Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Германски министер за надворешни работи: НАТО не треба да го обезбедува Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library9b3s09t44kcs64uTWk9

Германија му возврати на Доналд Трамп по барањето НАТО земјите да учествуваат во обезбедувањето на Ормускиот теснец. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека не гледа потреба НАТО да преземе одговорност и дека Алијансата не треба да има улога таму. Наместо тоа, Германија предлага санкции против оние што го блокираат теснецот и предупредува дека проширување на борбените операции носи големи ризици за партнерите во Блискиот Исток и Заливот. Портпаролот Стефан Корнелиус истакна дека НАТО е одбранбен сојуз и дека Германија нема да учествува во американската војна против Иран.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

И Германија со контра реплика до претседателот на САД, Доналд Трамп, по неговото барање НАТО земјите да се вклучат во обезбедувањето на Ормускиот теснец.

Како што пренесуваат светските медиуми, германскиот министер за надворешни работи, посочил оти НАТО не треба да игра улога во обезбедувањето на Ормускиот теснец откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Организацијата на Северноатлантскиот договор ќе се соочи со „многу лоша“ иднина ако не помогне во деблокирањето на морскиот пат контролиран од Иран.

— реклама —

CNN објави дека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се обратил на медиумите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел и рекол дека Германија не гледа потреба НАТО да „преземе одговорност“ за Ормускиот теснец.

Вадефул рече дека Германија е наместо тоа за воведување санкции врз оние кои се „одговорни“ за блокирање на клучниот теснец.

— реклама —

Воедно и претстаавници на германската влада предупредија дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, пишува Анадолија.

„Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин.

„Германската влада, исто така, мора јасно да ја процени ситуацијата на територијата на Алијансата и сопствената позиција за учество во оваа војна“, додаде тој.

Тој нагласи дека ескалацијата на конфликтот би ги загрозила регионалните партнери. „Проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за другите партнери на Блискиот Исток и Заливот“, рече тој.

Германската влада претходно неколку пати изјави дека нема да учествува во американската војна против Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања