Предупредување: Без отворање на Ормускиот Теснец ќе расте инфлацијата, пуштање на резервите не може трајно да ги стабилизира пазарите
Планот на Меѓународната агенција за енергија за пуштање 400 милиони барели нафта од стратешките резерви е важен чекор, но претставува само краткорочно решение за енергетската криза, предупреди енергетската аналитичарка Корнелија Мајер.Во изјава за „Ал Џезира“, таа посочи дека предложената количина е помала од четиридневната глобална потрошувачка на нафта и не може трајно да ги стабилизира пазарите.„Мора да се стави во перспектива – има граница колку може да се направи. На крајот, потребно е повторно да се отвори Ормускиот Теснец“, изјави Мајер.Според неа, потребно е и производителите од земјите на Персискиот Залив и Ирак повторно да ја зголемат продукцијата што моментално е намалена поради конфликтот, но тој процес ќе потрае.Мајер предупреди дека додека танкерите не можат слободно да поминуваат низ Ормускиот Теснец, ќе продолжи притисокот врз цените на енергијата и инфлацијата. Во такво сценарио, особено погодени би биле земјите во развој кои зависат од увоз на гас, како Бангладеш и Пакистан.Таа додаде дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати имаат алтернативни нафтоводи за извоз, но нивниот капацитет е ограничен и не може целосно да го замени транспортот преку Ормускиот Теснец.
Свет | пред 2 седмици