата на браната на Отиња се смета за еден од покрупните инфраструктурни проекти во источниот дел од државата, со очекувања дека ќе придонесе за економски и туристички развој на регионот.

Настани | пред 1 седмица

talibanci

Израел: Во Либан убиен оперативец на Хамас задолжен за финансирање на активностите на групата

Израелската војска соопшти дека во напад извршен во Либан ликвидирала оперативец на Хамас, кој, според нивните наводи, бил вклучен во финансирање на активностите на оваа група.Во соопштението се наведува дека станува збор за Валид Мухамед Диб, кој бил цел на напад реализиран по налог на израелската разузнавачка служба Шин Бет.Според тврдењата на израелската страна, Диб бил одговорен за пренос на финансиски средства кон мрежите на Хамас на окупираниот Западен Брег, во Либан и на други локации, како и за регрутирање оперативци.Овие информации засега не се независно потврдени.

Свет | пред 1 седмица

putin

Зеленски: На Путин му одговара долг конфликт на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека продолжениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран оди во прилог на Русија и на претседателот Владимир Путин, бидејќи ја пренасочува глобалната енергија и ресурси од Украина.Во изјава за Би-Би-Си, Зеленски посочи дека Кремљ има директен интерес од долготрајна нестабилност на Блискиот Исток, особено по одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за 30-дневно изземање што овозможува купување руска нафта и деривати.Според него, ваквите потези ѝ носат финансиска корист на Москва, која може да ги искористи средствата за продолжување на војната против Украина.„Путин ќе посакува долг конфликт. За него, долга војна со Иран е плус. Тоа влијае врз цените на енергенсите, но и ги троши американските резерви и капацитетите за противвоздушна одбрана“, изјави Зеленски.Тој нагласи дека ваквата ситуација значи пренасочување на воените ресурси, кои наместо да се користат за поддршка на Украина, се трошат во друг конфликт.„Путину му одговара тие ресурси да не одат во Украина. Тој има цел да нè ослабне, а тоа е долгорочен процес. Блискиот Исток е еден од начините тоа да се постигне“, додаде украинскиот претседател.Русија е под санкции од САД и Европската унија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, но аналитичарите предупредуваат дека евентуалното нивно ублажување би можело значително да ја зајакне руската економија и воен капацитет.Изјавите на Зеленски доаѓаат во период на засилени геополитички тензии, при што паралелните конфликти отвораат прашања за распределбата на глобалната поддршка и ресурси.

Свет | пред 1 седмица

loru5bcabbkptivbtymx

Уапсен жител на гостиварско по пријава за семејно насилство врз сопругата

Полицијата приведе 43-годишен маж од гостиварско, осомничен за физички напад врз неговата сопруга во семејниот дом.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 март 2026 година во 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар постапиле по пријава од 40-годишна жена, која пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.По интервенцијата, лицето Б.С. (43) било лишено од слобода.Од МВР наведуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Случајот е евидентиран како семејно насилство, за кое институциите најавуваат понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Нова драма во Гостивар: млад возач бегал од полиција, па го фатиле без возачка

Дваесет и двегодишен жител на гостиварското село Чегране бил лишен од слобода откако се обидел да избега од полициска контрола и бил затекнат како управува возило без возачка дозвола.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 март 2026 година околу 23:00 часот, на улицата „Боге Велјаноски“ во Гостивар, полициски службеници го привеле Л.Ф. (22).Претходно, при сообраќајна контрола на улицата „Питарница“, полицијата сопрела патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој се дал во бегство.По преземени мерки, лицето било пронајдено и приведено, при што било утврдено дека нема возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Малолетник затекнат зад волан во Тетово: полицијата го приведе, возилото одземено

Седумнаесетгодишен малолетник од тетовското село Милетино бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува возило без положен возачки испит.Од СВР Тетово информираат дека на 22 март 2026 година во 04:12 часот, на булевар „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетникот.По извршените проверки било утврдено дека лицето е малолетно и нема положено возачки испит. По наредба на јавен обвинител, малолетникот бил лишен од слобода.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

avtopat

Возач без дозвола приведен на патот Тетово–Гостивар, возел и покрај активна забрана

Полицијата приведе 44-годишен жител на прилепското село Дебреште, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.Од СВР Тетово информираат дека на 22 март 2026 година во 04:05 часот, на патниот правец Тетово–Гостивар, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (44).При контролата било утврдено дека возачот управувал моторно возило иако имал изречена активна забрана за управување со возила од Б категорија.Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

kazni-policija-policaec

Не застанал на црвено, па натепал полицајци - апсење во Гостивар

Полицијата во Гостивар приведе 48-годишен жител на тетовското село Голема Речица, откако при сообраќајна контрола физички нападнал полициски службеници.Од СВР Тетово информираат дека на 21 март 2026 година во 19:05 часот, на т.н. „Стакларска раскрсница“ во Гостивар, полициски службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б. (48).При контролата било утврдено дека возачот не го почитувал светлосниот сигнал на семафорот. По извршената легитимација, тој физички ги нападнал полициските службеници, по што бил лишен од слобода.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања