Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Дронови ја надлетуваат Македонија за време на изборниот ден

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на локалните избори презема континуирани активности со цел изборниот процес да се спроведе безбедно и без нарушувања.Според МВР, полициските службеници денеска се распоредени во близина на гласачките места и на клучните сообраќајни точки за да се обезбеди јавниот ред и мир. Во соопштението се наведува дека безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана преку стандардни мерки, мобилни тимови, пунктови и современа технологија, вклучително и употреба на дронови за воздушна контрола и навремена реакција во случај на инциденти.„Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато од 6:00 до 19:00 часот, како и по затворањето, за време на броењето на гласовите и предавањето на изборниот материјал“, наведуваат од Министерството.МВР апелира до граѓаните и политичките субјекти да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат насоките на полицијата и да се воздржат од активности што би можеле да го нарушат изборниот процес.Полициските службеници имаат обврска да реагираат на секое нарушување на редот и, доколку е потребно, да ги отстранат неовластените лица во објектот каде што се гласа и во радиус од 100 метри околу него.Во случај на инциденти, временски непогоди или други непредвидени околности, избирачките одбори можат привремено да го прекинат гласањето, кое потоа ќе продолжи за истото време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.Покрај безбедноста на гласачите, полицијата ќе обезбедува и доверливост и сигурност на избирачкиот материјал до неговата предавање на општинските изборни комисии.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV денес ќе прогласи седум нови светци – меѓу нив и три жени

На свечена миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата Лав XIV денес ќе прогласи светци три жени и четворица мажи, меѓу кои се и првиот светец од Папуа Нова Гвинеја – лаикот Петар То Рот, надбискупот Игнатиус Чукрлах Малојан, убиен во време на ерменскиот геноцид, и венецуелскиот лекар на сиромашните, Хозе Грегорио Ернандес Сиснерос.На миса која започнува во 10:30 часот, светиците ќе бидат и три монахињи кои ги посветиле своите животи на грижа за болни и сиромашни, како и италијанскиот адвокат Бартоло Лонго, кој во младоста бил сатанистички свештеник, но подоцна се обратил во верата и го основал папското светилиште на Богородица од Розарот во Помпеја.Петар То Рот (1912–1945) бил погубен од јапонските окупаторски сили при крајот на Втората светска војна, поради тоа што ја проповедал христијанската вера и одбил да се откаже од неа. Надбискупот Малојан, пак, бил убиен во 1915 година откако ги одбил повиците на османлиските власти да премине во ислам.Меѓу новите светци е и венецуелскиот лекар Хозе Грегорио Ернандес Сиснерос (1864–1919), познат по својата филантропија и посветеност на најсиромашните. Тој студирал медицина во Каракас и Париз, и со своето знаење ја поставил основата на современата медицина во Венецуела.Папата ќе ја прогласи за света и монахињата Марија Кармен Елена Рендилес Мартинес, првата венецуелска светителка. Родена без лева рака, таа го надминала својот инвалидитет и во 1965 година ја основала конгрегацијата „Слуги на Исус“.Меѓу италијанските монахињи кои ќе бидат канонизирани се Винченца Марија Полони, основачка на Здружението на сестрите милосрдници во Верона, и Марија Тронкати (1883–1969), која повеќе од 40 години работела како медицинска мисионерка во Амазонија, посветувајќи го животот на помагање на домородните народи.Ова е втората канонизација што ја предводи папата Лав XIV откако беше избран за поглавар на Католичката црква во мај. На првата, во септември, тој ги прогласи за светци италијанските верници Карло Акутис, познат како „Божјиот компјутерски гик“, и Пјеро Џорџо Фрасати, симбол на милосрдие и вера.Канонизацијата претставува последен чекор на патот кон светоста во Католичката црква. Таа следи по беатификацијата и може да ја одобри само папата, по детална постапка во три фази – испитување на животот, потврда на чудо, и конечно прогласување за светец.

Свет | пред 5 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Изборите започнаа без проблеми – отворени сите гласачки места низ земјата

Државната изборна комисија соопшти дека денеска навремено се отворени сите избирачки места и дека гласањето се одвива без потешкотии.„Државната изборна комисија известува дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, стои во соопштението на Комисијата.Македонија денеска гласа на осмите локални избори од независноста. На вкупно 3.474 избирачки места право на глас имаат 1.832.415 граѓани, кои ќе го избираат локалното раководство во 80 општини и Градот Скопје.Гласачките места се отворени од 7:00 до 19:00 часот, а по затворањето ќе можат да гласаат само оние кои во тој момент се наоѓаат во објектот.Ден претходно, своето право на глас го остварија 2.162 лица во затвори и притвор, 8.848 болни и изнемоштени, како и 442 лица сместени во установи за вонсемејна грижа.На локалните избори не гласа дијаспората, но државјаните кои живеат или работат во странство и се наоѓаат во земјава денес, можат да го остварат своето избирачко право.Според Изборниот законик, за градоначалник во првиот круг е избран оној кандидат што ќе добие мнозинство гласови од излезените избирачи, под услов излезноста да биде најмалку една третина од вкупниот број запишани гласачи во општината. Ако излезноста биде помала, изборниот процес се повторува.Изборите за градоначалници се спроведуваат по мнозински модел, а за советнички листи – по пропорционален модел, во еден круг.ДИК најави дека првичните резултати ќе бидат објавувани сукцесивно по електронски пат, додека конечните резултати ќе бидат соопштени најдоцна во рок од 24 часа по нивната правосилност.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarys5rpceji555g93jcX9Y

(Видео) Инцидент на „Маршот за ангелите“: родителите на жртвите од „Пулс“ се соочија со обвинет, го затекнаа во кафеана

Инцидент го одбележа денешниот 27. „Марш за ангелите“ во Кочани, кога учесниците го затекнаа обвинетиот во случајот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, поранешен градоначалник на градот Ратко Димитровски во друштво на кандидат за градоначалник Владко Грозданов, во кафеана.Настанот се случил додека колоната на родители и роднини на загинатите поминувала покрај објектот, по што дошло до кратко вербално соочување.И покрај инцидентот, маршот продолжи по веќе воспоставената рута – од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар, Управата за јавни приходи, Полициската станица и Основниот суд, за повторно да заврши таму од каде што почна.За разлика од претходните маршеви, родителите овојпат не дадоа официјални изјави за медиумите, но нивните пораки беа испратени јасно и гласно преку транспарентите што ги носеа: „Крив е системот, не беше несреќа“, „Правда за нашите деца“, „Одговорност, не забораваме“.Десетици граѓани, и покрај дождливото време, им се приклучија во маршот, кој неколку минути го блокираше сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.Со денешниот марш, родителите уште еднаш ја потврдија својата решеност да не замолчат додека не се утврди вистината и не се казнат одговорните за трагедијата во „Пулс“, во која загинаа 63 млади животи.

Македонија | пред 5 месеци

media-library3885nnvun00b0833Qig

Нова тешка сообраќајка на „Партизанска“ — повредени две лица, реакција: „Булеварот стана писта на смртта“

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:40 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Од полицијата велат дека во несреќата учествувале четири патнички возила – „Голф“, „БМВ“, „Мерцедес“ и „Цитроен“. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде им се укажува лекарска помош.Инцидентот се случил во близина на местото каде што пред неколку месеци загина младата Фросина Кулакова.Причините за судирот сè уште се утврдуваат. Полициски екипи извршиле увид, а сообраќајот на делницата бил привремено блокиран.По несреќата, нејзината сестра Росица Кулакова на социјалните мрежи објави емотивна реакција:„На истото место каде што пред нецела година ја убија сестра ми… се вози со 80, 90 километри како ништо да не се случило. Јас гледам сè тоа од прозор, секој ден поминувам од тој проклет пешачки премин каде што Фросина згасна засекогаш. Ни трагедија, ни гроб, ни свеќа не ја разбудија свеста. Полицијата е фантом, а Партизанска станува писта на смртта. Треба ли пак некој да загине за да светне ламбата? Ако не е законски да се постават лежечки полицајци – смени го законот!“Нејзиниот апел повторно ја отвори дебатата за безбедноста на булеварот „Партизански одреди“, кој во последните години стана едно од најопасните сообраќајни жаришта во Скопје.

Македонија | пред 5 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Паника, сценарија и обвинувања — политичките тензии пред изборниот ден

Една партија денеска излезе со остри обвинувања против друга партија, тврдејќи дека таа се подготвува за дебакл и дека веќе применува сценарија за зачувување на лидерски позиции. Според соопштението, активностите кои се водат во предвечерието на изборниот ден се направени „по сценарио“ и се оценуваат како обид за манипулација со јавноста.Во образложението се наведува дека последните информации за гласањето на болни и изнемоштени лица предизвикале паника во редовите на опонентот, поради што тој наводно спроведува организирани акции и контролирани реакции преку засегнати штабови и блиски медиумски и параинституционални структури.Во соопштението се нагласува и дека ќе бидат преземени активности за јавна и правна реакција, доколку е потребно, за да се обезбеди чесноста на изборниот процес.

Македонија | пред 5 месеци

izbori-glasanje-fingerprinti3112

Обвинувања за тешки прекршувања на изборниот процес: починати лица на избирачки список, закани и злоупотреби

Правната комисија на една партија денеска излезе со сериозни обвинувања за, како што наведуваат, грубо нарушување на изборниот процес од страна на една партија и нејзините коалициски партнери.„Очигледно е дека, соочени со намалена поддршка од граѓаните, партијата повторно го покажува своето вистинско лице – ја злоупотребува институционалната моќ за партиски цели. Ова го загрозува целиот изборен процес и мора веднаш да престане,“ соопштија од партијата.Според нив, ден пред изборите и во текот на изборниот молк биле забележани повеќе прекршувања на Изборниот законик.Како најтежок пример го посочуваат случајот со починато лице на избирачкиот список и на кандидатска листа за Совет на Град Скопје, кое починало уште во 2024 година. „За прочистувањето на избирачкиот список одговорноста е на надлежното министерство, кое мора да објасни како дошло до ваков пропуст и колку слични случаи има,“ наведуваат од партијата.

Македонија | пред 5 месеци

media-library381v44m3vsoocJmm4F1

(Видео) Toj пристигнува во Скопје: Спектакл што ќе ја разниша арената „Борис Трајковски“ во декември

Најмоќното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Еден од највлијателните артисти на современата електронска сцена, ARGY, доаѓа со спектакл каков што македонската публика досега не видела – настап што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата, најавуваат организаторите.Во време кога електронската култура владее со глобалната музичка сцена, Скопје ќе стане нејзин епицентар, преку уметник кој од андерграунд диџеј прерасна во вистински феномен. ARGY одамна го надмина статусот на обичен изведувач и стана симбол на модерниот хаус и техно звук, препознатлив по сетови што создаваат колективна еуфорија и транс.Организаторите од „Прагма“ најавуваат продукција со највисоки светски стандарди, каква што досега не е видена во домашни услови. Во арената ќе биде поставена сценографија што ќе ја претвори во катедрала на звук и светлина, со импресивни визуелни ефекти, акустична прецизност и динамична игра на светло, технологија и енергија.ARGY е артист кој „го освои светот“ — од Tomorrowland, преку Ibiza, до Париз и Берлин. Сега, неговата енергија и звук пристигнуваат и во Скопје, во настап што ќе биде повеќе од концерт — ќе биде искуство што се доживува со сите сетила.

Настани | пред 5 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Починато лице предложено за советник во Советот на Град Скопје – ДИК ќе го извести Обвинителството

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално движење на Турците, било предложено починато лице, со име и презиме Бејњеза Лутвиовска. Тие ја поништија потврдената листа предложена од политичкиот субјект.„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основ, да покрене соодветни постапки.„ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно нивните законски надлежности,“ посочи Кондарко.Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи се случиле и претходно, наведувајќи дека и минатата година Работничката партија предложила починато лице на кандидатска листа.„Тогаш ја отфрливме листата и документите беа предадени на Обвинителството, кое отвори кривична постапка. Таква постапка е предвидена и за вакви случаи,“ изјави Дашковски.Случајот предизвика внимание во јавноста како нов пример за неажурност и пропусти при поднесување изборни листи, особено во период кога институциите апелираат за почитување на изборните процедури и законската транспарентност.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryurah8c4foiim0RxyUaJ

(Видео) Снимка од заплена на марихуана во Скопје, се трага по еден од осомничените

Полицијата во Скопје изврши претрес во дом на лице од населбата Гази Баба, при што е пронајдена марихуана, пари и дигитална вага, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 17 октомври 2025 година, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по добиена судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Д.Г. (33).Во моментот на претресот во станот бил затекнат неговиот брат, С.Г. (32), кај кого биле пронајдени недозволени супстанци и пари. С.Г. е лишен од слобода, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на неговиот брат Д.Г., кој не бил присутен за време на акцијата.„По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираа од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

izbori-glasanje-11-92584

Измешани броеви: Грешка на гласачките ливчиња го стопираше гласањето на болните во Ново Село

Гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село утринава беше привремено прекинато поради техничка грешка во редните броеви на носителите на советничките листи на гласачките ливчиња.Според информациите, на овие локални избори во општината се пријавени околу 400 лица кои доставиле медицинска документација со која потврдиле дека не можат да излезат на избирачките места утре, па своето избирачко право требаше да го остварат денеска.Меѓутоа, избирачките одбори утрово не заминале на терен, откако било утврдено дека на гласачките ливчиња постои несогласување во редните броеви кај двајца носители на советнички листи.За инцидентот веднаш била информирана Државната изборна комисија (ДИК), од каде потврдија дека гласачкиот материјал е повлечен и се печати нов, за да може процесот да продолжи без дополнителни проблеми.„Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен. Таму денеска ниту едно пријавено болно или изнемоштено лице нема гласано. Станува збор за гласачки материјал за советнички листи. Се дистрибуира нов и сите болни и изнемоштени лица ќе гласаат,“ соопштија од ДИК.Во струмичкиот регион вкупно се пријавени 1.308 болни и изнемоштени лица. Освен во Ново Село, денеска гласањето се одвива и во Струмица (514 лица), Босилово (232 лица) и Василево (162 лица), каде што, според информациите, гласачкиот процес се одвива без забележани проблеми.Според ДИК, гласањето на овие категории граѓани ќе биде спроведено во текот на денот, откако новиот исправен материјал ќе биде доставен до избирачките одбори.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryf9pjo66tau5leh8Z80A

Македонија ризикува нов срам во Стразбур: сомнежи за судир на интереси и обвинувања за нетранспарентен избор на судија

Постапката за избор на судија во Стразбур повторно исправена пред нови обвинувања, кои го девалвираат процесот и уште сега фрлаат сенка врз изборот на конечните кандидати. Од една страна причината е пријавата за судир на интереси помеѓу претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски кој е дел од Комисијата за избор и деканот на Правниот факултет Сашо Георгиевски кој е кандидат. Од друга страна пак, во правните кругови веќе се шпекулира дека Георгиевски ќе биде избран како еден од тројцата судии кои одат за Стразбур – информација која досега деканот не ја искоментира во јавност, иако беше прашан од „Скопје1“.Сагата наречена Стразбур го добива второто продолжение, откако уште при првиот конкурс кој беше распишан па поништен донесе реакции, незадоволства, па и јавни кавги. Дел од кандидатите кренаа раце, други пак се впуштија во битка, но има и старо-нови имиња на листата-кандидати. Георгиевски е од вторите. Тој предава меѓународно јавно право и е одличен познавач на материјата. Но брзо откако неговото име се најде на листата од кандидати кои ќе бидат повикани на интервју – се јави пречка: судир на интереси. Кандидатот му бил академски ментор на членот на комисијата. Односно, Костадиновски и Георгиевски се пријавени за судир на интереси. Судијата Костадиновски не се изземал во административната фаза, а не планира ниту сега во фазата на интервјуа.„Менторството претставува само една фаза од сложената постапка за стекнување на академско звање... Оттука не може да стане збор за судир на интереси“, вели Костадиновски за „Скопје1“.Во исто време, ниту девет дена не му беа доволни на деканот и кандидат Георгиевски за да одговори на нашите прашања – меѓу кои беше дали постои конфликт на интереси, бидејќи му бил ментор на членот на комисијата, исто како што нема одговор дали тој го владее францускиот јазик, од кој тестатор поседува сертификат и како го коментира фактот што се зборува дека е фаворит иако уште не се завршени ниту интервјуата.Додека Костадиновски негира, а Георгиевски молчи, можниот конфликт на интереси се најде пред Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Таму се пристигнати пријави кои истовремено се испратени и до медиумите. Пријавувачите сметаат дека Костадиновски како дел од комисијата треба да се изземе.„Многу посуштинско прашање е дали тој се изземал уште во првата фаза... Во постапки од ваков висок јавен интерес, и најмалиот сомнеж за пристрасност е доволен да го наруши кредибилитетот на целиот процес“, стои во една од пријавите.За ова жестока реакција имаше и Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија, кој обвини за „организиран систем на поддршка, ветувања и ветришта“. Ова доаѓа по обидот да се распише конкурс за нови вработувања на Правниот факултет, еден ден пред распишување на конкурсот. Дисусија се отворила од Наставно-научниот совет (ННС).„Ако е вистина дека овие вработувања се дел од договорена поддршка за проектот ‘Стразбур’, тогаш имаме класичен случај на институционално претворање на факултетот во политичка филијала“, пишува Илиевски во колумна за „Нова Македонија“.Своја реакција имаше и професорот Јове Кекеновски, кој реагираше на нетранспарентноста на процесот. Иако правник, ниту нему не му е јасно кои се критериумите врз основа на кои Комисијата ја врши првичната селекција на кандидати – односно одлучува кого ќе викне на интервју, а кого не.„Овој избор не е формалност; тоа е тест за зрелоста на нашите институции и нивната способност да демонстрираат европски стандарди дома. Транспарентноста и одговорноста не се административна процедура, туку темел на довербата“, пишува Кекеновски.Во однос на транспарентноста, побаравме став од Костадиновски, кој рече:„Првичната селекција на кандидатите е извршена врз основа на Деловникот за работа на Комисијата... и врз основа на ‘Le panel consultatif d'experts sur les candidats à l'élection de juges à la Cour européenne des droits de l'homme’. Сите кандидати кои се повикани на интервјуто ги исполнуваат условите.“Во еден од стандардите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) се содржи и т.н. објективен и субјективен тест, при што објективниот тест предвидува „трибуналот“ да биде независен и непристрасен, но се осврнува и на перцепцијата на разумен набљудувач. За ЕСЧП е доволно да постои легитимен сомнеж за непристрасност за да утврди повреда на право заштитено со Конвенцијата.Пред девет години, Стразбур ја врати листата и не избра ниту еден од предложените кандидати за судии – што претставува срам за државата. Слично, во 2018 година, поради роднински односи со премиерот Еди Рама, Стразбур не прифати да го избере Даиран Павли за судија. Во 2021 година, Украина имаше сличен случај поради сомнителен морален интегритет.На крај, членовите на Комисијата ќе одлучуваат, по што листата ќе ја достават во Стразбур, а таму конечната одлука ја носи Парламентарното собрание на Советот на Европа со мнозинство гласови.

Македонија | пред 5 месеци

orban-tramp1

Самитот Трамп–Путин во Будимпешта – удар за Европа, триумф за Орбан

Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Будимпешта за да разговараат за прекин на војната во Украина се толкува како тежок дипломатски удар за Европската Унија, додека унгарскиот премиер Виктор Орбан ја доживува како свој личен триумф.Како што пишува британски The Telegraph, Орбан — често исмејуван како најблискиот сојузник на Путин во ЕУ — сега се чувствува „како мачка што стигнала до павлака“. Унгарскиот премиер долго време е во судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, жестоко ги критикува западните санкции против Русија и редовно го напушта заедничкиот фронт на НАТО и ЕУ во врска со украинското прашање.Односите меѓу Будимпешта и Киев се на најниско ниво досега, а Орбан дури се закани дека ќе го блокира приклучувањето на Украина кон ЕУ, обвинувајќи го Киев за прогон на унгарското малцинство. Минатото лето, откако Украина го погоди рускиот нафтовод кој снабдува нафта до Унгарија, Орбан повторно побара „итни мировни преговори“, тврдејќи дека Украина „не може да победи во овој војна“.За разлика од односите со Киев, Орбан никогаш не се судрил со Трамп, на кого остана лојален уште од неговиот прв мандат. Додека беше надвор од Белата куќа, Орбан му даде политичка и медиумска поддршка, станувајќи миленик на американските конзервативци.Орбан е единствениот лидер на ЕУ кој отворено го поддржа Трамп пред неговото повторно избирање. Американскиот претседател пак, го опиша унгарскиот премиер како „фантастичен лидер“ и неколкупати ја пофали неговата политика.Планираниот самит во Будимпешта се гледа како огромна дипломатска победа за Орбан, кој сака да се прикаже како глас на мирот во Европа, во време кога Унијата е длабоко поделена околу иднината на конфликтот во Украина.Самиот избор на Унгарија како место за средбата има силна симболика – држава што е речиси изолирана во рамките на ЕУ, но добива централна улога во геополитички настан што го следи целиот свет.За Брисел, пак, ова претставува уште еден болен потсетник за неговата маргинализација во мировните иницијативи околу Украина. ЕУ е исклучена од повеќето клучни разговори, а сега гледа како еден нејзин член станува посредник во дијалог меѓу две нуклеарни сили.Во исто време, Унгарија веќе најави повлекување од Меѓународниот кривичен суд, што го елиминира секој ризик за апсење на Путин, против кого постои меѓународен налог. Тоа дополнително ја прави Будимпешта единствено можно место за ваков состанок во рамките на ЕУ.Како што наведува The Telegraph, Трамп му враќа услуга на Орбан, наградувајќи ја неговата лојалност и засилувајќи ја идејата за глобално ширење на движењето MAGA („Make America Great Again“) – како антипод на либералните вредности на ЕУ.Со ова, унгарскиот премиер, често нарекуван „лошиот дечко на Брисел“, добива историски момент на слава — и можност неговата земја повторно да стане центар на светската политичка сцена, дури и ако тоа значи дополнителна изолација од Европа.

Свет | пред 5 месеци

media-library7oj28mmh9qcd08SaNRO

Избран изведувачот за реконструкцијата на Универзална сала – проектот ќе биде готов до декември 2027 година

Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објектот Универзална сала – по принцип на изградба клуч на рака“.По завршување на законските рокови, ќе следи потпишување на договорот за изведба, а потоа и воведување на изведувачот во работа, по што ќе започнат официјално и градежните активности.Рокот за реализација на проектот е до декември 2027 година, а принципот клуч на рака подразбира дека до тој период објектот ќе биде целосно изграден, уреден и подготвен за користење, односно за одржување концерти, настани и други културни содржини.Од Министерството потсетуваат дека по преземањето на објектот од Град Скопје, особено по пожарот што го оштети објектот, биле спроведени низа активности за да се обезбеди успешна реконструкција. Со измените и дополнувањата на проектната документација, Министерството обезбедило нов основен проект за реконструкција, кој пред јавноста беше претставен како спој на зачуваниот спомен и современ архитектонски идентитет.Со реализацијата на проектот, Универзална сала ќе добие современ и повеќенаменски карактер, задржувајќи ја симболичната вредност што објектот ја има во колективната меморија на граѓаните на Скопје.Според Министерството, обновената сала ќе има клучна улога во програмата на манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кога повторно ќе стане едно од омилените места за културни настани и собири на граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryecdvqq9alp5ndPjbMIY

(Видео) Тројца загинати и петмина повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Русија

Три лица загинаа, а уште петмина се повредени во експлозија во фабриката за експлозиви „Авангард“ во градот Стерлитамак, во западниот регион Башкортостан во Русија, соопшти гувернерот Радиј Хабиров на платформата Телеграм.Несреќата се случила во петокот навечер, а според локалните власти, операциите за пребарување и спасување траеле цела ноќ и завршиле во саботата наутро.„Форензичките експерти го истражуваат точниот причинител на експлозијата“, изјави Хабиров, додавајќи дека се исклучува можноста за украински напад со дронови како причина за инцидентот.Фабриката „Авангард“ произведува индустриски експлозиви и одржува муниција, а од 2022 година е под управување на државниот индустриски конгломерат „Ростех“, кој е дел од руската воено-индустриска структура.Локалните власти наведуваат дека сите повредени се хоспитализирани, а состојбата на двајца од нив е критична. Според првичните информации, експлозијата најверојатно настанала во делот за складирање на експлозивен материјал.Истражните органи отворија кривична постапка за прекршување на безбедносните протоколи во производството, а дел од објектот е целосно уништен.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Започна гласањето на болните, затворениците и лицата во установи за грижа

Во пресрет на утрешниот главен изборен ден, денес се спроведува гласањето на болните и немоќни лица, лицата на издржување затворска казна или во притвор, како и оние сместени во установи за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).Според податоците, вкупно 8.848 болни или немоќни граѓани ќе го остварат своето избирачко право во текот на денешниот ден.Во 14 казнено-поправни установи низ државата гласаат 2.162 лица кои се на издржување затворска казна или во притвор.Дополнително, 442 лица сместени во установи за вонсемејна грижа го користат своето право на глас во 13 центри низ Македонија.Од ДИК информираат дека гласањето започна во 7 часот утрово и ќе трае до 19 часот, под исти услови и правила како и редовното гласање што ќе се одржи утре.Оваа фаза на гласање е дел од предвремените изборни активности за локалните избори 2025 година и овозможува сите граѓани, без оглед на нивната здравствена или институционална состојба, да го остварат своето уставно право на глас.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Како Трамп ја уништи главната надеж на Зеленски: „Многу лоши работи може да се случат“

Односот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски очигледно е подобрен, но главната цел на Киев – добивање далекудометни ракети Tomahawk – останува недостижна. И покрај девет месеци интензивна дипломатија, Трамп и понатаму преферира да му даде на рускиот претседател Владимир Путин уште една шанса за разговор наместо да ја ескалира војната, пишува CNN.Иако меѓу изјавите на американскиот лидер имаше комплименти и уверувања дека мирот е „многу близу“, во Вашингтон не е донесена никаква конечна одлука за вооружување на Украина со Tomahawk ракети. Сепак, Трампова порака на неговата мрежа Truth Social – „Треба да застанеме таму каде што сме“ – се толкува како сигнал за можен прекин на огнот долж сегашните фронтовски линии, што би било прифатливо за Киев.„Мора да застанеме таму каде што сме. Важно е да застанеме таму каде што сме, а потоа да разговараме“, изјави Зеленски по средбата со Трамп. Иако украинскиот лидер очекуваше повеќе, денот за него можеше да заврши и полошо.Главна тема на разговорот беа токму проектилите Tomahawk. Трамп ја пофали нивната разорна моќ, но истовремено предупреди дека нивната употреба може да предизвика „многу лоши работи“.„Овде сме поради тоа. Tomahawk е многу опасно оружје... тоа би можело да значи ескалација“, рече американскиот претседател, додавајќи дека се надева дека „војната ќе заврши без да се размислува за Tomahawk“.Иако Трамп отворено ја држи опцијата за испорака на ракети, тој веднаш ја ублажи заканата со порака до Путин дека мирот е „на дофат“. Зад кулисите, меѓутоа, воените аналитичари укажуваат дека САД и немаат доволно залихи за „илјадници Tomahawk-и“, како што изјави Трамп, бидејќи нивното производство е скапо, а дел од ефектот веќе се постигнува преку украинските дронови со сличен дострел. На прашањето дали е оптимист, Зеленски само одговори: „Јас сум реалист“.Во меѓувреме, состојбата на фронтот се промени. И покрај големите загуби и исцрпеноста од летната офанзива на Москва, украинските сили успеаја да ги задржат клучните градови Покровск, Купјанск и Костјантиновка. Тоа претставува изненадувачки успех, имајќи ја предвид кризата со луѓе, ресурси и морал што ја погоди Украина во мај. „Тие прават навистина добри дронови“, призна Трамп, коментирајќи ја украинската иновативност.Од другата страна, притисокот врз Кремљ расте. Неуспесите на бојното поле, недостигот на гориво поради украинските напади врз рафинерии, инфлацијата и падот на моралот го ставаат Путин во незавидна позиција. Аналитичарите предупредуваат дека Русија тешко ќе може да ја продолжи војната уште една зима без сериозни последици.Зеленски, кој летово се соочи со најтешкиот дипломатски период – кога неговиот најважен сојузник се обиде да преговара за мир со Путин без Украина – сега повторно патува низ НАТО-членките, нудејќи им украинска технологија и воено партнерство. Русија, од своја страна, се соочува со истото прашање што сè почесто го поставуваат дури и во Москва: „Кој е следниот потег на Путин?“

Свет | пред 5 месеци

media-libraryke61fr3o9q6q7Ijvllb

Ова е рутата преку која Путин планира да стигне до Будимпешта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан со големо задоволство ја поздрави најавата дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат во Будимпешта со цел да разговараат за можноста за завршување на војната во Украина.„Планираната средба на американскиот и рускиот претседател е одлична вест за сите мирољубиви луѓе во светот. Подготвени сме!“, напиша Орбан на социјалната мрежа X. Неколку часа подоцна, тој објави дека имал телефонски разговор со Трамп, во кој било потврдено дека подготовките за мировниот самит меѓу САД и Русија се во тек.Трамп, пак, претходно изјави дека имал долг и конструктивен телефонски разговор со Путин, по кој бил постигнат „значаен напредок“ и договор за состанок во главниот град на Унгарија.Сепак, патувањето на рускиот претседател до Будимпешта се соочува со сериозна логистичка пречка. Поради санкциите на Европската унија и забраните за прелет на руски владини авиони воведени по инвазијата на Украина, руските претседателски авиони не смеат да летаат над поголемиот дел од Европа. Тоа значи дека авионот на Путин, Иљушин Ил-96, ќе мора да ја заобиколи речиси целата Европска унија — иако самата Унгарија е членка на ЕУ.Таквата заобиколна рута би можела да биде долга околу 5000 километри, што би го продолжило времетраењето на летот за околу три часа во споредба со директната линија од Москва до Будимпешта. Иако авионот на рускиот лидер е опремен за долги летови, патувањето ќе бара внимателна координација со турските и српските воздухопловни власти, како и детални безбедносни протоколи поради можни временски или дипломатски компликации.Експертите предупредуваат дека летот над Црното Море носи дополнителни ризици, особено во услови на зголемена воена активност во регионот.Ова не би било првпат руските официјални лица да користат алтернативни патишта за да стигнат до меѓународни состаноци. Од почетокот на 2022 година, руските дипломатски авиони често летаат преку Централна Азија, Блискиот Исток или Балканот за да пристигнат до дестинации кои порано беа оддалечени само неколку часа. Така, во јуни 2023 година, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров мораше да патува преку Иран и Северна Африка за да стигне на самитот на БРИКС во Јужна Африка.Планираниот долг пат на Путин кон Будимпешта уште еднаш ја илустрира геополитичката изолација на Русија и нејзиното влијание врз дипломатската логистика. Иако Унгарија нуди ретка можност за ваков состанок внатре во ЕУ, самото патување ќе биде сè, само не едноставно. Најверојатната траса, според аналитичарите, е коридорот преку Турција и Србија, кој би овозможил безбедно слетување во Будимпешта без прекршување на европските санкции.

Свет | пред 5 месеци

media-library64312d26qmnq6hIs3dW

Овие се познатите „цигли“ кои беа бисери: пет модели на телефони кои владееја со светот

Во времето кога батеријата на мобилниот телефон траеше со денови, а не со часови, и кога телефонот можеше да се фрли од маса без страв дека ќе се скрши, технологијата изгледаше поедноставно, но и поавтентично. Пред да се појават технолошките гиганти како „Епл“, „Самсунг“ и „Гугл“, светот имаше свои ѕвезди на пазарот на мобилни телефони – уреди кои и денес предизвикуваат носталгија кај милиони корисници.Нокија 3310, еден од најпродаваните телефони на сите времиња, се појави во 2000 година и остана запаметен како „неуништлив телефон“. Со игри како „Snake“, вграден калкулатор, потсетник и штоперица, овој модел ја дефинираше практичноста на мобилната технологија во тоа време.Неколку години подоцна, во 2006, Нокија ја претстави серијата N, предводена од моделот N95, кој беше вистинска револуција. Со камера од пет мегапиксели, GPS и Wi-Fi поддршка, N95 се сметаше за претходник на паметните телефони какви што ги знаеме денес. Корисниците со восхит го опишуваа како „мини компјутер“ што собира цел свет во џеб.Истата година, пазарот ја доби и својата прва зависност од мобилни телефони – „Блекбери Перл“. Телефонот беше дизајниран за поширока публика, надвор од деловниот свет, со удобна тастатура и елегантен изглед. Иако брендот денес речиси и не постои, тогаш „Блекбери“ беше синоним за префинетост и стил.Во 2004 година, „Моторола РАЗР“ направи вистинска модна револуција. Со тенок метален дизајн и карактеристично преклопување, тој стана симбол на стилот на 2000-тите години. Многумина го сметаат за најубавиот телефон направен до денес, а неговата појава во филмови и спотови само ја зголеми неговата популарност.Нокиа N-Gage, пак, беше обидот на финската компанија да ги спои телефоните и гејмингот. Иако идејата беше авангардна, реализацијата не помина најдобро. Играчите го обожуваа, но за секојдневна употреба беше непрактичен. Сепак, N-Gage остана симбол на храброст и иновација во време кога технологијата сè уште учеше како да ги поврзе различните светови.Денес, кога сите телефони личат еден на друг и батеријата ретко трае подолго од ден, старите модели нè потсетуваат на едно поедноставно време – време кога телефоните беа издржливи, лични и уникатни, а секое ѕвонење носеше дел од нашиот карактер.

Магазин | пред 5 месеци

rabotnik-k-mitrovica

Седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел.Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.

Свет | пред 5 месеци

putin-reakcija

Руски новинар открива детали за наводниот „харем“ на Владимир Путин

Рускиот истражувачки новинар Роман Баданин, кој денес живее во азил во Калифорнија, ја објави книгата „The Tsar Himself: How Vladimir Putin Deceived Us All“, во која изнесува шокантни тврдења за приватниот и љубовниот живот на рускиот претседател Владимир Путин.Баданин, поранешен уредник на истражувачката платформа Проект, беше уапсен и испрашуван од руската тајна полиција во 2021 година, откако објави интервју со млада жена за која се смета дека е негова непризнаена ќерка.„Во Русија постои непишано правило: не ја допирај семејната приказна на Путин,“ изјави тој за Daily Mail.Во книгата, што ја напишал заедно со новинарот Михаил Рубин, авторите опишуваат систематска мрежа на врски и тајни љубовници околу рускиот лидер, која ја нарекуваат „Путинов харем“.Според нивните истражувања, првата позната врска на Путин надвор од бракот била со Светлана Кривоногих, поранешна чистачка која, според документите од Pandora Papers, станала сопственичка на имот вреден десетици милиони евра, како и јахта и станови во Москва и Санкт Петербург. Таа наводно со Путин ја добила ќерката Луиза Розова.Потоа, во фокусот на јавноста доаѓа Алина Кабаева, олимписка шампионка во ритмичка гимнастика, која, според авторите, веќе две децении има посебен статус во животот на рускиот претседател. Таа во 2014 година беше назначена за директорка на Националната медиумска група, а медиумите ја нарекоа „тајната прва дама на Русија“.Иако Путин во јавноста се претставува како заштитник на традиционалните семејни вредности, книгата наведува дека во неговиот внатрешен круг „полигамијата е норма, а секоја жена зависи од мажот за својот успех и богатство“.Авторите спомнуваат и други контроверзни врски, меѓу кои и со 17-годишната студентка Алиса Харчева, која наводно станала дел од кругот блиски до претседателот по објавата на провокативен календар во негова чест. Подоцна, нејзиниот животен стил нагло се подобрил, со луксузен стан во центарот на Москва.Иако Кремљ никогаш не ги коментирал овие обвинувања, книгата повторно ја отвора темата за личниот живот на Путин, кој и по повеќе од две децении на власт останува еден од најстрого чуваните аспекти на руската политичка сцена.„Путин го контролира сè – и државата, и сопствениот наратив. Но, во секоја диктатура, приватноста на водачот е неговата најслаба точка,“ заклучува Баданин.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Русија го повика Илон Маск да ја започне изградбата на тунелот „Трамп–Путин“ меѓу САД и Русија

Во Москва се појави идеја за амбициозен инфраструктурен проект што медиумите веќе го нарекуваат „проект на векот“ — изградба на подморски тунел меѓу Русија и САД, кој би ја поврзувал Алјаска со рускиот Далечен Исток.Повикот до американскиот милијардер Илон Маск го упати рускиот претставник во САД, Кирил Дмитриев, кој на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) сподели документи од 1960-тите години, објавени од американската конгресменка Ана Полина Луна. Во документите се прикажува план за „Светски мост на мирот Кенеди–Хрушчов“, предлог за инфраструктурна врска помеѓу двете суперсили.„Требаше да се изгради мост меѓу Алјаска и Русија“, се наведува во историските материјали што Дмитриев ги цитираше.Тој изјави дека, иако ваквиот проект бил незамислив во 20. век, денес, со модерната технологија, тунелот би можел да се изгради за помалку од осум милијарди долари, особено со учество на компанијата The Boring Company на Маск.„Илоне Маск, замислете поврзување на Америка и Евроазија преку тунелот ‘Путин–Трамп’ — симбол на единство. Иако трошоците би надминале 65 милијарди долари, технологијата на Boring Company би можела да ги намали на под осум милијарди. Да ја изградиме иднината заедно,“ изјави Дмитриев.Тој нагласи дека тунелот би можел да овозможи железничка и товарна врска, како и заедничко истражување на природните ресурси во Арктикот, создавајќи нови работни места и економски можности за двете земји.„Проектот ‘Путин–Трамп’ би бил симбол на соработка, а не конфронтација,“ додаде тој, нагласувајќи дека Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и Арктичкиот фонд би учествувале во финансирањето, заедно со меѓународни партнери.Според руските медиуми, ова е вторпат за неколку години што се оживува идејата за инфраструктурна врска преку Беринговиот Теснец, а овојпат иницијативата има и политичка симболика — поврзување на двете суперсили во време на нови тензии и глобални промени.

Свет | пред 5 месеци

media-librarydv7746f6vvrr1AuQ5ne

Роботско куче патролира низ улиците на Кина

Во кинескиот подокруг Ќингбо, локалните власти започнаа тестирање на роботско куче кое патролира низ улиците и врши надзор врз сообраќајот и јавниот ред. Според Global Times, сребрено-сивиот робот моментално е во пробна фаза и се користи за детекција на незаконско паркирање, блокирани патишта и други прекршоци.Заменик-раководителот на локалниот тим за спроведување на законот, Ву Веи, објасни дека роботот користи вештачка интелигенција, HD-камери и повеќе сензори за да патролира автономно, да собира докази во реално време и да емитува јавни безбедносни предупредувања до граѓаните.Уредот може да работи континуирано до четири часа, се движи на тркала за да заштеди енергија, а поседува и можност да преминува преку мали препреки и нагорнини.Очекувањата се дека роботското куче ќе влезе во целосна служба до крајот на октомври, по што ќе бидат проширени неговите патроли и функционалности. Проектот е дел од поширока иницијатива за воведување „паметни патроли“ во кинеските градови, слични на претходните тестови во Шенжен.Ву Веи оцени дека ваквите технологии ќе ја зголемат ефикасноста на инспекциските служби, ќе го растеретат човечкиот кадар, и ќе овозможат поефикасно управување со градската инфраструктура преку автоматизирани системи.

Свет | пред 5 месеци

media-librarylvb0g3qupadg6dIkIYo

(Видео) YouTube добива нов изглед и функции на сите платформи

Популарниот видео-сервис YouTube воведува нов изглед и функционалности на веб-верзијата, мобилните уреди и паметните телевизори, со цел да го направи корисничкото искуство почисто, поинтуитивно и повеќе насочено кон самите видео-содржини, наместо кон дополнителните визуелни елементи.Најзначајната промена е редизајнот на видео-плеерот, кој сега изгледа поелегантно и минималистички, со нови икони и анимации што се појавуваат при интеракција – како на пример при лајкување или додавање клипови во плејлиста. Контролите за премотување и паузирање се направени попрегледни, а прелистувањето меѓу различни делови на мобилната апликација е значително пофлуидно.Подобрена е и „Seek“ функцијата, која сега овозможува со двоен допир на екранот да се прескокне дел од видеото.Меѓу новитетите се и „thread“ коментарите, односно коментари организирани во нишки – слично како на Reddit – што им овозможува на корисниците полесно да го следат текот на разговорите под видеата.Дополнително, воведена е и опцијата за гласовни коментари, која досега беше достапна само за ограничен број креатори на содржина.Од YouTube соопштуваат дека новите опции ќе бидат достапни постепено за сите корисници ширум светот во текот на оваа недела, како дел од пошироката стратегија за модернизација и подобрување на интеракцијата со публиката.

Магазин | пред 5 месеци

ukraina-kiev-1

Ескалација на дронските судири меѓу Русија и Украина – на удар училишта и енергетски објекти

Во нов руски напад со дронови врз југоисточна Украина, ноќеска е предизвикан пожар во училиште во Запорожје, соопшти шефот на воената управа на областа, Иван Федоров. Според неговите информации објавени на „Телеграм“, нема жртви, а пожарот бил брзо ставен под контрола од страна на противпожарните екипи. Украинската новинска агенција јавува дека руските сили во текот на петокот извршиле 618 воздушни и артилериски напади врз 18 населени места во регионот на Запорожје.Паралелно со тоа, сериозен напад бил изведен и врз градот Чугуев во Харковската област, каде што речиси сите населени места останале без електрична енергија. Градоначалничката Галина Минајева изјави дека биле извршени 10 дронски напади врз градот и дека тројца жители се повредени во руските напади на Харковската област во последните 24 часа.Од руската страна, Министерството за одбрана на Русија соопшти утрово дека нивната противвоздушна одбрана (ПВО) обори 41 украински дрон над 12 руски региони и Црното Море. Според соопштението, 12 дронови биле уништени над Брјанската област, по пет над Калушката област и Републиката Башкортостан, три над Московската област, а по два над Белгородската и Орловската област. Дополнително, по еден дрон бил соборен над Волгоградската, Курската, Рјазанската, Тамбовската, Тулската и Самарската област, додека шест украински беспилотни летала биле уништени над акваторијата на Црното Море, пренесе руската агенција РИА Новости.Истовремено, руски извори тврдат дека украински дронови извршиле напад врз електроенергетската трафостаница „Вешкаима“ (500 kV) во областа Уљановск, која претставува важен енергетски јазол што ги поврзува енергетските системи на Урал и Централна Русија. Нападот предизвикал штети врз инфраструктурата, но засега не се пријавени човечки жртви.Последниот бран напади ја одразува ескалацијата на воздушните и дронски судири меѓу Русија и Украина, кои сè почесто се насочени кон критичната инфраструктура и енергетските објекти од двете страни на фронтот.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања