Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп ги објави трите цели на војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање до јавноста ги изнесе трите клучни цели на воената операција против Иран.„Нашите цели се јасни. Прво, ги уништуваме иранските ракетни капацитети. Второ, ја уништуваме нивната морнарица. Трето, обезбедуваме најголемиот светски спонзор на тероризмот никогаш да не дојде до нуклеарно оружје“, изјави Трамп.Тој додаде дека операцијата има и дополнителна цел – да се спречи иранскиот режим да продолжи да вооружува, финансира и насочува терористички армии надвор од своите граници.Според Трамп, овие цели се неопходни за заштита на американските интереси и за стабилноста во регионот.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Ен-Би-Си: Имало обид да се спречи војната со Иран на тајна средба во Женева, иранскиот шеф на дипломатијата викал на претставник на Трамп

Последната можност да се избегне војна меѓу Соединетите Американски Држави и Иран била на средбата одржана во четврток во Женева, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на висок претставник на администрацијата на Доналд Трамп кој сакал да остане анонимен.Според наводите, американската делегација побарала Иран во следните десет години да не врши збогатување на ураниум, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за спречување развој на нуклеарно оружје. Иранската страна остро се спротивставила на ова барање. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека неговата земја има „неотуѓиво право“ на збогатување ураниум, на што американскиот претставник Стив Виткоф возвратил дека и САД имаат „неотуѓиво право“ да го спречат тоа.По размената на ставови, според изворот на Ен-Би-Си, Арагчи почнал да вика на Виткоф, кој на состанокот бил придружуван од Џаред Кушнер. Американската делегација потоа го информирала претседателот Трамп за текот на разговорите. Според истиот извор, Трамп не бил вознемирен од случувањата.Откако преговорите западнале во ќор-сокак, администрацијата на Трамп одлучила да започне воена операција. Претседателот во кратко телефонско интервју за Ен-Би-Си изјавил дека одлуката била донесена бидејќи Иран не бил подготвен да го запре нуклеарното истражување и да гарантира дека нема да поседува нуклеарно оружје.Трамп, кој во минатото ја градеше својата политичка реторика на ветување дека ќе ги избегне „бесконечните војни“, повторно истакна дека нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Во меѓувреме, американските и израелските сили извршија воздушни напади, при што, според извештаите, биле погодени стотици цели во Техеран, а загинал и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.Според американски извори, дипломатските напори паралелно биле проследени со значително распоредување на воени сили во регионот, вклучително и испраќање носач на авиони. Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно изјавил дека САД намерно предизвикале економски притисок врз Иран со цел да го принудат на отстапки.Во меѓувреме, конфликтот веќе има човечки жртви. Ирански контранапад во Кувајт усмрти четворица американски војници, а Трамп предупреди дека е можно бројот на жртви да се зголеми пред да заврши операцијата.

Свет | пред 4 седмици

oblozuvanje

Шест анонимни лица заработиле 1,2 милиони долари од облог за напад врз Иран

Шест анонимни лица на платформата за обложување „Полимаркет“ оствариле добивка од околу 1,2 милиони долари откако успешно се обложиле дека Соединетите Американски Држави ќе извршат напад врз Иран до крајот на февруари.Според анализата на блокчејн-компанијата „Баблмапс СА“, сите шест профили биле креирани минатиот месец и исклучиво се обложувале на временската рамка на евентуалната воена акција на администрацијата на Доналд Трамп против Иран. Како што пренесува „Блумберг“, обложувањата биле уплатени само неколку часа пред да паднат првите бомби врз Техеран.Една од сметките претходно изгубила средства обложувајќи се дека нападот ќе се случи порано, но нова уплата од над 26.000 долари со прогноза дека нападот ќе се реализира во сабота донела добивка од повеќе од 174.000 долари.Во екот на обложувањата поврзани со воената ескалација, обемот на тргување за само еден договор поврзан со времето на нападот достигнал речиси 90 милиони долари, што дополнително ги засилува сомнежите за можна злоупотреба на привилегирани информации во контекст на воени случувања.

Свет | пред 4 седмици

media-library5nk0ofd9sd8071YVJt4

Министерот за дигитална трансформација на MWC26: Поддршка за намалување на роаминг-трошоците

Министерство за дигитална трансформација на Република Северна Македонија информира дека министерот Стефан Андоновски престојува во работна посета на Барселона, Кралство Шпанија, каде учествува на Mobile World Congress 2026 – најголемиот светски настан што ги обединува креаторите на политики за дигитализација, телекомуникациските оператори и водечките производители на мобилни уреди и дигитални решенија.Во рамки на посетата, министерот лобира за принципот „роаминг како дома“, со цел намалување на трошоците за користење мобилни услуги во странство и усогласување со европските стандарди. Според него, проектот подразбира граѓаните да плаќаат цени како во матичната држава за разговори, СМС-пораки и интернет во рамки на Европската Унија.Андоновски учествуваше и на GSMA Ministerial Programme, каде се разговараше за политики поврзани со поврзливоста, дигиталната инфраструктура, безбедноста и идните мрежни технологии. Тој истакна дека постои значајна поддршка од владите и меѓународните партнери за реализација на проектот, како и разбирање од големите телекомуникациски оператори.Во текот на денот, министерот остварил средби со мобилни оператори присутни во земјава, како и со глобални производители на опрема и даватели на облачни услуги, при што се дискутирало за изградба на дата-центри, примена на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност и целосна дигитална трансформација на општеството.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryu9p9eeh7m2kh2EUEYdg

Трамп: Операцијата против Иран е планирана да трае пет недели, но можеме и подолго

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање изјави дека операцијата против Иран првично била планирана да трае од четири до пет недели.Тој, сепак, нагласи дека Соединетите Американски Држави имаат „капацитет да ја водат операцијата и значително подолго“ доколку тоа се покаже како неопходно, без да прецизира временска рамка или дополнителни детали.

Свет | пред 4 седмици

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

„Прозорците ми се тресеа силно“ – серија експлозии одекнаа над Бејрут

Најмалку пет силни експлозии одекнале над Бејрут, во момент кога градот бил обвиен во невообичаена тишина.Според сведоштво од терен, детонациите биле толку моќни што прозорците во станбените објекти се треселе под ударот на брановите. Експлозиите се слушнале една по друга, а чувството, како што се наведува, било дека ударите се случиле непосредно над зградите.Локалните медиуми објавија дека повторно била цел на напад населбата Дахие, која важи за упориште на Хезболах.За разлика од вообичаените вечери кога либанонската престолнина е исполнета со звукот на сообраќај и преполни ресторани, вечерва голем дел од угостителските објекти биле затворени, а улиците речиси празни. Атмосферата, според описите, наликувала повеќе на напуштен град отколку на динамична медитеранска метропола.

Свет | пред 4 седмици

media-librarydomes8p65jcc8SIoOqF

„Делумно e обновен воздушниот сообраќај во ОАЕ“, јави хрватското министерство за надворешни работи упатувајќи насоки до нивните граѓани

Министерство за надворешни и европски работи на Хрватска ги информираше хрватските државјани во Обединети Арапски Емирати дека денеска започнува ограничено обновување на воздушниот сообраќај од Дубаи и Абу Даби, но апелира да не се упатуваат кон меѓународните аеродроми доколку не се директно контактирани од авиокомпаниите.Шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, претходно изјави дека во Емиратите се наоѓаат околу две илјади хрватски државјани, како и приближно 380 илјади државјани на Европската унија. Во момент кога воздушниот сообраќај бил целосно запрен, министерот препорача оние што сакаат да ја напуштат земјата да се упатат кон „безбедната“ престолнина на Оман, Мускат, што дел од хрватските државјани и го сториле.Во најновото соопштение, министерството наведува дека според информациите од локалните власти, започнува ограничено воспоставување на операциите, при што помал број летови ќе бидат достапни од меѓународните аеродроми „Дубаи интернешнал“, „Дубаи ворлд централ“ и од Абу Даби, каде веќе се реализирани поединечни полетувања.Во актуелните околности, на хрватските државјани им се препорачува да останат во Емиратите и строго да не се упатуваат кон аеродромите освен ако не добијат директна потврда од авиокомпанијата за времето на полетување и обезбедена авионска карта. Министерството повика на постојано следење на известувањата од воздушните превозници и доставување податоци до Генералниот конзулат во Дубаи, кој, како што се наведува, внимателно ја следи состојбата.Локалните власти во Емиратите соопштиле дека граѓаните можат да се вратат на вообичаените активности, но со зголемена претпазливост и грижа за личната безбедност, во услови на регионална ескалација по израелско-американските напади врз Иран и последователните ирански одговори насочени кон повеќе заливски држави.

Свет | пред 4 седмици

media-library3uje4gqot7rlf3jTxgT

Иран се соочува со агресија - МНР наместо пддршка да го осуди американско - ционистичкото дивеење, вели Левица

Политичката партија Левица со остра реакција ја осуди, како што наведува, американско-израелската агресија врз Иран, оценувајќи дека станува збор за воена интервенција што довела до жртви меѓу военото и политичкото раководство, како и меѓу цивилното население.Од партијата посочуваат дека ваквите дејствија претставуваат сериозно прекршување на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации, оценувајќи дека се работи за акт на воена агресија насочен кон дестабилизација на суверена држава и воспоставување доминација во регионот на Блискиот Исток.Левица апелира до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и до министерот Тимчо Муцунски, наместо, како што наведуваат, да даваат поддршка, да испратат јасна осуда на воената интервенција. Според партијата, државата треба да се позиционира на страната на мирот, суверенитетот и почитувањето на меѓународното право.Од Левица нагласуваат дека ќе продолжат, како што велат, со својата борба против сите форми на империјалистичка агресија и ќе се залагаат за мирно решавање на конфликтите.

Свет | пред 4 седмици

zemjotres-avganistan

Во сенка на војната во Иран, нов бран насилство во Авганистан и Пакистан

Во сенка на ескалацијата на конфликтот околу Иран, нов бран насилство избувна на границата меѓу Авганистан и Пакистан, каде што и денеска продолжи размената на оган, петти ден по ред.Иако интензитетот на судирите е намален, нема навестувања дека двете страни се подготвени за примирје. Директните конфликти меѓу поранешните сојузници, кои делат околу 2.600 километри долга граница, се оценуваат како најтешки во последните неколку години.Талибанското Министерство за одбрана соопшти дека била погодена воздушната база во Баграм, додавајќи дека авганистанските сили уништиле пакистански тенк во пограничната покраина Пактика. Портпарол на министерството изјави дека биле убиени повеќе од сто, а заробени 25 пакистански војници.Од друга страна, пакистанските безбедносни сили информираа дека продолжуваат воздушните и копнените удари, при што биле уништени складишта за муниција во Хост и Џалалабад, како и складишта за беспилотни летала во Џалалабад. Според Исламабад, досега биле убиени 435 авганистански војници, уништени 188 и заземени 31 непријателска позиција.Меѓусебните обвинувања и спротивставени бројки дополнително ја усложнуваат безбедносната состојба во регион кој веќе е сериозно дестабилизиран од пошироките геополитички тензии.

Свет | пред 4 седмици

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Иранската ракетна програма беше закана за САД и Европа, за еден час го уништивме военото раководство, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на церемонија за доделување медали во Белата куќа, се осврна на тековната воена кампања против Иран, нагласувајќи дека операцијата и понатаму трае.„Денес војската на САД продолжува со ударите врз ужасниот терористички режим во Иран. Го предупредивме Иран по операцијата ‘Полноќен чекан’ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но тие нè игнорираа. Покрај тоа, продолжија да ја зајакнуваат својата програма за балистички ракети“, изјави Трамп.Тој оцени дека операцијата била неопходна бидејќи, како што рече, ракетната програма на режимот растела брзо и драматично и претставувала јасна и голема закана за Соединетите Американски Држави и за американските сили стационирани во странство.„Ирански режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје би бил закана што не може да се толерира“, рече Трамп.Тој додаде дека САД обезбедуваат иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници, потсетувајќи дека четворица американски војници загинале во операциите.„Имаме најсилна војска во светот и со леснотија ќе победиме. За еден час го уништивме нивното воено раководство, и тоа многу пред зададениот рок“, изјави Трамп.Претседателот нагласи дека Иран веќе поседувал ракети способни да погодат цели во Европа и американски бази во регионот и пошироко, а според неговите зборови, наскоро би можел да развие и проектили што би достигнале до територијата на Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 4 седмици

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Марк Руте

Министерство за внатрешни работи на Република Македонија информира дека на 3 март 2026 година (вторник), поради официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје на главниот град, со цел обезбедување непречено и безбедно движење.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници, со цел нормално одвивање на сообраќајот за време на посетата.

Скопје | пред 4 седмици

media-library5nc4soo10qvpb4tZHqq

Трамп: Нуклеарно вооружен Иран би бил нетолерирана закана, целта е уништување на ракетните капацитети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целите на операцијата против Иран се „јасни“, наведувајќи дека меѓу нив се уништување на иранските ракетни капацитети, „анихилирање на нивната морнарица“ и спречување Иран некогаш да се здобие со нуклеарно оружје.Трамп нагласи дека Иран „не може да продолжи да вооружува, финансира и насочува терористички армии надвор од своите граници“, оценувајќи дека таквите активности ја дестабилизираат целата регија.Според него, иранската програма за балистички ракети била наменета како заштитен штит за развој на нуклеарно оружје. Тој додаде дека иако Соединетите Американски Држави биле земјата што инсистирала на запирање на таа закана, „сите биле зад нас“.Американскиот претседател предупреди дека ирански режим вооружен со нуклеарно оружје и далекусежни ракети би претставувал „нетолерирана закана“ за Блискиот Исток и за американскиот народ.

Свет | пред 4 седмици

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Иран најави нов бран напади: Лансирани „различни“ проектили кон цели на САД

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека започнала нов бран напади врз американски воени бази во регионот, јавуваат државните медиуми.Во соопштението се наведува дека биле лансирани „различен вид“ проектили, но без да се објават дополнителни детали за нивниот тип, дострел или конкретните цели. Засега нема официјална потврда од американска страна за евентуални последици од нападите.Претходно во текот на денот, Револуционерната гарда информираше дека е во тек бран ракетни и беспилотни напади врз израелскиот град Беершева, со што дополнително се засилува ескалацијата на конфликтот во регионот.

Свет | пред 4 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: „Со леснотија ќе победиме“, продолжуваат ударите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје претставува закана што не може да се толерира, нагласувајќи дека САД ќе продолжат со воените удари врз Иран.Тој потсети дека го укинал договорот со Иран постигнат во времето на поранешниот претседател Барак Хусеин Обама, оценувајќи го како „ужасен договор“.„Обезбедуваме иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници. Денес жалиме за четворица американски војници кои загинаа. Продолжуваме со мисијата против режим што претставува закана за американскиот народ“, изјави Трамп.Тој додаде дека американската војска е најсилна во светот и дека Соединетите Американски Држави „со леснотија ќе победат“.Според неговите зборови, војската на САД продолжува со удари врз, како што рече, „ужасниот терористички режим во Иран“. Трамп наведе дека Иран бил предупреден по операцијата „Полноќен чекан“ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но дека ги игнорирал предупредувањата и продолжил со зајакнување на програмата за балистички ракети.

Свет | пред 4 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Млада родилка почина на Гинекологија: ова и бил четврти царски рез, имало нагло влошување

Родилка на 34-годишна возраст почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, откако по породување со царски рез дошло до нагло влошување на нејзината здравствена состојба. Телото е предадено на обдукција, а официјалната причина за смртта ќе биде утврдена по пристигнувањето на патохистолошкиот наод.Од Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје информираат дека пациентката била примена во 38 гестациска недела од петтата бременост и на 27 февруари 2026 година била породена со царски рез. Интервенцијата била извршена поради претходни три царски реза, односно станувало збор за четврти оперативен зафат од ваков вид. Според Клиниката, операцијата поминала со уреден тек.По интервенцијата, пациентката била префрлена на постоперативна интензивна нега. Во текот на престојот се пожалила на силна градна болка, по што веднаш бил повикан анестезиолошки тим и започната срцево-белодробна реанимација. По интервенцијата биле воспоставени виталните параметри, по што пациентката била префрлена на Одделението за интензивна нега и реанимација.Во натамошниот третман биле вклучени кардиолог и невролог, извршени биле електрокардиограм, ехокардиографија, рендген на бели дробови и повеќекратни лабораториски испитувања, со постојан мониторинг на виталните функции. Од Клиниката наведуваат дека бил применет мултидисциплинарен пристап и целосна современа терапија, но и покрај тоа, пациентката починала на 1 март 2026 година.Од установата изразија сочувство до семејството и најавија дека по добивањето на обдукцискиот наод ќе ја соопштат официјалната причина за смртта.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

(Видео) Експлозии во упориштето на Хезболах, густ чад над либанската престолнина

Неколку воздушни удари ги погодија јужните предградија на Бејрут, откако израелската армија најави нов бран напади врз цели поврзани со Хезболах и издаде предупредувања за евакуација.Според снимки објавени на социјалните мрежи, од погодените подрачја се издигнува густ чад, додека либанската државна телевизија јави за четири израелски напади врз јужните делови на главниот град. Ударите следуваа по ракетирањето на Израел од страна на Хезболах во раните утрински часови.Допишничка на Би-Би-Си од Бејрут известува дека во градот одекнала силна експлозија во квартот Дахие, кој се смета за упориште на Хезболах. Според нејзините наводи, детонацијата била толку силна што создава впечаток дека се случила во самиот центар на престолнината.Во исто време, преку разглас од американската амбасада во Авкар биле упатени предупредувања до вработените да побараат засолниште и да се оддалечат од прозорците. Засега нема официјални податоци за евентуални жртви.

Свет | пред 4 седмици

media-librarycjukibmir0203P1caeM

Тешки загуби за американските сили во Кувајт

Централна команда на САД соопшти дека четворица припадници на американските вооружени сили загинале во борбени дејствија поврзани со операциите против Иран, додека 18 се водат како тешко ранети.Портпаролот на Центком, капетан Тим Хокинс, информира дека бројот на жртви е ажуриран, откако првично беше соопштено дека тројца војници загинале, а петмина биле тешко повредени. Според најновите податоци, вкупно четворица американски војници го загубиле животот.Според информации објавени од американски медиуми, сите четворица загинале во ист напад во Кувајт. Во текот на операциите, 18 припадници на американските сили се регистрирани како тешко ранети.Надлежните институции продолжуваат со истрагата за околностите под кои се случил нападот.

Свет | пред 4 седмици

media-librarydljk50sle7ft2tzfBHj

(Фото) Автомобил „сплескан“ меѓу камион: сообраќајка на влезот од Скопје кај Автокоманда

Сообраќајна несреќа се случи пред 10 минути на влезот на Скопје кај бензинската пумпа „Лукоил“.Според фотографиите на социјалните мрежи, автомобилот е свртен во спротивен правец и заглавен меѓу жардиниера и камион.Нема информации за повредени лица.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryagpl0bk7en9i8Cr6VSb

СДСМ: Наместо 600 евра минималец, Владата понуди 1.660 денари усогласување

СДСМ ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека ги изиграла работниците, откако наместо најавено зголемување на минималната плата, било направено само законско усогласување од 1.660 денари.Од партијата велат дека со ваквото ниво на минимална плата работниците се доведени на раб на егзистенција, бидејќи не можат да ги покријат основните трошоци за храна, сметки и живот на своите семејства. Според СДСМ, ветувањата за минимална плата од 600 евра останале нереализирани.Во соопштението се наведува дека Владата има средства за, како што велат, луксузирање со владиниот авион, набавка на мебел и службени возила, како и за „криминални тендери“, но нема пари за зголемување на примањата на работниците. Посочуваат и дека во Буџетот и натаму стои ставка од 124 милиони денари за авионот.СДСМ оценува дека работниците не се приоритет на Владата и дека наместо повисоки плати, фокусот е ставен на тендери и привилегии за функционерите. Од партијата порачуваат дека граѓаните заслужуваат достоинствена минимална плата и реално подобрување на животниот стандард.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Пентагон: Нема американски војници во Иран, но не откриваме што следува

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека во моментов нема распоредени американски војници на територијата на Иран, но одби да коментира за можните идни потези на Вашингтон.Одговарајќи на прашање на новинар во Пентагон дали има „американски војници на територијата на Иран“, Хегсет кусо одговори дека нема, по што додаде дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема јавно да ги соопштува своите планови.„Нема да навлегуваме во тоа што ќе направиме или нема да направиме. Погрешно е да се мисли дека треба однапред да му кажуваме на американскиот народ, но и на нашите непријатели, точно што ќе преземеме, колку долго и до каде ќе одиме“, изјави Хегсет.Тој порача дека Трамп сака противниците на САД да знаат оти Вашингтон ќе оди „онолку далеку колку што е потребно“ за заштита на американските интереси, но без, како што рече, непромислени потези.Министерот посочи дека за постигнување на целите не е нужно испраќање масовни копнени сили и долгорочно воено присуство, алудирајќи на претходните американски ангажмани во Ирак и Авганистан.„Ќе бидеме решителни и подготвени. Работиме со месеци на планирање на ефектите што сакаме да ги постигнеме“, нагласи Хегсет, додавајќи дека САД нема однапред да ги откриваат своите воени планови.„Зошто би му кажале на непријателот што ќе направиме? Се бориме за да победиме и да ги оствариме целите поставени од претседателот на Соединетите Држави. И тоа ќе го направиме без извинување“, заклучи американскиот министер за одбрана.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryfcbo9161blm9cNMmFC7

Трајко ја убил Марија од Куманово покажа истрагата откако телото беше откопано, ќе се ексхумира телото на уште една жена

Кумановката Марија Мартиновска (35) била убиена од Трајко Бојковски, потврдила ДНК анализата, откако телото беше ексхумирано. Нејзината смрт била насилна, потврдила обдукцијата.Обвинителството посочува дека меѓу 16 и 17 јануари осомничениот влегол во домот на жртвата и со удари по главата ѝ го одзел животот. Обвинителот Љубомир Лапе кој ја води истрагата изјави дека форензичките траги упатуваат оти делото е извршено од истото лице кое се поврзува и со друг случај.Паралелно е издадена наредба за ексхумација на тело на постара жена која, според првичните информации, одговара на профилот на првата жртва.Бојковски веќе е осомничен дека во периодот од 27 јануари до 12 февруари, на засега точно неутврден датум, во селото Челопек, Општина Старо Нагоричане, со умисла и на свиреп и подмолен начин ја убил 78-годишната Мира С.Обвинителството издаде наредби за психијатриско вештачење на осомничениот, како и за проверка на евентуална вмешаност на други лица, иако во овој момент тој е единствениот осомничен. Се испитува и евентуална одговорност на полициски службеници.Истрагата започна по пријава од преживеана жртва, 83-годишната Слободанка Арсовска од Куманово, која пред шест месеци успеала да се спаси. По нејзината пријава, истражителите започнале проверка и на претходни сомнителни случаи.Мотивот на сторителот засега не е утврден. Се очекуваат наоди од повеќе стручни лица кои треба да ја проценат неговата психичка состојба. Осомничениот во моментов е изолиран во притвор во кумановскиот затвор „К’шање“.Во фокусот на истрагата се и околностите под кои првично кај една од жртвите била констатирана природна смрт. Адвокатот на семејствата, Александар Симоновски од Куманово, изјави дека во случајот со помладата жртва првично било утврдено дека станува збор за природна смрт, но последното вештачење покажало постоење на повреди.Ќе се проверува и одговорноста на полициски службенци во делот на евентуални пропусти.

Македонија | пред 4 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Стигнаа новите цени на горивата кои важат од полноќ

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 проценти во однос на претходната одлука од 27 февруари 2026 година.Според пресметките на Комисијата, референтните цени на светскиот пазар бележат раст кај бензините од 2,977 проценти, кај дизелот од 0,464 проценти, кај екстра лесното масло од 0,370 проценти, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 3,965 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот, во периодот на пресметка, е понизок за 0,1035 проценти.Од 3 март 2026 година од 00:01 часот максималните цени ќе изнесуваат:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,50 денари за литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,50 денари за литарЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,00 денар за литарЕкстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 70,00 денари за литарМазут М-1 НС – 35,542 денари за килограмМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар по литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 денари по килограм.Од РКЕ напоменуваат дека станува збор за максимални цени, при што трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени од утврдените највисоки износи.

Македонија | пред 1 месец

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

Експлозии во Техеран, иранската агенција јавува за воздушен напад

Неколку експлозии одекнале во Техеран, јавува иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на извори од теренот.Според извештајот, „воздушен напад погодил подрачје во близина на Плоштадот на револуцијата“, каде што во моментот се одржувал собир на кој демонстранти ја осудувале, како што се наведува, „агресијата“.Во информацијата се додава дека иранската противвоздушна одбрана пресретнала напад над небото над централниот дел на Техеран. Засега нема официјални податоци за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 месец

pedro-sances

Шпанија контра САД, нападот врз Иран го оцени како неоправдан, Санчез повика на воздржаност

Шпанскиот премиер Педро Санчез го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како „неоправдан“ и побара „максимална воздржаност во употребата на сила“, заземајќи став спротивен на Германија, Франција и Обединетото Кралство, кои најавија соработка со Соединетите Американски Држави во одбрана на своите интереси.Во обраќање во Барселона на отворањето на телекомуникациската конференција „Мобајл ворлд конгрес“, Санчез изјави дека светот се наоѓа на крстопат.„Се наоѓаме на раскрсница и мора да избереме пат – војна или мир, напредок или неуспех, иднина или минато. Шпанија е јасна во тоа“, рече премиерот.Тој предупреди на последиците од, како што оцени, „опасен преседан на систематско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право“ и повторно го осуди кршењето на човековите права во Газа и на Западниот Брег, како и нарушувањето на меѓународното право во Венецуела.Санчез нагласи дека Соединетите Американски Држави и Израел „еднострано“ го нападнале Иран без консултација со меѓународната заедница.„Обезглавија страшен режим што го угнетува своето општество, тоа е вистина. Но го поткопаа меѓународното право и предизвикаа невини жртви“, изјави тој.На критиките од лидерот на десничарската опозиција, Алберто Нуњез Феихо, кој го повика да се изјасни дали е „за слобода или за тирани“, Санчез одговори дека станува збор за лажна дилема.„Може да бидеш против ужасен режим како иранскиот, а истовремено и против неоправдана воена интервенција“, рече премиерот, додавајќи дека со нападите „целата регија е вовлечена во терор што создава глобална нестабилност“.Тој повторно повика на деескалација, почитување на меѓународното право и итно обновување на дијалогот, најавувајќи дека Шпанија ќе го застапува тој став во разговорите со другите земји.Во рамки на истиот настан, и Фелипе Шести предупреди на „критична ситуација“ кон која се движи Блискиот Исток. Монархот посочи дека постои ризик од регионална ескалација со непредвидливи последици и повика на „максимална умереност во употребата на сила“ со цел да се избегне хаос и ново страдање.Кралот се заложи за дијалог, мир и соработка во меѓународната заедница, потсетувајќи и на војната во Украина, која трае веќе четири години без јасна перспектива за мир, и повика на одбрана на универзалните вредности и принципи.

Свет | пред 1 месец

liban-premier

Бејрут бара разоружување на Хезболах и ограничување на неговата улога

Владата на Либан соопшти дека воените активности на Хезболах се незаконски и побара групата да го предаде своето оружје, нагласувајќи дека секоја вооружена акција мора да биде во рамките на легитимните државни институции.Премиерот Наваф Салам изјави дека владата целосно ги отфрла сите воени дејствија што се покренуваат од либанска територија надвор од институционалната контрола на државата.„Ги забрануваме воените активности на Хезболах и ја ограничуваме неговата улога на политичката сфера, а од воените институции бараме тоа да го спроведат“, изјави Салам.Тој повторно ја потврди определбата на владата за почитување на примирјето постигнато со Израел во 2024 година и за продолжување на преговорите, во обид да се спречи понатамошна ескалација на тензиите во регионот.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања