Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Донесена одлука: Во Кочани ќе се гради „Патека на бесконечноста“ во спомен на 63-те жртви од трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Во Кочани ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“. Родителите на жртвите информираат дека ја добиле официјалната одлука со која се одобрува изградбата на меморијалот, што за нив претставува важен и долгоочекуван чекор напред.

— реклама —

Како што соопштуваат, Советот на Општина Кочани на седницата одржана на 30 јануари 2026 година донел официјална одлука за изведување на спомен-обележјето под името „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“. Проектот е наменет како траен спомен на младите животи што прерано згаснаа во една од најтешките трагедии што го погодија градот и државата.

— реклама —

Според усвоената проектна документација, спомен-обележјето ќе се простира на површина од 1.053 квадратни метри. Предвидено е да биде изградено на дел од катастарската парцела број 12179, сместена меѓу улиците „Кеј на револуцијата“ и „Браќа Ставреви“, со максимална висина до три метри.

— реклама —
media-libraryqce4i6ortavb8VCfkeo

Родителите посочуваат дека процесот не завршува со оваа одлука и дека во наредниот период ќе продолжат со обезбедување на останатата потребна документација, како и со прибирање финансиски средства. Поддршката, како што наведуваат, ќе доаѓа од компании и од поединци, но и преку спортски и хуманитарни настани, дел од кои веќе се одржале, а дел се планирани исклучиво со хуманитарна цел.

Во своето обраќање, тие изразуваат длабока благодарност до Советот на Општина Кочани и до сите граѓани за покажаната солидарност, поддршка и човечност во овие тешки моменти. Според нив, оваа одлука е доказ дека заедницата не ги заборава своите најмлади сограѓани.

Родителите истакнуваат надеж дека „Патеката на бесконечноста“ ќе биде изградена во најкраток можен рок и дека ќе претставува траен спомен, тивка болка и вечно сеќавање на 63-те млади луѓе кои прерано го напуштија овој свет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Македонија | пред 3 часа

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 6 дена

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања