Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Инцидент на „Маршот за ангелите“: родителите на жртвите од „Пулс“ се соочија со обвинет, го затекнаа во кафеана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarys5rpceji555g93jcX9Y

Инцидент го одбележа денешниот 27. „Марш за ангелите“ во Кочани, кога учесниците го затекнаа обвинетиот во случајот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, поранешен градоначалник на градот Ратко Димитровски во друштво на кандидат за градоначалник Владко Грозданов, во кафеана.

— реклама —

Настанот се случил додека колоната на родители и роднини на загинатите поминувала покрај објектот, по што дошло до кратко вербално соочување.

— реклама —
— реклама —

И покрај инцидентот, маршот продолжи по веќе воспоставената рута – од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар, Управата за јавни приходи, Полициската станица и Основниот суд, за повторно да заврши таму од каде што почна.

За разлика од претходните маршеви, родителите овојпат не дадоа официјални изјави за медиумите, но нивните пораки беа испратени јасно и гласно преку транспарентите што ги носеа: „Крив е системот, не беше несреќа“, „Правда за нашите деца“, „Одговорност, не забораваме“.

Десетици граѓани, и покрај дождливото време, им се приклучија во маршот, кој неколку минути го блокираше сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.

Со денешниот марш, родителите уште еднаш ја потврдија својата решеност да не замолчат додека не се утврди вистината и не се казнат одговорните за трагедијата во „Пулс“, во која загинаа 63 млади животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Македонија | пред 10 часа

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 6 дена

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања