Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

media-libraryssn132b16i0ffHqzKPr

Братот на жената која е најдена мртва со ќерката: Со години беше пријавувано семејно насилство, закани, обид за убиство, потфрли системот!

Денеска се случи трагедија во која згаснаа два млади животи. Братот на жената, односно вујко на шестгодишното дете, Александар Стојаноски, преку јавна објава се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле. Тој посочува дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем ... После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече - вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто ... вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавамСподелете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!“, напиша Стојаноски.Трагедијата се случи во скопско Тафталиџе, каде жената е најдена мртва заедно со својата ќерка. Полицијата до доцна вечерва прави увид.„Скопје1“ уште попладнево побара официјални информации од МВР за тоа дали кај нив се регистрирани пријави за семејно насилство и досега немаме одговор на прашањата бидејќи службениците биле на терен. Одговор нема ниту од скопското Обвинителство, а обвинителката била на терен до доцна вечерва.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarycq8jlgj10utrf4qIYVG

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти.Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка и запалка во пределот на раката, по што натпреварот кратко бил прекинат и продолжен по проценка на главниот судија.Во извештајот се наведува дека кон официјалните лица биле фрлани и опасни предмети, меѓу кои и скалпел, што претставува сериозна закана за безбедноста на службените лица и учесниците во натпреварот.По завршувањето на средбата, надворешно лице влегло на теренот и упатувало закани кон главниот судија и неговиот асистент. Во тој момент дел од публиката повторно почнала да фрла предмети кон теренот, по што судискиот тим, кој веќе се упатил кон соблекувалните, бил принуден да се врати на теренот од безбедносни причини.Во подтрибинскиот простор, истото лице ги чекало судиите пред нивната соблекувална и повторно трчајќи кон нив упатувало закани. Главниот судија побарал од присутните службени претставници лицето да биде отстрането. Според наводите во извештајот, директорот на клубот Цуцули изјавил: „Оставете го, тој е син на газдата“.Понатаму се наведува дека од делегатот на натпреварот било побарано настанот да биде евидентиран во записникот, по што лицето се упатило кон излезот со цел да избегне идентификација.Фудбалската федерација на Македонија информира дека сите настани се службено констатирани и ќе бидат предмет на разгледување и постапување од страна на надлежните дисциплински органи, согласно важечките прописи, при што нема да има отстапување во примената на правилата.

Спорт | пред 4 седмици

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Техеран порача: Вашите среќни денови завршија, убиството на врховниот лидер го направија Иран посилен

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) упати остра закана до своите противници, порачувајќи дека „нивните среќни денови завршиле“ и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, па дури ни во сопствените домови.Според државната телевизија на Исламската Република Иран (ИРИБ), ИРГЦ оценила дека неодамнешните загуби, вклучително и смртта на врховниот лидер и други високи функционери, „не го разнишале Иран, туку го направиле посилен“.Револуционерната гарда истакнала дека Иран ќе продолжи со борбата „сè додека непријателот не биде поразен“.Изјавата доаѓа во услови на продлабочување на конфликтот во регионот и размена на напади меѓу Иран и неговите противници, што дополнително ја зголемува загриженоста од поширока ескалација.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Унгарија го зголеми степенот на терористичка закана поради конфликтот на Блискиот Исток

Владата на Унгарија го зголеми степенот на опасност од тероризам како одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи Бенце Ретвари.Како дел од мерките, ќе биде зголемено присуството на полицијата на клучните инфраструктурни локации, вклучително и на Меѓународен аеродром Ференц Лист во Будимпешта, како и на пристапните патишта кон главниот град.Ретвари информираше дека ќе биде засилена и безбедноста на полициските складишта за оружје, а ќе се спроведуваат редовни патроли на локации од клучно значење за функционирањето на државата и снабдувањето на населението.Полицијата ќе биде поинтензивно присутна на главните јавни сообраќајници, местата каде се собира поголем број граѓани, како и на терминалите, влезовите и пристапните патишта до аеродромот. Најавени се и случајни проверки на внатрешните шенгенски граници.Засилени контроли ќе се спроведуваат и на патиштата што водат кон Будимпешта, а дополнителна заштита ќе биде обезбедена и за одредени амбасади.Од аеродромот во Будимпешта соопштија дека мерките се превентивни и дека сообраќајот се одвива нормално, без прекини. Патниците се повикани да ги следат официјалните информации од надлежните институции и управата на аеродромот.

Свет | пред 4 седмици

media-librarydslhfuub2ngjbjrDrQf

Револуционерната гарда на Иран потврди загуба на клучни воени кадри

Иранската новинска агенција „Тасним“, поврзана со Револуционерната гарда (ИРГЦ), за првпат објави официјален список со кој ја потврдува смртта на седуммина високи команданти на вооружените сили, за кои тврди дека биле убиени во израелските напади.Станува збор за следните функционери:– Бригаден генерал Мохамад Ширази, раководител на Канцеларијата на врховниот командант– Бригаден генерал Салех Асади, заменик за разузнавачки прашања во Генералштабот на вооружените сили– Генерал-мајор (воздухопловство) Мохсен Дарехбаги, заменик за логистика и поддршка на вооружените сили– Бригаден генерал Акбар Ебрахимзадех, заменик-раководител на Канцеларијата на врховниот командант– Бригаден генерал Голамреза Резаијан, раководител на Разузнавачката организација Фараџа– Бригаден генерал Бахрам Хосеини Мотлаг, раководител на Одделот за планирање и операции во рамки на Оперативниот заменик на Генералштабот– Бригаден генерал Хасан-Али Таџик, раководител на Одделот за логистика на Генералштабот на вооружените силиОбјавувањето на списокот претставува прва официјална потврда од иранска страна за загубата на високи воени функционери, во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел.Засега нема дополнителни детали за околностите под кои се убиени командантите, ниту за тоа како ова ќе влијае врз оперативната структура на иранските вооружени сили.

Свет | пред 4 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Првото обраќање на Трамп отвори повеќе дилеми отколку што понуди решенија

Би-Би-Си анализира дека првото јавно обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп за војната против Иран оставило повеќе отворени прашања отколку конкретни одговори.Британскиот јавен сервис посочува дека било невообичаено Трамп да чита однапред подготвен текст, што, според нив, укажува дека бил свесен за тежината на моментот и потребата да се држи до зададена рамка.Во своето обраќање, Трамп ги наброја воените цели: уништување на иранските балистички ракети, разорување на иранската морнарица, спречување Иран да дојде до нуклеарно оружје и запирање на финансирањето тероризам. Но, како што нагласува Би-Би-Си, тој воопшто не спомнал промена на режимот, ниту го повторил претходниот повик до иранскиот народ да се крене против власта.Претседателот изјавил дека првичните проценки биле оти војната би можела да трае четири до пет недели, но додал дека ќе трае колку што е потребно. Осврнувајќи се на медиумските шпекулации дека конфликтот би можел да му стане „здодевен“, Трамп рекол дека „во тоа нема ништо здодевно“.Би-Би-Си забележува дека во салата се слушнала нервозна смеа кога Трамп накратко се оддалечил од темата, зборувајќи за завесите што ги избрал во својот прв мандат и за новата сала за свечености што се гради во Белата куќа.Според анализата, обраќањето не понудило јасни насоки за политичката иднина на Иран по евентуалниот крај на војната. Особено се истакнува дека Трамп не објаснил какви се долгорочните цели на САД, ниту како Вашингтон би реагирал доколку конфликтот прерасне во поширока регионална војна.Би-Би-Си заклучува дека комуникациската стратегија на Трамп претставува отстапување од досегашната практика, бидејќи американските претседатели во вакви ситуации традиционално ѝ се обраќале на нацијата со детално образложение за причините и целите на воените дејствија.

Свет | пред 4 седмици

erdogan-3

Ердоган предупредува: Конфликтот во Иран ќе се прошири и ќе ја загрози светската безбедност

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција, изрази длабока загриженост поради страдањата на цивилите во Иран и најави засилени дипломатски напори за воспоставување прекин на огнот и враќање на мирот во регионот, пишува Анадолу.Говорејќи на настан во Анкара, Ердоган порача дека Турција ја споделува болката на иранскиот народ и дека цивилите, особено недолжните деца, го носат товарот на конфликтот. Тој нагласи дека приоритет на Анкара е обезбедување прекин на огнот и отворање пат за дијалог.„Доколку не се преземат неопходни мерки, конфликтот ќе има тешки последици за регионалната и глобалната безбедност“, предупреди Ердоган, додавајќи дека никој не може да ја поднесе економската и геополитичката неизвесност што би произлегла од натамошна ескалација.Во заедничките американско-израелски напади од саботата, според извештаите, биле убиени повеќе високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Техеран возвратил со напади со беспилотни летала и ракети врз цели поврзани со САД во заливските земји.Потврдена е смртта на четворица американски војници, додека уште четворица се тешко повредени. Иранскиот Црвен полумесец соопшти дека бројот на загинати во американските и израелските воздушни напади од саботата се искачил на 555 лица.

Свет | пред 4 седмици

media-librarysgjgl5p3se416P4kAgl

Главниот пилот во МВР летал со валидна дозвола, се гони за лажно инструкторско овластување кое го добил

Не е точно дека главниот пилот во МВР добил кривична пријава бидејќи претходно летал со хеликоптер без валидна дозвола. Тој се гони оти се стекнал со инструкторско звање без соодветна постапка, соопшти МВР.Оттаму поднесоа кривична пријава против Н.А. поради сомневање дека тој сторил фалсификување на исправа. Според ова, тој има дозвола за управување со воздухоплов, но му го спорат овластувањето за обучување на други пилоти.„Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Н.А., главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Според пријавата, тој незаконски впишал овластување TRI BELL 206 во својата дозвола и истото го употребил како вистинито во постапки пред надлежни институции во земјава и странство“, велат од МВР.Станува збор за овластување за инструктор за конкретен тип хеликоптер – „Бел 206“. Ознаката TRI (Type Rating Instructor) значи дека лицето има право да обучува и проверува други пилоти за управување со конкретниот тип воздухоплов, како и да заверува обука и летачки часови.Такво овластување се стекнува по спроведена специјализирана обука и одобрение од надлежна воздухопловна власт, по што се впишува во пилотската дозвола како официјален податок. Но, МВР има свои правилници, па според неофицијални сознанија на „Скопје1“, пилотот добил звање со министерски потпис согласно интерен акт. Сепак, според поред пријавата, впишувањето во конкретниот случај било извршено незаконски.Кривичното дело „Фалсификување исправа“ опфаќа внесување невистинити податоци во службен документ или употреба на таков документ како вистинит. Во овој случај, според МВР, спорното овластување било користено во постапки пред институции во државата и надвор од неа, што му дава дополнителна тежина на сомнежот.

Македонија | пред 4 седмици

Liban

Најмалку 52 загинати во Либан по израелските воздушни напади

Најмалку 52 лица загинале, а повеќе од 150 се повредени во израелските воздушни напади врз Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападите уследиле откако Хезболах, милитантна група со седиште во Либан и поддржана од Иран, презеде одговорност за напади врз израелскиот систем за противракетна одбрана.Joseph Aoun, претседател на Либан, ги осуди нападите изведени од либанска територија, како и израелските противудари.Тој ги повика вооружените групи да не ја користат земјата како поле за посреднички војни и предупреди дека ваквите операции ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на државата.

Свет | пред 4 седмици

netanjahu

Поранешен израелски премиер: Нетанјаху сакаше војна, Трамп нема јасен план

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт оцени дека актуелната воена стратегија кон Иран не претставува јасен план, туку, како што рече, надеж дека режимот во Техеран ќе се урне под притисок на надворешните удари и внатрешните немири.Според анализа на „Политико“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со години бил двигател на операции насочени кон иранската нуклеарна програма, а по смртта на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи, се приближил до својата долгорочна цел – неутрализирање на иранската закана.Нетанјаху повика на масовни протести во Иран, апелирајќи до граѓаните да ја „искористат шансата“ и да го соборат режимот. Слични пораки испрати и американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека Иранците имаат историска можност да си ја „вратат“ земјата.Но, според Олмерт, тоа не претставува стратегија.„Биби сакаше војна, а Трамп едвај чекаше да направи нешто извонредно. Но не гледам план, туку само надеж дека владата ќе се распадне“, изјави тој.Во текстот се наведува дека израелската стратегија се темели и на логиката на нестабилност – земја зафатена со внатрешни конфликти и политички превирања е помалку способна да делува надвор од своите граници. Сепак, искуствата од регионот, вклучително и Ирак и Сирија, покажуваат дека соборувањето режим не гарантира стабилност.И покрај загубата на дел од раководството, иранските институции засега покажуваат отпорност. Револуционерната гарда најави одмазда и продолжување на операциите против американски бази и Израел, додека во Техеран е најавено формирање привремено тричлено раководство до избор на нов врховен лидер.Аналитичарите предупредуваат дека евентуален колапс на режимот може да отвори простор за хаос, внатрешни судири и етнички тензии, со непредвидливи последици за целиот Блиски Исток.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryl7gt3042tuo276LjOTD

(Видео) Израел објави видео: Пилот избегнал противвоздушна ракета над Иран

Израелски одбранбени сили објавија видеоснимка на која се гледа како пилот на борбен авион на израелското воено воздухопловство избегнува иранска противвоздушна ракета за време на операции над Иран.На снимката се слуша гласот на пилотот кој преку радио-врска вели: „Уште едно лансирање, оди над облаците“. Според соопштението на израелската војска, леталото учествувало во напади врз Техеран.Од израелските одбранбени сили наведуваат дека од почетокот на конфликтот во саботата, борбените авиони на израелското воздухопловство извршиле повеќе од 1.000 борбени летови над територијата на Иран.

Свет | пред 4 седмици

media-librarygl4n23a01b5a3Jeos8M

Дрон погодил складиште за гориво во Абу Даби

Пожар избувнал денеска во складиште за гориво во Абу Даби откако објектот бил погоден со беспилотно летало, соопшти Канцеларијата за медиуми на Абу Даби.Според властите, огнот во терминалот за складирање гориво Мусафа, лоциран во главниот град на Обединети Арапски Емирати, бил брзо ставен под контрола.Нема информации за повредени лица, а во соопштението се наведува дека немало влијание врз работата на постројката.Нападот доаѓа во услови на ескалација на регионалните тензии, откако Иран, како одговор на американско-израелските напади, започна одмазднички удари низ регионот, насочени кон американски бази и повеќе заливски држави.

Свет | пред 4 седмици

media-library0tlsdi22qohf0i1zz56

Ирански дрон погодил хотел во Бахреин, повредени двајца Американци

Двајца вработени во Министерство за одбрана на САД се повредени во ирански напад со беспилотно летало врз хотел во Бахреин, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документ на Стејт департмент на САД во кој имал увид.Во документот испратен во неделата се наведува дека „повредени се двајца припадници на Министерството за одбрана на САД“, но без дополнителни детали. Засега не е познато дали станува збор за цивилни лица или воен персонал, ниту во кој хотел престојувале.Според извештаите, во неделата наутро бил погоден хотелот „Краун Плаза“ во главниот град Манама. Стејт департментот не го коментираше случајот, додека од Министерството за одбрана не одговориле веднаш на барањата за повеќе информации.Амбасадата на САД во Бахреин објави соопштение во кое ги предупреди американските државјани дека хотелите можат да бидат цел на напади и ги повика да избегнуваат престој во хотели во Манама.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryjg17nitvk1mndkEgimm

Објавено видео од пилотка на американски Ф-15 соборен во Кувајт

Арапската телевизија Ал-Арабија објави видеоснимка од Кувајт на која се гледа пилотка на американски борбен авион Ф-15Е „Страјк игл“, откако успешно се катапултирала од леталото што, според американската војска, било ненамерно соборено од кувајтските сили.Според соопштенијата на американската војска и медиумските извештаи, во рамки на операцијата „Епска бес“ против Иран, три американски борбени авиони од типот Ф-15Е биле соборени над Кувајт.Американско централно командување потврди дека сите членови на екипажите, вклучително и пилотката прикажана на видеото, безбедно се катапултирале и биле спасени, при што се наоѓаат во стабилна состојба.Во моментот на инцидентот, леталата биле ангажирани во поддршка на операциите против иранските напади, но кувајтската противвоздушна одбрана по грешка ги идентификувала како закана. Кувајт призна дека станува збор за случај на таканаречен „пријателски оган“ и соработува со американските сили во истрагата.На видеото се гледа пилотката по безбедното слетување, додека во позадина се слуша машки глас кој ѝ вели дека е безбедна и ѝ се заблагодарува за помошта.

Свет | пред 4 седмици

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп ги објави трите цели на војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање до јавноста ги изнесе трите клучни цели на воената операција против Иран.„Нашите цели се јасни. Прво, ги уништуваме иранските ракетни капацитети. Второ, ја уништуваме нивната морнарица. Трето, обезбедуваме најголемиот светски спонзор на тероризмот никогаш да не дојде до нуклеарно оружје“, изјави Трамп.Тој додаде дека операцијата има и дополнителна цел – да се спречи иранскиот режим да продолжи да вооружува, финансира и насочува терористички армии надвор од своите граници.Според Трамп, овие цели се неопходни за заштита на американските интереси и за стабилноста во регионот.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Ен-Би-Си: Имало обид да се спречи војната со Иран на тајна средба во Женева, иранскиот шеф на дипломатијата викал на претставник на Трамп

Последната можност да се избегне војна меѓу Соединетите Американски Држави и Иран била на средбата одржана во четврток во Женева, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на висок претставник на администрацијата на Доналд Трамп кој сакал да остане анонимен.Според наводите, американската делегација побарала Иран во следните десет години да не врши збогатување на ураниум, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за спречување развој на нуклеарно оружје. Иранската страна остро се спротивставила на ова барање. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека неговата земја има „неотуѓиво право“ на збогатување ураниум, на што американскиот претставник Стив Виткоф возвратил дека и САД имаат „неотуѓиво право“ да го спречат тоа.По размената на ставови, според изворот на Ен-Би-Си, Арагчи почнал да вика на Виткоф, кој на состанокот бил придружуван од Џаред Кушнер. Американската делегација потоа го информирала претседателот Трамп за текот на разговорите. Според истиот извор, Трамп не бил вознемирен од случувањата.Откако преговорите западнале во ќор-сокак, администрацијата на Трамп одлучила да започне воена операција. Претседателот во кратко телефонско интервју за Ен-Би-Си изјавил дека одлуката била донесена бидејќи Иран не бил подготвен да го запре нуклеарното истражување и да гарантира дека нема да поседува нуклеарно оружје.Трамп, кој во минатото ја градеше својата политичка реторика на ветување дека ќе ги избегне „бесконечните војни“, повторно истакна дека нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Во меѓувреме, американските и израелските сили извршија воздушни напади, при што, според извештаите, биле погодени стотици цели во Техеран, а загинал и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.Според американски извори, дипломатските напори паралелно биле проследени со значително распоредување на воени сили во регионот, вклучително и испраќање носач на авиони. Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно изјавил дека САД намерно предизвикале економски притисок врз Иран со цел да го принудат на отстапки.Во меѓувреме, конфликтот веќе има човечки жртви. Ирански контранапад во Кувајт усмрти четворица американски војници, а Трамп предупреди дека е можно бројот на жртви да се зголеми пред да заврши операцијата.

Свет | пред 4 седмици

oblozuvanje

Шест анонимни лица заработиле 1,2 милиони долари од облог за напад врз Иран

Шест анонимни лица на платформата за обложување „Полимаркет“ оствариле добивка од околу 1,2 милиони долари откако успешно се обложиле дека Соединетите Американски Држави ќе извршат напад врз Иран до крајот на февруари.Според анализата на блокчејн-компанијата „Баблмапс СА“, сите шест профили биле креирани минатиот месец и исклучиво се обложувале на временската рамка на евентуалната воена акција на администрацијата на Доналд Трамп против Иран. Како што пренесува „Блумберг“, обложувањата биле уплатени само неколку часа пред да паднат првите бомби врз Техеран.Една од сметките претходно изгубила средства обложувајќи се дека нападот ќе се случи порано, но нова уплата од над 26.000 долари со прогноза дека нападот ќе се реализира во сабота донела добивка од повеќе од 174.000 долари.Во екот на обложувањата поврзани со воената ескалација, обемот на тргување за само еден договор поврзан со времето на нападот достигнал речиси 90 милиони долари, што дополнително ги засилува сомнежите за можна злоупотреба на привилегирани информации во контекст на воени случувања.

Свет | пред 4 седмици

media-library5nk0ofd9sd8071YVJt4

Министерот за дигитална трансформација на MWC26: Поддршка за намалување на роаминг-трошоците

Министерство за дигитална трансформација на Република Северна Македонија информира дека министерот Стефан Андоновски престојува во работна посета на Барселона, Кралство Шпанија, каде учествува на Mobile World Congress 2026 – најголемиот светски настан што ги обединува креаторите на политики за дигитализација, телекомуникациските оператори и водечките производители на мобилни уреди и дигитални решенија.Во рамки на посетата, министерот лобира за принципот „роаминг како дома“, со цел намалување на трошоците за користење мобилни услуги во странство и усогласување со европските стандарди. Според него, проектот подразбира граѓаните да плаќаат цени како во матичната држава за разговори, СМС-пораки и интернет во рамки на Европската Унија.Андоновски учествуваше и на GSMA Ministerial Programme, каде се разговараше за политики поврзани со поврзливоста, дигиталната инфраструктура, безбедноста и идните мрежни технологии. Тој истакна дека постои значајна поддршка од владите и меѓународните партнери за реализација на проектот, како и разбирање од големите телекомуникациски оператори.Во текот на денот, министерот остварил средби со мобилни оператори присутни во земјава, како и со глобални производители на опрема и даватели на облачни услуги, при што се дискутирало за изградба на дата-центри, примена на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност и целосна дигитална трансформација на општеството.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryu9p9eeh7m2kh2EUEYdg

Трамп: Операцијата против Иран е планирана да трае пет недели, но можеме и подолго

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање изјави дека операцијата против Иран првично била планирана да трае од четири до пет недели.Тој, сепак, нагласи дека Соединетите Американски Држави имаат „капацитет да ја водат операцијата и значително подолго“ доколку тоа се покаже како неопходно, без да прецизира временска рамка или дополнителни детали.

Свет | пред 4 седмици

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

„Прозорците ми се тресеа силно“ – серија експлозии одекнаа над Бејрут

Најмалку пет силни експлозии одекнале над Бејрут, во момент кога градот бил обвиен во невообичаена тишина.Според сведоштво од терен, детонациите биле толку моќни што прозорците во станбените објекти се треселе под ударот на брановите. Експлозиите се слушнале една по друга, а чувството, како што се наведува, било дека ударите се случиле непосредно над зградите.Локалните медиуми објавија дека повторно била цел на напад населбата Дахие, која важи за упориште на Хезболах.За разлика од вообичаените вечери кога либанонската престолнина е исполнета со звукот на сообраќај и преполни ресторани, вечерва голем дел од угостителските објекти биле затворени, а улиците речиси празни. Атмосферата, според описите, наликувала повеќе на напуштен град отколку на динамична медитеранска метропола.

Свет | пред 4 седмици

media-librarydomes8p65jcc8SIoOqF

„Делумно e обновен воздушниот сообраќај во ОАЕ“, јави хрватското министерство за надворешни работи упатувајќи насоки до нивните граѓани

Министерство за надворешни и европски работи на Хрватска ги информираше хрватските државјани во Обединети Арапски Емирати дека денеска започнува ограничено обновување на воздушниот сообраќај од Дубаи и Абу Даби, но апелира да не се упатуваат кон меѓународните аеродроми доколку не се директно контактирани од авиокомпаниите.Шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, претходно изјави дека во Емиратите се наоѓаат околу две илјади хрватски државјани, како и приближно 380 илјади државјани на Европската унија. Во момент кога воздушниот сообраќај бил целосно запрен, министерот препорача оние што сакаат да ја напуштат земјата да се упатат кон „безбедната“ престолнина на Оман, Мускат, што дел од хрватските државјани и го сториле.Во најновото соопштение, министерството наведува дека според информациите од локалните власти, започнува ограничено воспоставување на операциите, при што помал број летови ќе бидат достапни од меѓународните аеродроми „Дубаи интернешнал“, „Дубаи ворлд централ“ и од Абу Даби, каде веќе се реализирани поединечни полетувања.Во актуелните околности, на хрватските државјани им се препорачува да останат во Емиратите и строго да не се упатуваат кон аеродромите освен ако не добијат директна потврда од авиокомпанијата за времето на полетување и обезбедена авионска карта. Министерството повика на постојано следење на известувањата од воздушните превозници и доставување податоци до Генералниот конзулат во Дубаи, кој, како што се наведува, внимателно ја следи состојбата.Локалните власти во Емиратите соопштиле дека граѓаните можат да се вратат на вообичаените активности, но со зголемена претпазливост и грижа за личната безбедност, во услови на регионална ескалација по израелско-американските напади врз Иран и последователните ирански одговори насочени кон повеќе заливски држави.

Свет | пред 4 седмици

media-library3uje4gqot7rlf3jTxgT

Иран се соочува со агресија - МНР наместо пддршка да го осуди американско - ционистичкото дивеење, вели Левица

Политичката партија Левица со остра реакција ја осуди, како што наведува, американско-израелската агресија врз Иран, оценувајќи дека станува збор за воена интервенција што довела до жртви меѓу военото и политичкото раководство, како и меѓу цивилното население.Од партијата посочуваат дека ваквите дејствија претставуваат сериозно прекршување на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации, оценувајќи дека се работи за акт на воена агресија насочен кон дестабилизација на суверена држава и воспоставување доминација во регионот на Блискиот Исток.Левица апелира до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и до министерот Тимчо Муцунски, наместо, како што наведуваат, да даваат поддршка, да испратат јасна осуда на воената интервенција. Според партијата, државата треба да се позиционира на страната на мирот, суверенитетот и почитувањето на меѓународното право.Од Левица нагласуваат дека ќе продолжат, како што велат, со својата борба против сите форми на империјалистичка агресија и ќе се залагаат за мирно решавање на конфликтите.

Свет | пред 4 седмици

zemjotres-avganistan

Во сенка на војната во Иран, нов бран насилство во Авганистан и Пакистан

Во сенка на ескалацијата на конфликтот околу Иран, нов бран насилство избувна на границата меѓу Авганистан и Пакистан, каде што и денеска продолжи размената на оган, петти ден по ред.Иако интензитетот на судирите е намален, нема навестувања дека двете страни се подготвени за примирје. Директните конфликти меѓу поранешните сојузници, кои делат околу 2.600 километри долга граница, се оценуваат како најтешки во последните неколку години.Талибанското Министерство за одбрана соопшти дека била погодена воздушната база во Баграм, додавајќи дека авганистанските сили уништиле пакистански тенк во пограничната покраина Пактика. Портпарол на министерството изјави дека биле убиени повеќе од сто, а заробени 25 пакистански војници.Од друга страна, пакистанските безбедносни сили информираа дека продолжуваат воздушните и копнените удари, при што биле уништени складишта за муниција во Хост и Џалалабад, како и складишта за беспилотни летала во Џалалабад. Според Исламабад, досега биле убиени 435 авганистански војници, уништени 188 и заземени 31 непријателска позиција.Меѓусебните обвинувања и спротивставени бројки дополнително ја усложнуваат безбедносната состојба во регион кој веќе е сериозно дестабилизиран од пошироките геополитички тензии.

Свет | пред 4 седмици

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Иранската ракетна програма беше закана за САД и Европа, за еден час го уништивме военото раководство, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на церемонија за доделување медали во Белата куќа, се осврна на тековната воена кампања против Иран, нагласувајќи дека операцијата и понатаму трае.„Денес војската на САД продолжува со ударите врз ужасниот терористички режим во Иран. Го предупредивме Иран по операцијата ‘Полноќен чекан’ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но тие нè игнорираа. Покрај тоа, продолжија да ја зајакнуваат својата програма за балистички ракети“, изјави Трамп.Тој оцени дека операцијата била неопходна бидејќи, како што рече, ракетната програма на режимот растела брзо и драматично и претставувала јасна и голема закана за Соединетите Американски Држави и за американските сили стационирани во странство.„Ирански режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје би бил закана што не може да се толерира“, рече Трамп.Тој додаде дека САД обезбедуваат иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници, потсетувајќи дека четворица американски војници загинале во операциите.„Имаме најсилна војска во светот и со леснотија ќе победиме. За еден час го уништивме нивното воено раководство, и тоа многу пред зададениот рок“, изјави Трамп.Претседателот нагласи дека Иран веќе поседувал ракети способни да погодат цели во Европа и американски бази во регионот и пошироко, а според неговите зборови, наскоро би можел да развие и проектили што би достигнале до територијата на Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 4 седмици

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Марк Руте

Министерство за внатрешни работи на Република Македонија информира дека на 3 март 2026 година (вторник), поради официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје на главниот град, со цел обезбедување непречено и безбедно движење.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници, со цел нормално одвивање на сообраќајот за време на посетата.

Скопје | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања