Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

aerodrom-vardariste

„Вардариште“ под лупа: Камери, обезбедување и ограда за депонијата веднаш

По повеќе од две недели секојдневни блокади, граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го префрли својот фокус директно на терен, организирајќи увид на лице место на дивата депонија. Активистите, кои се собраа во 7:20 часот пред мостот Близнак, го започнаа разгледувањето на состојбата на депонијата во 8:30 часот, каде што, според најавите, очекуваат да им се придружи и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, за да одговори на нивните прашања.Од иницијативата вчера ги повикаа и претставниците на сите надлежни институции да дојдат на терен и да им презентираат конкретни мерки што ќе се преземат веднаш, а не по завршувањето на локалните избори.Граѓаните доставија и листа со седум клучни барања за итно дејствување:Воспоставување на 24-часовен јавно достапен видео-надзор.Воспоставување на 24-часовно физичко обезбедување на депонијата.Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на локацијата.Поставување на ограда околу целата депонија.Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште.Откривање и казнување на потпалувачите на пожарите.Ригорозни мерки против сите кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryp9hfk6753nqg0owqq2l

Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес,  се осврна и на драматичната состојба со надворешната политика и меѓународниот углед на државата, оценувајќи дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл.„Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН,  претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано.“Филипче го опиша ова како симболична, но многу сериозна потврда за тоа каде се наоѓа денеска државата на меѓународната сцена. Според него, Северна Македонија од земја што беше призната и поддржана од клучните стратешки партнери, денес е држава што единствено добива внимание на маргините, без реално политичко влијание, без сериозни разговори и без почит.„Се сѐ сведува на правење селфија со некои дипломати по ходниците на големите светски институции,“, рече Филипче.Тој потсети дека патот кон НАТО и ЕУ не беше лесен и не беше без политичка цена, но дека тој пат вредеше и беше правилен.Во продолжение од обраќањето, Филипче истакна дека разликата меѓу поранешната и сегашната власт е токму во тоа што СДСМ секогаш го ставала интересот на државата пред партиските калкулации.„И сега тоа е само еден дополнителен поттик да се бориме и да им кажеме на граѓаните дека нашите политики беа добри, беа во интерес на државата, на граѓаните, не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО.“Филипче посочи дека со оваа актуелна власт европскиот пат е запрен, институционално и суштински, потенцирајќи дека  оваа  влада не сака да го продолжи европскиот пат.Како што нагласи, недостасуваат лидерство, храброст и визија за иднината на државата, а власта бега од тешките одлуки и ги сведува сите надворешни ангажмани на површна слика за јавноста без реална содржина.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Јавнообвинителската служба на колена – синдикатот бара повисоки плати: Службата на работ на колапс, бараме итно донесување на Законот

Синдикалната организација на јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ предупредува дека јавнообвинителската служба се наоѓа на работ на целосен колапс поради континуираното заминување на кадар, кое е резултат на, како што велат, постојано потценување и невреднување на трудот на службениците.„Единствена светла точка ја гледавме во донесувањето на Законот за јавнообвинителска служба. Работната група подготви предлог кој ги адресираше сите реални проблеми – услови за работа, дежурства, надоместоци, дневници и најважно, систем на плати и коефициенти. Но, верзијата објавена на ЕНЕР не ги содржи овие решенија и повторно ги остава службениците без одговор на суштинските проблеми“, стои во соопштението.Од Синдикатот потсетуваат дека токму поради овие нерешени прашања во 2023 година организирале штрајк кој траел три месеци, но институциите тогаш немале слух за барањата.„Јавнообвинителската служба денес функционира со само една четвртина од потребниот број вработени. Ниту еден службеник не зема плата на ниво на просечната плата во државата, а додатоците за дежурства, вонредна работа и надоместоци иако постојат во законот, не се исплаќаат“, додаваат од таму.Организацијата поставува три клучни барања:задолжително учество во преговорите за законот како единствени претставници на службата,прифаќање на предлог-законот подготвен од работната група,зголемување на платите и уредување на сите елементи на работниот однос.Синдикатот апелира Законот за јавнообвинителска служба да се донесе веднаш по локалните избори во својата првична форма, со итна подготовка на подзаконски акти и отстранување на бариерите за кадровско зајакнување.„Остануваме отворени за соработка со сите надлежни институции, единствено во интерес на граѓаните и на квалитетна и навремена услуга“, порачуваат од Синдикалната организација на јавните обвинителства.

Македонија | пред 6 месеци

filipce-sdsm-co-2

Филипче: На оваа власт луѓето и се на последно место

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се обрати на конференцијата организирана од Институтот Прогрес, каде што упати сериозна критика до актуелната влада и ја опиша моменталната состојба како опасна по економската и институционалната стабилност на државата.Во своето излагање, Филипче рече: „Изминатата година и пол држава ја води тотално неспособна и недемократска власт, која што можам слободно да кажам, дека државата ја води кон државен и економски крах.“ - рече Филипче.Тој предупреди на целосен застој во развојот на земјата, постојани скандали и растечки долгови.„Од скандал во скандал, од задолжување во задолжување, никаков прогрес, никаков развој на земјата во ниту еден сектор. Огромни кредити, од сомнително потекло, земени на нетранспарентен начин, 7 милијарди евра задолженост, која што држава не ја видела од 1991 година, од својата самостојност“, рече Филипче.Посебен акцент беше ставен и на кризата во безбедносниот систем, каде што, како што рече, довербата во институциите е сериозно нарушена.„Скандали во сферата на безбедност, како во Агенцијата за национална безбедност, со фалсификувани дипломи, секојдневни убиства, запалени возила во Скопје, небезбедни улици. Ова е секојдневниот кое го живееме со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.Според него, стагнација има и во образованието, здравството и стандардот на граѓаните, со што се урива основата на секое функционално општество.„Ништо не се случува ниту во образованието, децата немаат учебници, наставниците, за жал, повеќе не се ни надеваат дека имаат поголеми плати. Работниците не можат да врзат крај со крај, на сите апели да се зголеми минималната просечна плата, ова влада нема слух. Не ги контролираат цените во маркетите бидејќи се партнер на големите компании во секоја сфера“, рече Филипче.При тоа, тој  оцени дека актуелната власт нема никакво чувство за одговорност и дека граѓаните се заборавени и оставени сами на себе.„Луѓето се на последно место, за жал, на оваа влада. Ништо не се случува ни во здравството. Луѓето веќе не гледаат шанса дека нешто ќе се подобри.“Во заклучокот, Филипче порача дека СДСМ ќе продолжи да зборува гласно за овие проблеми и ќе понуди конкретни решенија за излез од оваа сериозна институционална и економска криза.

Македонија | пред 6 месеци

ahmeti-bujar

Ахмети бара внимание со квази-патриотизам од „милошевички вид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека тој секогаш пред избори прибегнува кон манипулативни теми и создавање тензии.„Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една ‘немирна закачица’ и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува. Исто како и достоинството и поддршката,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата сметаат дека со „павлов рефлекс“ пред секои избори Ахмети зборува за крв и квази-патриотизам „од најдолен милошевички вид“, наместо да се соочи со реалните проблеми.„Ахмети ги потценува Албанците кои, поради тајкуните и шеиците што тој ги создаде на грбот на чесните граѓани, живеат тешко и сè повеќе се иселуваат од земјава. Да си го потценуваш сопствениот народ и да измислуваш теми кои се погрешни, манипулативни и создаваат тензии само затоа што си уплашен – тоа не е убаво,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 месеци

stevco-jakimovski

Марковска Илиевска: Јакимовски ветуваше милионски проекти за Лептокарија, а жителите добија само празни ветувања

Советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска, денеска изјави дека „кандидатот на СДСМ, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски“, не ги исполнил ветувањата дадени на жителите на Лептокарија во изборната кампања од 2021 година.„Се наоѓаме на паркингот во Лептокарија. Тој е истиот каков што беше и пред изборите, без најавениот подземен паркинг и плоштад со фонтана. Ниту има подземно паркирање, ниту најубава фонтана, како што тогаш беше најавено – има само купишта ѓубре,“ рече Марковска Илиевска.Таа потсети дека проектот што го најави Јакимовски тогаш бил вреден 4 милиони евра и вклучувал и нови фасади за зградите во околината. „Фасадите се исти, стари по 20–30 години. Од новите фасади остана само видеото од кампањата,“ нагласи советничката.Марковска Илиевска го обвини Јакимовски дека ги излажал жителите на Лептокарија и Карпош и додаде дека нема капацитет да биде градоначалник. „Јакимовски лажеше во 2021, лаже и сега,“ рече таа.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarycerrtc6sojqp4zqH0du

Дронови ја нарушија безбедноста во Данска – Копенхашкиот аеродром привремено затворен

Данската полиција потврди дека непознати дронови синоќа летале над најголемата воена база во земјата – Каруп, во срцето на Јитланд. Инцидентот траел неколку часа и предизвикал сериозна загриженост за безбедноста на воздушниот простор.„Можам да потврдам дека имавме инцидент околу 20:15 часот кој траеше со часови. Беа забележани еден до два дрона над и околу воздухопловната база. Ние не ги соборивме,“ изјави за AFP дежурниот полициски службеник Симон Скeлсјер.Во моментов не е познато од каде дошле дроновите, ниту кој управувал со нив.Во последните недели, данските власти регистрираат серија слични надлетувања над клучна инфраструктура и воени објекти, кои владините претставници ги нарекуваат „хибридни напади“. Тие се сметаат за сериозен безбедносен предизвик и директна закана за националната сигурност.Каруп е најголемата воена база и оперативен центар на данските воздухопловни сили, а новите забележани дронови го зголемија стравот дека станува збор за координирани акции.Слични инциденти претходно беа регистрирани во Олборг, Билунд, Есбјерг, Сондерборг, како и над базата Скридструп, каде се стационирани борбените авиони F-16 и F-35.Оваа недела дури и главниот аеродром во Копенхаген беше привремено затворен поради присуство на повеќе дронови, што премиерката го опиша како „најсериозниот напад врз инфраструктурата досега“. Настанот предизвика пренасочување на цивилни летови и дополнителни безбедносни мерки.Иако дел од европските политичари не ја исклучуваат можноста зад нападите да стојат руски актери, досега нема официјални докази. Москва ги отфрла сите обвинувања.Данска најави дека ќе ги засили мерките за заштита, ќе ја продлабочи соработката со меѓународните партнери и ќе го забрза развојот на системи за неутрализирање на беспилотни летала.

Свет | пред 6 месеци

media-library9qra9q1p129u6FkPGmI

Ѓорѓиевски: Потписот на Кодексот е обврска за фер и достоинствени избори

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски избори, со што, како што истакна, презема јасна и јавна обврска да биде гарант за транспарентен и достоен изборен процес.„Со голема чест и одговорност го ставив својот потпис на Кодексот за фер и демократски избори. Овој потпис е јасна и јавна обврска дека како кандидат за градоначалник на Скопје ќе бидам гарант за процес кој ќе биде транспарентен, фер и достоен за доверба,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој се обврза дека ќе ги почитува темелните демократски принципи, ќе обезбеди еднакви услови за сите учесници, нема да дозволи притисоци, заплашувања или дискриминација, и ќе го заштити правото на секој граѓанин да избира слободно и достоинствено.„Изборите се мерило за зрелоста на нашиот народ и наша должност е да создадеме атмосфера во која секој ќе може да ја искаже својата волја без страв, со право да учествува, да се информира и да гласа слободно,“ додаде тој.Ѓорѓиевски нагласи дека чесноста, непристрасноста и отчетноста се основата врз која се гради довербата во институциите, повикувајќи на фер натпревар меѓу кандидатите:„Подавам рака на секој кандидат, со своите идеи и планови да направиме повеќе за нашето Скопје и за скопјани, бидејќи тие заслужуваат достоинствен град. Посакувам среќа на сите – нека победи подобриот.“Кодексот за фер и демократски избори беше потпишан од сите кандидати за градоначалници на Скопје, освен од претставникот на Левица, Амар Мециновиќ.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarylsg6tr4n656q22B8bwZ

„Седи на шанк“: TikTok тренд против заморот од онлајн запознавањето

Генерација Z, изморена од бескрајното „свајпање“ и површни интеракции на апликациите за запознавање, пронајде нов начин за дружење – старомодниот. Трендот „Sit at the Bar September“ (Седи на шанк во септември) стана вирален на TikTok, поттикнувајќи младите да ги исклучат апликациите и да запознаваат луѓе уживо, седнати на шанк во бар.Идејата доаѓа од 86-годишната агентка за недвижнини и TikTok инфлуенсерка Лори Купер, која ги повика своите следбеници овој месец да остават простор за вистински разговори лице в лице.Истражување на MarketWatch покажува дека 80% од корисниците на апликации за запознавање чувствуваат замор, а над половина од младите од Генерација Z признаваат дека постојано или често се чувствуваат исцрпено од апликациите како Tinder, Bumble или Hinge.Трендот привлече и внимание кај баровите – тие би можеле да профитираат од зголемената посетеност и враќањето на живите социјални контакти.Сепак, дел од бармените забележуваат и разлики во однесувањето на младите гости – за разлика од традиционалниот „отворен сметка“ систем, Генерација Z често веднаш го плаќа секое пијалок, што, велат, ја менува динамиката на работа во баровите.

Магазин | пред 6 месеци

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Уште еден возач е приведен, овојпат во Прилеп: Дошол од Англија, заврши во станица со кривична пријава

Во Прилеп е лишен од слобода 50-годишен државјанин на Англија со привремен престој во градот, кој управувал возило под дејство на алкохол.Инцидентот се случил на 27 септември околу 03:45 часот на улицата „Борка Талески“, кога полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Прилеп запреле патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки. Возачот бил тестиран и кај него биле утврдени 1,60 промили алкохол во крвта.Лицето е задржано во полициската станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqsh0vks2p8dlbpEjtGj

Во Пробиштип откриена биста на полицаецот Тоше Тодоровски, жртва во „Пулс“

Во кругот на полициската станица во Пробиштип денеска беше откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“. На чинот присуствуваа неговото семејство, роднини, пријатели и колеги. Присутен беше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со делегација од МВР.Тодоровски загина извршувајќи службени задачи за време на акција за контрола на наркотици во дискотеката. Во моментот кога избувнал пожарот, тој останал внатре и не успеал да се извлече.Трагедијата во која животот го загубија вкупно 62 лица, најголем дел млади од Кочани, Штип, Пробиштип и Скопје, останува една од најголемите во поновата историја на земјата.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_6878

Европа алармира: Иран има ураниум за десет атомски бомби

Обединетите нации вечерва ќе ги вратат строгите санкции против Иран, откако пропаднаа обидите на европските земји да добијат гаранции за иранската нуклеарна програма. Техеран ја оцени одлуката како незаконита и ги повлече своите амбасадори од Франција, Германија и Обединетото Кралство.Германија, Франција и Британија, т.н. група Е3, минатиот месец го активираа механизмот за враќање на санкциите, обвинувајќи го Иран за сериозни прекршувања на нуклеарниот договор од 2015 година (JCPOA). Според европските експерти, Иран веќе поседува околу 450 килограми ураниум обогатен на 60%, и се приближува до критичното ниво од 90%, што би било доволно за производство на осум до десет атомски бомби.Британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудвард, предупреди дека иранската програма претставува закана за мирот и безбедноста, повикувајќи на транспарентност. Од друга страна, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи обвини дека Западот не делува „во добра волја“, нагласувајќи дека Техеран нема да попушти под притисоци. И покрај тоа, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран нема намера да се повлече од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPT), иако санкциите на ОН повторно стапуваат во сила.Санкциите ќе се вратат преку т.н. механизам „snapback“, воведен со нуклеарниот договор во 2015 година. Тој овозможува брзо повторно активирање на сите мерки на ОН доколку Иран сериозно го прекрши договорот. Со тоа ќе бидат обновени шест резолуции на Советот за безбедност донесени меѓу 2006 и 2010 година – од ембарго за оружје, ограничувања за балистички ракети, до замрзнување на имот и забрани за патување. Русија и Кина го оспоруваат враќањето на санкциите и тврдат дека процесот е незаконит, но нивниот предлог за спречување на одлуката не доби доволна поддршка во Советот за безбедност.

Свет | пред 6 месеци

media-librarydq4d38p17vhv1QQenhR

(Видео) Голем пожар во центарот на Неготино – изгоре продавницата на пред официјално отворање

Ноќеска во центарот на Неготино избувна голем пожар во новата продавница на брендот „Синсеи“, која требаше официјално да биде отворена наскоро.Според првичните информации, нема повредени лица, но станарите на зградата биле итно евакуирани поради опасноста од ширење на огнот.Пожарникарите пристигнале за кратко време и успеале да го локализираат пожарот, со што спречиле поголема катастрофа во централното градско јадро.Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати. Настанот предизвика вознемиреност кај жителите, бидејќи зградата се наоѓа на една од најфреквентните локации во градот.

Македонија | пред 6 месеци

DSC_0422

Саркастичен аплауз за законот: Моторите брчат погласно од слушалките, ама важно пешак е проблем

Инфлуенсерката Ина Многуфина саркастично реагираше на новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот:„Голема работа за слушалките, ќе ги извадите пред пешачки и готово. Слободно можете да ги носите на сите други места да речеме кога одите по улица пошо на тротоар има паркирани коли, кога шетате и моторите и колите шибаат и брчат погласно од слушалките, кога некоја осакатена пијаница вози цик цак, кога одите по тротоар и ве поминуваат двајца на тротинет и еден на моторче со детето седнато пред него...имате каде да ги носите. Пешачки е, таму ќе стојат полицајците, ќе ги извадите, има закон, држава е ова, шо мислите вие?“Со новите измени, пешак кој ќе преминува улица со слушалки или зборувајќи на телефон ќе биде казнет со 40 евра, а за возачи на тротинети, велосипеди и мотори казната е 50 евра.

Коментари | пред 6 месеци

dron1

Шведска отвори истрага по пријави за сомнителни дронови над Карлскрона

Шведската полиција отвори истрага откако жители пријавиле сомнителни дронови над архипелагот Карлскрона, каде се наоѓа најголемата поморска база и седиштето на крајбрежната стража, јави SVT.Инцидентот се случил во четвртокот навечер, кога повеќе жители на островите Стурко и Тјурко забележале летала над подрачјето Мокклосундсброн. Полицијата која излегла на терен потврдила дека видела еден дрон. Дополнително, еден службеник изјавил дека слични летала се пријавени и на три други локации во земјата.„Се работи за поголем модел, сличен на оние забележани над Данска и покраината Сконе“, изјави шефот на истрагата Матијас Лундгрен.Според сведоци, дроновите имале црвени и зелени трепкачки светла.Против непознати сторители се поднесени пријави за прекршување на Законот за воздухопловство и Законот за заштита. Нема идентификувани осомничени, ниту пронајдени предмети.Овој настан доаѓа по серија слични инциденти во регионот. Во Данска, властите неодамна привремено го затворија воздушниот простор над неколку аеродроми, што предизвика пренасочување на летови. Аеродромот во Копенхаген беше затворен во вторникот, а ден подоцна сличен случај се случи и во Олборг.И во Норвешка, аеродромот во Осло го затвори својот воздушен простор на три часа поради забележан дрон во близина.Инцидентите се случуваат во услови на засилени тензии меѓу Европа и Русија, откако Полска, Романија и Естонија во последните недели пријавија руски воздушни упади со авиони и дронови.Шведска, како и Данска и Норвешка, е членка на НАТО. Додека во овие држави пресретнувања не беа извршени, НАТО-сојузниците распоредуваат борбени авиони и активираат противвоздушни системи во Полска и регионот, во рамки на засилената безбедносна поддршка.

Свет | пред 6 месеци

carina-2

Во Царинската управа поднесени се 67 кривични пријави и поделени 11 откази

Царинската управа годинава интензивно ја насочува работата кон борба со организиран криминал и корупција, порача директорот Бобан Николовски во гостувањето во емисијата „Ставот на регионот“ на Newsnax Balkans.„Делуваме системски, преку зголемена соработка со институциите и засилени контроли. Само преку Одделението за истраги поднесени се 67 кривични пријави против 38 правни и 148 физички лица, за 181 возило, со нанесена штета на Буџетот од 16,5 милиони денари. Донесени се и 11 отказни решенија за царински службеници“, изјави Николовски.Тој нагласи дека резултатите се видливи и во растот на приходите – 65,5 милиони евра наплатени заклучно со август. Според него, дисциплинските постапки и отказите се дел од мерките за менување на свеста на службениците и воспоставување интегритет. Потврда за тоа е и извештајот на ДКСК, според кој Царинската управа е на петто место меѓу 72 институции во спроведување на политики за интегритет.Во првата половина на 2025 година бројот на откриени неправилности во патничкиот промет е зголемен за 194 проценти во споредба со истиот период лани.Николовски посочи дека ефикасност се постигнува и преку концептот на едно застанување на границите со Србија и Косово. „Наместо два пати, сега се застанува еднаш. Тоа овозможува забрзан проток на патници и стока, но и подобра контрола со заедничко делување против шверцот“, вели директорот.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryc2usfast950u9sU3TCc

(Видео) Шукова: Ништо не е пораз за мене

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, гостуваше во „Претрес со Ландов“ каде беше отворена дебата за очекувањата и одговорноста кон граѓаните.Водителот Кристијан Ландов ја праша:„Прашувам дали е пораз ако имате под сто илјади гласови или под сто триесет илјади како што очекувате?“Шукова одговори дека таа не го гледа тоа како пораз:„Ништо не е пораз за мене. Вие треба во секој момент да застанете на здрави нозе, да погледнете што сте погрешиле и да продолжите понатаму. Во првите месеци беше многу тешко, особено во разговорите со луѓето кои беа разочарани.“Ландов реплицираше:„Муабетот ми е – нели е пораз кога ќе ја изгубите довербата на граѓаните? Тие излегуваат, трошат време, ви даваат доверба, а вие ја изневерувате и велите дека тоа не е пораз.“На ова, Шукова одговори:„Можеби другите го гледаат како пораз. Јас тоа го гледам како момент на консолидација – да видите каде сте погрешиле и да си ги подобрите политиките за да не ја изневерите довербата повторно.“Цел поткаст изгледајте го тука:

Скопје | пред 6 месеци

aerodrom-zagaduvanje

Општина Аеродром од понеделник почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Општина Аеродром од 29 септември (понеделник) започнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на ноември.Во соработка со ЈП за комунални дејности, на повеќе локации ќе бидат поставени големи контејнери каде граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.Прва локација – населба МичуринПонеделник и вторник (29 и 30 септември) контејнерите ќе бидат поставени на ул. „Анастас Митрев“ (зад паркот до трансформаторот) и на ул. „Венјамин Мачуковски“ (до трансформаторот кај Железничка станица).Втора локација – населба ОстровоСреда и четврток (1 и 2 октомври) жителите ќе можат да го оставаат отпадот на ул. „Владимир Комаров“ бр. 9 и на ул. „Владимир Комаров“ бр. 16 (зад ТЦ „Скопјанка“).Кабастиот отпад ќе се собира речиси до средината на ноември. За сите останати локации и термини граѓаните можат да се информираат на официјалната страница на општината aerodrom.gov.mk.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Обвинувања за насилство и притисоци во Струмица: СДСМ на удар на критики

СДС во паника поради очекуваниот пораз на претстојните локални избори во Струмица почнала да шири насилство и страв, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.„Очигледен е очајот на раководството на СДС во Струмица – наместо да понудат проекти, план и визија, тие се свртеа кон насилство и заплашување.Наместо да се извинат и да се оградат од скандалозниот напад во кој нивните кадри Христијан Ефтимов и Илија Стојанов крвнички тепаат странски државјани, од партијата следува само молк. Дали Филипче и СДС ќе се дистанцираат од насилниците? Зошто судството сè уште не реагира? Дали за СДС и нивните кадри на листата не важат законите?Ефтимов и Стојанов не се исклучок. Носителот на листата, Миле Гогов, има кривична пријава за загрозување на сигурноста, додека за Шефкет Асанов има прекршочна пријава за насилство и нарушување на јавен ред и мир. Дали судството ќе реагира за овие прекршители на законот?СДС во Струмица се опкружени со насилници и луѓе подготвени да го прекршуваат законот, додека институциите не реагираат поради блискоста со Заев. На Струмица ѝ требаат лица со интегритет и визија, а не уценувачи и насилници“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Зеленски побара од Трамп ракети Томахавк за да ја притисне Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во затворен состанок побара од американскиот претседател Доналд Трамп испорака на крстосувачки ракети Томахавк, јави британскиот „The Telegraph“. Зеленски објаснил дека таквите проектили би ја ставиле Русија во домет на украинските удари и би можеле да ѝ создадат притисок да седне на преговори, пренесуваат повеќе извори кои ја потврдиле средбата како „исклучително позитивна“.Дипломатски извори наведуваат дека Трамп прифатил да разгледа таква опција и по состанокот на Зеленски изјавил дека „ќе работат на тоа“. Сепак, сè уште не е јасно дали барањето ќе биде реализирано: Томахавк има домет до околу 2.400 километри и боевна глава од околу 450 килограми, што го прави многу поефикасен од досегашните долготрајни ракети кои Западот им ги достави на Киев.Во минатиот мандат, администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден одбила слични барања поради ризикот од ескалација и можноста за напади врз цели на руска територија. Зеленски во разговорите на маргините на Обединетите нации повторно ги инсистирал на потребата Украина да добие средства за удари на поголеми далечини, а извори велат дека американскиот државен секретар Марко Рубио имал позитивен тон кон промена на политиката и ги советувал европските партнери да ѝ прифатат како можност.Украинската страна, како што изјави Серхиј Кузан од Центарот за безбедност и соработка, смета дека добивањето далекоплопни ракети е логичен следен чекор откако Украина доби средства како британскиот „Storm Shadow“. Тој подвлече дека, ако Русија располага со таква способност, Украина исто така треба да има опции за погодување на цели на слични длабочини. Зеленски, како што кажал по состанокот, ја добил потврдата од Трамп дека САД „ќе работат на тоа“, но окончна одлука за испорака сè уште не е донесена.

Свет | пред 6 месеци

media-library4sat8f34plfg1UtPf0O

(Видео) Побуна во ОН: Делегации ја напуштија салата при говорот на Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го отвори 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера која е ретко видена во ОН. Веднаш штом тргна кон говорницата, повеќе од стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа.Иако дел од присутните се обидоа да прикријат со аплауз и станување, празните места беа очигледни. Од галеријата се слушаа повици и свирежи, а службениците на ОН повеќепати повикуваа на ред. Американската делегација остана на своите места, додека палестинската мисија претходно ги повика државите координирано да ја напуштат седницата.Пред зградата на светската организација истовремено се одвиваа протести: семејства на израелски заложници бараа договор за нивно ослободување, додека противници на израелската офанзива носеа транспаренти и повикуваа на прекин на војната.Нетанјаху го отвори својот говор со порака до Хамас:„Спуштете го оружјето. Пуштете ги моите луѓе. Ослободете ги заложниците, сите 48. Ако тоа го направите – ќе живеете. Ако не – Израел ќе ве гони,“ рече со висок тон, додавајќи дека се обидува директно да се обрати и до заробените.Голем дел од неговото излагање беше посветено на одбрана на израелската воена кампања и одбивање на обвиненијата за геноцид.„Обвинението за геноцид е лага. Вистината е сосема спротивна,“ нагласи Нетанјаху, реагирајќи на извештајот на истражната комисија на ОН, која минатата недела објави дека Израел извршил геноцид во Газа.

Свет | пред 6 месеци

mickoski-dokumenti

Мицкоски: Нема црвени линии во предлогот на Филипче, јас познавам и штитам македонски црвени линии

„Вчера дадов еден краток коментар, денес бидејќи ме прашувате ќе дадам одговор на вашето прашање и ќе го поделам одговорот во два дела,“ изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговиот став во однос на Резолуцијата и на решението да се донесат уставни измени до февруари поднесена од страна на претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче.„Првиот дел е дека, за жал и ова раководство на СДСМ ја продолжува практиката на претходните раководства на СДСМ да ги руши позициите на македонската Влада и на државата, да ги распродава идентитетските и националните приоритети, од за мене неразбирливи причини. Ако на времето тоа го правеа за да се одржат на власт, за да можат да ги злоупотребуваат институциите и ресурсите на државата, не го оправдував се разбира за тоа има одговорност, но и некако ги разбирав. Сега не ги разбирам од опозиција зошто мора да ги подриваат позициите на Владата којашто грчевито се бори тоа што тие го распродадоа, изминатите 7 години кога беа во влада, да го поправи. И на меѓународен и на домашен план,“ истакна Мицкоски и додаде:„Второ, Резолуцијата, таканаречена, којашто ја видов и текстот внатре ќе се разгледува после изборите, така го разбрав раководството на СДСМ. Трето, таму има историски фалсификати. Во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, тие не убедуваат во Резолуцијата дека тој во Обединетите нации бил прифатен во 19-тата година, мислам, не знам што да кажам. И вчера го кажав фактот дека во 2005-тата година, не доби Северна Македонија дата за почеток на преговори, туку доби Република Македонија. Тоа се историски фалсификати, јас не знам до кога овие луѓе ќе се служат со историски фалсификати“.„И конечно, нашата позиција е јасна. Ние не ги игнорираме обврските што таа влада ги прифатила, за жал. Но, исто така, не гледаме дека нашиот источен сосед прави нешто во насока на испорака на нивните обврски и очекуваме исто така, поробусна акција од страна на Европската комисија и Европската Унија и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамките на европското семејство. Затоа што сме виделе во минатото многу пати дека кога се сакало, се можело.  Ние имаме јасна позиција – гаранции, коишто ги спомена претседателот на Европскиот совет, бидејќи македонскиот народ и граѓаните во Македонија без разлика на етничката припадност, многу дадоа во името на таа европска иднина на државата, многу дадоа, како ниеден друг народ во Европа. Сакате да тргнеме од 18-ти, 19-ти век па наваму да анализираме. Сега веќе да не зборуваме, последниов. Без такви гаранции, на памет не ми паѓа да размислувам за било какви уставни измени,“ истакна премиерот Мицкоски. Тој е дециден дека никогаш нема да се откаже од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот.„Второ, што со Македонците од другата страна на таа граница? Што со нив? Ќе се откажуваме ли секогаш како влади од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот? Тоа јас нема да го направам. Никогаш. А треба само едноставно да се применат пресудите од Стразбур, ништо повеќе не треба да прават. Тоа е меѓународно право, Бугарија е потписник на тие конвенции. Само треба да го применат она коешто го донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур, којшто е европска темелна вредност. Да може ОМО Илинден – Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија. И со тоа ќе се стекне ОМО Илинден – Пирин со право да претстави свој човек во Министерскиот совет за малцинства во Бугарија, како што имаат Евреите, Ерменците, Турците, Ромите итн. Заслужиле Македонците коишто, според пописот во 56-та година биле мнозинство во Западна Бугарија, а во 65-та магично 200 илјади исчезнуваат, во следниот попис да имаат свој претставник тамо. И јасно држење до Резолуцијата од јули 2022-та година којашто ја гласаше Парламентот заеднички со 95 гласа. Ништо друго не бараме. Ова е тоа што го бараме. Ова се се факти. Кога ќе видиме подготвеност од другата страна, и ние сме подготвени да седнеме и да разговараме. А за оваа Резолуција, тоа малку што имаме да го кажеме ќе го кажеме после изборите,“ рече Мицкоски.„На новинарското прашање дали ги прифаќа црвените линии на Филипче тој одговори дека не прифатиле негови црвени линии, прифаќа македонски црвени линии: „не би го коментирал тоа, можеме да растураме пердуви колку сакаме, ниту сме прифатиле црвени линии негови, јас прифаќам македонски црвени линии“.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2022-09-05-at-19.29.38

Миновска: Јакимовски – човек на црната листа на САД, не може да ја води Општина Карпош

Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагира:„Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери имаат информации дека е криминалец кој ја злоупотребувал својата функција и правел криминал со градби.Во соопштението на Стејт департментот јасно стои:‘Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници’.Тоа значи дека Јакимовски местел тендери и правел детални урбанистички планови по желба на мафијата, за лична корист.Стевчо Јакимовски е криминалец par excellence. Лице кое е на црна листа на САД не смее да ја води општина Карпош.“

Скопје | пред 6 месеци

policija-2457

Лажен профил, закани и обид за изнуда – приведен 28-годишен неготинец

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј. (28) од Неготино поради основано сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „изнуда“ во обид, информира МВР.Според пријавата, осомничениот креирал лажен профил на социјална мрежа и на 2 септември 2025 испратил порака преку интернет-платформа на профилот што го користи градоначалникот на Неготино. Во пораката упатил закани кон него и неговото семејство, но и се обидел да изнуди пари.Заканите продолжиле и на 4 септември, кога во три наврати, како и на 5 септември, преку друг профил му испратил текстуални пораки со закани и кон градоначалникот и неговото семејство, но и кон кандидат за градоначалник.На 19 септември, М.Ј. испратил нови пораки – овојпат на службените електронски пошти на Министерството за внатрешни работи, на Општина Неготино и на новинар, со закани кон приврзаници на политичка партија во градот.Истата вечер, М.Ј. бил лоциран и лишен од слобода од страна на полицијата. Случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski-Carina

Осум случаи под лупа – се испитуваат кардиохируршки интервенции без потреба

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сериозно ги прифаќа констатациите на академикот и кардиохирург д-р Сашко Кедев, кој пред јавноста алармираше дека во дел од приватните болници во земјава се правеле кардиохируршки интервенции без медицински основани причини.„Моето мислење за академикот Кедев и неговите констатации е дека тие се врвна индикација за веднаш да се преземат чекори и да се открие што е правено и дали е правено“, рече Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.Тој нагласи дека институциите нема да остават ништо на случајност:„Кога еден светски стручњак тоа го кажува, тука мора да има заднина и мора да ја откриеме. Секој што се богател на грбот на граѓаните и нивното здравје – ќе сноси одговорност“.Министерството за здравство веќе формира комисија која работи на осум случаи за кои постојат сомнежи за непотребни интервенции. Паралелно, Лекарската комора спроведува ад-хок проверки на пациентски досиеја, а конечни препораки ќе даде комисија од странски експерти.Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше заедно со премиерот, порача дека нема да се изнесуваат делумни информации, туку јавноста ќе добие целосен извештај откако ќе заврши експертизата. Според него, досега се завршени осум предмети, а во Фондот за здравство пристигнале уште пет нови случаи.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања